Гледам сите што пишувате дека сте за на психијатар сте девојчиња од 13-16 години. Што ве разочара толку момички? Не сте малку премногу мали за да размислувате за ваквки големи теми? Инаку да. Мислам дека имам потреба да поразговарам со психијатар чисто онака за да ми олесни,бидејќи не секому можам да му се доверам и да ме разбере.
по колку пари се движат посетите кај психијатри кај нас? барав некоја тема за ова, но не најдов, се извинувам што сум off-topic
За државен или приватен прашуваш? Затоа што има и вакви и онакви и комбинирани да ги наречам, што се водат како приватни но имаат и склучено договор со фондот, па со закажување и упат од матичен прават прегледи по друга тарифа од онаа по која наплаќаат за приватно. Конкретно имам напишано мислење во темата „Препорака за добар психолог“ за еден доктор од ординацијата Психеа што јас лично го препорачувам па можеш да си прочиташ, детално имам објаснето. Инаку по државниве институции не би ти препорачала да одиш, освен ако не ти препорачаат некој лекар конкретно, затоа што се некако ко незаинтересирани и им е ограничен терминот за преглед, па не можат да ти одвојат време ко што треба. Кај приватните цените доста варираат, но исто така и квалитетот. Имам слушнато и многу пофалби за д-р Марцикич, но тој е доста скап. Сепак има некои проблематики за коишто можеби треба да интервенира најдобриот помеѓу најдобрите па би сакала и него да ви го предложам, да го знаете.
Потреба за психијатар не е и не треба да се поврзува со нешто лошо. Напротив, нешто не ти чини и бараш помош. Исто како на пример, кога те боли глава пиеш апче или кога не ти оди математика земаш приватни часови. Одење на психијатар не значи дека си "отиден со паметот", како што некои сакаат да кажат, туку едноставно претставува потреба да побараш совет од стручно лице кое го разбира човековото однесување. Одењето на психијатар не мора да биде поврзано со возраст. Дали се работи за дете или повозрасен човек, тука ништо не треба да се потценува. Ама, за жал, кај нас луѓето би го поминале целиот живот борејќи се со себе, наместо да отидат на психијатар и да си помогнат, пошто нели битно е што ќе рече комшиката или некој од фамилијата.
Сите сме . Кој вика дека не е за на психијатар значи е веке за во лудница или во превод КО ОВДЕ НЕ ПОЛУДИ НИЈЕ НОРМАЛАН.
И тоа како сум за на психијатар. Од ден на ден се повеќе сум убедена во тоа, затоа што страдам од депресија. Доброто кај мене е што јас сакам да се излечам, ама ми треба некој да ме подбутне и да ми даде поттик. А никој не знае за тоа, затоа што не зборувам на таа тема и да сака некој да зборува со мене за тоа, јас најверојатно ќе речам дека само сум изморена и дека не ми е ништо и ќе ја затворам темата. Да им кажам од дома дека ми треба психијатар ќе ме направат луда
Прекумерно преувеличување, сретнав и самодијагностицирање на депресија. Многумина од вас кои се прогласивте како депресивни, манично депресивни, аксиозни, параноични и уште не знам што не сте запознаени со вистинското значење на тие состојби. Овие состојби даваат психосоматски ефекти и е невозможно да фукционирате нормално како досега и да останат незабележани, со тоа и не третирани. Оние кои што сметаат дека се асоцијални или имаат социјална фобија, па предводени од тие "причини" одбиваат да влезат со блиските во интимен разговор не верувам дека ќе ја имаат таа храброст да го направат тоа со тотален странец, онака колку да се пожалат, но не ја отфрлам сосема таа веројатност едноставно да ја имаат потребата. Имено, сметам дека премногу рано потклекнувате на предизвиците на животот, не знаејќи за реалните проблеми кои следат подоцна. Минлива хормонална транзиција е пубертетот, друго е депресијата.
Дали сум за на психијатар?? Да и тоа како. Пошто не зборам со никој за мене од недоверба во лугето и дефинитивно сум за на психијатар.
Година дена имав мисли, црни мисли, секојдневно размислување за смртта на блиските. Не си го сфатив на озбилно, млада сум, 15 години, си реков ништо не ми е. Како да ми прејде во навика, од толку долго време подоцна ми изгледаше на сосема вообичаени мисли. Но се влошија работите, почнав да се затварам, главоболка јака цели три недели, ослабнав, нагло ослабнав. Порано си бев гурман, обожавав да си готвам и да си јадам разни јадења, здрави јадења. Почнав без волја да јадам, за да не ги загрижам домашните. Еве во неделата, ептен ми се слоши. Почнав да се укочувам, кога дојде мајка ми в соба сакав да се помрднам, не можев, го имав тој изгубем поглед. Подоцна вечерта почнав да се тресам, викнавме брза помош, ми ставија витамини, инекција за смирување. Го викнавме матичниот од дома, му имам доверба, му кажав во што е работата. Моите ептен испаничија, не знаејќи за што се работи. Ми напишаа упут, утредента отидовме до најблиската ординација, работава беше сериозна па ме испратија во Скопје на државна. Требаше во болница да лежам, психијатарот се исплаши кога ме виде. Но се случија некои ствари, дома си останав. Цела недела не одев ни на училиште. Си спиев со мајка ми за да не ми се слоши ноќе, почнав со примање на терапија и со разговор си помогнав. Ете денес, прв ден се чувствувам ОДЛИЧНО. Се трудам и сама да си помогнам, но и психијатарот ми помогна. И на никој не му посакувам ова да му се случи. Сум живеела во затвор цела една година... Ама најбитно од се е што сум добра, и со сите сили ќе се обидам во иднина во оваа состојба да не стигнам повеќе. Да гледам светло на работите. И благодарна сум, што конечно, се чувствувам добро, енергично, задоволно, позитивно. Исто така си помагам и со јога и медитација. Имав обид и за самоубиство, благодарна сум што сум жива, тоа се мисли што не можат да се контролираат. Барем јас сум во таа возраст и едвај најдов сили да не го сторам тоа. Страшно чувство. Ама ете, ќе научам со тек не време да си се запознаам подобро и да знам да се контролирам. Многу ми е подобро и многу сум му благодарна на психијатрот, ми помогна, многу. И не дека имав некоја посебна причина за тоа, може и имам но со понатамошни разговори ќе се открие коренот. Супер ми се односите во семејството, со финансии, во училиште сум супер, супер друштво имам... ама ете, не е тоа нешто што можев да го контролирам.
edna forumdzika pogore se izjasni deka povekjeto se devojcinja od 13-16 godini i deka bile mali za vakvi raboti,problemi,psihijatri i slicno...kako prvo pogodna vozrast za odenje na psihijatar nema,koj bil znae deka tamu nosat i mali deca koi ne se bolni tuku cisto zaradi toa sto eve na primer se mnogu besni...kako vtoro bas decata vo pubertet treba da posetuvaat psihijatar bidejki togas im pocnuvaat problemite i ne znaat kako da se nosat so tie problemi i donesuvaat pogresni odluki kako seks na prerani godini,konzumiranje droga pa duri i samoubistvo zatoa ne velete deka ako se mladi deka ne treba da odat na psihijatar bidejki bas naprotiv-niv najmnogu im e potreben...
Не би имало потреба од психијатар за болдов, ако за тоа доволно се погрижат родителите и средината. Исклучоци имало и ќе има, ама за тоа потребен е родител да обрне внимание и да му укаже на детето околу половите односи, контрацепција и можни полови заболувања, последици од дроги итн. Џабе психијатар, кога детето нема основа и добило извртена претстава за тие работи, па овие што сакаат да помогнат ги гледа ко лошите батки во приказната. Не е воопшто срамно и страшно да се побара психијатар по потреба, само, за жал, голем дел од оние на кои навистина им е потребен, не се ни свесни дека им е потребен и/или го одбиваат. Не си играјте дека не знам колку сте посебни или не знам што ако пишете дека сте за на психијатар. Океј, повеќето се деца, па им е интересно и мислат којзнае колку бунтовно делуваат ако ги преувеличат типичните тинејџерски проблемчиња, ама сепак, поради ваквите што од зрно прават дека им треба психијатар, некој со сериозни проблеми ќе прочита, па од што неговиот проблем нема да му се чини ни одблиску едноставен ко вашите, ќе се срами и плаши да побара помош за да не го окарактеризираат ко лудак. Полека малце, милион начини има да покажете посебност. Јес да забегав од темата, али се изначитав глупости и патења по внимание, па затоа размислете малку пред да се самодијагностицирате или да пишете колку сте луди4ки и за на психијатар. Прогуглајте. Ќе најдете многу примери кои во реалноста не се ни одблиску интересни и трагично-инспиративно-поетични ко што ви делуваат кога си ги припишувате. Едит: И многу сте помешале психолог со психијатар. Психологот може да ги исслуша сите бубачки и маки и да даде по некој совет. Психијатарот веќе се занимава со многу посериозни проблеми, кои, доколку би ги имале, голем дел не би ни биле сега по форуми.
Да земеме и да читаме сите симптоми, секој ќе се самодијагностицира со по некое психолошко пореметување, а богами и со по некој тумор. Не пробувајте со сила да си најдете нешто, дефинитивно ќе забележевте ако нешто не е во ред со вас.
Сите буквално сите сме на психијатар. Секој човек има проблеми и неизбежно е тоа,на секој му треба совет.Највеќе се за на психијатар тие што не признаваат дека им треба, реално
Имам претходно искоментирано некаде тука за ова. Апсолутно на секој човек му треба, ако не прихијатар ама психолог 100%. Без разлика на возраст, секој човек си има некакви трауми, проблеми, стравови, грижи кои треба на правилен начин да се третирани. Мислам дека треба да се воведе матичен психолог. Ако те боли грлото одма трчаш на доктор да се лечиш, а душата? Душата оти никој не си ја лечи? Посебно кај нас каква тема е оваааааа... Нешто најстрашно на психолог/психијатар да одиш будала ќе те направат. Јас имам одено на психолог, и пак ќе одам веројатно кога ќе имам потреба. И точка.
Лошо е што сите одма помислуваат дека си мрднат,ако спомнеш дека треба да одиш на психијатар.Понекогаш одиш за да добиеш некој совет.Немора да значи дека си мрднат.Ако имаш потреба да зборуваш со некој кој треба да ти помогне а неможеш да донесеш решение нормално дека ќе побараш помош.
Девојки јас имам многу голем проблем кога најтрагично да се случи мене ми иде да се сменам еве една случка ќе ви кажам. Пред три години почина прв братучед од леукемија млад 28год. И мене на погребот ми идеше да се смеам али си викам и себе еј што ќе направиш сите ќе ме направаат луда или ќе ми се налутат еве и мама кога е некад болна ми иде да се смеам али плачам а внатрешно се смеам несакам али само ме тера. КАЖЕТЕ МИ ДАЧИ ЗА НА ПСИХИЈАТРИЈА СУМ ИЛИ ЗА У ЛУДНИЦА ИЛИ ИМА НЕКОЈ ЃАВОЛ ВО МЕНЕ. И ве молам без исмејување маката ми е голема.