1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сте за на психијатар?

Дискусија во 'Психологија' започната од MiaJ, 27 август 2013.

  1. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Темава е некако несериозно отворена :?: Првиот коментар некако воопшто не и дава значење и ми ја прави без поента :fubar: Освен во случај ако треба сами да се дијагностицираме и процениме дали сме за психијатар и друга варијанта е некој да ни кажал дека сме за таму... (?!) |( Бог да чува :yawn:

    Не дека сум пресериозна личност што не знае да се шали ама па психичките болести според мене се на врвот на скалата и нека не се навреди девојкава ама многу безвезен ми се виде коментарот со кој ја започнала темава:
    Еден од типичните клише муабети :x

    Посета на психијатар не треба воопшто да е табу-тема, сосема е во ред секој да си оди на разговор и самото тоа не ги прави пациентите `пореметени` / `умоболни` или како и да се нарекуваат. Но тоа што на психијатар одат и сериозни случаи не е за шега.
     
    На anggell, Glasna, natemila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    А има ли некој кој не е за на психијатар?
    Во ова стресно време,со нервози,рокови....
    Па и тие што мува не ги лази за ништо ,зарем нормално е тоа...?
    Ако ништо друго,барем да се олесни на душата малку.
     
  3. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    хахха занимлјиво :D :D

    кажи ми каде се наога тој психотерапевт со американско искуство да го посетам и јас. Озбилна сум !!! :)

    А што се однесува до приватните сакав јас во систина да ги посетам но гледам сите сте задоволни со неуромедика, а од систина немам слушнато се уште препораки ни добри ни лоши. Кај кого беше ти во неуромедика, колку чини и колку пати неделно?
     
  4. Claire

    Claire Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    164
    Не знам во која тема да го сместам ова што имам да го кажам... Ама ми треба помош, совет.
    Една особа Х, во последно време многу чудно се однесува... Се почна откако имаше потешкотии на работа, идеше прва,втора,трета така некои си две недели... Ех сега у последно време се и смета.
    Отвора некои теми за разговор, што се одамна затворени.
    Збори како цел свет е против неа, како сите нешто ја провоцираат, како на работа знаеле се што се случува дома,како демек ја прислушкуваат, сериите што ги гледа на тв, мисли дека е за неа, се си приврзува, на маж и збори дека ја продава,дека немала љубов,дека се е против неа! Едноставно се што се случува околу неа, мисли дека е за нејзин инат, и кажува дека она не може да се бори против божјата сила. На работа нема пријатели, а и ако прозбори со некој мисли дека за инат ја збори, и дека се е провокација од нивна страна.
    Што дијагноза е ова? Сте имале ли некој ваков случај!?
    Споделете мислење.....

    И јас се извинувам што тука го ставив мислењето, ама навистина не знаев во која тема да го ставам....
     
  5. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Истото и се случи на моја блиска после страшна исцрпеност, до степен да мора да биде цело време надвор (на -10) бидејќи осеќаше дека во затворено се ја гуши. Мислеше дека ја следат, дека некој сака да и наштети, го исклучи телефонот бидејќи мислеше некој по сигналот ќе ја најде итн... Се се среди откако ја напушти работата инаку исто, работење во три смени за ич пари и без никаква надеж за подобрување. Иначе во тој период се оттргна од друштво, од личност која скоро и не се прибираше дома од кафичи и клубови(додека не почна да работи), се работи за млада девојка на 26 години, прекина да комуницира и се шлаеше сама по улици - реално опишано. Едноставно на некој начин може да се каже и дека имаше нервен слом. Помина само со неколку дијазепами и без посета на лекар и покрај нашите убедувања, не сакаше. Инаку ова траеше едно недела дена, додека не даде отказ, после тоа се среди да речеме иако јас сеуште сум на штрек. Но еве неколку месеци не сум приметила чудно однесување кај неа. Јас не сум личност која многу верува на доктори но за вакви сериозни работи треба да се посети психијатар. Проблемот е како ќе ја убедите, како да и пристапите без да осети како да ви е терет и непожелна?? Тука не можам да помогнам...
     
  6. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    715
    Допаѓања:
    5.944
    Пол:
    Женски
    Од психијатар кај нас во мк нема аир. Барем овие по државново што се. Не разговараат само апчиња препишуваат не се ни обидуваат да ти го решат проблемот е сега ако некој има поинкво искуство нека каже.
     
    На Claire му/ѝ се допаѓа ова.
  7. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    715
    Допаѓања:
    5.944
    Пол:
    Женски
    Хм незнам некое акутно пореметување психичко ама дефинитивно се бара стручна помош е сега лошо е што докторите само апчиња ке му дадат ;(
     
  8. Claire

    Claire Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    164
    Дефинитивно не е нормално тоа што се случува. Побаравме стручна помош, ама дадоа само апчиња, нема некој ефект,што знам... Не забележувам, а и не сака да ги пие, тогаш е лошото.
    Сакам некој психијатар што ќе помогне можеби со разговор, дајте ако има некој препорака, парите не се важни, макар и приватно. Со апчиња не иде, се полошо и полошо е.
    Веќе не знам што како да се прави..
    Ова трае веќе подолго време, не се издржува... Таман за момент кога ќе помислам дека е подобро, веќе другиот ден е многу полошо.
    Се плашам многу, нема кој да ти каже барем каква е дијагнозата!
    Абе да не даде Господ бе... Убаво се вика само здравје!!!!!!!!! НИШТО ДРУГО!!!!! Оф....
     
  9. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    715
    Допаѓања:
    5.944
    Пол:
    Женски
    Claire Како е состојбата сега баш ме интересира дали ќе помине без лекарства? Поздравче и поодршка и сочувство
     
    На Claire му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Claire

    Claire Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    164
    Уф, без лекарства е лошо. Се тера на расправија, нема никаква доверба, мисли дека се се врти околу неа, ама баш буквално се што се случува.
    А кога ќе се напие лекарства, тогаш е смирена, мирна, се затвара во себе.
    Не сакам да се труе со лекарства, ама само тоа доби.
    Сакам разговор, сакам да видам каква е оваа дијагноза, не знам...
    Ќе видам, во потрага сум по некој добар психијатар и да видиме. АМа за оваа ситуација не ми изгледа дека ќе помине со апчиња, мислам дека треба терапии..
    Само да не биде полошо.
    Мислев дека е до работата и слични стресови,ама не. Проблемот е во нејзината глава.
    Можеби, тоа беше почетниот извор, работата,стресот,уморот... Ама за сега, не верувам да е само тоа. Не знам, навистина не знам....
    За себе барам и сакам само сила да издржам да помине се ова.
     
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Депресија е. Во вистинска смисла депресија. А работата, стресот и уморот воопшто не и помогнале.
    Ако е на антидепресиви трапијата не може да ја зема денес, утре ми е подобро па нема да се напијам апче. Не оди тоа така. Не е ова глава ме боли па ќе се напијам апче. Некогаш ефектот се осеќа после недели и месеци на терапија, во првите две недели само со нус појавите треба да се избори, како што се гадење, ретко кој не го добива кога почне со антидепресиви. И не го гледај проблемот како труење со лекарства, вака зарем подобро е?
    Колешка падна во депресија откако си помина мајка и, де на овие лекарства, прочита нешто на интернет ги остави, де на други, стана многу напорно на работа, и сите осетивме стрес, нервоза, ама тука она капна, се затвори дома, па параноја, на тв на вестите нејзиното име го кажувале, во весници ја пишувало, таква параноја слично која ја покажува личноста што ти е драга. Со нови апчиња и когнитивна терапија кај психолог заедно имаат постигнато добри резултати кај неа. Само некој се треба да ја гледа да не ги остави апчињата туку така на своја рака оти она осеќа дека и е подобро, оти уште полошо стигне нареден пат.

    Побарајте психолог или психијатар за когнитивна терапија, ама и слушајте ги и докторите. Може прво ја ставиле само на апчиња да видат како со нив, пред да фрлаат се живо во третман. Не се овоа лечи преку ноќ.
     
    На Glasna, Doozy и Claire им се допаѓа ова.
  12. emptyFeeling

    emptyFeeling Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    5
    сум, и тоа како сум :\
     
  13. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Не сум за на психијатар, но има околу мене лица кои се баш за таму :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    5.706
    Пол:
    Женски
    Абе не психијатар ама ми треба некој што може да ме разбере , што можам да му кажам се и може да ме сослуша .. нема никој на кому можам да се искажам ниту на моите најблиски и некогаш реактирам како луда и си зборувам со себеси.. и џабе и да има некој да му кажам се што ми лежи на душа пак нема да ме разбере , пак нема да свати како ми е мене .. а истиот тој човек бара ти да го разбереш него .. и така во круг никој не го рабира никого а најмалку си се разбира себеси. . Психијатар .. да , во смисла на човек кој може да те сослуша и да ти даде совет..
    текст од песна во смисла на тоа што сакам да го кажам
    '' But if someone really cared
    Well they'd take the time to spare
    A moment to try and understand
    Another one's despair
    Remember in this game we call life
    That no one said it's fair '' .
     
  15. Paolita

    Paolita Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Сум за на психијатар. Многу затворена личност сум и би сакала да можам на некој да му ги кажувам проблемите, да имам некој што ќе ме ислуша и посоветува бидејќи вака ме совладува депресијата.Не можам повеќе вака. Трпев, трпев и се изморив веќе. Толку нешта ми тежат на душата а немам со кого да ги споделам за да ми олесни.
     
  16. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.035
    Пол:
    Женски
    Да. Ми треба психијатар. Сѐ и сешто ми се случува во животот. Сите ме критикуваат како да сум најстрашниот сериски убиец. Жими сѐ, така е според нив изгледа. И затоа, сакам да одам на психијатар, да ме ислуша најпрво, а потоа ако ми. даде некој совет. :)
     
  17. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Не, ама кога ќе размислам подобро добро би ми дошло. :)
     
  18. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Во некои моменти,на неконтролирање :lol:


    шала,мислам дека немам потреба,немам некое такво чувство,
     
  19. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.187
    За жал психијатарот кај нас сеуште е баук и недај боже да те видат комшиите дека одиш кај психијатар веднаш те прогласуваат за луд. Тоа е заостаната стгма од минатото а гледам и помегу младиве има доста кои психијатарот веднаш го поврзуваат со лудило.
    А, што е всушност психијатар?
    Психијатар е стручно лице кое може човек да го посети од нај различни причини, пред се тука се разните форми на депресија, потоа разни фобии, или едноставно да си ја олесниш душата. Ова последново сеуште не е толку застапено бидејки сеуште функционира она наше од турко, останато седнеш со другарката на кафе истрачариш се живо и диво, утре кајдругата и така.
    Најголемата грешка ни е што даваме отпор за посета на психијатар се додека не дојдеме до ѕид, кога ќе не совлада депресијата или разни состоји и мораме да одиме.
    Мој совет, луге одете си слободно на психијатар, ако ништо друго ќе си ја очесните душата пред некој кој е за тоа платен а не да замарате луге по дома да е слушаат.
     
    На Juicy и DivineFM им се допаѓа ова.
  20. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Немам потρеба да го повтоρувам истото бидејκи тоа што саκав да го напишам за себе го напиша Paolita. И ги пρочитав мислењата на девојκава, сето тоа што го пишувала за себе е κаκо јас да сум го пишувала, κаκо тоа да сум јас Фоρевеρ а не Paolita. Јас сум личност κоја својата тага ја соκρива длабоκо во себе, внатρе во сρцето, и тежи κаκо κамен, потиснува. Личност κоја само се еден збоρ може да се се сκρши, κоја има потρеба од личност κоја ќе ја ρазбеρе и ќе биде со неа во тажните и сρеќните мигови. Имам потρеба од таκва личност, но бидејκи неможам да ја пρонајдам, очигледно имам потρеба од психијатаρ.