Уф и тоа како сум остелива на временски промени! Чудо едно! Во зима како и да не постојам.... Најоселива сум во рана есен, кога секое намалување на температурата ми создава главоболка, болка во мускулите и вртоглавици. Од кревет не можам да станам. А и преку лето, кога е многу спарно немам воопшто сила.
Ептен многу, Есен ми е најтешка за издржување. Едвај чекам да помине. Во лето се ми е погодено пуфче сум тогаш.
Ќе започам со фактот дека мојот нормален притисок е 90/60 Порано само што ќе се наоблачеше јас бев во кревет- малаксана, без сила и без желба ....а тек па да заврнеше- кран не ме изнесуваше од дома. Се сеќавам како да беше вчера, се ќе дадев да не одам во школо кога врне Есента ми беше смрт! Во зима друга приказна, но пак слична на оваа....а зајде сонце јас спијам......и така ми се случуваше да си спијам по 12 саата и многу да слабеам Во последниве две-три години некако ми се сменија работите, повеќе не ми пречи дождот (иако сеуште не ми е омилен) не ми се приспива кога ќе се стемни, имам повеќе енергија. Искрено не знам на што се должи тоа, но повеќето ја имаат забележано таа промена кај мене
До пред 6 години, денот а со тоа и животот тој период во целост ми зависеа од времето...ако врне...е тогаш беше страшно по мојата психофизичка состојба.....како и многупати до сега што истакнав, откако почнав со здрав начин на живот и исхрана.....многу вода, чаеви , зеленчук и овошје, немам никаков проблем, а порано притисокот редовно низок, редовна главоболка, на секое менување на времето во несвест паѓав за спиење и од замор, а притисокот до 70/50 ми одеше.....сега ...сега ми е супер...какво си сака така нека си биде времето....главоболка незнам од кога не сум имала...пу пу пу
enca ќе можеш ли подетално да ми објасниш на што точно се базира твојата исхрана затоа што на мои 19/20 години не можам веќе да трпам секогаш кога ќе се наоблачи да имам нагони за повраќање, ужасна омалаксаност и главоболки. искрено веќе ми е премногу смачено! проблемов го имам негде добри 2-3 години
Не баш, ама есента ми е малку проблематична. Штом ќе заврне и ќе залади малку времето, имам главоболки и настинувам. Понекогаш сум многу малаксана и немам сила и волја за ништо. Во такви периоди и расположението ми е нула, ништо не ми се прави само ми се спие.
За жал, сум . И на моменти многу ме мачи тоа. И најмалата промена на време ја чувствувам. Бидејќи имав операција на ногата кога имав 14 години, до денес на секоја промена на време ме боли раната. Прво тоа ми е еден вид предвесник на промена на време, па после почнуваат другите тегоби (мала главоболка, мачнина во стомак, итн...).
Сум секогаш кога има промена на времето или ме боли главата, половината, раката која сум ја скршила понекогаш тешко дишам
Не, напротив. Јас дури и сум повеќе расположена кога е облачно такво пријатно или да врне, па со еден тост и чајче во кревет мераци одколку кога грее сонце.
Значи вака имам проблем и мислам дека тоа е од сонцето. ( се извинувам доколку ја утнав темата не успеав да најдам соодветна) Заблежувам дека кога температурите се повисоки по кожата ми излегуваат нешто слично како акнички кои ме чешат, а кога ке почнам да ги чешам ме болат. Ситни се и мали , и полни со бела течност. Вчера имав само на раката но утрово кога се разбудив забележав неколку и на лицето... многу ме нервираат ве молам за помош. Ми се имаат појавено и претходно но само на дланките и исчезнаа. Немам поим што е тоа но претпоставувам дека е од високите температури. Ме интересира дали некој има познавање за мојот проблем? Или пак некој кој го има истиот за совет? (се разбира ке одам на доктор во најскоро време но до тогаш ме интересираат вашите мислења)
Да, сум. Дури на мала промена на времето почнуваат да ме болат колената (бидејќи сум активна цело време) и главата, премногу.
Да, премногу. А заврне, застуди, заоблачи мене ми е страшно лошо. Ме боли глава, ми се врти, неможам воздух да земам, ми се повраќа. А топлото време ми годи.
Јас од ден на ден имам многу променливо расположение. Сметам дека тука нема врска времето. Но, обично во оние врнежливи есенски денови главата ме боли. Во летните горештини пак ми смета пеколот и топлото сонце и најчесто ми се јавува кивање со течење на носот.
Да сум. При секоја промена на времето мене ме боли главата, а се случува често. Главоболка имам и кога ќе сменам рутина на пример ако сум станувала цела недела во 7, па сменам да станам во 12 тогаш ми е најтешко