Имаш анксиозност пропратена со симптоми на деперсонализација и дереализација. Овие феномени се пропратени со чувство на неприсутност, сон, нереалност, гледање како ,,низ филтер" или стакло. Ти се случува некогаш да се погледнеш во огледало а да не се препознаеш себе сѝ? Не се плаши, сосем здрава си. Анксиозноста ги дава тие симптоми, кои со тек на време ќе поминат. Никогаш нема да се влошат и ништо нема да ти се случи. Не постои терапија која ќе ти ги тргне овие два симптоми. Ќе мора сама да работиш на тоа и сфатиш што е она што ти пречи, и зошто се чувствуваш вака. Имаш панични напади?
Во последно време (веќе подолго) сум под стрес и имам бајаги нервози од сите страни.. Не спијам убаво, многу лоши сонови, немам енергија во текот на денот, постојано уморна се чувствувам од ништо.. Можеби тоа е причината.. Инаку напади може имам, а не сум свесна? Какви се тие напади?
Штом не знаеш што се панични напади значи не си ги имала до сега, што е супер. Не се секирај, ќе се стабилизира, но мора да се консултираш со некој стручен за преку вежби, техники и совети да ти помогне полесно да го пребродиш стресниов период.
Ано не знае што се панични напади не мора да значи дека не ги имала до сега. Панични напади се неочекувани напади на силно изразен страв, кои се придружени со соматски симптоми, и не се условени од некоја опасна ситуација. Во почетокот нападите се јавуваат неочекувано и ненадејно, а подоцна може причината да биде некој објект или ситуација. Овие напади се решаваат успешно со психотерапија.
Да, значи. Затоа што напад никогаш не можеш да пропуштиш или да не сфатиш дека се случува. Доволно е еднаш интензивно да се случи, смртно да те исплаши за да седнеш и прогуглаш симптоми. Не пишав, бидејќи мислев дека нема потреба дополнително да ја тревожам девојката преку информации околу ПА. Тврдам дека да го имала, ќе знаела што е, затоа што тие се толку интензивни што во тој момент се чини дека ќе се онесвестиш или умреш, и имаш стомачни или градни болки, додека во суштина е се во ред со тебе.
Тоа најдобро го знае таа дали имала или немала паничен напад. Важно е дека не мора медикаментозна терапија доколку станува збор за панични напади и анскиозност. Може да се решат психотераписки.
Тоа не е вистина. Постојат толку интензивни и чести панични напади поради кои мора да се пие терапија. Бар анксилиотик ако не антидепресив.
Од досегашното искуство на пракса, лицата кои имаат панични напади и анксиозност беа решени со психотерапија. Во овој случај нема потреба од антидепресив, може анксиолитик, ама тоа се решава и со психотерапија. Зависи колкав степен на анксиозност има.
Секако дека зависи од степенот на анксиозност. Исто така зависи и дали индивидуата има пропратна дијагноза покрај анксиозноста. Всушност, зависи од многубројни фактори. Поради тоа е потребна стручна евалуација, како што предложив и советував во првичниот пост.
Ти кажадж дека со психотерапија не е можно. Ова не е точно. затоа пишав дека зависи дали се панични напади и анксиозност само или има уште нешто друго, бидејќи овие симптоми се пропратни за многу други работи. Може и консултација со добар психолог, доколку нема друга патологија.
Девојката има највисок степен на анксиозност пропратен со деперсонализација и дереализација. Како може само совет (бихејвијорален метод) да и помогне периодов ако нема енергија да стане од кревет, и зборува?! Дали студираш психологија воопшто, или веќе имаш ординација? Чисто ме интересира од каде овие небулози. Или пак доаѓаш овде да се рекламираш.. Конкретно за нејзиниот случај мислам дека е пожелно да се оди на опција терапија, но повторно ќе кажам - стручно лице треба да потврди преку сеанса.
Значи само стручно лице ќе каже колкав степен на анксиозност има. Јас ниту имам своја ординација ниту се рекламирам, само кажувам од искуство кога бев на пракса лицата со истите симптоми на анксиозност и дереализација и деперзонализација се решаваа психотераписки. Не сум тука да се расправам, туку дадов свое мислење. Стручни лица се и психолозите. И затоа пишав дека доколку нема друга патологија може да се иде на психолог и доколку има потреба тој ќе ја советува да иде на психијатар. Сепак нејзина е одлуката.
Апсолутно не го негирав тоа, но има тука еден проблем. Законот пред три години наложуваше првично да се земе упат од матичен доктор кој би овозможил одење на психијатар, па тек потоа психијатарот да биде првичниот кој ќе даде проценка дали треба и психолог. Психијатрите секогаш препишуваат лекови. Многу ретко во пракса се случило да се оди на психијатар а истиот да не препише медикаментозна терапија. Што ради лична корист, (мора при соработка со фондот да го полнат џебот). Што ради ,,колку да пројде редот". Дури некои не ни даваат упат за посета на психолог, а луѓето кои се лечат преку здраствениот фонд, и одат исклучиво на психијатар не ни знаат дека имаат право истовремено да ги користат двете услуги комбинирано (психијатар и психолог), како заедничка терапија со цел да има побрза санација на штетата и решение на проблемот.
Ќе морам да цитирам уште едно твое мислење и ќе кажам од мое лично искуство со психијатар (за мој личен проблем) психијатарот не ми препиша лекови. Значи сепак зависи кај кој психијатар ќе се иде. Во право си дека 99% препишуваат лекови, ама ги има и такви кои те сослушувања и поттикнуваат сам да се бориш со проблемот. Секоја почит за таквите доктори.
Да де. Зависи и колкав бил проблемот нели. Ако психијатарот процени дека си низ минлива криза, и притоа немаш underlying issue во ред е да не препише. Си имала среќа како и да е. Заврти неколку страници наназад и ќе видиш дека секој еден член овде кој пати од анкс воедно прима терапија со лекови заради својата состојба. Катастрофа од здраство..
Доколку идев на друг психијатар може ќе требаше да зимам лекови. Здравството е во ужасна состојба. Да се надеваме дека новите генерации на доктори ќе сменат нешто во блиска иднина.
Не знаете колку ми е тешко кога поради мојот проблем ( кога се нервирам срцето многу силно тропа и не можам да дишам) моите ќе ми кажат ти си луда иди на психијатар . Не можам да им објаснам дека не идат само луди на психијатар , убаво е тоа човек да разговара со некој
На овие простори мислењето за жал е такво, дека на психијатар или психолог идат луди лица. За мене поразително беше кога на медицинско лице и кажав дека ќе идам на психолог да разговарам и ми рече зашто ќе идеш, таму само ненормални идат. Ти ако сметаш дека имаш потреба да идеш кажи им дома на твоите дека ќе идеш. Не им објаснувај, така само ти ќе се нервираш. Важно е да се реши твојот проблем.
И мене слично ми се случи , бев на лекар и ми вели сестрата таму ај не се глупирај не си луда да идеш на психијатар . Срамота .
Ужасно е незнаењето на сестрите. И се нервирам кога не можам да им докажам дека тоа е и за нормални луѓе. Иако ја мразам поделбата на нормални и луди или ненормални, за жал уште луѓето така се изразуваат.