Дали сте за на психијатар?

Дискусија во 'Психологија' започната од MiaJ, 27 август 2013.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Кај никој не одам а и немам намера..многу ги поминав барајќи лек за близок свој и крајот беше поразителен...
     
  2. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Ако си од Скопје дали сте биле кај др Петковски? Работи во Воена болница.
     
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Мислиш ли на Моме Петковски?? Сум слушнала за него ама како се оди таму, нели е само за АРМ??
     
  4. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Незнам за во Воена болница, знам за приватно. Ама докторот е одличен. Да има уште такви како него здравството ќе ни биде како што треба.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Јас имам проблем и знам дека сум за на психијатар а можеби сум и малце од малце офф топик но чисто да кажам што ми е проблемот и дали е сериозен. Однапред да кажам на психијатар тешко дека ќе можам да одам поради одредени причини.
    Јас ќесто си правам, измислувам ситуации кога сум сама во моја соба и сл. И уште во моментот кога напуштам друштво а некогаш и во друштво си замислувам некој ситуации пример со друштцо некогаш и караници со некој си измислувам. Е сега најстрашното да речиме. Значи секој ден или преку еден ден јас ги глумам тије ситуации. Ако замислам дека се карам со некој се случува да изглумам како јас се тепам со личноста а тогаш мавам во празно. Ако се шегувам со некој јас се смеам ко ненормална и си зборувам демек со личноста што е спроти или до мене. Зависи која ситуација сум ја замислила. Најчесто тие личости се од секојдневниот живот и секогаш кога работам нешто било во друштво било сама јас мислам дека ме гледа некој. И тоа не ме плаши туку си го свајкам најнормално.
     
  6. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.529
    Допаѓања:
    28.642
    Пол:
    Женски
    На моменти и психијатар не може да ми помогни!
     
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.098
    Допаѓања:
    220.992
    Пол:
    Женски
    Девојче овој твој проблем и не е баш нешто најнормален, баш напротив.
    Ќе сватам за мало дете сето ова да го прави чисто за од игра ама за тебе не можам да кажам дека е нормално.
    Едно нешто што ми боди во очи е делот каде што зборуваш дека не можеш да појдеш на доктор А ТРЕБА, да знаеш, кажи го проблемов на најблиските.. на твојата мајка бидејки претпоставувам дека не знаат и што побргу замини на доктор, не е нешто кујзнае колку страшно но подобро да поразговараш и да се отргнеш од оваа навика.
     
  8. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    И кажав на моја најдобра другарка, на мојте веќе неможам пошто де едно се дешава па друго. Се нешто мене ми се дешава на брат ми мајка ми е многу болна и секакви случки во семејството се дешава. Јас пробувам да се отргнувам од тоа, да прекинам. КОга ќе почнам да си праам филмови и слично одма се префрлам на друга занимација последниве два дена немам ништо такво направено ама ипак мислите сеуште се овде па сега незнам можно е вака да се справам со се или не
     
  9. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.368
    Пол:
    Женски

    Која е причината што те води да го правиш ова ? Каква емоција ти буд? Осеќаш задоволство или што ?
     
  10. sagittarius989

    sagittarius989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2015
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Машки
    Некако ми изгледа како и постот да го имаш измислено, и незнам дали ќе појдеш на психијатар но тебе дефинитивно животот ти е досаден и безвезален, жално, незнам колку години имаш но колку и да ги имаш животот ти дава опции во било кои години за едноставно да уживаш, да се забавуваш да размислуваш, се бориш....верувам дека доколку тие глупости ги замениш со некое хоби многу поинтересно ќе ти е.
     
  11. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека некој вид на задоволство незнам како да опишам иначе за советот на sadittarius989 имам пробано да трчам, цртам, пишувам и во целото тоа време јас го чуствувам тоа како некој да ме гледа, некој е со мене и слично. Незнам мислам дека најубаво е да се потрудам од оваа да се одвикнувам мсм јас можам онаа постапките да престанам да ги правам пример да глумам оваа онаа но неможам да ги контролирам мислите кога ќе се потрудам да ги спречам да не мислам така почнува како некој притисок в глава да ми се прави некако пригушено се и нема шанси да можам да се сконцентрирам на било што едноставно не помага како паника да ме фаќа
     
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Моите викаат дека сум,
    Јас за на психијатар не се осеќам.Ама не ми е проблем да отидам да зборнам нешто
     
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.648
    Допаѓања:
    273.347
    Па оди де, фини луѓе се :wasntme: :D
    Во најмала рака ќе сфатиш дека не е секогаш проблемот во тебе :)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Знам дека не е.Ама моите не мислат така, затоа има драми по дома.
    Јас си правам глупости, па се караме па драми, па они се во тесно и мора да ми попуштат, и така во круг само не знам до кога ќе трае.
    По 5000ти пат, многу голем инает сум и не попуштам ама стварно.
    Ни карање, ни казни ни ќутек не ми е проблем.
    Стварно се мислам да отидам на психолог/психијатар ќе кажам се што ќе ми дојде на памет и се што мислам.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.668
    Како свое дете да те прашам:

    Осеќаш потреба да ги нервираш твоите родители ?
    Зошто сакаш да ги ,,пржиш на тивко,, ?
    Сакаш да ги немаш?...знаеш дека секоја нервоза која им ја пружаш им го скратува векот?

    Прво сама преслушај се.
    Пробај да видиш со очите на загрижените родители како изгледа тоа.

    Ако отидеш на психијатар сигурно ќе добиеш убави муабети и совети, незнам...можеби и лекарства.
     
    На candy.cane, buba4e89, MarigoldA и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    Да.
    Осеќам.Се имам преслушано, и да не сакам да ги нервирам само по себе ми доаѓа.Таква сум тоа е.
    Не можам да се форсирам да не им контрам.
    На многу луѓе им контрам во животов.
    Долга е причата со моите.
    Ако имам прилика кога ќе дојдам дома ќе пишам во кратки црти.
     
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.668
    Некое нивно однесување изгледа ти прави да имаш отпор во главата према нив иако за арно зборат.

    Баш ме интересира што е тоа што те тера, па пиши:smoke:
     
    На buba4e89, CameliaMiller, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    До 9то учев многу.Не искачав нешто многу, ги слушав сècè.После полуматура одма пропушив.Значи јуни негде, во декември ме дозна мајка ми.И секако му кажа на татко ми.Првин не сакаше ни на Нова Година да ме пушти, ми се дереше ме казни.Ај на НГ некако ме пуштија ветив дека ќе сум мирна.
    Таму 2та вечер се начукав.
    После сама своеволно за зимски се заклучив дома и не мрдав со цел да не пушам да не пијам да не се глупирам.
    На петиот ден уште од сабајле искочив и испушив цела кутија.
    Предходно пушев многу..по кутија сигурно пушев на ден.
    После пак ме дознаа, казни карање.
    Една вечер доаѓам дома од надвор и ми вика татко ми: дај прстите (пушач е он ми ги осети колку смрдат), ми вика си пушела а?
    Викам една само, кога ми стана кога ми ја зачука една, неколку шамари сигурно ми мавна, го извадив од кожа.
    Јас тогаш 14години, пердув можеше да ме дувне да летнам.
    Си ја мавнав главата кога ме удри од ѕидот позади мене.Не беше он крив јас се заклатив се учукав.
    Сакаше да ми го земе телефонот и влечејќи се го треснав од земја за да не ми го земе.
    Таа вечер никогаш ама никогаш нема да ја заборавам.Толку бев модра од плачење, главата ме болеше од што се мавнав, образите ми беа жар црвени.
    Таа вечер се заколнав дека ќе зажалат што сум им дете.
    Пред НГ скроз попуштив со нервите бидејќи ме држеа како куче на ланец.Ми го земаа телефонот, не ме пуштаа да искочам, место пари за во школо храна ми даваа.Лаптоп немав.Не можев веќе ептен бев лабава тогаш психички, десната рака цела си ја исеков со жилет.
    Очекував да умрам, да.
    Моите не ни ме приметија, така се шетав по дома ама они не го видоа тоа, они гледаа само нивното дете да не пуши :)
    После почнаа малце да олабавуваат и тогаш ме стегна инаетот.
    Во школо кинев учебници, се карав со професорите, шкртав по ѕидови, пушев во тоалетот во школото.Спиев на часови, имав единици.
    Ме носеа во педагошки служби, ги викаа моите на разговор, ме носеа кај директорот.
    Мене мува не ме лазеше.Летото после прва мајка ми прва попушти према мене.Не спиеше жената навечер, ја слушав како плаче.
    Ама не ми беше гајле, секојпат кога барем малце ќе ми дојдеше жал за нив ми текнуваше на ќутекот што го изедов, мајка ми тогаш со прст не мрдна.Наредниот ден и она ме зашлапа убаво.
    Летото после прва почнав да пушам пред нејзе, скришно од татко ми ми купуваше цигари ме криеше.Ама уствари тоа она мене ми го зборела, а цело време он знаел дека пушам бидејќи она му се жалела.
    Во периодот кога не ми даваа пари, почнав да позајмувам од другарки.
    Почнав да им крадам пари од новчаник за цигари.И нон-стоп им зимав им крадев.
    Они не приметуваа.За тоа подоле ќе пишам.
    Лани (2ра) пак проблеми во школо, викање родители, намалување поведение и триста глупости.
    Тогаш проаѓав само со дерење и казнување.Лани (ноем.2018) приметија дека им фалат дома пари.Татко ми збесна, морав да признаам дека сум јас бидејќи доста пари фалеа, а се очекуваше да сум јас тоа.
    Тогаш пак му се собрало све, за цигарите и тоа за парите.И тогаш ми врза неколку шамари, мајка ми ме бутна во соба и она ме мавна еднаш ама ептен силно, ми пукна фитиљот.Да не влезеше татко ми ќе и рипнев око немаше да ми трепне.
    Ајде ветував дека нема да пушам, дека нема да им земам пари.
    Татко ми приметуваше дека ми смрди во собата на цигари, ми ја видел пепељарата со цигари, ми ги осеќаше облеката и здивот.
    И тогаш дури и ми побара цигари бидејќи немаше.
    Си викам добро е се смирил човеков.
    Почнаа повеќе пари да ми даваат, ми даваа и да каснам дома.Сфатија дека сум тврд орев.Ама јас не, терав по свое.Сега за зимскиов завршив во станица.
    Таму седев со часови и ги чекав моите да дојдат да ме извадат.
    Очекував дома кога ќе дојдам да полудат ама ептен беа смирени према мене.
    После таа случка и земав пари на мајка ми овој пат.
    Жената не приметуваше некој период, кога дозна со плачење ме молеше да и кажам дали сум јас или да оди да пријави.
    Искочивме надвор, почна да плаче да урла по мене, да ме мава.
    И ,,ветив” дека ќе се поправам.После една недела пак истото.
    Тогаш им реков дека се откажувам и дека нема веќе да им терам инат.
    Пак имаше драми и плачки.
    Отидов на екскурзија, се одморив од нив малце, се излуфтирав и напунив батерии.Татко ми секој викенд оди во Охрид, да одмори малце бидејќи има ептен работа, а и јас го нервирам нели.
    Сега во последно време, ми дава повеќе пари за во школо, за искачање.Ако ми треба нешто ме прашуваат и ми купуваат.
    Татко ми дури и ми рече електронската негова да ја земам, помалце да се трујам.
    На тромесечие поминав одлично.
    Сега за сега е супер, не им терам толку инает.
    Искачам кога сакам, учам, поминуваме повеќе време заедно, пиеме кафе (јас без цигара кога сум со татко ми )
    Ми збореа дека ќе ме пријават во полиција, дека ќе ме носат на психијатар бидејќи сум била полудена.
    Сега се смирени некако.
    А и јас, пред релативно краток период, најдов личност слична на мене.Млад бунтовник, со слични проблеми како моите и доста бурно тинејџерство.
    Он се контролира и се има доста променето од порано, го знаев јас уште пред да почнам средно но лично не се познававме.
    Сега или учам или мислам на него.
    Направивме заедно еден многу добар муабет уште на самото запознавање.
    Увидов некои мои грешки, сега кога имам слободно време го поминувам со него.Секој ден се гледаме, си разговараме, ако има нешто гледаме со разговор да го средиме.Се шетаме, пиеме кафе.
    Плус си ветивме дека нема правење глупости, и дека што и да направиме ќе си кажеме.
    До сега во 3 ситуации имав самоконтрола и реков НЕ!
    За нив порано секогаш сум била со типот : да, може, одма.Сега отсечно не.Планирам барем месец дена да си се повлечам од се и да си уживам со него.Се повлекувам од игра малку сега, ама не ослабнувам.
    Ете тоа е отприлика тоа, најискрено си кажав се.Знам дека имам згрешено, свесна сум за се и се правам со умисла.Си имам признаено пред себеси што и како е.Спремна сум да си ги сносам последиците, дали сега или во иднина.И искрено не се каам за ништо, џабе и да се каам времето нема да се врати назад.
    Секое утро станувам со крената глава, спремна за се.Главата не ја веднеам.
     
    На buba4e89, Lianna Anna, Cleonika и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.446
    Допаѓања:
    20.073
    @Feminka22, твоето однесување е директен продукт на однесувањето на твоите родители. Пред да те пратат тебе на психијатар, не би било да одмет тие себе си да се пратат. Се потресов, и изнервирав од ова што го прочитав. Таков зверски ќотек за што, за цигари? Нелуѓе! „Немој ќерко да пушиш“, рече таткото со цигарата во уста. Срамота.

    Искрено вака? Супер си, со оглед на тоа што го имаш дома поминато. Па сите сме биле диви кога сме биле на твоја возраст, сите сме пушеле, сите сме каснеле од искачање. И ништо чудно што им враќаш со револт и бутновништво. Твоево мислење треба да го прочитаат сите родители, да знаат како да НЕ реагираат кога детето ќе им влезе во тинејџерски години. Терај си како што тераш до сега, работи на самоконтролата и верувај ми дека ќе стане полесно како што ќе стануваш повозрасна. Не само што ти нема да бидеш толку импулсивна, туку и твоите ќе олабават малку зошто ќе се помират со тоа дека си личност за себе, а не само нивното мало дете.

    Држи се, главата горе и ќе видиш дека за неколку години се ќе биде многу подобро.
     
    На Alisa22, candy.cane, Lianna Anna и 8 други им се допаѓа ова.
  20. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.384
    Под итно сум за таму:D да не знаете некој добар, на приватно во Скопје?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.