Паа во нормални случаи не сум ама ако сакам можам слободно да изманипулирам поголема група луѓе или поединци
Воопшто не сум манипулаторка, прво затоа што немам намера, а ниту ме интересира да се занимавам со истото, а второ и не ни можам.Тешко дека човек може да ме изманипулира, премногу, за тоа бога ми ќе треба душа да си извади и па да не му успее планот.Најчесто и викам, поарно човек да не се мачи, да не пробува ич, не за друго, џабе ќе му биде патот.Мене тоа и не ми е којзнае каква карактеристика, со која човек би требало да се гордее и сл., бидејки секогаш е подобро своето да си го гледа, нит добива нешто со тоа, само се повредува себе си, а и другите околу него, ништо повеќе, кои секако дека еден ден ќе дознаат, па ќе си направи проблеми за џабе.
Не сум од причина што не сум истрајна а и не обожавам да се плеткам околу луѓе и со нив да излевам на крај. Можеби ако бев манипулаторка ќе ми се исплатеше тоа што ги препознавам какви се, а не само да ме нервираат нивните особини, ама, премногу сум мрзелива за таквите работи. Искрено речено, преокупрана со самата себе, интересно ми е во сопствениот двор. Јас сум циникот што ќе ги гледа од страна и оние кои манипулираат и оние другите и ќе се крсти во себе. Ако почнам да се расправам со некој близок, ќе го извадам најманипулаторското од себе од инат и од љубов пошо реално, единствено за нив ми е гајле што тие мислат за мене. А еве, по не знам која причина таму некаде во вселената скриена секогаш го добивам тоа што го сакам. Среќа или не знам шо, ваљда дека силни желби имам. Паметноќата ја користам за други цели, не ја тупам за џабе.
Секако во денешно време ако немаш таква способност поштено ке наседнеш на денешниов скапан егоистички народ хахахаха
Немам такви "амбиции" да бидам "главна" у друштво или со кого и да е, не ми толку високо егото, не дека не можам, сум пробала и можам, ама ете не сакам.
Сум манипулаторка од проста причина бидејќи сум опкружена со манипулатори, па единствен начин да се заштитиш, е да вратиш со иста мерка. А тоа е круг кој нема крај, и во кој страдаат навидум најпаметните, но всуштност најслабите играчи. Но, така е кога ќе се најдеш во таква средина. Генерално, ако те фатам да ме манипулираш, ќе те изманипулирам многу полошо. А вака со рандом личност, не, немам толку слободно време. Понекогаш не ги правиме ние изборите, изборите не прават нас.
Читајќи го насловот погледот ми застана на зборот "манипулатор/ка" и се замислив што всушност истиот подразбира. Да се разбереме не сум толку ограничена да не го разбирам значењето на истиот, ама сепак поинаку е кога ќе си отвориш лексикон на изрази и зборови. Во лексиконот толкувањето за "манипулатор" е следното... механизам што ги пренесува движењата на прстите на предмети кои човекот не може (поради оддалеченоста) или не смее (поради радиоактивност, топлина и сл.) да ги допре. Додека за "манипулант" е следното... фиг. човек кој, извртузајќи податоци, настани или туѓи зборови, вешто мами за да постигне некои лични цели; сплеткар, интригант. И тука се замислив дали можеби поимите "манипулатор" и "манипулант" ги мешаме, како е правилно "манипулатор/ка" или "манипулант"? Кога подобро ќе размислам мене ми е посоодветно "манипулант/ка", иако во прв ред и јас би рекла "манипулатор/ка". Може некој/а од вас подобро ќе објасни.
Во македонскиот јазик правилно е да се каже манипулант / ка. А н а прашањето дали сум манипулаторка, ќе одговорам дека не сум, ама понекогаш ни е многу жал поради тоа.
ke pretpostavam deka po greska stisna "ni" namesto "mi" a ne deka premina u mnozina kako forma na distanciranje ...zosto sluzat palcite ?!?
Не сум манипулаторка.Иако цврсто стојам на тоа дека манипулаторите најдобро се сноаоѓаат во животот.Ама од друга страна пак доколку манипулирате имате чувство дека сте несопособни,па користите манипулација за да го постинете она кое го сакате.Don't.
http://personality-testing.info/tests/MACH-IV.php anonimen test za makijavelizam (manipulativnost) jas ispadnav po manipulativen od so ocekuvav
Имам неверојатно голема дарба за манипулирање, но истовремено сум многу нетактична, бунтовна и искрена. Некако преку глава ми е глумењето, ласкањето и лажењето, па преферирам да играм со отворени карти. Од друга страна, колку лошо и да звучи ова, признавам дека сум една од оние кои никогаш не се откажуваат од зацртаното, со што сум спремна на многу нешта за да дојдам до она кое го сакам, но сепак, премногу се грижам за туѓите чувства за да ги повредам или изиграм луѓето на било каков начин. Во себе верувам дека не постои ама баш ништо што може да ја оправда лагата, но не одрекувам од тоа дека и јас ја користам. Секако, не за да му нанесам штета некому, туку само за сопствениот интерес. А барем досега, моите интереси никогаш не биле такви за да морам да прегазам преку некого за да ги остварам. Искрено, не знам што би сторила во таква ситуација. Чувствителна личност сум со доволно емпатија за другите, така да не верувам дека некогаш би имала зацртано такви цели. А во случај некој да си игра со мене, веднаш ќе го пресечам. Ако веќе станува збор за личност која е премногу авторитетна ќе изглумам. Ќе се расплачам, ќе се однесувам чудно... Што да се прави, во животот мораш да се снаоѓаш. Ако немаш друг избор, ќе излажеш, ќе изглумиш. Камо сите да бевме чисти како што се претставуваме. Реално тоа не е ни возможно од проста причина што целото општество се темели на манипулации...
Не сум манипулант, дефинитивно, затоа што сум премногу искрена за свое добро. Опкружена сум со такви луѓе цел живот, а ништо не научив за да се снајдам како нив. Очигледно е дека дури и глупава сум, штом не сум станала како таквите. Додуша, главни виновници за моето премногу чесно воспитување се моите, па често нив ги „обвинувам“ зошто така ме воспитале. Во секој случај знам да препознаам манипуланти, а тешко е да докажам дека некој е таков човек, па ми се буди некој инает и револт поради тоа и наместо „со нивен камен по нивна глава“, јас одам обратно и останав цел живот наивна и „неснаодлива“.