Искрено да, ама не во секојдневен живот,туку во одредени ситуации и со одредени личности кои сметам дека не заслужиле поинаков третман од мене.Многу касно некако скопчав дека скоро сите во одредени ситуации за некои нивни цели ќе те изманипулираат, и не вреди да си добар, па и со најдобриот имај некоја резерва. Такво време е дојдено да секој си гледа за неговиот газ, можеби звучи сурово ама само таквите ќе успеат. Можеби за некој сум препотентна,за некој инаетчика,ама никогаш нема да дозволам некој да гази по мојата гордост и по мене како личност. Каде што можам и каде што е потребно, јас ќе го правам тоа на други. Кој е способен нека се спротистави.
не сум и никогас нема да бидам мислам дека тоа треба во себе да го имас ама понекогас во одредени ситуации посакувам да бидам
Ја имам таа способност да манипулирам, ама не ја користам. Само неколку пати ја имам искористено и тоа за да спасам одредена ситуација, инаку не.
Знаеш има некои професии во кои е потребна способноста за манипулирање, на пример во бизнисот...не знам дали имаш слушнато за тие преговарачите кои се обидуваат да ги спасат заложниците од киднаперите со помош на разговор (манупилација) или тие што ги испрашуваат осомничените за некој злостор со цел да откријат кој е виновен и со тоа да се спречи нешто полошо. Или на психијатар, ти доаѓа некој тврдоглав адолесцент кој ни самиот не знае шо му е проблемот, бунтовник е, не можеш со него директно да постапуваш има некои принципи во психијатријата шо се граничат со манипулирање, се со цел да се открие сржта на проблемот. Или со човек со психички проблеми не можеш директно да му се обраќаш за проблемот, за се си има свој начин и со секоја личност си развиваме посебен начин на пристап. Навистина не разбирам зошто толку генерализирате, може од свое искуство? Think outside the box.
Незнам да манипулирам Незнам ни да лажам, одма ме откриваат Кога нешто не е како што треба кај мене одма се приметува. Затоа колку што можам избегнувам се‘ од тој вид
Сум манипулатор кога ќе се налутам стварно многу, кога некој многу ќе ми згреши и тоа има низ нос да му го извадам, да пати. Инаку секојдневно не ја користам способноста да кажам, но во некои ситуации самоо таа е решение.
Порано ниту знаев да лажам, ниту да манипулирам. Но, пред некое време открив дека всушност можам да изманипулирам со повеќе луѓе. Сепак не планирам да манипулирам со луѓето околу мене, освен ако не ми затреба
Обично во моменти кога насетувам дека некој се обидува да манипулира со мене сум избувлива. Да, ми доаѓа да експлодирам. Искрена сум и директна и тоа го барам и од луѓето околу мене. Немам трпение за игри и манипулации.
Да, огромен манипулатор. Врти - сучи се на моето доаѓа на крајот. Годиниве наназад не го забележував тоа ама сега да.
Не. Не затоа што не би можел, мислам дека секој може да манипулира ако одлучи туку затоа што одбирам да не го правам тоа. Освен тоа манипулацијата е карактеристика на лица кои предизвикуваат најмногу страдање, политичари, измамници, криминалци (ако има воопшто разлика меѓу поимите)
Ретко кој би признал дека е манипулатор.И тој што би признал на крај би нашол оправдување за тоа и пред себе и пред друѓите. За добри цели,се разбира. (дур не му влезе некој во реалниот план). Или пак,манипулатор сам за себе би кажал дека е,некој самобендисан со просечно ниво на спретност во ова поле.Ама од толку многу што сака да манипулира,се манипулира успешно само самиот себе. Кадарниот манипулатор не би бил манипулатор доколку признае.