1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сте за на психијатар?

Дискусија во 'Психологија' започната од MiaJ, 27 август 2013.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    дали сте за на психијатар?

    Сигурно сите сме биле барем еднаш во животов за на психијатар. :D А многу од нас се лишиле од тоа олеснувачко и лековито искуство за да не ги напраат ненормални у друштво луѓе кои прават далеку побизарни работи од консултација со стручно лице и на нив никој нишо не им вика. Напротив, масата обично е одушевена.
     
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    дали сте за на психијатар?

    Јас више би рекла психолог него психијатар. Психијатар третира серизони заболувања, трауми, често и наследни психички болести висинска депресија и препишува сериозни лекарства.
    Психолог ќе те ислуша ќе ти даде некој совет,гајденс-насока патка во животот и не е лошо напротив корисно е, секој во оние луди години кога си на крстопатот на својот живот треба и пожелно е да го посети. Некогаш непознатите знаат подбро да те окарактеризираат и советуваат и подобронамерно од родител, сопруг/сопруга или вистински пријател.
     
    На srcence1607, imelda, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  3. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    дали сте за на психијатар?

    Искрено не но овие девојки кога ми беше најтешко ми помогнаа морам да ги спомнам бидејки многу ми значат
    Сега најбргу кога имав проблеми мислев дека умирав дека животот ми се уништи многу ми помогнаа тессие,
    Серафима,
    Кала21,
    Трендафилка
    -тие ми дадоа сила да се сетам дека сум силна и дека можам се да пребродам....многу сум ви благодарна
    исто така морам да ја спомнам и Лилит девојката е супер
    Кога дуканот (првиот )го изгубив тогаш ми помогна Гордана10
    Значи што сакам да кажам
    Доволно е некој да ти каже убав и искрен збор и се ке тргне кон подобро!!!
    Ви благодарам девојки
    А за психологот тој ке те ислуша и ке ти помогне :?: можеби тоа не зависи од него туку од нас самите,но мислам дека пријател па макар од нет може да ни помогне многу повеке....
     
    На Lilit и tessie им се допаѓа ова.
  4. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    дали сте за на психијатар?

    Идејава за размена на искуства и да се слушнат други мислења за потребата од одење на психијатар, психотерапевт, или психолог е одлична; но искрено да си кажам не ми се допаѓа насловот,

    Дали сте за на психијатар?

    Многу саркастично за оволку сериозна работа ;
    Сори, ама мене така ми звучи. Тогаш кога оваа тема ке биде прифатена без сарказам, или докажување дека не сме луди ако одиме на психијатар, тогаш како нација ке достигнеме зрелост за оваа тема.
    Мислам дека ние сеште сме во фаза на убедување дека нештото е потребно и полезено.

    Штом постојата коментари дека не е срамота да се оди , не значи дека си луд или дека ти фали нешто ако одиш на психијатар, мислам дека кај нас сеуште треба време за комплтено прифаќање на одењето на психијатар како нормална појава, а посебо во помалите средини.

    Помошта која пријателите можат да ни ја дадат е различна од тоа што може да се добие од стручно лице.
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tropical

    tropical Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    61
    дали сте за на психијатар?

    Мислам дека секој човек треба да си има психијатар (иако тоа во Мк не може да си го обезбеди секој), но барем еднаш во годината да си појдеш е добро. Па нормално секој има проблеми, недоразбурања, фрустрации кои некогаш и самиот си ги создава. Како на пример јас. Немам проблеми некои којзнае колкави, но самата си мислам дека сум слаба личност и дека другите не ме сакаат. Не дека немам самодоверба, иако тоа е нешто друго, меѓутоа кога ќе си помислам пак луѓето со какви не проблеми се соочуваат се тешам барем со тоа. Ние луѓето никогаш не можеме да бидеме задоволни од самите себе си. Или некој ќе ни наштети, или самите на себе си го правиме тоа. Мислам дека е мноогу добро да се посетува психијатар, бидејќи си е нормална работа, иако овде во Мк ако дознаат дека си бил на психијатар ќе те направат луд. Па Боже сачувај не е така, но секој различно го сфаќа одењето на психијатар. :fubar:
    Да имам пари, одма би заминала, ми требаат совети и тоа многу..
     
  6. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    дали сте за на психијатар?

    Апсолутно делам мислење со Хипстер, можеби не психијатар, ама затоа психолог како добредојден би ни дошол на сите, скроз на сите! Мислење, помош, патоказ никому не би му штетело во ова време, невреме. Психијатарот е повеќе да те ислуша, процени и врз база на тоа да ти даде некогаш соодветни медикаменти за проблемите.


    Јас имам посетувано психолог пред некое време, и кога ме праша една гуска еј те видов таму и таму, што правеше, и кога и реков, кај психологот бев, ми рече само, леле ненормална една. Јасно ми е се после одговоров, ние као нација сме отидени скроз - не поединци само, неуки и прости, кромањонци. Колективно да се собереме сите и да посетиме психијатар, не психолог.
     
    На Foreveryoungiwannabe, Hipster и Unica им се допаѓа ова.
  7. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    дали сте за на психијатар?

    Море печена сум
     
  8. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    дали сте за на психијатар?

    Oсаменоста е болест на денешнината.Tаа секогаш си го наплаќа догот.Резлутат од осаменоста е психијатар.Само после него човек ќе извлече заклучок дека се е во нас самите ,болеста, па и лекот.
    Затоа мислам дека пред се, нас всушност ни се потребни пријатели, кои за жал денес се ретки.
    Доволни се само неколку збора за да ги заменат антидепресивите.
    Ништо не е страшно и срамно да се посети.Па нели сите кои полагаат возачки испит одат за потврди таму. :wasntme:
     
  9. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Бев на една сесија, сфатив дека тоа не е просто за мене.
    Нема да можам јас никогаш да се отворам на некој, посебно не за некои осетливи работи.
    Нема да успее некој непознат човек да пробие во мојата психа, освен ако не дозволам, а никогаш нема.

    До тогаш, сите ќе извлекуваат погрешни заклучоци и извртени прогнози за тоа што ми е.
     
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Сум била на когнитивна терапија кај психолог. Многу е поразлично од тоа дали имаш другарки кои ќе те разберат како ти е и ќе ти дадат совет. Кога не можеш да ставиш прст на тоа што те тера да се затвориш дома со денови, да не излегуваш, да спиеш и спиеш и спиеш, да не сакаш да станеш да се облечеш а не повеќе, другарка која ќе те изрита надвор да те расположи, тоа ќе го постигне за еден ден, ама нема да ти ја оправи главата.
    Мислев дека првиот месец за џабе си ги фрлам парите јас тука. Што извади толку ѓубре од мене, зашто да плачам пред некој кој за тој еден саат од моето плачење извади пари а јас си отидам дома уште побетер отколку кога прв пат му влегов низ врата. Барем дома без пари ќе си плачам. Ама упорно продолжив да одам.
    За сите пет месеци(по еден саат неделно) кога ќе размислам човекот еден совет не ми има дадено. Еден. Како а вака да мислиш наместо така, или што знам, напиј се какао пред да си легнеш и гушни си мече, или мисли на море и палми, во смисла на совет што да правам како другарка би ми дала, ништо ама ништо не ми кажа во таква смисла. Само ме испрашуваше. Веројатно знаел како да ми ги постави прашањата за да провоцира мислење од мене и да ме турне сама да си најдам што ми е бутур и како да прифатам дека не е ништо страшно да покажеш слабост понекогаш, да се откажам од ставањето на толку страв во кутија, криење на кутијата во сеф во швајцарска банка и да ја заборавам комбинацијата ;)

    Поради тој човек јас верувам дека денеска сум општо земено подобра личност и попријатна да некој биде околу мене, посмирена и потрпелива, а може е и оти сум поголема и поискусна од животецот, ама знам дека тогаш не бев на добар пат и бидејќи бев сама убедена дека не е до хемија во мојата глава, сама доброволно избрав когнитивна терапија пред да почнам да се тровам со антидепресиви, кои и матичените ги препишуваат тука без евалуација од психијатар кој подобро би знаел сигурно дали има потреба од хемикалии или когнитивна, или двете терапии заедно, ама така им е ним најлесно, па ако не ти е подобро за некој месец дојди назад па тогаш ќе му го бараме чарето наново.
    Прашањето дали е некој за психијатар или не, јас само за мене можам да си судам, за вас вие си знаете ;)
     
    На Trnche, anabel-a и vinozito1 им се допаѓа ова.
  11. smigool

    smigool Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    355
    Пол:
    Машки
    дефинитивно
     
  12. Baroness

    Baroness Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    47
    Дефинитивно сум.
    Сакам да одам,бидејки тоа е нешто нормално,тоа ми помага,ги искажувам своите прболеми,ме ислушува и ми дава совет,на некој искусен и непознат човек.Но само приватен.Бидејки државниве само клукаат со апчиња (повекето,не сите).Имам голема потреба да одам,ама немам пари.
     
  13. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    знам дека сум и одам почесто ми помагаат тие разговори
    примам и терапија и воопшто не ми е срам да го кажам тоа-со оглед во какво време живееме :x жолто комбе и Бардовци а не психијатар :!: :worried:
     
  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    105,5 посто сум за на психијатар. :D


    Ама некако не ми се трошат пари за таму.
     
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    Овде имаш мала грешка. Психијатар е за некои ментално пореметени личности како некои шизофреничари на пример, а луѓе кои имаат некои емотивни нарушувања им треба психо-терапевт, човек со кој ќе разговараат, кој ќе им помогни и сл. Има ГОЛЕМА разлика меѓу нив, зошто психо-терапијата припаѓа во психолошката наука, а психијатријата е медицинска наука.
    Ја на психијатар не сум, фала Богу, ама ми треба психо-терапевт, тоа дефинитивно.
     
  17. Baroness

    Baroness Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    47
    Грешка си.
    За менатално пореметени личности е болница..Не знам како се вика,ама некако за менатлно пореметени.
    Јас одев на психијатар.И ментално пореметена сум?
    Секако дека не.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Smaragdna

    Smaragdna Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    20
    Тотално не се согласувам со тебе,затоа што и едниот и другиот се терапевти и нема некоја разилка кај нив,и двајцата ке те ислушаат и ке ти дадат совет.Единствена разлика е што психијатарот доколку е потребно може да ти препише терапија-и да ти препише ТОА НЕ ТЕ ПРАВИ МЕНТАЛНО БОЛЕН,пример на некој човек му се случува трагедија му умира некој близок,доживува некаков стрес и слично оди на психијатар му препишуваат некаква терапија но не СТАЛНА,дали тоа го прави ментално болен?Секако дека не
     
    На Baroness му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Ова кај нас по малце е табу тема. Кај секој да речам доктор.. идат и болни и здрави.
    Сум за на психијатар, чисто да истерам црни мисли од глава, ме опседнале, страшно.
     
  20. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Можеби сум.