Јас мислам дека си им лута. Лута ,што не си растела во хармонично и со љубов полно семејство,што те повредувале и од тука произлегува твојот голем инат и не спремност на компромис +годините.(тинејџ бунтовност) Твоите погрешиле ,те повредиле,постои и генерациски јаз и за се си свесна,само за едно не,тие и покрај се, те сакаат. Не си требала да крадеш од твоите,да си дозволиш да завршиш во станица. Тоа што велиш дека си тврд орев и ќе тераш инат, е на некој начин и замислен панцир,"ако сум тврда никој нема да ме повреди"а зад него кревка душа која бара љубов. А Сепак си го прифатила она што татко ти го сака ,да завршиш факс и да најдеш работа,така ? Тука се сложувате,не ти мислел лошо,лош му бил пристапот . И кажи им го тоа.Нека излезе од тебе.Без циркуси ,бидејки не ти требаат ,доволно свесно пишуваш за нив,пробај да ги надминеш ,и браво што си почнала да комуницираш со нив,поминувате време заедно и што пробуваш да го исправаш односот што го имаш. Тоа е начинот кој ќе те направи човек кој ќе ги надмине моделот што го имал и ќе биде подобар родител на своите деца.
Па сакам колку-толку да го подобрам односот. Ни јас ни они нема да се смениме, ама цел живот е пред мене не сакам да бидам испокарана. И да имам штит околу себе.Не дозволувам секому да ми пристапи блиску (душевно). Се пазам од сите не верувам на никој. Инаку за факсот и работата да, од него ми е таа љубов иако во последно време се мислам дали е тоа тоа или да бркам друг факултет (право или психологија) Мене уствари ми требаше некој кој ќе ме разбере и поддржи. Имам блиски другари/ки кои ме разбираат ама за одредени работи. Мене ми треба целосно разбирање, трпение и поддршка.Ако го добијам од некој супер ако не чао пријатно. Во станица за друго отидов..
@Feminka22 многу ми е жал што си проживеала такви работи . Но , мило ми е што си ги сфатила своите грешки и што сакаш да ги поправиш односите со родителите . Ако мислиш дека треба да одиш на психијатар / психолог , оди. Кажи се што ти лежи на душа , можеш и совети да побараш од него . Само гледај да е добар , да не те стави на терапија , бог да чува . Не си за терапија , само си го покажала гневот на погрешен начин . Јас почнав да забегувам во осмо одделение . Вообичаени работи , почнав да пијам и пушам , останував надвор до доцна , не им се јавував на мојте кога ме бараа на телефон .. Не се гордеам со тоа , сега како мајка знам како им било на мајка ми и татко ми кога не сум им се јавувала на телефон. Мајка ми ме откри кога почнав да пушам, бев осмо одделение, ме седна и без никакво викање ми објасни дека цигарите се штетни, и мое е дали ќе се трујам или не по разговорот со неа . Мислам дека тоа е најдобриот начин да му објасниш на дете што би се случило ако направи вака или онака. Не ќотек, не казни .
Ќе видам, не осеќам кузнае каква потреба од психијатар. Ако одам ќе одам само да се искажам и испразнам. Не сакам совети не сакам терапии лекови и глупости. Не сум во безизлезна ситуација фала Богу, можам сама да си помогнам. Дур не зажежи добро е
Ако ти одредат терапија,, ќе пиеш и ќе ти помогне..Самата ти си знаеш за тоа. Не се инати дека нема да пиеш. Не е срамно да се оди на психијатар ако се има потреба. Страшно е да се остави во статус кво ситуација од страв што ќе речат другите. Ако сакаш контакт од добср психијатар срдечно би ти дала во лп. Позз и убав остаток од денот.
Ма батали психијатри, немаат благе везе и не им се работи..само ке те навлечат на лекови, ке те удремуваат и ништо од тоа. еве овде ние сите форумџики сме психијатри, педагози, психолози, домаќинки и недомаќинки, лоши и добри, ЕТЕ ние ќе си даваме психо форумска терапија Што велиш, а
Нема да пијам лекови како и да е. Отпорна сум на лекови. Советите ќе ви ги читам ама колку ќе ги применувам не знам. А и искрено овде се и сешто ќе се изначитам. Со секоја почит и чест кон исклучоци, кои даваат искрено мислење и правилен совет кои некогаш и ми се допаѓаат ( не мора во мојот случај). Не сакам пофалби или осуди или драми.Тоа на ингор
Феминке, не мораш толку да се опираш, верувај, само себе лошо си правиш. Отвори ја малку вратата и слушни што ти кажуваат, размисли за тоа што е кажано, не го отфрлај веднаш. Појди на психолог, ама не со ставот "што имам јас таму да го слушам да ме советува" оти од него многу имаш што да слушнеш и да разбереш, освен ако не мислиш дека си најпаметна и најсовршена Што верувам не мислиш Сфаќам зошто си толку "накострешена" - нормално е со оглед во каква средина живееш, но мораш да сфатиш дека гардот заради себе мораш да го спуштиш малку и да дозволиш психологот да допре до тебе, за твое долгорочно добро. Со волку голем отпор, стегнатост, долгорочно ќе си создадеш вистински психички проблеми, слушај паталец Читајќи те, те доживувам како рането маче, кое кога сакаш да му помогнеш не ти верува и те гребе. Знам дека родителите направиле да си недоверлива кон секој авторитет, за жал тоа се работи со кои цел живот ќе мораш да се носиш, но не е касно да работиш на себе, на своите мисли, своите чувства. Бунтот е добра работа кога е продуктивен, но твојот бунт те води само кон самодеструкција, а тоа нели, не го сакаме. Смири ја топката, појди на психолог, психолозите не даваат апчиња, и дозволи му да ти помогне. Ништо не е страшно, освен сама себе да се повредуваш, свесно или не. Кога сакаш пиши, ние секогаш ќе сме тука да правиме муабет, ама пак, како паталец, од срце те советувам да побараш стручна помош.
Секако , се додека ти имаш волја да ги свртиш работите на подобро, се е возможно . А верувам дека сакаш да биде подобро . Поздрав и секое добро .
@CameliaMiller фала ви женски и на времето и на советите. Исто и на останатите. Доколку посетам психолог ќе ве известам обавезно.
@Feminka22 ми се допаѓа колку си бистра и колку настојуваш да си резилиентна. Бунтовништвото терај си го на начин накој мислиш дека треба, а за за целите свои ,факс и слично, бирај пат кој нема да биде предолг, ако многу се трошиш на исправање неправди и средување сметки, помалце енергија за учење и љубов. Како и да е, во следните години ке стануваш се понезависна од родителите, и она што денес те вади од кожа, навистина ке биде само истоpија која ке ја кажуваш некому. Читајки го ова , почнав да размислувам јас колку бев различна од она што денес е керка ми на моја возраст. Неверојатно многу ме нервираа моите, и не се случки посебни толку кои ги паметам сега, туку цел нивен концепт на живот и родителствување. Имаа и добри страни ама она што им го замерам, си го тераа тврдоглаво своето, без флексибилност. Сега веќе не е ни тоа не е битно, горчливиот вкус одвреме навреме се јавува, и ме потсетува каква не сакам да бидам. Ке си го најдеш патот, а за психолог, размислувај како за некој објективен, а сепак сојузник ( обично субјективни ни се сојузниците).
Фала ти многу. Искрено детево што го запознав ме натера со мал муабет да си ставам прст на чело и да размислам. Отприлика 10 месеци не се замарав со никој и ништо и со туѓото мислење и ништо и ничив збор не допираше до мене. Јас секогаш си бев свесна за се, само што си терав по свое. Знам дека сум грешела и дека не можам некои работи да ги поправам ама ми се сфиѓа искрено што сум свесна за своите грешки, си стојам зад своето и си признавам пред себе што и како сум направила. Не ја барам кривицата во другите нити пак оправдување.
Јас сум ептен за на психијатар. Татко ми почина пред 3години и имам огромни трауми. Да не ми крене дечко ми, или дедо ми, почињаат раце и нозе да ми се тресат, да ми лупа срцево ко да ќе ми искочи, да се препотувам. Јас сум свесна дека ништо нема да им се деси и дека се е океј, ама не можам да исконтролирам. Се осеќам како да ќе се онесвестам. Предлог за некој психолог/психијатар за муабет, за решавање на проблемов ама без апчиња и такви глупости?
Сите сме за на психијатар. Барем тие што сакаме да останеме нормални. Само пусти македонче тоа го сфаќа како навреда најчесто.. Пре совет од Другари ќе бара..
Јас што имав еден психијатар си одев да си направам муабет со жената ама од врата дур влезам се помочувам од смеа, тоа карминот како го става царица..муабет сат време ова она..она сирота женичка се чуди што да ми препише лекови, јас и викам јас апчиња никад не сум пиела, дај ми некој савет нешто така, апчиња немој и оваа забегана се смее..
Во последно време ми се случува да излезам некаде било каде, кафич, парк небитно и се чувствувам како да не сум присутна таму, како во сон да сум, пратам све што се случува ама како да не сум при свест, не знам како да ви објаснам, многу чудно чувство, многу гадно чувство во секој случај. Како исплашена, како да очекувам да се случи нешто лошо, ама пак како се тоа да е сон... Се појавува некој немир во мене и сакам само во тој момент да легнам и да заспијам. Не знам дали да се обратам на психијатар, не знам како да го објаснам ова таму воопшто... Ќе полудам......