1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сте манипулатор/ка?

Дискусија во 'Психологија' започната од Nezna28, 11 јануари 2014.

  1. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Сум во одредени ситуации, кога има потреба - неможеш секогаш искрен да бидеш, понекогаш ИСКРЕНОСТА може скапо да те ЧИНИ !:nod: :)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Не, и многу ми е криво што не сум и тешко дека ќе научам некогаш како да манипулирам.
    Секој има талент за нешто, а јас сум тотално антиталент за манипулации.
     
  3. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.400
    Кој како си ја наредил :D
     
  4. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Не ме бива баш за манипулирање
     
  5. Mina_Z

    Mina_Z Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Додека не бев вработена, никако ама откако работам се научив и јас да манипулирам. Откако ќе осетиш на свој грб почнуваш и ти така да се однесуваш во одредени ситуации секако.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.143
    Пол:
    Женски
    Ne,ne ni sakam da bidam.
     
  7. GirlRunTheWorld

    GirlRunTheWorld Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2015
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Epa vaka go procitav tekstot i si rekov da napisam i jas nesto
    Ustvari jas sum golem manipulator, mozam da si izmisluvam razni prikazni i so manipuliranje da go privlecam vnimanijeto na lugjeto ama sepak toa mene mi odgovara posto nemam nikakvi posledici :D
     
  8. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Да итоа голема и си го сакам талентот :lol::rock:
     
  9. ubavica25

    ubavica25 Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2015
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    како манипулирате? споделете некои "техники"
     
  10. NightBreaker

    NightBreaker Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Машки
    Има луѓе што се гранд мастери на манипулација. Тие што манипулираат намерно со цел да остварат нешто имаат форма на социопатија, но не мора да значи дека секој што манипулира е социопат, но зошто да се манипулира и игра со луѓето? :^) Подобро имај му*а и кажи нешто отворено отколку да се служиш со подли методи!

    Не се служам со манипулации (иако можам), сакам директно да плескам со вистината по фаца. In your face baby! :D Понекогаш неопходна е манипулација кога сме забрљале нешто и сакаме да искочиме со полесни последици. :D

    Класичен пример за манипулација: жена лажира љубов према 20-30 години постар маж за да му го собере богатството кога овој ќе цркне. Тоа е манипулација со ултимативна цел.

    Секојдневни невини манипулации за наше добро и бенефит се ок, манипулации на долг рок се опасни.
     
    На Iva 94, sugarlips, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    не ме бива многу но кога некогаш треба успевам да се снајдам иначе не сакам тоа да го користам
     
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Категорично НЕ е одговорот на ова прашање од едноставна и објаснива причина чии корени се длабоко изразени во мојата културно-воспитна компонента. Низ годините и искуството таа се надградува и усовршува до некаков степен кој никогаш не посакав да го откријам и научам за да го вклопам во карактерните особини. Искреноста и отвореноста се најдобриот избор за комуникација кои не се на одмет да се поштедат во случаи кога е неопходно да се примени мала доза на манипулација за да се покријат некои непотребни траги на грешка. Се додека не се злоупотребува и не премине во стил на живеење за постигнување цел, манипулацијата може вешто да се контролира во сопствена полза. И тогаш е лекција за учење и тактизирање низ животните ситуации.
     
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Па не, едноставо не сум така воспитана, ниту сопствената култура никогаш не би ми го дозволила оваа значително подла особина.

    Едноставно живеам онака како што мене ми одговара, а за наоколу не ме интересира па затоа и немам потреба да трошам време за вакви нечовечки особини.
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Нити сум манипулаторка, нити ќе бидам. Не ми се допаѓа таа особина.
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  15. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    http://www.kafepauza.mk/zivot/nauchete-kako-da-gi-prepoznavate-emocionalnite-manipulatori/

    Скоро сите се способни да го препознаат физичкото насилство и веднаш да го осудат. Законот за тоа прашање е дефиниран, како и некои општо прифатени морални стандарди. Но, кога станува збор за емоционалното насилство, границите помеѓу дозволеното и недозволеното понекогаш брзо се губат, најмногу затоа што овој вид насилство не е секогаш лесен за препознавање.

    [​IMG]

    Односот со емоционалниот манипулатор, без разлика дали е партнер, пријател, колега или член на семејството, може да биде прилично стресен и да нанесе долготрајна штета на личноста која е жртва. Па, како можете да ги препознаете овие емоционални насилници?

    Тие секогаш ги извртуваат нештата во нивна корист
    На пример, ако ѝ кажете на вашата пријателка: „Лута сум ти затоа што заборави дека вчера требаше да се видиме“, а таа ви одговори: „Многу ми е жал што мислиш дека сум заборавила да дојдам на нашата средба. Можеби требаше да ти кажам дека моментално сум под страшен стрес поради проблемите на работа, но не сакав да те загрижувам. Па да, излгеда требаше сè тоа да го тргнам настрана и да се фокусирам на нашето излегување.“ Додека таа го кажува ова, нејзиниот глас може да почне да трепери, па дури и да пушти некоја солза. И најлошото е што во тој момент вие знаете дека воопшто не ѝ е жал, но таа толку многу ви го одвлекла вниманието со нејзиниот монолог, што едноставно сте останале без зборови.

    Совет: Никогаш не прифаќајте извинување кое е во форма на напад. Ако извинувањето звучи шупливо, тогаш тоа најверојатно навистина е такво. Верувајте му на вашиот здрав разум и не им дозволувајте на емоционалните манипулатори да ве контролираат. Исто така не заборавајте дека ако еднаш им дозволите да се извлечат со нешто вакво, тие ќе почнат постојано да го повторуваат истото.

    Тие секогаш сакаат да се прикажат себеси како жртва
    Најлошото нешто што можете да го направите е да побарате помош од емоционален манипулатор. Во најголемиот број случаи тие ќе го прифатат тоа и токму тука ќе настане вашиот проблем. Секоја друга личност ќе се обиде да го направи она што сте ја замолиле, притоа не правејќи драма од истото, додека пак емоционалниот манипулатор ќе предизвика да зажалите затоа што воопшто сте го замолиле за помош. На пример, ако сте го замолиле сопругот на враќање од работа да застане во маркет и да купи млеко, тој ќе дојде дома со млекото жалејќи се за сите „неволји“ кои притоа му се случиле. Тој ќе ви раскаже како не можел да најде паркинг, па морал да пешачи по дожд. Потоа, кога влегол во маркетот налетал на гужва на касата каде што му било толку многу лошо од умор и глад што едвај додржал да не падне. Тој брзал накај дома за да го гледа филмот кој толку долго го чекал, но поради тоа што морал да купи млеко ги пропуштил првите 5 најважни минути…

    Совет: Бидете одлучни и во иднина инсистирајте на отворен однос. Ако оваа личност прифати да направи нешто, откако сте ја замолиле, погрижете се едноставно да го направи тоа без никаква драма. Во случај да не сака да ја заврши оваа работа за вас, нека ви каже отворено и искрено пред да се нафати на истата, наместо потоа да ви се жали за стореното.

    Тие често ќе тврдат дека не го кажале она што го кажале, и обратно
    Оваа изјава навистина знае да биде непријатна, па доколку често се случува може да ве натера да се посомневате во вашиот здрав разум. Вие јасно се сеќавате дека во среда попладне сте седеле со својата девојка на кафе и дека таа ви кажала оваа сабота, ако времето биде убаво, дека таа ќе биде слободна да одите на излет. За да бидат работите уште поинтересни, тоа всушност било нејзина идеја. Но, саботата пристигнува, а од вашата девојка нема ни трага ни глас. Откако конечно успевате да ја најдете, некаде по 3 попладне, таа ви вели дека е излезена со пријателките од утрото и дека се подготвуваат да одат на „луда“ журка. Во тој момент го спомнувате вашиот план за овој ден и таа почнува да ве убедува дека вие никогаш не сте се договориле за нешто такво. Без разлика колку се обидувате да ја разубедите, таа цврсто стои на својот став.

    Совет: Многу е тешко да се справите со овој вид луѓе, па токму затоа треба да си го поставите прашањето дали навистина вреди да ја одржувате врската со нив. Доколку се грижите за оваа личност и сè уште не сте подготвени да ставите крај, тогаш почнете да ги правите овие планови исклучиво преку пораки или мејлови. На овој начин, во секое време ќе имате доказ дека вие навистина сте разговарале за тоа што емоционалниот манипулатор се обидува да го скрие.

    Тие се обидуваат да ви ја наметнат нивната вина
    Емоционалните манипулатори се експерти кога станува збор за наметнување вина, дури и во оние моменти кога вие ни најмалку не сте виновни. На пример, вашата мајка ви вели дека воопшто не ве гледа, па токму затоа постојано ви се јавува да ја посетите, додека по телефон звучи многу уморно. Откако ќе се согласите да ја посетите, таа ќе почне да ви зборува дека премногу време поминувате со вашиот сопруг или сопруга и дека поради него/неа таа воопшто не ве гледа. Но, додека го прави овој разговор заборава да спомне дека во текот на месецот, вие сигурно еднаш, до два пати неделно ја посетувате и седите со неа по неколку часа. Од друга страна пак, ако сакате да одите на патување со пријатели, таа ќе се обиде со целата своја сила да ве разубеди дека тие само ве користат, сакајќи да ве натераат да ги потрошите вашите пари за џабе. Можеби дури и да ви каже нешто како: „А што ќе правам јас кутрата толку долго без тебе? Зарем не ти е жал да ја оставиш својата мајка тука сама? Згора на сè и болна сум…

    Совет: Имајте на ум дека нема смисла да се води туѓа битка. Ако некој се чувствува несигурно во својата кожа, тоа е проблем кој мора сам да си го реши, без притоа да ги нервира сите околу себе. Извинувањето треба да се каже доколку навистина нешто сме згрешиле, но не смееме никако да дозволиме некој со помош на неговите чувства на несигурност да ни наметне чувство на вина кога ни најмалку не сме виновни.

    Тие никогаш не го кажуваат директно она што го чувствуваат
    Кога сте во контакт со емоционален манипулатор, треба да знаете дека тие никогаш не играат фер. Наместо да ви кажат отворено што сакаат од вас или што им смета, тие ќе ви зборуваат зад грб, додека пред вас ќе се преправаат дека е сè во ред. Еден многу чест пример за оваа ситуација е одреден однос помеѓу партнерите, за кои најчесто се виновни жените. На пример, доколку тој сака вечерва да излезе со пријателите и ја праша својата партнерка дали е во ред со тоа, таа ќе му одговори: „Па, да… Малку ме боли глава и некако сум тажна, ама да, слободно оди.“ Тој секако од оваа изјава ја слуша само согласноста да излезе, па кога ќе се врати дома ќе сфати дека неговата партнерка е бесна затоа што тој не ги употребил своите моќи за читање мисли и не сфатил дека нејзината изјава за главоболка значела дека тој требало вечерва да остане дома и да ја гушка.

    Совет: Кратко и јасно, никогаш не „читајте помеѓу редови“ кога станува збор за емоционални уцени. Животот е прекраток за да се обидувате некого да дешифрирате. Ако нешто навистина го/ја мачи, тој/таа треба сам да најде начин како директно да ви го каже тоа.

    Тие секогаш ги преувеличуваат своите проблеми во однос на вашите
    Замислете го следново сценарио… Вие само што сте ѝ кажале на вашата пријателка во доверба дека ви починало кучето кое било вашиот најдобар пријател последниве 15 години и дека поради тоа се чувствувате ужасно. Па, таа без размислување, на оваа изјава ви одговара „Леле, подобро да не ти кажувам како ми е мене. Пред малку додадов еден дечко на Фејсбук и тој воопшто не ги лајкуваше моите фотографии. Целосно се посрамотив пред моите пријатели, ми доаѓа да пропаднам во земја!“ Емоционалните манипулатори од овој вид секогаш ги преувеличуваат своите проблеми, а вашите ги омаловажуваат, ако воопшто се способни да ги дослушаат до крај. Тие едноставно мора да бидат во центарот на вниманието.

    Совет: Бидете директни, ако треба и остри, па отворено кажете ѝ на оваа личност дека во овој момент сакате да разговарате за вашиот проблем. Не се плашете да бидете искрени и никако не се воздржувајте да му/ѝ кажете ако чувствувате дека тој/таа со своето однесување се безобразни кон вас. Имајте на ум дека ако попуштите, прстот кој сте го дале денес, утре ќе се претвори во цела дланка.

    Тие никогаш не преземаат одговорност
    Емоционалниот манипулатор никогаш нема да признае дека направил грешка. Тие секогаш ги обвинуваат другите, бидејќи тие никогаш не се криви за ништо. На пример, доколку откриете дека вашето момче ве изневерило, па токму затоа и му раскинете, ако станува збор за емоционален манипулатор, тој ќе се обиде да ви ја префрли вината вам, велејќи ви дека сте биле ладни во кревет, дека не бил задоволен од вашиот сексуален живот или пак, дека вие воопшто не ги разбирате потребите на мажите, па токму затоа и сте го правеле несреќен.

    Совет: Ако сте доволно упорни, можеби и можете да се обидете да инсистирате на фер утврдување на вината. Во случај да ви е дојдено преку глава од ова однесување, најпаметно е да ставите крај на контактот помеѓу вас.




    Јас не сум,а не ни сакам да бидам.
     
    На Iva 94, sugarlips, Winter Lady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.585
    Пол:
    Женски
    Понекогаш си знам да се послужам со некој трик, но дефинитивно не сум личност која сака да си игра и да ги врти луѓето. Еден ден тоа има убаво да се изврти и да им се разбие во глава на манипулаторите.
     
    На sugarlips, crazylady и Petar80 им се допаѓа ова.
  17. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    еве што се прави манипулатори...школувани за тоа..
    Ги знаете ли оние луѓе од ФБИ кои во филмовите одат да преговараат со некого кој држи заложници барајќи нешто и заканувајќи се дека во спротивно ќе ги убие? Марк Гоулстон ја работел оваа работа во вистинскиот живот. Преговарал со многумина кои држеле заложници затоа што располага со извонредни вештини со кои може некого да натера да направи онака како што тој сака. Денеска ги користи истите вештини за да работи како бизнис консултант, а ова се неговите совети кои и вие можете да ги примените во секојдневниот живот.
    1. Натерајте ги другите да зборуваат
    Тој вели дека откако ќе побарате нешто од некого или откако ќе му дадете до знаење дека сакате нешто да побарате, треба нему да му оставите простор да продолжи со зборување. Ако вие продолжите да зборувате тој може да помисли дека му кажувате што да прави, а не го замолувате. Кога го оставате тој да зборува, му давате можност да го разоткрие неговиот став во врска со вашето барање, а зборувајќи може и да се обврзе да го исполни.

    2. Обрнете внимание на придавките и прилозите кои ги користат при зборувањето
    Марк вели дека придавките служат за украсување на именките, а прилозите за глаголите, а и двете се показател дека соговорникот некако е емоционално поврзан со именката или глаголот за кој зборува. Откако соговорникот ќе заврши со зборување, дајте му знак дека внимателно сте го слушале, како на пример „хм…“, а потоа продолжете со зборување во врска со придавките и глаголите. Ако спомнал некаква „одлична шанса за нешто“, речете му прво да ви каже уште нешто за неа, имајќи предвид дека ја употребил придавката „одлична“. Така ќе му дадете до знаење дека ви е грижа за тоа што го зборува и полесно ќе го придобиете.

    3. Пополнете ги празните места
    Кога му поставувате прашање некому, тоа може него потсвесно да го потсети на непријатна ситуација од минатото во која бил прашуван од родител, наставник или лекар, и затоа веднаш да ве одбие. Затоа треба да го користите пристапот кој Марк го вика „пополнување на празните места“. Тој предлага наместо „Што ќе направиш во врска со оваа ситуација?“ да речете „Она што планираш да го направиш во врска со оваа ситуација е…?“ и да му оставите можност да ја доврши вашата реченица. На ваков начин наместо поставување прашање ја терате другата личност да комуницира со вас и да мисли дека не сте против неа.
    4. Потсетете ги на убави нешта
    Со секој изговорен збор вие кај другата личност предизвикувате потсетување на некои пријатни или непријатни спомени. Ако успеете да ги предизвикате само позитивните, без да ги чепкате негативните, тој сигурно ќе го направи она што го барате од него. Марк дава пример од својата професионална практика како бизнис консултант. Тој прашал една жена која го ангажирала како консултант зошто таа се решила да го ангажира токму него, а таа му рекла:

    „Ти си како заштитнички настроен постар брат кој е паметен, интересен, малку непристоен, а кога се конфронтираш со мене заради нешто што треба да го променам, јас не се бранам туку соработувам затоа што она што го зборуваш е обвиткано со љубов.“

    5. Направете да се почувствуваат убаво за себе
    Треба да направите соговорникот да се почувствува убаво за себе и за она што го зборува. Тоа можете да го сторите со активно слушање, но уште поважно е она што ќе го кажете после тоа. Некои луѓе само чекаат соговорникот да заврши со зборување за да кажат нешто друго поврзано со себе, додека други прават зборовите на соговорникот да изгледаат како да им се важни. Да речеме дека соговорникот рекол дека бил на одмор во Грција. Некои ќе одговорат: „Па добро, јас бев во Мексико“. Друг ќе праша како си поминал и ќе рече дека Грција е убава земја. Бидете од оние вторите за да ги придобиете луѓето.

    6. Фокусирајте се на иднината, а не на минатите неуспеси
    За крај, Марк Гоулстон препорачува фокус на иднината затоа што потсетувањето на минатите неуспеси прави луѓето да заземат одбранбен став. Ако сакате да натерате некого да се однесува поинаку во иднина, не спомнувајте го минатото, туку објаснете му зошто сакате неговото понатамошно однесување да биде поинакво и зошто би го ценеле тоа. На таков начин ќе им дадете чувство дека нивното однесување ќе направи некои позитивни промени во иднина.
     
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
  19. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @ninja35 :o Па ја ги исполнувам сите критериуми :D И тука сфаќаш дека не треба да си ФБИ, туку само емоционално поразвиен и интелигентен. Дај им го тоа што сакаат да го слушнат и внеси ги во илузија дека тие се одлучувачите.
     
    На crazylady, Bozica1980 и theowndemon им се допаѓа ова.
  20. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    Можеби е слично ама не е исто....во секојдневието имаме работа со психички лабилни личности, меѓутоа тоа се да ги наречам, обични луѓе, луѓе со некаков секојдневен проблем.
    Кај криминалците и социопатите е малку поинаку.. Има литература, Криминалистичка психопатологија,ако имаш можност, прочитај нешто за тоа, ќе видиш колку е поразличен мозокот на криминалецот од мозокот на обичниот човек.
    Плус може да те заинтересира ако веќе имаш такви предодредени особини...:P
    Има ФБИ академија во Будимпешта..(fingers)
     
    На Bozica1980 и Summerlover им се допаѓа ова.