Не сум, ниту ме интересира несериозно однесување, ама испаѓа дека флертувам, а не правам ништо. Харизмата ми работи и ме приметуваат.
Шармираш, баба Радa Ама јас стварно си имам мака на тема флертови, вакво бело, нежно, плаво, не ме оставаат раат ни еден ден.
Да е човек со мене во друштво и да ме гледа како се однесувам, ни на крај памет не би му паднало, дека воопшто знам да кокетирам. Последно нешто што ќе помисли е. Повеќе има шанса да е сигурен дека имам капацитет да истепам некого. Ама како знам да кокетирам со мажи, да падне човек на газ. 'Способноста' ми е исклучиво со мажи кои ми се допаѓаат, во ниту една друга ситуација. Ми се чини дека имам switch on/off и можам од една, во друга улога да влезам во секунда, по автоматизам. Од тинејџер сум таква. Нема некој да ми се допаднал, а да не сум го 'спанџала'. Ама! Услов е да знае и тој да флертува. Знам да бидам многу двосмислена и nasty во флертот и ако не може да ми ја следи играта, веднаш губам интерес.... што е всушност и најчест случај