1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали тој се промени после стапувањето во брак?

Дискусија во 'Брак' започната од Aquarius7, 10 август 2012.

  1. Aquarius7

    Aquarius7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Па девојки ме интересира колку долго се забавувавте со вашиот сопруг пред да стапите во брак.Дали неговиот однос кон вас е сменет на подобро или полошо.Дали направивте вистински избор или се каете зошто баш него го избравте.
     
    На daci95m му/ѝ се допаѓа ова.
  2. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Дали тој после бракот се промени?

    Бевме заедно околу 4 години пред да се земеме. Некои големи промени нема, само ни требаше еден период да се прилагодиме еден на друг на почетокот и тоа беше бурен период. Сега помалку се караме. Сега за сега не се каам, убаво ми е.
    Не можеш никогаш да бидеш сигурна дека е вистинскиот избор, затоа што луѓето се менуваат и не се знае како ќе биде понатаму. Сепак идеална врска/брак не постои. За се треба многу труд и љубов.
     
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Дали тој после бракот се промени?

    Кај нас воопшто нема разлика, дури можам да кажам дека многу повеќе ни одговара што сме заедно, на едно место.
    Функционираме одлично, расправии меѓу нас нема, ни додека бевме само во врска, ниту пак сега. Единствените ни биле од родителите ако не изнервираат.
    Нема работи кои би си ги замериле, да ни сметаат, секогаш гледаме да се прилагодиме кон навиките кои сме ги имале и претходно, а со тоа нормално да не си наштетиме еден на друг.
     
  4. Fidan4e

    Fidan4e Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Дали тој после бракот се промени?

    Nie bevme 10 godini vo vrska, a sme 3 meseci vo brak i mozam da kazam deka se se smeni od koren.Mene mi e potesko sega, moze mi treba vreme da se prilagodam na novonastanata situacija, no i toj premnogu ocekuva od mene vo vrska so domakinstvoto, a ne pomaga voopsto. Tuka normalno se i roditelite koi ne se zivi ako ne se zamesaat. taka da jas ke recam poubavo mi bese pred da se omazam :) . Moze ponatamu ke go smenam mislenjeto, koj znae..
     
  5. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Дали тој после бракот се промени?

    ние одевме 2,5 години а во брак сме 7 години и невидов некакви драстични промени само секако го запознав каков е целосно сите детални особини и можам со сигурност да кажам дека е вистинскиот избор не се каам за ништо за ниту една минута помината со него.
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Дали тој после бракот се промени?

    јас не бев многу долго со него, некои 3 месеци во врска, па се преселив кај него да живеам бидејќи бевме од 2 различни држави и уште сме де :lol: и уште од почеток ни беше убаво, јас прв пат живеев со некој од моите дечковци, до тогаш сеуште не бев се одлучила на таков чекор и ете, се согласувавме одлично, после 1 година решивме да се земеме што не беше никаква разлика освен потписот во матично и така веќе цели 3 години сме заедно и до сега не видов ама никаква промена од пред да се земеме, истиот си е, истата сум, се соглауваме одлично и стреќно заљубени сме, што е и најбитно :$ :inlove: :inlove:
     
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Дали тој после бракот се промени?


    Сега ти е пролазан период и затоа вака се осекашдо вцера си имала обврски само за тебе а сега имаш уште еден на листата за обврски со самото тоа што си мажена пдразбира и да се грижиш за домакинството на почеток ке ти биде напорно затоашто не си навикната но со стек на време ке се навикнеш на свој грб да носиш поголем дел од обврските а за тоа што вкас=ш дека не ти помага он вајлда така е научен од мајката дека мажот не работи по дома и за жал тешко дека ке го премислиш ама ајде животот е пред вас и допрва ке се навикнете на зеднички живот и потоа ке биде полесно и за тебе
     
  8. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Дали тој после бракот се промени?

    И кај мене беше така на почетокот на заедничкиот живот, ама верувај ми, работите би требало да се подобрат. Мојот на пипкаше ништо по дома, како демек тоа биле женски работи, после почна да ми помага. Многу е важно да не се помириш со ситуацијата и да си бараш помош. Изведи го тоа тактички, да не е како да му наредуваш. Би требало да делува. Исто и со навиките по дома. Полека ќе си се прилагодите и се ќе биде во ред. Само немој да му попушташ, се што ти смета кажи му и барај си помош!
     
    На Fidan4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Дали тој после бракот се промени?

    Заедно бевме 7 години,а во брак сме 8. Помеѓу нас во нашиот однос нема многу промени ,освен што нели сега сме родители па имаме и некои други обврски. Јас и пред да се земеме знаев дека не чисти,пере и пегла по дома ,па така да не ни очекував тоа да го прави и сега и освен што повремено готви друго од домашни обврски не прави.Јас пред да се земеме коли по мајстори и за регистрации не сум носела,па во тој поглед и јас не сум се сменила. :D
    Морам да го искоментирам проблемот кој гледам дека во многу бракови се појавува ,а тоа е како жената е несреќна бидејí мажот не помагал.Не разбирам зарем пред брак не го запознала дечкото и не му го научила начинот на живот и навиките,па сега одеднаш се наоѓа затекната од новонастанатата ситуација.Како може од некој кому секогаш се му било давано на тацна да се очекува дека одеднаш ќе се фати за усисивач или за садови??? Или пак додека бил дечко тоа било во ред и тогаш доколку ги правел овие работи бил папучар и мајкин син. Искрено мислам дека по ова прашање ние девојките/жените сме малку пристрасни и сакаме да си ја вртиме работава како нас ни одговара.
     
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Дали тој после бракот се промени?

    ^
    Има многу девојки на кои дома се' им било сервирано, ниту готвеле ниту чистеле, па тогаш кој би ги обавувал тие обврски во бракот ако и мажот е таков? Компромис мора да има ако едниот се чувствува како роб на куќата, само да не е цепидлачење во смисол јас ги измив филџаните сега ти оди усисавај оти преморена сум :whew:
    Инаку кај мм промени големи нема освен оние што ги носат новонастанатите обврски и случувања во бракот а на нив сме подложни и двајцата...Од него го добив тоа што мислев и очекував, без никакви изненадувања ниту на полошо, ама ниту на поарно :D Го сакам :inlove:
     
  11. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Дали тој после бракот се промени?

    Не се сложувам со АИТ. И на мојот дома му било се сервирано, како на најмало, најгалено, ама дома малку по малку почна да помага. Посебно му е мерак тие машките работи, за кои исто бил дома поштедуван. Кога ќе види колку јас работам и дека немам многу слободно време и тоа како помага, дури и усисува. Луѓето се менуваат, треба само тактички, со добро да го фатиш.

    Во прилог на муабетот :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • брр.jpg
      брр.jpg
      Големина на фајлот:
      55,7 KB
      Прегледи:
      512
    На Unfaithful18 и friendy им се допаѓа ова.
  12. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Дали тој после бракот се промени?

    Па нормално е да ги работи машките работи ,маж е .А околу тоа дека се менуваат тактички ,не би рекла баш. Ете твојот ти помага затоа што така сака ,а не затоа што ти си го превоспитала.Бракот не е превоспитување ,туку прилагодување. Низ текот на годините верувај ќе ти се случи ситуација да направиш и некоја машка работа и тоа само затоа што во моментот ти така ќе сакаш.Колку повеќе се трудите да ги превоспитувате мажите ,толку повеќе проблеми и кавги ќе си направите.
     
  13. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Дали тој после бракот се промени?

    Воопшто не мислев на превоспитување, тоа не можам ни јас него, ни он мене. Под тактика мислев на тоа како ќе му дадете до знаење која работа треба да ја заврши. Секој е различен, а вашите мажи вие најмногу си ги познавате. Кај мојот на пример не делува „Ајде стани и усисај!„ туку „Ајде кога ќе се одмориш/кога ќе заврши филмот помини со правосмукалкта„ или „Јас ќе бришам прозори, ти земи усисај„. На таква тактика мислев, да му кажеш нешто на кое знаеш дека позитивно ќе реагира. ;)
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Дали тој после бракот се промени?

    Насловов на темата не ми е логичен, мислам дека е подобро да стои „Дали тој се промени по стапувањето во брак?“ и така и ќе ја преименувам.
    Што се однесува до самата тема - си го знаев каков е, затоа што живеевме заедно пред брак, и не очекував промени. Стана поодговорен, постабилен како личност, помалку шета :P шегата настрана, не е поинаков човек, истиот си е каков што го знам од самиот почеток, а еве скоро две години сме во брак. Може малку време е тоа, ама мислам дека вистинското лице (ако некој глуми) се покажува при заедничкото живеење, без разлика дали се работи за брак или врска.
    Како што имам и претходно кажано во друга тема, кај нас нема машки и женски работи, секој работи кога може и колку може. Секогаш кога чистам дома ми помага - без исклучок! Никогаш не морам да му речам, самиот се фаќа за работа, додуша и си знае дека за викенд задолжително прво средуваме дома, а после може да правиме сè друго.
    Само за готвење не се нафаќа, ама кога е некаде на службен пат, е тогаш ме прашува за рецепти по скајп и си готви самиот (не може само сува храна да се јаде, нормално). За оние „машки“ работи како што велите - поправки, средување и други мајсторлаци си го бива и си сака да работи и без да му кажам. Не дека јас не можам, ама не ме бива, си признавам, го оставам тоа на оној што знае.
    Многу е важно како е воспитан од дома - ако го мазеле и пазеле, ако не го научиле да се грижи сам за себе, тогаш не може да се грижи ни за сопственото семејство. Таквите си бараат мајка, а не жена ;)
     
    На crazylady, srcekrsacka, Trendafilka и 4 други им се допаѓа ова.
  15. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    па ние бевме една година во врска , и еве 4 месеци сме во брак. Искрено од него како сопруг не сум воодушевена, очекував повеке, а и ми беше ветено повеке, но ете може во овој период така ми се погодило лош сплет на околности, тој има премногу работа, а јас сум премногу осетлива. Додека бевме во врска по убаво беше, повеке внимание ми обрнуваше, повеке време беме заедно, повеке шетавме, сега од време на време се осекам како птица во кафез. Како што спомнав претходно може период ми е, ама ако потрае повеке....
     
    На Fidan4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    34.366
    Пол:
    Женски
    Воглавно си е истиот :) И претходно помагаше во домашни работи и сега помага
    Па не е само моја обврска домот
    Не е дојден на гости :| И нема сигурно да го помолувам Ај ако сакаш да усисаш , ако имаш желба нели! :?:
    Тоа кај нас го нема :shake: :shake:
    Јадење преку неделата спремам јас пошто и така сум дома имам време и ке зготвам нема сигурно да го чекам да се врати од работи и да го терам да готви
    Променето кај него е тоа што со рагањето на нашата керка своето време целосно го посветува на семејтвото
    Помага во чување , бањање на детето . За јадење и успивање јас сум задолжена пошто јас ја дојам керката ама за понатаму и он е тука !
    работите се сменија што немаме време многу за шетање кога и каде ке ни текне како порано , Ама секој период од животот си носи промени и ке си се носиме со нив ! :)
     
    На zalosna, cinderella5, Moira и 2 други им се допаѓа ова.
  17. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Многу се радувам кога ќе слушнам дека мажи самоволно помагаат и во чистење, готвење и сл., ама ете мојот не е таков. Повеќето работи треба да ги заврши се со да не речам молби, ама барем ги завршува. Има и полоши примери, па затоа не се жалам многу. Од блиски пријатели знам примери, кога тој после работа, се пресоблекува, старите алишта како што ги соблекол ги остава на под, па ти оди собирај ги. Кога ќе заврши со јадење (јаде сам да речеме), остава се на маса, дома го научиле дека и неговата соба ја чисти мама, нема потреба ништо да пипка. Тука може ќе избегам малку од темата, ама мислам дека се за тоа криви родителите кои треба уште од мали да ги научат на обврските во домот.
     
    На Safira26 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Јас и дечко ми сме заедно скоро 4 години. Не сме во брак, но живеевме еден период заедно. Заклучив дека е доста работлив по дома. Знае да земе да усиса без некој да му рече, да простира или да собере алишта, да си ги среди, па дури и да брише прашина. Знае и сам да си готви и секогаш си ја раскрева масата кога јаде сам (кога сме заедно ја раскреваме двајцата :D ). Единствено што не сака е да мие садови. Искрено се надевам дека ако бидеме заедно во иднина и ако се омажам за него ќе остане ваков каков што е. Се надевам дека нема да се смени.
     
  19. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Секако дека се промени,понекогаш знам да се запрашам кој е човеков? :^)
     
  20. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Не се промени тој се променија животните услови а со тоа и нашиот однос мораше да претрпи измени. Зборувам за финансии, патувања и забава. Сето тоа беше неизбежно и ќе се случеше и да не бевме во брак. Значи бракот како брак сам по себе ништо не смени кај него.
    За помагање дома има друга тема ама ќе кажам дека се заедно работиме.