женска истото и јас сум го поминала сум го фатила ехее не една лага милион јас мислам дека секој има ваков период од животот а ако го притискаш му вршиш притисок полошо ќе биде мојот секој 2 ден се враќаше во 5 6 сабајле со кумот многу трошеше пари лупаше коли па еве сеа не памтам кога излегол некаде и дали му останува некој денар од платата за него јас ти викам дека ќе се смени може за 2 3 години а може и повеќе зависи од човекот ти само треба да имаш коњски живци што се рекло ова е стварно психички и физички тешко но ако ова го пребродиш тогаш да ти кажам дека можеш све и мене ми беше тешко и не верував дека ќе се промени но со помош на свекрва ми нејзините совети и разбирања полесно ми беше ако имаш ти некој кој ќе те советува и ќе те охрабри да знаеш по самоуверена ќе бидеш и похрабра пола товар веќе ќе ти биде симнат зошто и да дојдеш до развод немој да мислиш дека другиот што ќе биде ќе ти биде подобар па и на него нешто ќе му фали тоа ти е со еден збор МАЖИ све што прават брзо им се здосадува
Хе хе, ме насмеа со последниов коментар, да никој нее совршен не викам не, ајде ке пробам некои тактики ке сменам , нема да го замарам тиолку, ке гледам да си посветам нимание на мои работи што ме интересираат, знам дека уште е млад-уште памет му лета мисли се што лета се јаде , знам дека неможе цело врем да биде со мене,па ке видиме како ке течат работиве, еј на почетокот сеа коа ке ми текне па не пушташе да излагам сама, па благодарение на некои совети о од феминкиве си напраив ненаметливо слобода , па еве сеа не ми праи толку проблем, ме пушта,незнам ајде ке видиме што ке биде сеа со овие работи што се појавија
Во секој случај сите погоре убаво кажавте, во брак е различно. Мојот сопруг не се промени, тој е истиот како што го запознав, веќе имам кажано погоре, само приметувам дека мајка му почнува ептен да се меша (ама си велам ај ќе помине свадбава уште некој ден, па после ќе си прекине). Заедно живееме веќе еве 9 месеци и ова ми е прва забелешка и единствена, се надевам нема да прерасне во проблем.
Истиот е. Ништо по дома не ми помага.Му се заканувам дека ќе го пријавам на брачен судија ..Така си е научен, а и работи по цел ден и жал ми е да го малтретирам.Затоа имам жена, еднаш неделно доаѓа и чисти.А и секој ден да побарам жена,нема да ми направи проблем. Во се друго од кога сме во брак ни е многу поубаво..Караници нема, освен за глупости и ситници..Многу ретко шета, скоро ич...Би сакала така да остане до крај.
мојот се промени но на многу лошо ( затоа сега и се разведуваме)...значи во врска беше внимателен , ме поддржуваше, цело време бевме заедно....а подоцна стана неодговорен, почна да ме малтеретира, да ги слуша неговите, да излегува сам, да не му е грижа за мене итн итн...дола и широка... но знам и такви примери кога се променил но на многу подобро....знам една пријателка додека уште беа дечко и девојка со маж и тој ја бранеше да излегува, тој излегуваше сам а таа не смееше ни до продавница без да му каже, и го мереше дури времето до продавница и назад и што ли уште не...а таа трпеше, и сама не знам како....и еден ден и прекипе и рече доста е мислам дека и раскинаа одреден период таа почна да излегува и да не се замара....за да после некое време се земаа и сега попримерен маж од нејзиниот не знам.....не излегува, се залага за дома, ја поддржува во се..... значи се зависи од човекот со кого стапуваш во брак, некои не се менуваат , некои се менуваат на подобро, некои на полошо...во зависнот од човекот и од негвоите приоритети...дали сака да има среќна жена и семејство и успешен брак или да биде „маж“ она типично балкански тип
Баш Шерил како твојот е и мојот проблем ,му дадов више илјади и незнам колку шанси си излегува навечет сам, поретко излагаме заедно се вика со другари ваму, онаму и тоа ај да е еден саат он излага касно у 2 во 3 се прибира.Незнам ама више ни се гледа крајот неможам веке поарно на време него со дете да си ја кршам главата.
е јас со дете сега си ја кршам главата...а тој странство фати и таму си излегува.......и сака да се простиме, ама не можел да не излегува.........мало морген
Moре исти проблеми,само твојот фатил странство и што имаш дете, море таквите секаде се исти и тука и странство ,и мојов шерил у врска коа бевме па некако идеше цело време заедно, ретко без мене се со мене беше, довро сеа ако излагал откога ке ме испратил ама тоа е друго а сега се као друготе да му се битнимене на последно место повеке ска сам да си излага,излагаме заедно али поретко, незнам по твојов проблем да се решам порано ако не ја бива работава
не се промени ни он ниту пак јас, со оглед на тоа што со години живееме заедно и функионираме потписот и свадбата не ни сменија ништо.(можеби уште е рано да зборам но сепак ) сеуште е истиот, работи по дома, ме сака ме почитува , заедно решавме проблеми, приоритет сум јас и нашиот живот знаеме да се скараме и да се смириме стандард знаете како иде тоа. и многу му е мерак да ме вика жено и кога сме дома цело време вика по мене жено жено !!!!! ете во тоа се смени
I mojot se smeni,mislam normalno e toa do odreden stepen.I ne moze topkata da ja prefrlame samo kaj nego,eve i jas se smeniv.Sepak mi nedostasuvaat mn.raboti od vremeto koga bevme vo vrska.Togas mi obrakase poveke vnimanie,bese ponezen,poljubezen,bukvalno ne se dvoese od mene.Sega mn.malce od toa ima...
^ Исто,исто. Наш другар правеше пред нас свадба и нонстоп пред нас жена му ја викаше жено! Мене ова ме нервираше многу и му кажав да си знаеш жено не сакам да ме викаш Ама изгледа ќеф му е,па дома по мене само така си вика,а пред други не,си знае што му кажав. Друго нешто многу не се смени,освен што помалку,дури ич не се караме Мислам за разлика од порано кога не живеевме заедно,се расправавме за глупости,по телефон,па лутење со денови,молења и триста чуда ,а сега воопшто не и да се скараме не држи половина час,до час Мислам,ептен ни годи брачниот живот
Значи на ситеим е мерак да викаат ЖЕНО Мојот се смени премногу стана домаќин во секоја смила на зборот , предходно многу си шеткаше , се запиваше не знаеше да се прибери дома ама да да не го подречам супер е иако знае да зафати по некоја кривина ама ако е со мера се простува .
Можеби е рано да кажам дали се променил или не. Живееме заедно веќе 3-4 недели, а свадба догодина. Ако веќе сменил, се сменил на ПОДОБРО! како што напиша ели25, помалку се караме, помалку не држи лутина...подомаќин си стана човекот, иако моментално сме со неговите и сите домашни работи ги вршиме јас и мајка му, ама сепак...таа беше запрепастена кога тој вчера ме послуша и отиде во продавница?!? вика мене никогаш не отишол да ми купи нешто, ама жена си е жена ќе си ја слуша! Инаку, од кога почнавме да живееме заедно, малку ко да се изгуби човеков па си продолжи со ергенски живот, у смисла си се договара со други без да ме праша мене, дали мене ми треба нешто или треба да одиме некаде заедно...забораваше да размислува за двајца, ама ете по една - две воспитни лекции си се поправа човекот. ми вика - па ми треба време да се навикнам на новата ситуација по веридбата јас бев збунета и ко исплашен голуб две недели (промена на дом, луѓе, обврски...), а тој уште од првиот момент беше пресреќен, до небо!!! толку среќен и весел не сум го видела до сега! се надевам ова ќе трае и ќе трае, и секогаш вака да ни биде! Вистинската промена кај него ќе ја почувствувам кога ќе почнеме да живееме сами, здравје!
мене мојов ме вика Адолфина ..(на шала) сум била многу строга . Иначе не се промени многу,сега е посветен целосно на својата фамилија . Многу врски се завршуваат чим почнат да живеат заедно , со тоа што тогаш ќе се покаже кој е кој! Кај нас е спротивното , заедно функционираме одлично .. Одличен тим сме! Чат пат знае да ме извади од такт за ситници исто и јас него, знам да му се налутам ама не ми трае долго , како порано Сум се сменила и јас во тој поглед !
Се промени мегутоа на подобро-заедно функционираме како тим,прво му е фамилијата па се останато,се договараме си помагаме,надополнуваме.....нормално и се караме мегутоа тоа е за тогаш во тој момент,јас сум поизбувлива и повеке држам лутина,тој пак по 5 мин. му поминува и како ништо да не било
И мојот се промени најнормално баш домакин стана понекогаш ме лути ама некогаш ми е смешен. мене ме нарекува ако го налутам тогаш и да сум лута прскам од смеа му велам нели бе миличка ти бев тој одговара му велам ако ме нервираш уште поголем лошотилак ќе бидам сакаш ?-тој потоа ќе се бакнема ќе го прашам тој вели не
промен има не таква промена љубовта ни е усте посилна и од порано...а промена има онаква како маж и жена то да
jas bev vo vrska 9 godini a vo brak sum 4 meseci mozam da kazam deka celosno se promeni ne go prepoznavam i deka mi e mnogu tesko mnogu sum razocarana ednostavno ne mozam da poveruvam i da se pomiram so faktot sto napraviv kade zgresiv
Здраво Морам да го споделам ова со вас нова сум во темава. Маж ми се промени многу откако дознавме дека ќе имаме бебенце. Грижлив, штедлив, посериозен, повеќе време поминуваме дома заедно, се зближивме повеќе, тој некако позрело се однесува а јас се чувствувам навистина убаво. Во право биле постарите дека децата го менуваат мажот