Во некои ситуации, да. Да бидам искрена, оваа особина кај мене ја открив пред некое време, и настојувам да не ја злоупотребувам туку да постапувам така само ако е неопходно. И јас сум била манипулирана и знам колку може да биде непријатно. Сепак, целта не ги оправдува средствата секогаш.
Не и не сакам да бидам изманипулирана. Плескам се во очи и поради тоа имам мал круг на пријатели (но вистински)!
Не сум манипуларот, го нема тоа во мојата ДНК, не сакам да го правам тоа што не би сакала да ми го прават мене. Препознавам манипулатори на километар и одма ги дистанцирам , такви особи не сакам покрај себе.
Сум, иако не сакам и избегнувам такви ситуации ама оддамна знам дека манипулирам со луѓето можеби некогаш за небитни работи ама тоа е лоша особина и јас не би сакала да сум изманипулирана .
Не знам оти, ама понекогаш несвесно манипулирам со луѓето, без јас да го сакам тоа, али знам и свесно да го правам тоа и тоа без да сакам да им наштетам на луѓето. Никогаш не сум имала намера да манипулирам со луѓето за да ги повредам или пак да ги придобијам, затоа што сум била манипулирана од други и го знам какво е тоа чувство и само затоа што ми значеле сум ги трпела сите тие манипулации и не посакувам да го направам истото на некого, затоа што навистина личноста може да се чувствува лошо ако е манипулирана.
Не, воопшто не ме бива за вакви работи. А и не сакам да сум ни јас изманипулирана, па истото не го применувам ни на други луѓе.
Не..за жал...а би сакала и јас да знаев да ги манипулирам луѓето бидејќи сум жртва на манипулатори....А сите се околу мене манипулатори освен домашните.
За себе мислам дека сум голем манипулатор, ама за срееќе уште тоа не сум почнала да го користам на негативен начин. Иста така мислам дека имам способност да препознаам и детектирам друг маипулатор, е сега способност ли е, дарба ли е, инмтуција, инстинкт, не знам искрено
Sum ama samo za pozittivni raboti. Mozam da krenam energija, da pottiknam nesto. Vo ovaa smisla. Ne go zloupotrebuvam toa
Ниту сум, ниту има потреба да бидам,ниту пак сакам манипулатори во своја близина.Нивните трикови и финти успеваат само кај луѓе кои се слаби карактерно.