1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сте опкружени со фрустрирани луѓе?

Дискусија во 'Психологија' започната од Tanjamm, 24 август 2016.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Ми се закачи една, девојка од прв братучед на мм овде кога се доселив. Изгледа немаше друштво па дошла до идеја дека пошто јас сега се доселив, немам ни јас. Буквално ме окупираше. Додека работев во еден кафич, ми доаѓаше на работа во прва смена и ми седеше за шанк од 10 наутро до 2 попладне, така речи ме обврзуваше да ја дружам. Мислам дека полудував од таквата ситуација, особено затоа што јас не сум многу дружељубив човек, си ја сакам својата самотија, и несакам да бидам во сечие друштво, а неможев ништо да и речам затоа што сепак е девојка од братучедот, не е некоја рандом. Ќе проголтав некако ако нејзините муабети беа нормални, макар што и со сестра ми не би знаела што да зборувам толку долго време, но нејзините муабети беа или за болести, или за дечко и, или за кој умрел, или за родителите кои пред неа се тепаат дома.
    Девојчево не прифаќаше НЕ, или да не и се јавиш. ако не и пишеш на ФБ, ти звони на вибер, ако и на вибер не се јавиш ти звони регуларно и си наоѓа изговори зошто би дошла. Едно време почнав да се прашувам сама себе како и е инересно воопшто во мое друштво. На крајот почнав да ја игнорирам кога ќе доаѓаше или зевав во телевизорот, само за да сфати дека не ја сакам во свое друштво.
    Сега па во последно почна на работа да ми се случува ситуација со колешката, која е надркана вероватно од дома, и сите и се криви, мрчи, гласно коментира со нервоза, едноставно ти ствара нелагодност и шири негатива во воздухот. Пред некој ден направив букет од 3 ружи, кога го виде вика еј супер ти е букетов. Вчера доаѓам на работа за истиот букет ми вика, морав да го растурам не личеше на ништо (facepalm) Потоа правев вештачки икебани во мали корпи за на гробишта, ми вели, па што не ги скратиш во дршките, не ти требаат толку долги дршки. Јас ги скратив сите и набоцкав на сунѓер, вчера доаѓам на работа ми вика, овие корпи не чинат ништо, сите дршки си ги скратила.Почнав секој ден кога ќе одам на работа успат да размислувам дали денес и е денот, или не и е и каква маана ќе ми најде, или за што ќе негодува.
    Почнав да се чувствувам како што и да направам не чини, затоа што растура и прави по свое, се чувствувам како да сум за џабе секој ден на работа.|(
     
    На eloves и theowndemon им се допаѓа ова.
  2. Love...music

    Love...music Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.298
    Пол:
    Женски
    Да и тоа дома има и онака плус
    Дома татко ми и сестра ми постојано ми преречуваат нешто и ме критикуваат мајка ми не е до толку значи постојано си го одрекував тоа ама денес сватив дека е вистина уште од мала постојано ми упатуваат критики колку само пати ме имаат расплакано додека бев мала како можеш тоа да не го знаеш глупа ли си, твојата другарка има поубав ракопис од тебе а ти како пишуваш, па кога си глупа.. за х причини... па кога неможев да ги разберам за нешто на пример за школо кога ми објаснуваат почнуваат да викаат ми се дерат и упорно провоцираат а што ме највеќе нервира кај татко ми ме провоцира и кога ќе му се издерам веднаш се прави жртва и ми се умилкува со мили зборови и откако ќе му простам повторно почнува по старо тоа и ден денес ај кажете ми може ли да се оправда ова повеќето од овие работи ми ги имаат кажувано уште кога бев 4,5,6 можеби и помалку години...
     
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.805
    Пол:
    Женски
    И самата сум фрустрирана на една тема, да не се лажиме, скоро сите имаме нешто за кое сме фрустрирани. Кој ме има читано знај дека јас сум фрустрирана во поглед на факултетот, и нема да навлегувам подлабоко. Ме нервира кога луѓето јавно ги искажуваат своите фрустрации, јас моите ги изнесувам кога сум прашана ама не гледам да ги наметнам зошто во најмала рака само ќе ги одбијам луѓето околу мене па само ќе замолам за смена на темата.
    Дали ми смета некој кој шири негативна енергија со своите фрустрации - да. Ми смета и затоа не сакам да сметам со моите.
     
    На Kitten и Mr. Right им се допаѓа ова.
  4. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.005
    Допаѓања:
    4.821
    Пол:
    Женски
    Исфрустрираност е нуспојава во денешно време, сепак, се зависи од карактерот на човекот и колку тој дозволува тоа да завладее со него. Сите денес имаме некоја фрустрација, јас на пр. не сум исфрустрирана јок, не, јас сум огорчена од менталитетот во нашава држава, од односот на луѓето кон некои работи. Страшно ме нервира "ама така мислат зш сите тоа го прават", алооо јас не сум сите и немам намера да докажувам зш едноставно не вреди да се докажува, џабе е. Страшно фрустрира "ama hormonite se, nema maz" :headbang::headbang::headbang: не дека може има проблем, а не сака да каже, не, нема маж .... ало, при очи слепи ли сте ??? Па, во денешно време ако не можеш хороните да ги оладиш кога тоа полесно се наоѓало ако се сака ???? И моментот, ааа таа е сама жена, не може тоа она или др. ќе беше да беше маж .... и оди па, не биди исфрустриран. :punch:
     
    На Tanjamm, Love...music и theowndemon им се допаѓа ова.
  5. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.576
    Osobeno sum opkruzena so lugje koi se zalat i kukaat, a pa jas meka na srce si imam edno pravilo - ako nekoj e grevota, toa sum jas- :lol: ne obozavam takvi licnosti samo da mi se zalat, pa zatoa koga nekoj ke mi kuka po nego pocnuvam i jas pa taka posle toa se e ok :rofl: kako se postavuva licnosta, taka i jas8)
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Paolita

    Paolita Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Да, постојано сум опкружена со вакви луѓе. И живеам со вакви луѓе. И тешко е, бидејќи се трудам да останам позитивна, да не дозволувам да ми ја "цицаат" енергијата. Ама кога со нив живееш тоа воопшто не оди лесно. Ќе излезам,на прошетка, на кафе или било каде ќе сменам малку средина, ќе направам муабет со позитивни лица и подобро се чувствувам, ама пак доаѓаш дома и пак сите само те замараат со нивни проблеми, како само они да имаат проблеми, пак они незадоволни, се нешто им смета.
     
    На fallenangel и Mr. Right им се допаѓа ова.
  7. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    1.079
    Пол:
    Женски
    Сум опкружена со вакви луѓе на работа :@ Си ги лечат фрустрациите правејќи сплетки, кодошејќи кај директорот, оговараат само и се пресмеваат за се нешто, поготово ако те фатат на пик. За греота се стварно, мизерии.
     
    На Tanjamm и fallenangel им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.088
    Допаѓања:
    11.252
    Ова е доказ дека народот во Македонија стана многу злобен.
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.088
    Допаѓања:
    11.252
    Ова е доказ дека народот во Македонија стана многу злобен.
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.088
    Допаѓања:
    11.252
    Сепак на тие луѓе нешто им фали. Или се несреќни со партнерот, или дома со децата имаат проблеми. За мене културен човек е човек на кој секој збор му е одмерен.
     
  11. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    7.422
    Пол:
    Женски
    Злобни или себични,
    Во денешно време,ретки се тие што се одмерени:D
     
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Посматрајќи го светот и друштвото околу мене, можам со тага само да констатирам дека сите сме исфустрирани, јас, вие...Живееме напнато, огромни тензии, живот безнадежен, живот со лажни идеи, очајнички, некои во темнина, некој со светлина,лжни имагинарни животи,лажни забавни натурени илузии, живот со депресии, психози, хистерии....Живееме со лажни морали, само некого го судиме, се некој друг е виновен и се некако се обидуваме другиот да го поправиме...
    Сите сме исфрустрирани се додека мислиме дека животот е неправеден а ние сме нај добрите:)
     
    На Tanjamm, theowndemon, Onyx и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.088
    Допаѓања:
    11.252
    Не дека сме најдобри, ама па јас на пример не се лечам на никој. Мене не ми е задоволство да се мајтапам со некој ако нема убава облека, ако нема пари, ако не бил на одмор...
     
    На LollySky и baba Rada им се допаѓа ова.
  14. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    јбг системот ни е таков да мора од 10 души еден да е исфустриран од секојдневието
     
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Поима немав каде да ја закачам статијава а, баш ми се виде интересна. Ништо ново де, ама е до некаде поврзана со исфрустрираноста која нема како да не сте ја заприметило во генерално како се дебатира на феминава и надвор од неа кое е се' само дебата не.:)


    ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА НЕМОЌ РАЃА АГРЕСИЈА

    Кај човекот честопати, поради интелектуална немоќ за справување со соговорникот, отсуство на знаење, немање ментален капацитет и концентрација, култура на комуницирање и однос кон дијалогот во меѓучовечките односи, се раѓа и се активира агресивноста.

    Секое несакано дејство на една личност насочено кон друга, не е важно дали се однесува на материјалниот, емотивниот или на менталниот интегритет и, без разлика, дали резултатите од таквото дејствување се штетни, корисни или неутрални по трети лица, кога се против слободната волја на личноста и се меша во неговото право на самоопределување и принципот на автосопственост, се сметаат за насилни или агресивни.

    [...]зборот агресија буквално значи напад. Еден голем мислител од источната мистика вели: одам чекор напред за да сум поблизу до непријателот и да го нападнам и победам, крајно симплифицирана симболика, која е најблиску до вистината и реалноста во животот.

    Во 1912 година, во трудовите на Сигмунд Фројд и Алфред Адлер агресивноста добива и психолошко значење како “непријателско или деструктивно однесување“.

    Во секојдневната употреба агресијата означува штетни дела уништување или оштетување на сé што не опкружува, неживо, или живо под дејство на деструктивни пулзии и импулси кои го гонат секое суштество. Кај човекот честопати, поради интелектуална немоќ за справување со соговорникот, отсуство на знаење, немање ментален капацитет и концентрација, култура на комуницирање и однос кон дијалогот во меѓучовечките односи, се раѓа и се активира агресивноста.

    Агресија,во најширокасмисла на зборот е начин на однесување, размислување, делување со силен непријателски набој кон соговорникот..

    Агресијата и самоувереноста се чувства кои доминираат, преплавуваат, ја поматуваат свеста и интуицијата. Не ретко се случува, луѓето кои се чувствителни да пројават тенденција на агресивност, во знак на заштита, се повлекуваат, за да ја избегнат можноста да бидат повредени. Со ваквиот однос се губи префинетоста на интуицијата, бидејќи за неа е потребна чувствителност, а чувствителноста честопати е многу болна. Со цел да се избегне болката, се станува агресивен и наметлив, а за возврат се губи драгоценоста на непроценливо вредната интуитивна способност. Интуицијата секогаш е блиску до вистината, а за да биде вистинито, не треба да биде агресивно и наметливо!

    Агресијата може да има различни форми и изрази, од скриено, внатрешно, пасивно агресивно до вербално и физичко, во знак на одмазда или провокација. Произлегува од отворени или потиснати непријателства, потиснување на непријатни емоции, неврози, континуирана фрустрација, насочена кон надвор или против самиот себе си. Агресијата е чин на иницирање на непријателствата или инвазија, практика или навика за напади, непријателски активности или деструктивно однесување.

    Многуте широки и длабоки истражувања на полето на агресијата и агресивните однесувања, одделуваат или разликуваат две широки категорииагресија. Едната вклучуваафективно(емоционални) непријателска илиодмаздничкаагресија, а другата инструментална,целно – ориентиранаилипредаторскаагресија.

    Предложени се голем број класификации за агресија, кои зависат од тоа дали агресијата е вербална или физичка, дали вклучува релациона агресија, како што е тајно силеџиство и социјална манипулација или не, дали наметнува штета кон другите или не, дали дејството е активно изразено или пасивно, дали агресијата е директно или индиректно насочена.

    Цврстите ставови или мислења кои водат до агресивно однесување, се случуваат оној момент кога ќе наидат на спротивставување.



    Класификацијата, исто така, опфаќа агресија поврзана со емоции, на пример, лутина, бес, љубомора и ментални состојби, како што се гневот, импулсивноста, непријателството и омразата. Агресијата може да се случи како одговор на социјалните и несоцијалните фактори, хронични или акутни стресни состојби, ефекти од насилство на медиумите, стриповите, идентификувањето со карактеристиките на агресивните личности или како начин на однесување (заплашување како стил), додека оперативната агресија може да биде иницирана од морални или политички ставови.

    Непријателството е когнитивна компонента на агресијата. Цврстите ставови или мислења кои водат до агресивно однесување, се случуваат оној момент кога ќе наидат на спротивставување. Непријателска агресија е кога се реагира агресивно и импулсивно, воочувајќи или наоѓајќи се пред закана и навреда. Спротивно на тоа, инструментална агресија е потребата од користење агресија за стекнување на повеќе долгорочни цели.

    Oсновната цел на агресивното однесување е стекнување контрола надпојавите. Лично предиспонирана особина за напад, во одбрана на сопствените ставови и концепти, наспроти другите луѓе. Агресивностасе смета за деструктивнаформа на комуникација и покрај тоа што понекогаш може да произведе ипозитивни резултати.

    Неколку основни причини за агресивно однесување:

    • Фрустрација – произлезена од блокирање во реализирање на намера или цел од страна на некого, индивидуален недостиг или фактор време.
    • Социјално учење –каде штоагресивното однесувањего пресликуваме или го осознаваме однабљудување надруги лица.
    • Психопатологија- поединецот напаѓа други лица, бидејќи има сопствени нерешени прашања, немање аргументативни вештини, односно интелектуална немоќ и недостаток на вербални способности за справување со одредени прашања или ситуации, за жал најчеста и тоа како политички инструмент, например тепачки на улица помеѓу припадници на различни етникуми, или партии, конфликти на јавни места, во училишта, во автобуси, бодежи со ножеви, убиства.
     
    На Prijatelot, Someonespecial и Kitten им се допаѓа ова.
  16. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Цел живот бев опкружена со овакви некои, што морам да ги слушам, трпам обрнувам внимание и слично. Тоа беше поради мојата наивност и добрина, ај да им обрнам внимание ај ова ај она.
    Веќе не е така, ич не поднесувам такви уште одма ги елиминирам, си го истенчив кругот на блиски пријатели кои ќе се решат да ми кукаат да се занесуваат да влегуваат во филмови и слично.
    Секако блиските пријатели сакам и да ги ислушам и да им дадам мислење, совет и слично а очекувам и тие мене да ме ислушаат. Нормално нема кукње на секое видување.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Жално но вистинито,се повеќе луѓето се раздразливи,намќори,сеирџии,обожаваат кога гледаат дека патиш,ти се ситат
    Општо се е отидено у к***ц,зошто јас да немам а тебе убаво да ти е во животот,па ќе те напунам со негативна енергија,ке ти го расипам денот....
    Среќа во мое опкружување немам такви луѓе, а и да ги има секако дека би се дистанцирала
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.326
    Пол:
    Женски
    Da opkruzena sum. Da bidam iskrena posledniov period najmnogu takvi sretnav na forumot. Cest na site dushi ubavi sho se krajno korektni, gi ima stvarno mnogu...ama ima nekoi clenovi, covece...otrov.
     
    На Prijatelot му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Цело време, секаде , секогаш - амин! :wasntme:
    Фрустрацијата е најнаметната ствар во 21 век. :fubar:
    Ептен се ретки луѓето што ги имаат исканализирано фрустрите...
    Човекот како експресијално битие кое поседува огромна моќ и потенцијал за креирање после неисполнетата цел креира негативни канали што се трансформираат во фрустрација , задржаната фрустрација и спојување на нови серии фрустрации предизвикуваат психички и физички болести.
    И светот иде во курац поради фрустрацијата на секој деген.... цело време, секаде, секогаш - амин! :mm:
     
    На EminemsGirl, Tanjamm и izmislena им се допаѓа ова.