Понекогаш несвесно, ненамерно да.Но, потоа кога размислувам за тоа што сум го направила се обидувам да не се ставам у позиција да постапам исто пак
Само по потреба, ако сакам да излажам нешто нема шанса да ме сети некој бидејќи тоа го правам многу добро, и лаги ми текнуваат милион у минута со брзина на светлината, но премногу ја ценам искреноста и секогаш сум се трудела да ја кажувам без разлика колку и да е болно или тешко, но некогаш едноставно си принуден да бидеш манипулатор. Во средношколските денови имав една другарка да не речам змија толку добро манипулираше што на моменти си викаш душа од девојче тогаш бев изманипулирана, но веќе без разлика дали се работи за некој нови пријателства или стари пробувам со секој да држам некоја дистанца баш поради ова.
Само во ситуации кога можам да извлечам нешто во своја полза а притоа да не биде нанесена штета никому.
Не, ниту сакам затоа што знам што значи некому да му нанесеш болка. Да бев манипулаторка, многу ќе постигнев во животот на сите полоња, но што со тоа? Сум била изманипулирана и знам како е.
Знам и можам да бидам ептен голем манипулатор со луѓето што се обидуваат да манипулираат со мене. Не дозволувам да ме прават будала. Баш како што рекле "не им го прави на другите тоа што не сакаш тебе да ти го прават". Според тоа како ти со мене, така и јас со тебе.
Лесно ќе ги препознаеш, насекаде сме опкружени со нив, само треба да бидеш внимателна. Ќе ти пишам во ЛП како да се заштитиш од таквите.
Понекогаш сум манипулатор кога на некој нема да сакам да ја кажам желбата за нешто а сметам дека нема потреба да ја знае. А, иначе знам манипулатори што ти маваат на психа што ќе пробаат да те одварат од твоите позитивни верувања и да те убедат во нивните негативни. Е тие ми се одвратни. Затоа треба да се има свое јас и инат. Иначе нема спас од другиве.
Ич не ме бива за манипулации. Јас сум роден анти - манипулатор и затоа на пазарот на трудот (кога е било каков бизмис во прашање) се вреднувам со апсолутна нула.
Не сум. И најчесто забележувам кога некој се обидува да ме изманипулира или манипулира некој друг. Ниска и очигледна работа е, ама тие што се служат со неа мислат дека се најпаметните персони, богови на Земјава и никој не ги забележува што прават. Смешки.
Не, не треба тоа да го прави човек зошто се враќа и исто и вие ќе бидете изманипулирани. секогаш кога нешто кроите во исто време вам ви кројат само тоа имајте го на ум. Ако сакате да ви се враќа за тоа правете го и не се чудите што потоа ве снашло
Не сум била, а сум имала многу прилики за тоа. Не жалам за ниедна што не сум ја искористила и ми е мило што колку и да не заслужила некоја личност сум ја третирала на начин што доликува.