Јас би ти препорачала да посетиш психијатар.. Заради твој внатрешен мир.. Тоа што си 'грешела' е рефлексија на однесувањето на твоите (како што кажа и @Nausicaa ) .. за жал..
Главата не ја спуштам никогаш. И во бунар да паднам, да се давам во море главата не ја спуштам. Во животов мој само на себе се ослањам.На моите способности, знаење, можности. Сега гледам извесен период да држам самоконтрола и да не потклекнувам на искушенија. Карактерот ми е таков каков што ми е, јас сум си таква каква што сум. За некои може сум ѓубре од личност, некои можеби ме жалат или ми се чудат, за некои можеби сум мангупка. Јас сум тоа што сум, немам маски, се прикажувам каква што сум. Не се срамам од себе.Немам страв од никој освен од Господ.Ако нешто очекувам од некого тогаш очекувам од него. Кога ќе згрешам нешто, него го молам за прошка и него го молам за нова шанса. И ова што го пишувам овде, го пишувам бидејќи има доста родители овде и сакам да ја чујат и нашата страна, да видат низ наша призма како е.А и да бидат спремни за тинејџерските години со нивните деца.Како што кажав, генерациите се сменети. Моите се доста постари, многу строго се воспитани поготово татко ми. И од двете страни бабите и дедовците се без факултет и без многу средства за живот. Татко ми се што имаме сам го стекнал и го почнал од нула. Од барака направи куќа, купи 2 стана, нова кола, одмори за мене одмори за нив ова сакам она сакам. Ама нему воопшто не му е гајле за парите. Гледа да ме изведе на прав пат, само на лош начин пробува.И вака и така он работи за мене. Тоа уште одамна ми го има кажано. @lejlla знам личност која има одено на психијатар.Ќе прашам за број ќе ти кажам.
ти благодарам @Feminka22 и незнам што е толку страшно да се посети психијатар, во кој век живеат луѓево, тоа е најнормална работа, барем за мене, сум одела и многу ми помогнал доктороти преблагодарна сум на него....за жал се пензионира и морам да си посетам некој друг
@Feminka22 мене така ме тепаа, заклучуваа, малтретираа, ме следеа каде одам, за дечко еден што имав, сум ги брукала, не требало да бидам со него. Терав инает и јас додека мислев дека треба, потоа прекинав со дечкото (поради лични причини, не моите). Работите се сменија но тие се сега други луѓе во моите очи. (И ден денес кога некој од нив ќе повиши тон, тие времиња ми се враќаат пред очи и се вознемирувам) Многу трауми ми нанесоа, за тешки работи ме обвинија, но некако успеав сама да се изборам со тоа, и верувам ако имав средства тогаш веднаш ќе посетев психолог. Ако ништо друго барем ќе си поразговараш, ќе ти олесни на душата. И држи се, гледај што повеќе да избегнуваш драми и караници, чисто мир да имаш.
с Те сфаќам...тврд орев сум не се давам.Ако не е по мое, не бива. Ова им го правам само од инат, истовремено си терам и ќејфови ама повеќе е од инат. Ако намерачам некој го уништувам. Такво чудовиште сум станата,многу луѓе имам уништено и повредено во животов искрено, ме фатиле на слабо ми згрешиле, ама кога ќе дојде моето време немам мислост. Само со моите тоа оди полека, полека. Секој ден се присеќавам. Не ми буди страв или нешто да се тероризирам. Само уште толку ми се распалува огнот во душата. @lejlla Не е срамота воопшто.И некој со добра психичка состојба може да оди на психијатар. Јас ако отидам ќе споделам искуство, ако има подобрување кај мене и ако ми е полесно, ќе гледма и јас да помогнам на другите. Ќе го споделам психијатарот ако има некој потреба да отиде. Нема срамење, такви сме какви што сме.
Еве уште еден доказ дека со тепање ништо не се решава. Освен инает и нервоза, ти друго ништо не чувствуваш за нив. Тие се криви, а не ти. Наместо да те тепал со шамари, можел на фин начин да те седне и да поразговарате. Да ти каже колку се штетни цигарите, дека ќе ти помогне да ги оставиш, дека е тука за тебе за разговор, па кога ќе станеш полнолетна и позрела да ти оставел опција за сама да одлучиш дали би продолжила да пушиш или не. И не само за цигари, туку буквално за се така се разговара со дете. И за дрога, и за секс, и за алкохол. Детето треба да осети поддршка и добрина, а не каиши и шамари. Жал ми е што си имала такво искуство со твоите. Колку и да биле нервозни требало да се контролираат и да ти пружат љубов кога виделе дека стануваш бунтовна, а не да те тепаат. Како што пишав и во другата тема, со мене моите секогаш добро се однесуваа, па јас во никој случај не почувствував потреба да им терам инат или да ги нервирам. Значи се е до пристапот кон детето и се се решава со разговор. Може треба да отидеш на психијатар за да си ја олесниш душата, ама верувај не си ти крива.
@Feminka22 си видела како стојат работите со твоите и јас ти препорачувам да не се замараш со нив. Не прави работи за нивни инат и да ги нервираш нив, зашто сепак сѐ што правиш има последици на твојот живот и твојата иднина. Ако не учиш, ти за тебе нема да учиш, не за нив. Погледни ги малку работите од друга страна и излези од кругот. Мисли си на себе и за твоето добро, а не како нешто ќе делува на нив. Такви се какви се, не можеш да ги промениш, она што можеш да го промениш е твојата рекација на нив. Пред било што да направиш размисли дека правиш на себе и за себе. Знам дека е тешко во тинејџерските години кога сѐ изгледа поголемо отколку што е, но застани и размисли, не дозволувај некој револт да ти го води животот. Ова би си го кажала на помладата верзија од себе, да можев да се вратам назад.
@Feminka22 мислам дека постот ти беше искрен. Се соголе пред нас И јас сум родител и знам како изгледа инает, ама во твојот случај се работи за инает од страна на твоите родители. Го згрешиле пристапот кон тебе и тинејџерството/адолесценцијата. Сите погоре што ти напишаа , сите совети се добронамерни. Според мене, доволно е да разговараш со некого, најубаво да е стручно лице, а ако немаш таква прилика, тогаш со некоја по-возрасна личност.И ќе те ислуша и ќе ти даде совет. Родителите ти се во некоја еуфорија и незнаат да те ислушаат, а и нормално - ги боли за тебе, па лесно се палат на секоја твоја грешка. Тоа што толку те мавале ИЧ не е во ред. Колку за утеха, имам две возрасни деца кои исто така беа бунтовници од ништо, па сега се нормални возрасни луѓе...тоа значи дека и кај тебе ова е период на ,,скок во развој,,, биди сигурна дека се ќе се смири, па и ти. Обиди се да не одиш контра, т.е. да си тераш по свое, ама не на своја штета..т.е. ако ти се излага-излези, ако ти се пие, напиј се, ама не се опивај, ако ти се пуши -запали си цигара ама не цела кутија. Да ти кажам само едно : Животот е еден, како ти ке си го креираш-така ке ти тече.Не си го упропастувај уште на почеток, немој сама себе да се ставаш во категорија деликвенти.Толку убави работи те чекаат во животот што не вреди да се уништуваш.
@JollyGirl @RainBow @referentka Фала ви за советите. Го почитувам вашето мислење. Пишав погоре,најдов личност слична на мене, ист карактер ист темперамент. Ме сослуша, се отворив пред него скроз.Ме прифаќа таква каква што сум, ме поддржува, ме сфаќа и не ме осудува. Благодарение на него доста работи воочив, моментално он ми е поддршка и светлина. Заедно ќе си помогнеме и ќе се држиме еден поред друг. Пристапот на моите уште од самиот почеток беше грешка. Татко ми сака да е авторитет и да го слушам по секоја цена, мајка ми е тастерче.Се му пренесува кога не сум дома ама од мене и фуфка. Ќе ми рече нешто и ќе и се пуштам одма, некогаш не застанува со нервирање. И они меѓусебе се караат и тоа ептен.Во куќава никој со никој не се сака и трпи уствари. Најубаво да си се разведат, ќе си живеам и ваму и таму.Ќе одмарам повремено од едниот. Спремна сум да одам на психијатар.Не се чувствувам лудо или нешто, ќе отидам за да добијам совет од стручно лице. Ама треба и они да посетат, и да си стават прст на чело малце. Јас стварно не попуштам.И покрај се што ми се исподеси последниве 3год не попуштам. Така планирам цел живот да терам.Да не попуштам никому и за ништо. Едно дете сум им, постари се, другачје се растени и воспитани. Ама џабе им е и факултетот и дипломата што ги имаат. Факултет за родителство нема. На татко ми од кога сум родена едно му е битно: Да учам да имам петки, да најдам добра работа за да имам убав живот. Мајка ми е вејка на ветрот.Свеедно и е углавном, она па се форсира да почнам месо да јадам. Циркузи сме сите тројца искрено. Инаку да Рефке,најискрено пишав се.Можеби мојава ситуација ќе биде пример на останатите родители/тинејџери како да(не)постапуваат. Не се срамам од ништо.Највеќе ми се сфиѓа тоа што уште од сега си стојам цврсто на своето, и не потклекнувам пред никого. Да не постапеа уште од одма со казни и дерења немаше да дојде до ова.Они први со лошо ја фатија, јас ќе ја довршам со полошо. Сум им рекла, млада сум жилава сум инат сум.Дерете се казнувајте ме плачете заклучувајте тепајте ме праите што сакате. Во прва прилика ќе го направам тоа што сакам. Да искочам низ врата одма ќе го направам тоа. А и си имам цел во животот, да завршам факултет, да најдам убава работа, да си имам фамилија деца. Да ги растам и одгледувам.Ќе научам многу од моите и грешките на моите.За ништо да не се повтори како со моите.Ете зашто сум против ќотекот.
Јас ти пишав мислење ама на жалост ми го избришаа, веројатно дека бев груба и дека застанав од страната на твоите родители.
Го прочитав само не можев во моментот да ти одговорам. Спремна сум јас на секаков ќотек, и форумски и физички.Спремна сум и да ме ,,карате” или осудувате. Јас си стојам позади стореното и тоа е тоа.Фактите и мене не можете да ме смените, никој не може.Требаше странец да дојде во мојот живот и да ми допре до психата и да ме натера да ставам прст на чело...а имам родители 17 години веќе. Во тоа што они не успеаа успеа 18 годишно момче. Ноу комент. Спремна сум на разговор овде со вас, отворена сум си и тоа е тоа. И вие може ќе научите од моево а и јас од вас
Ах бе дете @Feminka22 малку си постара од ќерка ми. Ќе ти пишам подоцна.Да се обидеме да ти помогнеме.
Секој човек има потреба од психијатар, во одреден момент од животот. Нема ништо срамно или поразително во признавање на истото, дека си бил или сметаш дека треба да идеш. Само внимавајте кај кого идете. Вака онака, завршуваат факултет, земаат диплома, а работата ја сфаќаат површински. Повеќето врска немаат од човековата психологија и нон шалантно се однесуваат кон пациентите, без грам професионализам и етика. Не е само еден Јове Хаџиевски, повеќе ги има, за жал.
Реално, сум. А кој од нас не е? Гледано од оваа перспектива, требаше да побарам поддршка пред отприлика година и нешто кога минев низ „најјакото“ оти многу полесно ќе го пребродев сето тоа. Ама еуфоријата те понесува и се фокусираш да го решиш проблемот, не на тоа да ти биде тебе добро. Мислам, не ни размислуваш на менталното здравје кога физичкото е проблем. Имам одено и порано, за минати трауми и дилеми и ми помогнало... и ќе одам пак ако имам потреба. Мене лично ми годи сето тоа себе-спознавање и разговор, без никаква терапија. Не ни имам некоја посебна дијагноза, некогаш одам по тенката линија меѓу депресијата и анксиозноста but don't we all. Ете, до толку сум „слабак“ што не знам како да се справам со дел од сопствените емоции (лутина, најчесто) и себеобвинувања. Сега, не ми се оди од проста причина што се чувствувам океј воглавно, а тоа ќе ми биде уште една обврска во бесконечниот список на обврски и ќе ми предизвикува стрес кога нема да можам да постигнам насекаде. @Feminka22 чим ти нудат, оди. Се разбира, ако е добар психијатар/психолог. Зијан нема да имаш никако.
Па да, затоа викам да одиш. Психијатарот/психологот нема да ти каже што треба да правиш, туку целта е сама да сфатиш каде ти грешиш и како тоа да го поправиш, а каде твоите грешат и како во такви ситуации да постапиш Не си "луда", никој не се родил совршен и научен на се'
@Feminka22 Твоите биле навикнати на примерно дете и сега одеднаш ваков шок. Реакциите не им се исправни, посебно пак кога ќе слушнам шамари за пушење.За другото што го пишуваш стварно е за на психолог или психијатар. Хормоните ти дивеат, за многу работи грешно размислуваш, на многу твои реченици очи превртив оти сум постара и се потсетив и на своите тин години и колку бев глупа за многу работи (иако далеку од твоето). Татко ти нормално дека ќе очекува од тебе добри оценки и добра работа, да не треба да ве подржуваме во фикс идеите што ви се раѓаат заради хормони или лошо друштво? За ќотекот закани им се дека ќе ги пријавиш во полиција. Инаку, дечкото бунтовник се' ќе среди, ахам. Познато ми е тоа врзување со една личност со која ќе одите сами против светот. Ех, филмови. Моментално ти е некаква утеха, верувам, ама на подолг рок од иста како тебе личност ќар ќе немаш. Затоа што не сте јунаци во стрип серија а твоите родители не се злобници на кои треба да им се одмаздувате, колку и да ти изгледа тоа така сега. Побарај си помош стручна и дружи се со луѓе кои делуваат смирувачки на тебе, не такви кои уште повеќе ќе ти поттикнуваат агресија и бунтовност. И ако си бунтовник по природа оди бунтувај се против систем, влада, стереотипи, пишувај, дискутирај, карај се заради идеи...против што точно се бунтуваш? Твоите дома? Најлесно.
Не да се бориме заедно против светот, хахаја туку заедно да пробаме да промениме нешто кај себе и да се промениме на подобро. Многу ми е полесно кога ме разбира некој и не ми суди а уште полесно ако заедно чекориме по тој пат