Здраво, би сакала да прашам што е разликата од тоа да идеш кај психолог или кај психијатар? Имам некои проблеми и сакав да почнам некаде, но не знам ни од каде треба да почнам ни од што....
Психолозите помагаат со разговорна терапија. Тие не смеат да препишуваат медикаменти, туку те насочуваат како да ги надминеш проблемите со менување на размислувањата и пристапот кон истите. Најчесто кај психолог се иде при анксиозност, несоници, поради претрпена загуба на некој близок и слично. Психијатрите лекуваат и со разговор и со медикаменти. Кај нив се обраќаат лица кои имаат посериозни психички нарушувања како шизофренија, биполарно растројство, депресија.
Здраво. Ако сакаш да одиш треба да извадиш упат од матичен доктор, а можеш и приватно да одиш без упат, да му се јавиш на докторот кадешто сакаш да идеш.
Зависи за каков вид на психоза станува збор. Тука мора да се земаат медикаменти и посети кај психијатар. Може да се вклучи и психотерапија. Но мора да се посети психијатар и тој ќе ја каже потребната терапија. Се разбира од помош ќе биде ако средината во која што живее лицето ќе биде смирена и без конфликти. Конфликтна домашна атмосфера многу пречи на сите. И поддршка од најблиските лица секако.
Не имаат специфирано за кој вид на психоза станува. Трае скоро една година, симптоми на почеток беа халуцинации(слушање гласови, присуство, делузии) понатаму имав проблеми со движењето неподвижна сум 4 месеци не знам поради која причина немам мисли и емоции, дали нешто од ова звучи познато. Примав медикаменти, на почеток Риспиридон, понатаму Заласта и сега веќе 3 месеци сум на инекција Xeplion. Се плашам уште колку ќе трае оваа состојба. Подобрување има минимално, не слушам гласови но сеуште не можам да се движам и сум без мисли и емоции. Дали можеш да ми дадеш некоја бројка на месеци години за колку трае психозата?
Тоа што имаш подобрување е супер. Слушај го психијатарот и соработувај со него, тоа многу ќе ти помогне. За терапијата знаеш дека не смееш да ја прекинуваш на своја рака без консултација со психијатар. За сите прашања најстручно и најточно ќе ти каже тој. Без грижи, се ќе биде во ред!
Може да те прашам некои прашања на приватен? Не сум многу активна на сајтот ако може некои прашања приватно да ти поставам ако не е проблем?
Секако дека може. Тоа што знам ќе одговорам. Ама пак ќе кажам, најточно и најстручно психијатар ќе ти каже.