1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сте за на психијатар?

Дискусија во 'Психологија' започната од MiaJ, 27 август 2013.

  1. MiaJ

    MiaJ Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    18
    Еве мене бившиов стално ми викаше дека сум, и ја као си имам ја-ти...
    Дека он заврши медицина и сакаше психијатрија да иде и мивика не можам и јас сум за таму :D
    Барем си призна..
     
  2. peterpan30

    peterpan30 Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    6
    дали сте за на психијатар?

    сите сме за на психеатар тешко кој си го признава тоа но на секого му треба фали совет
     
  3. MiaJ

    MiaJ Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    18
    дали сте за на психијатар?

    Се слагам со денешниве проблеми...
     
  4. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    дали сте за на психијатар?

    Никогаш не сум помислила дека ми треба психијатар ама у последно време запознавам мнооогу луѓе на кои ОЧАЈНО им е потребен |(
     
    На dalinda1, KittyCat84 и DigY им се допаѓа ова.
  5. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    дали сте за на психијатар?

    Не ми е јасно зошто се крева толкава узбуна кога се спомене терминот "психијатар"? Со оглед на денешницава и со какви се проблеми луѓето се соочуваат нормално е да се посети психијатар. Не значи дека доколку посетиш психијатар ти е дијагностицирано дека си ненормален или лудак |(
    Во светот луѓето сами одлучуваат да посетат психијатари со цел да си помогнат самите на себе.
     
    На Ucenicka123, imelda, girl-miri и 3 други им се допаѓа ова.
  6. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    дали сте за на психијатар?

    Па да некогаш ми е потребен за да разгоравам со некој. Да не значи дека мора да си лудак за да посетиш психијатар :D :D
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    39.687
    Пол:
    Женски
    дали сте за на психијатар?

    Зошто одењето на психијатар го сфаќате толку трагично, зошто луѓето кои посетуваат психијатар веднаш ги етикетирате како луди или со психички проблеми? Секој во животот се сретнува со проблеми, тогаш психијатарот е најпотребен, прво да се пронајдеш себе си, а потоа да се сконцентрираш на најдобрите решенија. Јас не сум посетувала досега, а моментално учам нешто слично :D
     
  8. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    дали сте за на психијатар?

    Значи,која тема еј!
    Како може некој воопшто да посатви такво прашање?
    И зошто се крева прав ако некој одел на психијатар?
    Еве јас,имам одено,но си разговарам чисто,кога сметам дека неможам со некој друг.
    Плус,сте слушнале ли драги мои Македонци дека по Американските земји,скоро секој си има свој психијатар?
    Не гледам ништо чудно во тоа.
     
    На anna-tessa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    дали сте за на психијатар?

    Не сме сите за на психијатар, но сите сме за на психотерапевт! Тоа се две сосема различни работи, иако, честопати психијатрите се бават и со психотерапија. Психијатарот препишува лекови на психички болни луѓе за да имаат илузија дека немаат проблем. А психотерапевтот без лекови, а со специјални разговори им помага на луѓето и семејствата да го најдат решението за своите проблеми. Психотерапијата е работење врз себе за да се стане подобра и поуспешна личност, процес кој трае со години но се исплати.
     
    На sofijanoka и kva им се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.593
    дали сте за на психијатар?

    Уф, не да сум за на психијатар.
    Ма сите сме за на психијатар.
    Ма и психијатарот сигурно си бара (има) психијатар.
    Како си немам повеќе пари, кога ќе му отидам, ќе си изнакажам маки, фрустрации, проблеми, недоумици, па може ќе даде совет-два-пет, чколија учел крај краева за тоа. :rofl:

    Ама страв ми е од друга страна, ќе го разреметам така јако што може ќе си ја замрази професијата засекогаш или ќе ме тужи за психичка траума на работното место... од каде после да платам.
    :?:
     
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    дали сте за на психијатар?

    После разговорот со мене и на психијатарот ќе му треба психијатар :lol:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    дали сте за на психијатар?

    Мислам дека како што на физичко, материјално ниво сите не сме комплетно здрави,
    така и на ниво на психа сите си имаме по нешто што би можело да се подобри.
    Јас еднаш решив (од мода) да идам на психијатар. Ми се чини дека тие од врата
    веднаш ги познаваат луѓето со тешки прблеми, психички болните , и оние
    кои сакаат да се прават модерни, да не речам бајрам на умот да си прават.
    Ме праша прво за мојат социјална и семејна состојба, дечко -мечко и после ми рече ај моме
    не ми го троши времето а ти парите, сиктер од тука, си имам пациенти :lol: .

    Ама јас толку сакав да си играм нешто психо во тоа време, и кој си бара ке најде :rofl: нели?
    Најдов еден што беше психотерапевт, со америчко искуство :) . И точно типов се занимава со твоја личност, на подобрување на карактерни особини и те води цело време (всушност те провоцира и те доведува до точка да се видиш самиот себе, и да сфатиш зошто работите ти одат така како што одат, а не како што си замислил ти). Типов беше класа, јас го нарекував „гонич„ :rofl:, бидејки прво не сфакав, но после некое врем скапирав дека ме гони, секогаш ми поставуваше само едно прашање, и точно знаеше какво прашање. Значи терапевтот не ти кажува што да правиш, не те советува, само те “гони“ :rofl: . Сега се смеам, ама тогаш сум можела и по цела седмица да се мислам за само едно негово прашање. Многу интересно искуство. (терминот гонич, јас си го измислив, тоа бече мое лично доживување, да не некој погрешно ме сфати; му го кажав тоа и на терапевтот , ми се изнасмеа, ама ми дозволи така да го нарекувам , ако мене така ми изгледало; ма така и беше бе, тој не сакаше да признае :rofl: )
    *
    А еднаш имав толку многу проблеми на работа, и си реков ај ке барам психолог.Бев во Неуромедика и само со една посета, со неколку прашања што ми ги постави за брзо време си го решив проблемот.
    Прво се консултирав со матичниот , го прашав што мисли за проблемите кои ме притскаат да побарам ли помош од медицинско лице ,за да не ми се појави после некоја последица во смисла психо-соматска болест, тој веднаш се согласи.

    Стручните лица за овакви секојдневни проблеми можат навистина да помогнат. Понекогаш си велиме ај со пријатели или домашните ке разговарам и ке ми олесни. Може привремено, но ако причината не се отстрани или ако правилни не се поставиме кон проблемот, тогаш ке бараме друг роднина па на него ке се исповедаме да ни помине. А плус и некој сакајки да ни помогне, од незнаење може погрешни совети да ни даде, од пристрасност.

    Колку пати некој ке ни кажува нешто ,а ние ем знаеме дека греши, па за да не го повредиме или да не не сфати погрешно, или да не испаднеме утре ние криви што лошо сме го советувале, или молчиме или се согласуваме со него велејки , да, да во право си.

    Додека кај стручните лица, нема пристрасност, тој ке ти го залепи прашањето во лице,
    нема незгодно -згодно.

    Проблемите најдобро се решаваат кога ке одлучиме прво да си ги видиме нашите недостатоци, а стручните лица токму тоа и го прават. Е сега тој процес на соочување со самиот себе не е пријатен, болен е, ама КОЈ Е ИДЕАЛЕН.

    *
    Некој спомна пари, мислам дека има и во државни клиники психолози и терапевти.
    Но и на приватно да си плати човек, според мене се исплати, бидејки секоја фрустрација ако трае подолго време, може да се манифестира во некоја болест, за која после ке се чудиме од каде дошла.

    Инаку психички болните лица се констатираат од службите уште во порани години.
     
    На Gocaa, SparkyAngel, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.738
    Допаѓања:
    8.737
    Пол:
    Женски
    дали сте за на психијатар?

    Што е толку чудно да се посети психијатар или психолог |( . Не е срамно да се има матичен гинeколог и стоматолог а ова е срамно. Јас не сум посетила до сега, а искрено сакам, во мојот град се се некој затуцани и никакви што уште од врата кога влезеш ќе те советуваат дека ниеден проблем без терапија не поминува, се мисли на терапии со апчиња. Не велам дека не треба, но тоа не ги решава проблемите, понекогаш и тоа треба, едноставно лош период, но јас секогаш сум за психо терапии со разговори. Уште па и кога каже ама јас немам време за разговори, не е битно наклукај го пациентот со лекови и нека си литка тој а ти прави ја парата |( . Така функционира кај нас кога станува збор за овие стручни лица. Јас најмногу поради ова не се осудувам да идам, сакам да си поразговарам, да ми олесни на душичката :D. Мислам дека доколку секој би имал личен психолог и стресот а и болестите би се намалиле, би знаеле на некој начин да ги контролираме нервозата, емоциите и слично. Бидејки според мене сите болести на човекот се од стрес, само што кај нас тешко се наога добар психолог/психијатар.
     
    На Ucenicka123 и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  14. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    дали сте за на психијатар?

    Нема ништо лошо во тоа да се посети психијатар. Не секогаш во животот можеме да се справиме со сите проблеми и фрустрации. Прв и најзначаен чекор е да си признаеш сам на себе дека имаш проблем. Второ е да одлучиш да побараш помош (стручна помош). Да се соочиш со сопствените слабости и стравови понекогаш е тешко, ноооо... неопходно. Е тогаш е потребна помош или во најмала рака насочување кон суштината. :?: Надворешна контрола на егото или .... баласт на фрустрацијата.


    ...

    I am mad, I've always been mad, I've been mad most of the time ....... Dark Side of the moon ...Pink Floyd

    ...
    За жал на некои никој и ништо неможе да им помогне ... |(
     
  15. Mini--mouse

    Mini--mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    4
    дали сте за на психијатар?

    Здраво! Јас сум нова на форумов и искрено сакам да се дружиме. Пред некое време имав голем проблем и сама решив да посетам психијатар и благодарение на него денес сум тука , каде што сум. Воопшто не е срамно, воопшто не е забрането, а јас со гордост си кажувам дека сум била, односно дека постои некој со чија помош ке си ги надминам проблемите и ќе живеам нормално како и сите останати. Дури и имам став дека во денешно време секој треба да посетува психијатар или евентуално психолог . Чисто да се одржува некаква хигиена на умот.
     
    На Ucenicka123, Anuvcence, girl-miri и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    дали сте за на психијатар?

    Со денешните проблеми,кој всушност не е.. :?:
    Конкретно јас би одела,не гледам ништо срамно ништо тужно тука.
    Мислам дека во блиска иднина би посетила-барем малку да го споделам багажот од проблеми,што го носам на моите мали плешки :) :)
     
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    дали сте за на психијатар?

    сум,не сум луда ама потребно ми е после сите проблеми во денешниот живот :) малце опуштање :D
     
  18. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    дали сте за на психијатар?

    Мислам дека сите треба ...барем еднаш во животот да се обратиме кај стручно лице....сепак и тоа е за подобро здравје...ментално...само не сакаме да го негуваме...
     
    На Ucenicka123, hermosa, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. mrchatorka

    mrchatorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    55
    дали сте за на психијатар?

    Ехааа цел конзилиум на психијатри не ме оправаат |(
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    дали сте за на психијатар?

    Ептен сум за :)
    Јас поминвав низ бескрајно тежок период на почетокот на годината и немаше да успеам ако не беше мојот психолог. Знам дека е различно од психијатар, ама во тие паники неможев да пребарвам и ојдов кај првиот препорачан. Многу добар психолог, жена психолог, бескрајно ми помогна и бескрајно сум и благодарна и ден денес одам на некое време си кажвам шо ме мачи, ме советува.... И така :) Мн љубов имам за неа :inlove: :D
     
    На Peperutka 30 му/ѝ се допаѓа ова.