ИАко порано ова беше проблем на лугето во средите години се почесто се случува ,симптомот на метеопати ја намали годишната граница. Сега се почесто и кај младите луге се случува да имаат мака од промена на времето, а да не спомнеме дека во последно време за два дена ни се менуваат сите годишни времиња. Она што мене ме потикна да го напишам овој пост беше вчерашниот ден. Е вчера мислам дека ми беше најтешко. Имав страшна главоболка , некое чудно чуство на малаксност , да не речам премаленост. И ми беше навистина грозно. Па сакам да споделам мислења и со вас , дали и вие сте подложни на промените на времето????
не воопшто не ми смета дали надвор било + 40 или -20. воопшто не осеќам ни на раце ни на нозе ниту пак ме боли глава. е добро само се препотувам или смрзнувам. али да бидам омаласана или да ме боли глава не. уствари заборавив мене никогаш не ме боли глава. дури се запрашувам дали сум јас човек
јас изгледа сум сум метеопат кога има некое јако сонце надвор мене главата ме боле,ми се лоше,осеќам тегоби.....стварно ми е ногу лошо. а кога е зимо ми е ок....само ако е многу ладно(се сеќавам еднаш бев во средното и бевме втора смена и не пуштија а гимназијата ни е скроз на крајот од градот и додека да стигнам дома се скоцкав многу ми беше студно,и дека не можев никако да се стоплам почнав да плачам од ладно) така и кога не можам да се стоплам си плачам! ИСКРЕНО....
Преголем метеопат сум. Мала промена на времето на мене ми штети. Некогаш знае да биде со лесни но некогаш и со претешки последици. Чист пример е претходниот месец кога времето од топло, нагло се смени на ладно. Прво почнаа вртоглавици, си реков нормално е ова за мене кога е вакво времето, ама после тоа почна да ме боли целото тело, да повраќам, кренав температура и тоа висока 38.9, 39, 39.1, па почнаа ушите да ме болат, имав воспаление на носот и грлото, ме спремаа и на операција за крајниците да одам бидејќи ми беа преголеми не можев да голтам, црвени очи... да не набројувам затоа што крај нема. И сето тоа поради таа нагла промена на времето. Бев на лекар да не е некој вирус, ама не пронајдоа ништо. И тоа беше од претходниот месец, а сега уште одам по лекари, терапијата уште не ми е завршена.
Не сум метеопат и воопшто времето не влијае на моето здравје. Сепак повеќе уживам во топло време, дури и на +40 мене ми е ок. Од многу ниски температури, ретко ама сепак ми се случува да имам главоболка...сепак летно дете сум јас
Во принцип не... ама ако ме фатила некоја тешка форма на ПМС, е тогаш може да се случи. Инаку, времето не влијае на мене, иако може да се случи да ми ги расипе плановите
Освен на расположение, на ништо не ми влијае. Па како да бидам среќна кога надвор врне, а јас сакам да излезам? Или кога е + 50, а јас имам активности во текот на целиот ден? Инаку главоболки или такви работи немам.
Премногу ми влијае времето! Како на расположение, така и на организмот. Пред две недели пред да фатат овие хроничниве дождови, така ми се слоши од тоа топлото, тогаш беше како да нема воздух, тешко се дишеше, не може човек воздух да земе, па вртоглавици, па гадење, па тресење на нозе, слабост, трнење на главата... Лошо, многу лошо. Кога е облачно, како што си имам низок притисок, уште толку ми се снижува, па ми се спие, па малаксана сум, може и главоболка да се појави... Кога е ладно-не поднесувам, еве и денес се смрзнав и сега кога ќе излегувам ќе си облечам џемпер, зашто сум многу зимурлива. Кога дува ладен ветер-обавезно ме боли глава, синуси... Многу ми влијае времето.
Јас сум . Кога се менува времето се менувам и јас. И моментално ме боли глава и како да ми зуи нешо во ушите
исто и јас чувствувам промени во мене при временски промени,,,,,посебно вртење во зглобовите и чешање во ушите ми е секогаш знак дека се менува времето...
И јас мислам дека сум метеопат. Понекогаш ме болат мускулите на нозете, а не сум трчала ни ништо ..... Ме боли глава понекогаш, а секогаш кога се сменува времето на пример од есен накај зима или пак рана пролет, јас секогаш се разболувам . Не знам што да правам веќе, дали немам имунитет или што е работата понекогаш се случува во 3 месеци 3 пати да се разболам ...... Не е ништо страшно, само имам малце температура (37,1 - 37,5) и воспалено грло, ама ајде зошто да се случува?
Да метеопат сум и многу ми пречи тоа, плус тоа имам операција направено која истовремено реагира на секоја промена на време Понекогаш болките се благи, ама некогаш се неиздржливи
сум метеопат промената на времето го чувствувам и добивам страшна главоболка која оди до повраќање и не можам да мрднам од креветот ми се има случено и 3 дена по ред така да ми е затоа што надвор времето беше за никаде (се спремаше да врне) и кога заврна четвртиот ден јас бев како нова.
Мислам дека сум. Ме боли главата,но понекогаш и колената и тој период имало промена на време,но не секогаш испаѓало така.
Почнувам да станувам,порано не чуствував никакви проблеми при промена на времето.Сега посебно кога наеднаш има големи разлики во темературата од топло на ладно,чуствувам голема главоболка.Тешко ми е веднаш да се адаптирам и мислам дека баш оради ваквите промени ми се најчесто главоболките.
Mene mi se slucuva samo koga se menuva vremeto od soncevo na vrnezlivo! Znaci mislam deka mi e kraj na svetot togas! Bas minatiot mesec duri prelezav cel den doma bidejki mi bese mnogu loso, cuvstvuvav edna ogromna omalaksanost i ako veruvate spiev od 10 sabajle do 6 vecer i posle nakaj 21h pak si legnav i taka do 8. Mladi sme i mislam deka ne treba da ni vlijae vremeto, ali sto da prais!
не сум метеопат .. ама кога се мени времето (на пр. сончево па врнежливо ) ми се менува само расположенито .. ништо друго ..
времево е толку променливо и тешко дури некој пат главава не си ја осеќам и ми се мати, омалаксана, притисок.... ама тоа е