1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сте манипулатор/ка?

Дискусија во 'Психологија' започната од Nezna28, 11 јануари 2014.

  1. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Дали за себе мислите дека сте манипулатор, или дали имате таква способност за манипулација со лугето. Манипулатор, немора да биде само човек кој се служи со измами и лаги, манипулатор може да биде и чоек кој има моќ да предизвика негативни или позитивни емоции кај лугето и со тоа да ги манипулира зависно од негоите интереси.
    Несакајки никого да навредам но гледајки, ги лугето од страна, имам чувство дека многу е лесно да ги убедиш во нешто, и слепо да ти веруваат, без притоа да им предочиш соодветни докази за тоа. Па ме интересира, дали вие за себе сметате дека сте, Манипулатор или оној кој честопати бил Изманипулиран.
    Толку засега, темава не е баш толку лесна, но и тоа ми беше целта, малку да го користиме мозокот и ако ништо друго ар да размислиме. Човечкиот ум е единствениот орган кој колку повеќе го користиш, толку подобро функционира.
     
    На vesne и sashkaat им се допаѓа ова.
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Дали сте Манипулатор/ка?

    Познавам еден куп такви луѓе и многу ме нервираат таквите,тие се луѓе што ти кажуваат тоа што ти сакаш да го слушнеш за да те придобие,манипулатор/ка=лажговци,таквите луѓе секогаш се тука за тебе,ама само на зборови,кога ке дојде стварно да ти требат тогаш како и секогаш имаат изговори или не се достапни,мислам дека многу лесно се откриваат таквите.
    Инаку не сум манипулатор ниту сакам да бидам таков тоа за мене е понижување.

    ПС Се извинувам ако некој/а се пронајде.
     
    На Nate- princeza му/ѝ се допаѓа ова.
  3. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Дали сте Манипулатор/ка?

    Мене бившата ми кажа дека сум бил најсамобендисаниот себичен идиот и дека сум ги манипулирал сите во секоја ситуација само работите да биле во моја корист. Јас па мислам дека сум баш спротивно од ова. :D
    Како и да е не сум манипулатор, ниту пак имам навика да ги манипулирам лугето, е сега по некоја лага од време на време никому не штети, но кога треба да се биде искрен секогаш сум.
     
    На tessie и vitomir им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.579
    Допаѓања:
    155.710
    Пол:
    Женски
    Дали сте Манипулатор/ка?

    Зависи со кој како, ама манипулирам, иначе како би опстанала во овој суров свет? Одамна сфатив дека добрината не води никаде, па ајде да искористам онаа другата работа - манипулирање. Па да, тоа е фактички лажење, испревртена реалност, убедување и се тоа во твоја корист. Ти треба нешто? Манипулираш со човек да ти го направи. Најлошо е ако се прави на пријатели, никогаш не манипулирам со пријатели, туку со кучките од клас (well I'm a bitch myself, but ... :P )
     
    На Angie24 и love-cat19 им се допаѓа ова.
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Дали сте Манипулатор/ка?

    Не сум манипулаторка зашто не сум така воспитана и не сум израснала во такви семејни односи.
    Оваа особина може да биде и здобиена како пример за постапките на вашите блиски.
    Денес се почесто е изразена како израз на неможноста да се справиме со многу ситуации.
    Тоа значи избор на извртена вистина и лага со цел да се постигне уверливост во убедувањето во полза на тој што го избрал овој начин на вербална комуникација.
    Не велам дека понекогаш не е на одмет и по некоја корисна лага со цел да се заштитите себе си,а и да опстанете во стегите на суровото демократското општество.
     
    На crazylady, QueenElena и vitomir им се допаѓа ова.
  6. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Дали сте Манипулатор/ка?

    Манипулаторите според мене се над просечно паметни, затоа што тие не само што знаат и можат да си играат со чувствата со лугето, туку мораат да паметат безброј детали со кои ги манипулираат лугето, а тоа се пред се настани кои не се случиле а она што не се случило, мозокот не го меморира автоматски туку е потребно да се вложи поголем напор за да се запомнат тие ситници.
    Најчеста манипулација е со емоциите на лугето, доколку сакате да придобиете некого, во никој случај не треба да сте надмени и да бидете над него, туку треба да го пуштите да мисли дека е тој по паметен од вас, а она што треба вие да направите е само да им го пумпате егото.

    Со манипулација на чувствата можете од нај суровиот човек да извлечете нежност и од нај нежниот, нај чувствителниот човек да го претвориш во ѕвер. Лугето најдобро се манипулираат ако им го кажуваш тоа што тие сакаат да го слушнат, без оглед што и тие се свесни дека не се до толку идеални.

    Сега и јас да одговорам на прашањето дали сум манипулаторка? Да, доколку е манипулација тоа што секогаш сакам водата да си ја вртам на моја воденица. Но никогаш манипулаторка во негативна смисла, т.е да наштетам некому, или да уништувам нечија самодоверба само затоа што мислам дека е по успешна, подобра од мене.

    Тоа е уште еден вид манипулација т.е манипулација од завист, кога мислиш дека некој е подобар од тебе, му ги предочуваш неговите недостатоци и со тоа ја намалуваш неговата самодоверба. Но не на груб начин, туку на начин што ќе го натера да ти поверува дека немаш лоша намера туку дека си му вистински пријател/ка иако намерата ти е поинаква.

    Исто така има предодредени луге кои се многу лесни за манипулација, такви луге сите познаваме нели?
    Не треба да се срамите ако сте манипулатор и си ја терате работата како вам ви одговара, туку треба да се срамите ако сте лесно подложни на манипулација и верувате во се што ќе слушнете и видите.
    Кога бев тинејџерка имав пријателка повеќе веруваше на другите отколку на своите очи и чувства.
    Ако сте особа на која многу и значи тугото мислење и доколку тугото мислење може да ви го смени вашето мислење, тогаш вие сте идеален објект за манипулација.

    Бидете јаки личности, држете се до своето мислење па дури и кога тоа е погрешно.
    Не дозволувајте да размислувате со туга глава, туку секогаш користете ја својата, колку и да мислите дека капацитетот и е ограничен. Затоа што вашата глава никогаш нема да ви наштети бидејки стои на вашите рамена, за разлика од другите чии погрешен совет или мислење нив не ги кошта ништо, последиците сами ќе ги сносите.
     
    На Platysma, love-cat19, IvanovskaM и 3 други им се допаѓа ова.
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Дали сте Манипулатор/ка?

    Nezna28 све убаво си објасни и мило ми е што е искрено,но имам едно прашање за тебе,што мислиш дека
    нема да бидеш откриена ако си манипулаторка а?
    еве ова на пример Тоа е уште еден вид манипулација т.е манипулација од завист, кога мислиш дека некој е подобар од тебе, му ги предочуваш неговите недостатоци и со тоа ја намалуваш неговата самодоверба. Но не на груб начин, туку на начин што ќе го натера да ти поверува дека немаш лоша намера туку дека си му вистински пријател/ка иако намерата ти е поинаква.

    Тоа може еднаш најквеќе два пати да некој изнапулираш на таков начин,но тоа трае кратко,мислам кој денес е толку глуп за да неможе да укапира ма дај не ме зезај,мене некоја ке ми кажува за моите мани,и као добронамерно да ги сменам зашто тоа било пријателски пффф :D :D ,јас од марс сум паднат па не си знам маните,немој да ме сфатиш погрешно,но стварно треба некој да биде до толку глуп за да не сфати дали со него некој манипулира.
     
    На Zimone и stetoskop им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.579
    Допаѓања:
    155.710
    Пол:
    Женски
    Дали сте Манипулатор/ка?

    Од лично искуство кажувам дека ИМА толку глупи луѓе подложни на манипулација. Кажав и претходно, манипулирам за да искористам корист, а не свесно да наштетан некому за лична сатисфакција ама има една која не ја поднесувам и мислев дека е попаметна ама ја вртам како што сакам баш со ова, го тераш да верува во своите недостатоци и да ја намалува самодовербата, но никогаш не дозволував да оди премногу долу со тоа (сепак имам совест). Се свести после цели две години со мене дека во суштина ја манипулирам, а имам коковчиња со кои уште манипулирам, и како што кажа Нежна, ги оставаш да бидат над тебе и ти си тој што ги потчукнува. Имам убедено многу луѓе да одат по мое ама најлесно е манипулирањето со емотивно слабите личности, малку потешко со грубите, но со малку вежбање успева (и ова од искуство кажувам ... damn I sound like a bitch)
     
  9. misel23

    misel23 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    10
    Дали сте Манипулатор/ка?

    Од една страна не знам зашто но го сфакам како лицемерие (без навреда ) а од друга како способност што посакувам да ја имам... Премногу сум емотивна и избувлива особа јазикот ми е побрз од паметот ајде ваљда и тоа се учи :^)
     
  10. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
    Дали сте Манипулатор/ка?

    Само за добри цели...на пример да мотивирам некој да почне да се храни здраво и слично. ;)
     
  11. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Дали сте Манипулатор/ка?

    Витомир, јас не реков дека имам таква моќ да изманипулирам било кого т.е секогаш да биде во моја корист, далеку од тоа.
    Еве ќе наведам уште неколку примери, на манипулација со чоековиот ум, и емоции. Знаете ли колку луге и тоа млади луге веруваат во гатачи, бајачи, јасновидци.....? А, што е тоа ако не манипулација со човековиот ум за добивање на матрејална корист, т.е најниското ниво на манипулација од користољубие.
    А, зошто им веруваат лугето на овие манипулатори? Затоа што тие многу добро ја знаат психологијата на човекот и со ситни под прашања извлекуваат податоци и потоа со вешто филуање ти ги предочуваат како вистина. Тие секогаш тргнуваат со следново. Ти си многу добар човек, но си пател многу во животот, но ти следи светла иднина само имаш некоја комшивка која многу те мрази и сака да ти наштети. Постои ли човек кој во тие моменти на емотивна растроеност кога му дотежнале проблемите и маките нема да поверува во ова? Затоа што е најлесно да прифатиш дека за твоите проблеми е крив некој друг а не самите вие. Потоа има една категорија на млади луге кои веруваат на тоа што ќе им го каже другарката гледајки им во кафе, а притоа другаркаим знае се за нив а тие упорно мислат дека таа знае да гледа, само затоа што им го кажува она што тие сакаат да го слушнат

    Потоа политичарите, што е тоа ако не манипулација со лугето, и тоа колективна манипулација(зборувам за сите партии без исклучок) . Сте чуле некоја партија да ви каже дека кога они ќе дојдат, или останат на влас дека ќе биде лошо? Значи зависно од тоа дали се на власт или опозиција тие манипулираат со различен тип на емоции. Оние што се на власт сакаат да ги извлечат од вас позитивните емоции надежта во подобра иднина.... Додека оние во опозиција настојува да ве убедат дека ништо не чини. Тие имаат цели тимови од психолози кои им ги прават говорите за да те погоди во емоција и да си помислиш дека иако одиш по камења дека од утре твојата уличка ќе биде Мен Хетен, и обратно. Значи со ова ти докажувам дека лугето се подложни на манипулација и тоа не еднаш како што велиш ти туку во континуитет.

    Апсолутно се согласувам и со gangstergirl која наведе феноменален пример за позитивна манипулација.
    Значи, сакале ние да признаеме или не, сите ние сме склони кон манипулација, а уште повеќе кон тоа да бидеме изманипулирани. Дали ќе бидеме во едните или во другите, зависи од тоа колку сме психички јаки или слаби.
     
    На ubavica25, gangstergirl, Marossa и 2 други им се допаѓа ова.
  12. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Дали сте Манипулатор/ка?

    Денешните вредности се изместени .. Ако порано под манипулатор се подразбирало човек кој не води сметка за туѓите емоции и не бира средства само да добие корист и се перцепирало во негативен контекс денес манипулатор е успешен човек кој знае што сака и знае како да го добие тоа ..

    Манипулацијата е присутна во сите пори на човековото живеење и на крајот од денот секој гледа само за себе - Homus homini lupus est.

    Имате многу такви книги за оваа цел само се со наслов во обланда те влијание . Манипулацијата бара интелегенција и познавање на човековата психологија но и немање многу принципи и совест ..Бидејки не секогаш е лесно да си играш со туѓи емоции .

    Често пати сум се сретнала со луѓе кои со умилкување и манипулација сакале да извлечат некоја корист , на пример на факултет колешки кои секогаш барале решени задачи , и точно сум знаела која е целта на нивните ненадејни умилкувања , ама пак ме јадело одвнате -Зошто си толку ситна душа ? Што ќе изгубиш ако и помогнеш ?
    Жално е тоа што денес желбата да помогнеш се перцепира како наивност .
    И кога ми требало услуга секогаш сум се замолувала директно и нормално таму каде што имам лице да побарам , можеби тоа ми штети но едноставно сум воспитувана така .

    Нели никому не штети само си тераш за своја корист, но некогаш твојата корист подразбира туѓа штета :^) . Каде е границата тогаш ?

    Јас нема да проповедам да бидете искрени и добри бидејки така нема да успеете . Оти од многу обзири и принципи паметните и квалитетните луѓе останаа последни :fubar:
    Но сепак тешко е да се погазат тие принципи , ете гледате Нежна 28 се убедила дека прави добро убедете се и вие :D
    Борете се , каков и да е светот човек мора да се прилагоди , само пазете да во таа борба да се изгубите себе си и човекот во себе .
     
  13. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Дали сте Манипулатор/ка?

    Читајки ве еве ке ви кажам нешто кај мене на работа колешките кога им треба некоја услуга да им направиш да видите колку се љубезни,фини,насмеани,па и кафе ти варат,пијалок а бе мислиш дека си некој од владата толку ти е убаво што ке си помислиш дека не живееш во Мк туку некаде во странство,толкава љубезност на овие простори е реткост,а кога тебе ти треба нешто е тогаш се зафатени или ги боли глава,и оваа еден вид манипулирање од корист,за жал кој јас не го оправдувам.
     
  14. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Дали сте Манипулатор/ка?

    Не се согласувам дека ние во МК не сме љубезни, напротив ние сме многу по љубезни и по искрени во таа љубезност многу повеќе отколку на западот каде секој си го гледа само својот интерес.
    Тоа што го кажа ти е токму школски пример за манипулација, тие научиле дека на тој начин можат да те манипулираат и вешто го користат тоа. Не се виновни они што те манипулираат, туку ти што немаш по цврст карактер и да им кажеш во лице дека тоа кај тебе не поминуа. Но и ти како и поголемиот број мажи со неколку насмевки и едно гушкање сте спремни и од мост да рипнете, не сваќајки дека на таа личност ништо не и значите туку дека таа само манипулира со вас. Не џабе рекле, добриот збори железна врата отвораа камо ли машко срце.
     
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Дали сте Манипулатор/ка?

    Nezna28 ти рабтиш ли некаде? Tи што мислиш дека јас незнам дека глумаат љубезност,незнам за тебе но јас каде што работам мора да си ги извршам своите работни обврски,значи имам шеф кои кажува и дава наредби дека таа работа мора да се изврши,без разлика дали колешките се љубезни или не.
    Муабетот ми е беше дека апла се приметува кога некои личности се од корист,и дај молимте не соли памет не сум имал храброст да кажам не,мислам ти ова сериозно :^) ,баш напротив се несум лигуш и све ке и кажам и по цена да не ме погледне повеќе во животот,зашто ако нешто најмногу мразам е тоа да одам против себе и своите чуства,и да бидам лицемерен.
     
  16. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Дали сте Манипулатор/ка?

    Прво се сложувам со ова но кога размислувам што е манипулирањето всушност наидувам на тоа дека манипулирање е да наведеш некого несвесно да направи нешто кое тебе ти одговара,но ова во последно време стана начин на живот,да не речам начин на преживување, сите се манипулирани и се манипулатори(барем за намала работа сите некогаш сме манипулирале) па дали си манипулатор и успешен човек ако и тебе те манипулирале,ако и одтебе некој остварил корист или само си жртва на едно врем и еден начин на живот :?: :?:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Дали сте Манипулатор/ка?

    Темата ти е интересна. Има простор за дискусија. Но, реално никој нема да го одговори прашањето. Можеби некој ќе се изјасни како манипулатор, ама само ќе наиде на некоја критика, ништо повеќе.
    Во главно, сите кратко и јасно, ќе потврдат дека манипулацијата е негативна работа и не ја одобруваат. Ама ќе се јават такви "просветлени" што ќе глумат лудило, во стилот не манипулатор, па тие никогаш никој ни во животот не го излажале и обично се жртвите,( if you know what i mean :geek:). А, таквите обично секогаш во разговорот се крајно моралисти и ти делат совети, но не во позитивна конотација, туку ти го вртат мозокот и не дај боже да не се согласиш со нивното мислење (одма добиваш уште еден бесплатен Тopshop совет). Но, тука само паѓаат луѓето што се слаби на карактер. Taка да што и да е одговорот, не мора да значи дека баш е така. Не мора да значи дека ако напише дека е манипулатор, е така, но важи и обратното.
    Инаку, понекогаш, некоја мала работа што ќе ја направиш за твој сопствен интерес, баш и не ја поврзувам со сериозна манипулација. Денес скоро сите гледаат за себе, и нема ништо лошо во тоа да се ставаш себе си на прво место.
    Според мене, вистинскиот манипулатор никогаш не можеш да го поврзеш со зборот манипулација :) .
    [​IMG]
     
    На crazylady, tessie, gangstergirl и 2 други им се допаѓа ова.
  18. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Дали сте Манипулатор/ка?

    Ама пак така ако им кажеш ќе биде: Лелеее види го овој каков е, ваков, таков, еднаш ќе го замоли човек за нешто итн.итн.итн. :D

    Всушност манипулаторите не можат покрај себе да имаат луѓе со свое мислење и после тоа ќе се обидат да ги нашшкаат сите останати кои можат да ги контролираат против тебе и пак ти ќе бидеш кривецот, а тој :angel: .

    Јас велам свака им част на оние кои го можат тоа, а го можат тоа поради слабите луѓе, луѓето без свое јас. Мене тие луѓе ми се несфатливи. Зашто ако ти каже тој манипулаторот дека тоа е зелено, а ти гледаш црвено и се убедиш себеси дека е зелено, само затоа што тој така ти кажал, тоа кажува за твојот слаб карактер, а не за неговиот.

    Јас познавам човек што на 10тина души им го реди распоредот во животот како нему што му одговара, а другиве пак само уште толку го величаат. Не дај Боже нешто против него да речеш, глава ќе ти одгризе. ]:) :)

    Да им рече сега сите ќе стоите надвор на -20, ќе прашаат, на кое место би му одговарало. Никој нема да му се спротистави. Или ако ти ги замолиш нешто или им се јавиш за некаде да одите, за безвезна работа нека биде, треба прво нему да му се јават да го прашаат за дозвола, па потоа. :D

    А ти можеш само сеир да си гледаш на синдромот „овци“ и да си тераш по свое. :)

    А за себе да кажам : сум се фатила во ситуации да манипулирам некого, но не секогаш, преголем напор ми претставува. Не сум таков човек што толку се замара. :D

    А сум таков човек што му руши филм на манипулаторот и тоа е доста смешно да се гледа, верувајте ми... :D
     
    На crazylady и vitomir им се допаѓа ова.
  19. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Дали сте Манипулатор/ка?

    Манипулатор еднакво на лажливец,и воопшто не е нешто што човек треба да се гордее со тоа,фала богу што не сум таков,ниту сум посакувал некогаш да бидам.
     
  20. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Дали сте Манипулатор/ка?

    Кога сакам нешто, ќе го добијам ваљда и со манипулирање да е.

    Таква сум, едноставно. Не го користам манипулирањето за некои негативни цели туку баш спротивно. И јас се придружувам во групата во оние кои мислат дека манипулаторите се успешни луѓе.

    И искрено капа им симнувам на искусните манипулатори, јас сеуште учам. :bow: