Се повеќе слушам од луѓето се жалат на голема финансиска пресметаност однапред, во смисла со кој ќе се дружат, излегуваат на кафе, со кого ќе бидат во врска. Јас лично себе си не се сметам за некоја финансиски пресметана личност. Не ми е проблем да пијам кафе со некој кој нема пари, невработен, па да почестам, но има и такви кои и кафето на кантар го ставаат што не е во ред според мене. Едно, две, три кафиња, некој подарок, не ме прават побогата, и не треба да бидеме ситни души. Како размислувате вие и какви навики имате?Ви пречат ли финансиски пресметливи луѓе?
Никогаш не гледам на тоа, многу поважна ми е довербата и енергијата која ми ја пренесуваат. А да ми сметаат такви личности.
Не ми значат парите ко пари. Не ми е проблем да почастам некој или да позајмам некому пари. Се случило и јас некогаш да сум шворц па да ми позајмат.Со другарките често си позајмуваме пари или се частиме.Ако сум на дејт сметката по пола, не обожавам баш машко да ме части иако со последниов не се искача на крај.Само да не го искористат тоа и не им премине во навика (ми се има случено затоа така пишав). Битна ми е дружбата, муабетот.
Парите не ми се важни. Ценам искреност и лојалност. Не ми пречат луѓе кои се внимателни со парите,но ми пречат луѓе кои се фалат дека имаат пари и дека позајмуваат на други.
Ако имам повод ќе частам, ама да финансиски пресметлива сум на крајот ќе им кажам оти повеќето се ако знаат дека друг части ќе пијат вино од 800-1000ден, инаку лижат смедервка од 200ден цела вечер и тогаш многу јадат мозоци, јазици, вакво сирење такво сирење Со дечко секогаш сме делеле кој што си нарачал тоа си платилпа дури и он кога работел, а јас сум била студентка бидејќи не сакам да ми тријат сол на глава утре дека ме финансирале една шопска да ми ја качи на глава и цел град да ме разбере. Луѓето не ги делам по тоа кој има да живеам со него, а кој нема да не живеам, иако гледам многу примери околу мене го пракикуваат овој систем на соцализација бидејќи повеќе ќе им се најдат овие одколку другите. Нормално дека ако некој го поканам на кафе и ми рече дека поради финансиски причини неможе да дојде радо би го частела, ама стварно ако го сетам дека е така бидејќи има многу што кукаат, ама за со некој директор или меаџер за даизлезат магично наоѓаат пари сега дали се позајмуваат неми е битно ама на такви одма и ставам икс и нема шанси вода да им купам, а не па друго. Затоа сум оддалечена од луѓе бидејќи приметив одкога сум на повисока позиција во друга фирма некако магично ме засакаа и ми прават муабет луѓе што ме подценувале во основно и средно дека сум од село. Е сега не можам да ги поштувам тие луѓе и да ги жалам кога сега јас сум на 3 нивоа по успешна и по образована од нив, бидејќи си имам трауми од нив во тинејџерските годнини, не ми се навраќа воопшто на тие години наместо да ги сакам јас ги замразив. Ама како викаат карма ис а бич
Внимателна сум со пари, но не сум таков ситничар. Во мојот круг на другари и пријатели имам луѓе и кои немаат доволно и луѓе што имаат премногу, ама тоа не ми ствара посебна слика за некој, воопшто не ми е битно дали некој имал кратко или длабок џеб се додека е фер и океј како човек, а у последно баш прекинав таков однос бидејќи такви личности страшно ме нервираат.
Никогаш не сум бил "рачунџија" кажано народски, ама многу често сум имал искуство со олоши и џган кои гледаа финансиски да ме користат мене и моето семејство. Не дека сме имале премногу пари, напротив сиромашни сме биле, но никогаш нема да го заборавам безобразлукот на еден, што демек,"се трудеше" мој близок да вработи.
Никогаш не е погрешно да почастиш или позајмиш доколку некој нема. Ама постојано да даваш некому пари, без разлика дали си богат или не истотака не е убаво. Јас не заработувам ама штедам, и не сакам моите пари да ги потрошам затоа што некој никогаш не се потрудил да заштеди. Повеќе би ми било ќејф да позајмам на другарка којашто дента немала пари да си купи за јадење отколку на некоја секој ден пари за кафе или цигари. Во врска со партнери, воопшто не гледам кој колку има, иако знае да биде проблем. Не би сакала да бидам со некој што има многу повеќе од мене затоа што често доаѓа до ситуација да сакаат да ме частат затоа што немам во моментот пари да отидам на некое место, а не сакам мене некој да ме финансира.
Морам да признам дека помалку знам да бидам финансиски пресметлива. Према мене, не е фер да одиш на ручек или вечера и секојпат да плаќа само еден, а друг да не се фаќа за новчаник. Од таквите луѓе ми се пали фитиљот и се трудам максимално да ги избегнувам. Немам проблем да платам кафе на некој, ручек, да позајмам пари ако гледам дека на некој навистина му се потребни за нешто, ама да се луксузира со мои пари, и притоа да не ги врати е доста фрустрирачки.
Не сум финансиски пресметлива, ама не сакам гребатори не дека и нив нема да им се најдам, или да платам и слично... ама во себе ќе си искоментирам за таквите. Ако некој нема, нека нема, дружба со мене е добредојдена секогаш, ама ако е скромна личност, ќе дадам и колку треба и не треба, и ќе им се најдам и се... ама луѓе кои очекуваат дека ако плаќа друг ќе искористат, или без срам очекуваат да платиш, или да им купиш нешто... не почитувам такво однесување ич!!! И сум имала и сум немала, ама никогаш не сум сметала дека тој што има ми е крив, или е среќлија, па е должен да ми плаќа.
"Финансиски пресметлива личност" не е термин кој треба да се употреби овде, јер има скроз друго значење поврзано со трошењето на една личност. Не за тоа кој со кого се дружи и со кого е во врска. Во контекст на смислата на досега напишаните постови на темата, не ми е проблем да излезам со билокој доколку сакам да излезем со таа личност општо. И да платам едно кафе плус, па што, голема работа. Не е проблем и да позајмам некоја ситна сума на пари ако некој нема, а во моментот итно му се потребни да заврши некоја работа. Е ако некој се обидува да злоупотреби нешто, тогаш на друг начин се постапува.
Тоа е во крвта in a manner of speaking, не можеш да го промениш кај себе. Мене ми значи општествениот статус.
Частам ко ми се части, а и мене ме частат. Никогаш не сум дозволила да не поделам сметка т.е да спомнам да дадам и јас и да ме нервираат луѓе кои никогаш на тоа не им текнува, а знам дека имаат пари. Ај да немаат па да разберам. Дури често се карам со дечко ми ко сака он се да плати. Ама за да не се расправаме еднаш тој плаќа, друг пат јас. Да бидеме на рамно
Не мрдам од дома без калкулатор, бележник, пенкало, дигитрон мало со резерва батерии...обожавам да правам пресметки... Кај мене важи девизата брат за брат, сирење за пари!
Не се замарам со пресметки.Некој што не работи јас го частам и не бројам колку пати.Имам и другарка што од 18 год работи , а јас бев студентка па таа ме частеше кога ќе си дојдев од ск, иако имав секогаш пари и јас да частам.Кога сум со маж во друштво што не ми е другар не давам да ме части си плаќам сама од секогаш.А со другар ми цел пат се тепаме за пари кој да ги земе и другиот ден сме скарани За мене битна е личноста не финасискиот статус.Седам на кафе само со луѓе што ми оди муабетот и со кои се опуштам. А од кога сум во странство само јас частам и секогаш со алал.