А,јас сакав мајка да станам годинава.... Туку,нема некое квизче на фб па и таму да проверам.Оптимисти до крај.
Синоќа заспав читајќи ја темава. Сонував како сум била бремена....е сега, дали стварно има шанЦи да сум бремена? Или сепак не, зошто можно е сето тоа да било сон пошо тука мислам дека имаше и други мислења а сега ги немат. Ништо не разбирам што се случува со мене аххх божееее Луѓе хелп плис
Вечер пред да си легнеш, остави покрај перницата еден тест, и тестот според сонот ќе ти покаже сабајле дали си или не си. Ако случајно сонувам и јас нешто, ќе ти кажам.
Девојки, вчера ми беше ден на овулација, со дечко ми имавме секс без кондом и сврши во мене. Трудна сум?
Ако дедо му на дечкото се вика Спасе или ако баба му е родена во средина на септември тогаш можно е, инаку тешко.
Женски некни гледајќи тв на еден филм почна една секси сцена ама не ја догледав до крај. Не сум сигурна дали свршија, ама плодни денови ми беа, и сега да не останам јас трудна од ова? Да кажам и дека после го сонував тој актерот.
Вчера една другарка се разминала на улица со една бремена жена, и оваа бремената ја погледнала и и дала ишарет со очите. Е сега другарками е под стрес си мисли дали може и она да е бремена, оти погледот бил загадочен, си мисли да не и фрлила црна магија?? Хелп за другарка прашувам
Ако била жената во 3ти, 6ти или 9ти месец, трудна е и другарката оти само со тие броја функционира магијата. Инаку не би требало.
Знаев дека тоа оди по планот 3-6-9 Мора одма да дознаеме во кој месец е жената. Фала @Tan4ence многу ми значи...
Да ве прашам нешто итно ми е, се мислев се мислев и викам ај шо боде нека биде. Па вака девојки ама сакам одговор само од искусните, пред пола година со тој шо се мувам имавме однос ама со кондом и знаете шо кондомот остана внатре и го тражевме дека е дека е и на крај го најдоме дека бил и ај го изваив ама се плашам многу иако помина многу време да не сум останала трудна од кондомот, оти нешто почнав да осекам во стомакот, нем утре да родам мали кодомчиња, а шо викате ваше мислење можно е. Ај поздрав чекам одговор.
Можно е . И тоа со вкус на јагода . А штом осеќаш нешто во стомакот , бремена си . Ќе се породиш за 2 години ( толку им треба на кондомчињата да се развијат убаво ) . Ај кога ќе се породиш , да частиш мекици . Таман ќе ја завршам диетата дотогаш
Со дечко ми многу пазиме но по грешка имавме односи без кондом за време на плодните денови ова плодните саати де си навив јас аларм кога ми се плодни саати ама не сум го слушнала и сега можно ли е да сум бремена?
нема шанси без кондом и во плодни денови да останиш бремена, немај гајле и алармот др пат погласно направи го... како ме изнасмеа срцка хахахахахаа
Ее не е проблем за мекици само уште да научам да правам, ама до 2 години ќе научам, лелел а па ја до тогаш ќе заборавам дека сум бремена ќе се чудам кога ќе почнат да излават. Добро е што е с вкус на јагода, мош некое успат и шлаг ќе ми донесе така да се засладат поубаво. Ќе имам мака јас сега треба да се пазам шо како правам 2 години многу е, еее до тогаш ќе научам и како да ги исчувам.
здраво нова сум на форумов па затоа имам едно прашање...имав циклус од 15 март до 18 март што обично ми трае до 20 март...на 18 март дечко ми сврши во мене од вчера се осечам многу омалаксана ми се спие многу,имам некој мачнини во стомакот ми се поврача али неможам да исповратам а апетит за јадење имам премногу јак нарочито благо многу ме тера да јадам...е сега дали ке можете да ми кажете дали сум бремена или не сум..