Дали сте метеопат?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од vodnicka1, 8 јули 2010.

  1. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    32
    ИАко порано ова беше проблем на лугето во средите години се почесто се случува ,симптомот на метеопати ја намали годишната граница. Сега се почесто и кај младите луге се случува да имаат мака од промена на времето, а да не спомнеме дека во последно време за два дена ни се менуваат сите годишни времиња. Она што мене ме потикна да го напишам овој пост беше вчерашниот ден. Е вчера мислам дека ми беше најтешко. Имав страшна главоболка , некое чудно чуство на малаксност , да не речам премаленост. И ми беше навистина грозно. Па сакам да споделам мислења и со вас , дали и вие сте подложни на промените на времето????
     
    На snezana1972 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    4.210
    не воопшто не ми смета дали надвор било + 40 или -20. воопшто не осеќам ни на раце ни на нозе ниту пак ме боли глава. е добро само се препотувам или смрзнувам. али да бидам омаласана или да ме боли глава не. уствари заборавив мене никогаш не ме боли глава. дури се запрашувам дали сум јас човек :lol: :lol: :lol:
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.382
    Воопшто не. Ако ми е убав денот, убав ми е без разлика врнело или веело. :)
     
  4. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    619
    јас изгледа сум сум метеопат :?:
    кога има некое јако сонце надвор мене главата ме боле,ми се лоше,осеќам тегоби.....стварно ми е ногу лошо.
    а кога е зимо ми е ок....само ако е многу ладно(се сеќавам еднаш бев во средното и бевме втора смена и не пуштија а гимназијата ни е скроз на крајот од градот и додека да стигнам дома се скоцкав многу ми беше студно,и дека не можев никако да се стоплам почнав да плачам од ладно) :$ така и кога не можам да се стоплам си плачам! :D
    ИСКРЕНО.... :worried:
     
  5. glammur

    glammur Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    19
    Преголем метеопат сум. Мала промена на времето на мене ми штети. Некогаш знае да биде со лесни но некогаш и со претешки последици. Чист пример е претходниот месец кога времето од топло, нагло се смени на ладно. Прво почнаа вртоглавици, си реков нормално е ова за мене кога е вакво времето, ама после тоа почна да ме боли целото тело, да повраќам, кренав температура и тоа висока 38.9, 39, 39.1, па почнаа ушите да ме болат, имав воспаление на носот и грлото, ме спремаа и на операција за крајниците да одам бидејќи ми беа преголеми не можев да голтам, црвени очи... да не набројувам затоа што крај нема. И сето тоа поради таа нагла промена на времето. Бев на лекар да не е некој вирус, ама не пронајдоа ништо. И тоа беше од претходниот месец, а сега уште одам по лекари, терапијата уште не ми е завршена.
     
  6. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    993
    Допаѓања:
    495
    Не сум метеопат и воопшто времето не влијае на моето здравје. Сепак повеќе уживам во топло време, дури и на +40 мене ми е ок. Од многу ниски температури, ретко ама сепак ми се случува да имам главоболка...сепак летно дете сум јас ;)
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.737
    Допаѓања:
    74.088
    Пол:
    Женски
    Во принцип не... ама ако ме фатила некоја тешка форма на ПМС, е тогаш може да се случи. Инаку, времето не влијае на мене, иако може да се случи да ми ги расипе плановите :)
     
  8. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    479
    Освен на расположение, на ништо не ми влијае. Па како да бидам среќна кога надвор врне, а јас сакам да излезам? Или кога е + 50, а јас имам активности во текот на целиот ден? Инаку главоболки или такви работи немам. ;)
     
  9. Echo

    Echo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    82
    Премногу ми влијае времето! Како на расположение, така и на организмот. Пред две недели пред да фатат овие хроничниве дождови, така ми се слоши од тоа топлото, тогаш беше како да нема воздух, тешко се дишеше, не може човек воздух да земе, па вртоглавици, па гадење, па тресење на нозе, слабост, трнење на главата... Лошо, многу лошо. Кога е облачно, како што си имам низок притисок, уште толку ми се снижува, па ми се спие, па малаксана сум, може и главоболка да се појави... Кога е ладно-не поднесувам, еве и денес се смрзнав и сега кога ќе излегувам ќе си облечам џемпер, зашто сум многу зимурлива. Кога дува ладен ветер-обавезно ме боли глава, синуси... Многу ми влијае времето. :sweat:
     
  10. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.743
    Јас сум :( . Кога се менува времето се менувам и јас. И моментално ме боли глава и како да ми зуи нешо во ушите |(
     
  11. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    331
    исто и јас чувствувам промени во мене при временски промени,,,,,посебно вртење во зглобовите и чешање во ушите ми е секогаш знак дека се менува времето...
     
  12. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.378
    Допаѓања:
    1.866
    И јас мислам дека сум метеопат. Понекогаш ме болат мускулите на нозете, а не сум трчала ни ништо ..... Ме боли глава понекогаш, а секогаш кога се сменува времето на пример од есен накај зима или пак рана пролет, јас секогаш се разболувам :( . Не знам што да правам веќе, дали немам имунитет или што е работата понекогаш се случува во 3 месеци 3 пати да се разболам ...... Не е ништо страшно, само имам малце температура (37,1 - 37,5) и воспалено грло, ама ајде зошто да се случува?
     
    На anab му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anickata

    anickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    66
    Да метеопат сум и многу ми пречи тоа, плус тоа имам операција направено која истовремено реагира на секоја промена на време :( Понекогаш болките се благи, ама некогаш се неиздржливи
     
  14. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Женски
    сум метеопат :( промената на времето го чувствувам и добивам страшна главоболка која оди до повраќање и не можам да мрднам од креветот :(
    ми се има случено и 3 дена по ред така да ми е затоа што надвор времето беше за никаде (се спремаше да врне) и кога заврна четвртиот ден јас бев како нова.
     
  15. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    166
    Мислам дека сум.
    Ме боли главата,но понекогаш и колената и тој период имало промена на време,но не секогаш испаѓало така. :)
     
  16. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    387
    Почнувам да станувам,порано не чуствував никакви проблеми при промена на времето.Сега посебно кога наеднаш има големи разлики во темературата од топло на ладно,чуствувам голема главоболка.Тешко ми е веднаш да се адаптирам и мислам дека баш оради ваквите промени ми се најчесто главоболките.
     
    На anab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. GreenEyedBabe

    GreenEyedBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    22
    Mene mi se slucuva samo koga se menuva vremeto od soncevo na vrnezlivo! Znaci mislam deka mi e kraj na svetot togas! Bas minatiot mesec duri prelezav cel den doma bidejki mi bese mnogu loso, cuvstvuvav edna ogromna omalaksanost i ako veruvate spiev od 10 sabajle do 6 vecer i posle nakaj 21h pak si legnav i taka do 8. Mladi sme i mislam deka ne treba da ni vlijae vremeto, ali sto da prais! :^)
     
  18. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    2.446
    не сум метеопат .. ама кога се мени времето (на пр. сончево :sun: па врнежливо :rain: ) ми се менува само расположенито .. ништо друго :) ..
     
  19. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    da da i toa mnogu :envy: ...posebno zesko vreme ic ne podnesuvammm
     
  20. ivce2000

    ivce2000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    времево е толку променливо и тешко дури некој пат главава не си ја осеќам и ми се мати, омалаксана, притисок.... ама тоа е :(