@Just.do.it те читам и гледам дека имаш доста познавање на темава.. Имам сериозен проблем со мајка ми.. Има 51 година а е во фаза кога си замислува нереални ситуации, реагира бурно на нив и вербално напаѓа, а после одреден период заборава што воопшто кажала и каква сцена направила и не обвинува нас дека ние сме тие што измислуваат и ја напаѓаат зошто сите се против неа... Свесна сум дека е за на психијатар ама исто така сум свесна и дека не треба да заврши кај секој.. Го читам по форумиве Моме Петковски.. Може да ми објасниш ма каков принцип работи, затоа што искрено не сме во ситуација во која можеме да си дозволиме приватен некој.. ДОКОЛКУ ИМА БИЛО КОЈ ДРУГА ПРЕПОРАКА, ВЕ МОЛАААМ ЗА ПОМОШ
Одамна е пишано, но се надевам ќе видиш. Јас го чувствував ова доолг период можеби месец месец ипол /два со горе доле разлика во интензитет. А сега почна како да сум јас, а не јас. Многу грдо е, знам која сум ама пак како оделена од себе. Како две јас. Знам сум која сум и што сум но имам некое непријатно чувство пак. Се плашев да не полудам, илјада мисли да не ми е веќе сериозна псих состојба. Разговарав со психолог, вика од неактивност се случува ова, зошто сум имала премногу слободно време. инаку ми се случува по втор пат вака појако, прв пат беше пред 4год. Само не знам дали било скроз исто, сега мислам е мслку појако. Може и некој друг ако доживеал нешто слично да сподели
Како што веќе ти одговори членката, Моме работи во воена. Мислам дека е еден од најдобрите доктори психијатри. Со упат од матичен лекар ќе може да идеш.
Јас сум за на психијатар. Итен случај сум јас.. Сите психијатри што ќе се во ординацијата да кажам сите ќе се учат на мене еден вид пракса ќе сум им .
Дали може да ми предложете добар психијатар за панични напади и анксиозност во Скопје , приватно? Пишав и во другата група ама не добив одговор
За панични напади и анксиозност не треба психијатар. Корените на анксиозноста од кои потоа доаѓаат паничните напади се многу длабоки. Треба да работиш на коренот на своите проблеми, на своите базични верувања, се со цел решавање на проблемот и намалување на симптомите и самата анксиозност. Психијатерот нема да направи никаков моабет со тебе, ниту длабоко ќе навлегува во проблемот, туку директно ќе премине на фармакотерапија. Апчињата да, може моментално ќе те опуштат и ќе направат да се чувствуваш добро,но ти всушност не го решаваш проблемот и постојано ќе ти се појавува анксиозноста во најразлични облици. Со тек на време ќе станеш отпорна на апчиња и организмот ќе ти бара се поголеми дози. За анксиозноста/панични напади ко најефективна се смета КБТ (когнитивно-бихејрвиоралната терапија). Би ти ја препорачала Фросина од Филип Втори. Сепак во психотерапијата има многу пристапи, па може тебе овој нема да ти одговара, секако и ти и Фросина ќе го забележите тоа и ќе те пренасочи на друг пристап. Мој личен совет за самопомош е користење на техники за дишење(имаш гифови на гугл), валеријана капки, чај од маточина, витамин Б6 или пак магнезиум. Многу би ти помогнала и физичката активност(дури и најобично пешачење). Се надевам нешто ќе ти помогне.
Сакам да прашам, дали можам како малолетна сама да појдам? Имам 17 години и мислам дека имам голема мака, не ја контролирам нервозата ич. Импулсивна сум, ако не ми е денот и некоја личност која не ми се свиѓа ми пререче нешто, можам и маси столици да превртам... Имав лошо детство и се од тој период 8-9 години почна зашо од мала сум психички малтретирана, и ден денес не можам а да не "вратам на некоја критика како да била лош навреда. Душава не ми дава мир освен ако на навреда вратам мн потешко. Моите не сакаат да ме однесат а јас само сакам да побарам помош за ова, па и да е у форма на апчиња...
Те молам само да не поглегнеш на апчиња и да заминеш на психијатар. Твојата состојба дефинитивно не е за апчиња. И сама си свесна за коренот на твоите проблеми, кои апчињата нема да ги решат. Имаш само 17 години, млада си, животот е пред тебе, не вреди да се заробиш со апчиња за состојба која може да се реши без апчиња. Ова ти го кажувам со најдобра намера. Би ти препорачала психотерапија. Ќе ги дискутираш своите проблеми, ќе научиш да ја контролираш импулсивноста. Бунтовното дете како резултат на она што го има преживеано и трпено сега излегува на површина каде што сака да се спротивстави на се, да завземе свој став и лично ЈАС. Но може сега тоа го правиш на погрешен начин(агресивно). За време на психотерапија ќе научиш како да го искажеш се она што те повредува, се она што ти предизвикува неправда, на еден поинаков начин. Да, може да идеш сама.