Не сум ич задоволна и не знам како да си ја дотерам до ред! Прво цела ми е сува и оштетена поради тоа што на базен речиси цело време ја сушам со фен(освен сеа летово мала пауза што и правам).Ми се мрси брзо,ретка ми е во пределот на шишките,многу е меко влакнотоо и одма ми се врти на спарно време.Единствено задоволна сум од бојата,природно кафена ми е ама доста специфична боја.
Порано ич не си ја сакав мрсна и безживотна ама после почнав да ги користам од lush шампоните и сега многу си ја сакам
Леле, косава моја е благо кажано ХАОС. Во степен е целосно, иако кога бев последен пат на фризер, реков дека сакам да ми се тргне степенот, но попусто, тој сеуште го има. Имав и шишки, ама веќе не, а и повеќе не правам, од нив косава не можам да си ја оправам,реков толку, со шишките завршив.Да не беа пеглите, фигарата, и сличните направи за коса, не знам што ќе правев. Моментално ми е доста долга, малку над градите,не е многу оштетена, а да бидам искрена, не ми се крати воопшто, многу си ја сакам долга.Ај ќе ја бидне некако.
Не баш. Има некои периоди ко си ја сакам многу, ама некогаш па ме нервира до бескрај. Порано користев маски и триста чуда ама почна да ми паѓа многу (менував различни, немаше резултат па морав да престанам да користам) па сега сум малку ограничена со продукти. Сепак изгледа океј Ама мразам шо после капење ми се суши многу бавно, 3 сати сушење и се малце..
Си ја обожавам. Многу лесна за одржување, одма се суши, одма се чешла, меко влакно на допир како свила, не е ни премногу густа, ни премногу ретка, бојата совршена. И ми се допаѓа тоа што е умерено мрсна и треба да ја мијам 2-3 пати неделно, па секогаш ми е чиста и средена. Прилично се грижам за мојата коса и затоа има резултати.
па супер е последниов пат сама си се шишав, си експериментирав малку и најзадоволна су со фризурава до сега
Бојата си ја обожавам, должината исто, а и локните многу си ги сакам Единствено не ми се свиѓа што ми е сува и кога има влага од дождот ми изгледа многу лошо, ко метла -.-
презадововлно сум секојдневно сретнувам луѓе кои ми се диваат на косата и кажуват како сакат да имат како мојта коса .
Во последно време воопшто. Многу луѓе ми кажуваат дека им се допаѓа мојата "уникатна" коса... ахам да... Како прво, мразам што е степенасто шишана и понекогш не можам да си направам асолна фризура по избор. Кога ја шишам рамна и тогаш не сум задоволна, затоа што и онака ми е права и така ми доаѓа како сплескана. Кога сакам да ја навиткам во таа состојба ми стои највеќе 3 часа преку сила и после пак како пеглана си станува. Од косата само бојата си ја сакам. Значи, имам права со волумен, со средна густина, кафена боја, степенасто шишана и прилично долга коса од која никогаш не сум задоволна.
не сакам што побрзо да си ја скратам, да и дадам некаква форма.. долга ми е и права, и воопшто не ми се допаѓа
Бев многу задоволна од мојата коса, си ја сакав ми беше долга, права, убава ..АМА во последно време скоро ич не сум задоволна , ја уништив скроз Згрешив што ја потшишав степенасто и што ја изфарбав, бојата воопшто не ми се погоди И многу брзо ми се мрси од што почнав да ја пеглам
Од секогаш сум. Нон стоп експериментирам со фризурчиња. А ова лето и ја избланширав и ја исфарбав и воопшто не ми е изгорена Сега сакам малце да ја пораснам, иначе супер е. Црвена.
Јас не сум задоволна од мојата коса,влакното ми е тенко и постојано ми се заплеткува,а си ја сакам само бојата на косата плава.А постојано ме прашуваат дали сум шатирана,кога прв пат ме прашаа се зачудив,но сега веќе постојано ми го поставуваат тоа прашање, а јас како и секогаш одговарав со не.Дури еднаш ме прашаа да ли сум фарбана и јас се разбира што им одговорив, не,а пак јас од секогаш мразам да се фарбам.