Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сте задоволни од вашата коса?

Дискусија во 'Коса' започната од sweetgirl1106, 6 ноември 2012.

  1. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Конечно можам да кажам големо ДА! Задоволна сум и од бојата и од должината и од изгледот. После потрошени мноогу препарати за коса, пари за третмани за потхранување косата ми е жива пак!
    Ми беше и во многу лоша состојба, бланширана, пеглана секој ден!! :fubar: Сега ми е потемна ( слична со природната моја) со убав сјај и конечно сум си среќна со косата.. Е сега пак ја пеглам, ама што е најважно :!: и кога не ми е пеглана си ја сакам ( што порано неможев да ја замислам пошто ми беше изгорена) тоа значи дека сум успеала во мисијата :D Ама јас си продолжувам пак со препарати сега пак гледав нешто за кератински третман и така :)
     
  2. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    До пред да одам на одмор, бев задоволна. Бојата ми е убава секогаш (малку нарцисоидно, ама посебно внимание и' посветувам на бојата и навистина сум задоволна со изгледот), должината ми беше супер, немав расцветани врвови... Е, ама кога се вратив од одмор, состојбата беше поинаква. Солта и сонцето си го направија своето.

    Стиснав заби и ја скратив солидно. Ми се обнови цела коса (ми беше со должина до градите, а сега ми е едвај до раменици, ама вредеше :D ). Сега ми е сјајна, лелеава, едноставно здрава. Ги немам веќе сувите врвови, вложив многу во квалитетни средства и препарати и гледам кога можам дури ни фен да не употребувам. Пегли за коса дома имам три, не користам веќе пегла со години и не ни планирам да користам. Си купив пред некое време квалитетна керамичка голема четка за фенирање и освен фенирањето, други тортури мојава коса не претрпува. Реално, нема ни потреба, бидејќи права коса имам и без тоа, само ја фенирам за да биде секое влакно на свое место, да не е разлетана :) Се шишам два пати годишно, користам квалитетни препарати за нега соодветни на мојот тип на коса, како и препарати за нега на бојата и тоа ми е доволно за да имам здрава коса.
     
  3. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Да.Ја обожавам. :inlove:
     
  4. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Да не беше толку густа ќе беше поубаво :lol:
     
  5. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    па сега за сега да ,тазе шатирана :D ,нема повеќе црна коса :P :P ,инаку ми е многу густа ,цврсто влакно и то :D
     
  6. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    384
    И мене да не ми беше многу густа подобро ќе беше, иначе од бојата на косата задоволна сум ,а на должината моментално сум посветена :)
     
  7. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
  8. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    Презадоволна... како што сум плава, долга ми е веќе до половината а лекот е само природно сушење и НИКАКО пегли (среќа што моето влакно е јако и ми е таласеста и изгледа убаво непеглана :lol: )
     
  9. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    НЕ! :( :( Преку 1 ден ми се мрси, ја мијам секој ден веќе ми се смачиии. Што да направам? :x ;(
     
  10. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    Па задоволна сум но не во целост, за долга долга ми е, не ми се мрзи, ми стои кога ќе си направам некоја фризура, не ми е фарбана но си ја сакам бојата , е сега само сакам да ми е погуста и тогаш ќе бидам презадоволна :)
     
  11. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    7.976
    Пол:
    Женски
    Па не баш. Сега после одморот од сонцето, солта, а и многу ја пеглав така да ептен ми е расцветана и сува. Планирам да ја скратам колку треба и повеќе треба да и се посветам. Мора да ми порасте уште, да и ставам маслиново или некое друго масло пред секое миење. Малку повеќе време ќе одзема, ама после ова кратење ептен сум решена. Не бива веќе вака.
     
  12. Winterborn77

    Winterborn77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Сега не бидејќи престанав да ја фарбам и коренот ми е израснат, не можам да дочекам да ми се врати природната боја на косата и правам се за побрзо да порасне и + делот од косата каде што има уште фарба е сув. :@
     
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.477
    Допаѓања:
    55.022
    Пол:
    Женски
    Моментално не сум задоволна,бидејќи ми се пораснати корените,ми дели бојата ама ми е гајле дури не најдам боја соодветна на претходната не се фарбам :lol: а некако тешко ми оди наоѓањето,ќе треба да ја посетам пак Турција за боја :lol:
     
  14. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Не. Многу ми се мрси и убава ми е само првиот ден кога ке ја измијам,наредниот веќе ми е скоро мрсна. Многу ми е круто влакното и неможам една обична плетенка или пунџа да направам мора да штрчи нешто. Исто така многу споро ми расте.. :( Инаку имам права коса,како да ми е пеглана ми е природна,ама сакам на краевите да ми е малку виткана,ама тоа е,тоа дал господ.. :/
     
  15. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    НЕ!!! :( Многу ми се мрси, ја мијам на секој втор ден... аман :@
     
  16. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.524
    Допаѓања:
    10.596
    Пол:
    Женски
    Моментално НЕ. Си ја унакажав косата :| , андолација никогаш повеќе во животот, дури сега сватив дека косата иако не ми е многу густа сепак природното си е најубаво, уфф едвај чекам целото да го скратам што ми е андолирано, за памет ова нека ми биде :!:
     
  17. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Леле неее, баш пишав и во друга тема дека сакам да си ја вратам природната боја само поради тоа што срце ме боли колку ми е оштетена. :(
     
  18. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Па,неможам да речам дека ја мразам,ама не ја ни сакам баш баш...Понекогаш многу ми се плетка и затоа ме нервира,инаку бојата,должината си се погодени. :)
     
  19. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Мора да ја мијам на секои два дена,што е големо малтретирање ама многу брзо ми се мрси.Сакам да имав и подебело влакно,ама ај да не се жалам добро е :D
     
  20. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    После многу труд кој го дадов конечно ми се стабилизира косата.
    Инаку од нијансирање имав многу сува и оштетена коса.
    Сега сум задоволна, но и мене брзо ми се мрси. Битно квалитетот на влакното е подруг. :)