@martina4 А имаш ли можност да се тргнеш од нив? Да излезеш од дома, да одиш под кирија и едноставно да прекинеш контакт некое време? Не мора човек по секоја цена да трпи и да се мачи само затоа што се фамилија.
Често се навраќам на минатото и на некои погрешни одлуки. Многу вложив во факултетот, за на крај да работам нешто сосема друго. Претешко ми е дека не работам по струка. Цел живот мислам дека тоа ќе ме прогонува.
Види, не си единствена. Мора да сфатите дека од некаде мора да се почне, макар било што да е. Разбирам амбиции и се, но полека, ќе дојде и тоа на ред. Само трпение
Нема здрави, има само непрегледани. Те разбирам, немој да мислиш дека си сама. Еден луд да има дома, сите сте луди. Тоа што ме запира мене лично да се преселам е само фактот што да се преселам со моменталниве цени по квадрат ќе ме кошта рака и нога, и ќе се заколам во кредити со години. Кирија ќе ми даде повеќе мир, ама додека во мојов свечен град ги давам тие пари за кирија, ќе ги вложам истите месечно во стан. Ни води, ни терај.
значи десетина години се поминати од тогаш Ама тоа е што е. Знам треба да се сфати како лекција, дека сепак така требало да биде. Ама ми идат мисли…
Мислев од скоро е... Туку ајде, не се нервирај, можеби ќе се случи да работиш нешто сосема трето и да биде тродупло поплатено и да ти се допадне, никогаш не знаеме што ни носи животот Ти посакувам среќа