1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали тој се промени после стапувањето во брак?

Дискусија во 'Брак' започната од Aquarius7, 10 август 2012.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.913
    Допаѓања:
    32.520
    Пол:
    Женски
    Се промени за одредени работи, кои не се многу важни.
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Сеуште сме тазе...ќе видиме понатаму
     
  3. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.858
    Сеуште сме тазе но сега за сега е супер и сакам така и да продолжи
     
  4. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    Да..Се осеќам како да сум со друг на моменти :lol:
    Стана најгрижливото суштество, осетив дека ме сака, стана малку по строг и љубоморен, и стана многу по сериозен.Срце мое :*
     
  5. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    83.592
    Пол:
    Женски
    Искусни на оваа тема советувајте ме :D Дечко ми сака да се вериме но јас сеуште НЕ, имам 22 и мислам дека има време за тоа , а тој сега ке полни 26 години, се плашам да не се промени, како ќе биде, дали ќе ми биде исто како што ни е до сега :( инаку во врска сме скоро 3 години и многу добро се познаваме меѓу себе
     
  6. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    бракот е лотарија....без разлика колку добро се познавате или не....... треба многу труд... и најбитно од се бракот да си биде меѓу вас, сите останати да ги држите на дистанца односно да не дозволувате да се мешаат во вашиот однос
     
    На TheIdealMe и Glasna им се допаѓа ова.
  7. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Најдобор е да седнеш и да разговараш со него.
    Размилси прво што отчекуваш од твојот иден сопруг,разговарај со него на тие теми.
    Како бракот ќе влијае на ваштата врска,што всушност тој подразбира под брак(да не биде ти седи дома, рагај,гледај деца и одржавај ја куќата а јас ќе заработувам пари и ќе се однесувам како да сум на гости)како ќе менаџирате со финансиисте (дали секој со своето колку заработил, дали заеднички ќе бидат, дали планирате да помагате дома кај родителите иако не живеете со нив...), што мисли за поделба на обврските по дома(дали ќе готви,чисти, мие садови или отчекува сето тоа ти да го правиш), деца-колку, кога?каде ќе живеете, што отчекува тој од тебе, колку вашите родителите ќе бидат дел од вашето секојдневие и како, како ќе донесувате одлуки, слободно време.....
    Верувај секоја ситница,колку безначајна да биде, разговарај и за тоа.
    За променување, најверојатно и двајцата ќе се промените.Промените се дел од животот, ама во која насока одат зависат од нас.А за годините не му ја мисли. Ако мислиш дека си доволно зрела и спремна тогаш не е важно дали имаш 22 или 26
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.499
    Пол:
    Женски
    Како може да биде бракот лотарија? Не можам да опишам колку не се согласувам со реченицава.
    Дали ти маж ти го бираше од еден куп, онака на слепо, па каков се погоди таков ќе биде?
    Па луѓе бре, отворете очи, мажите никогаш не се менуваат, тие такви си биле, ама некој бил слеп да го види тоа. Па после со живеењето заедно не може веќе да се игнорира тоа што навистина тој бил. И после демек се сменил. Мхм, да. Кога го познаваш добро човекот со кој планираш да влезеш во заедница тој не може туку така да се смени.
    Еве го и мојот, одлично се знаевме какви сме, никогаш не сум замижала пред некоја негова маана, па после да се изненадувам. Што значи, не се променил нормално. Не може еден лист хартија да го промени човекот.
     
    На bittersweet, Lovely93, mimiiiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Јас сеуште не сум стапила во брак, но по вашиве коментари заклучив дека дури и промената е индивидуална работа. Некои се менуваат, некои не. Јас мислам дека човек не може драстично да се промени, ние со дечко ми ни сега не скитаме еден без друг, зар би се променило тоа ако стапиме во брак?
    Се е до нас луѓето, не до бракот како институција. Дечко ми е пораснат на семеен и помалце може и старомоден начин со тоа што смета дека не е во ред мажот и жената посебно да излегуваат, или да не прават се со договор, па дури и кога се работи за купување намирници. Мене лично тоа ми се допаѓа бидејќи секогаш ми недостасувало, кај мене никогаш немало некоја си хармонија, што значи јас не личам на ниеден од моите родители, бидејќи не сакам неслога и кавги без причина, како и шетање еден без друг. По ова време додека сме заедно, сум заклучила дека сме сродни души, иако секогаш има мали разлики во карактер и ситни несогласувања, тоа не е ништо, исти под индиго нема ни двајца на планетава. Јас нема да се каам што ќе се омажам млада бидејќи јас тоа го сакам, за ноќен живот и слично ни сега не практикуваме често, синоќа бевме на музика ама сепак си се прибравме во културно време. Сакам секое утро да се будам покрај него, со сите обврски и добри и лоши работи што може бракот да ги донесе.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    83.592
    Пол:
    Женски

    Јас само само што дипломирав и немам искуство со работа, а сакам да се вработам да почнам од некаде, несакам да ме издржава ОН , или пак да сум цел живот домаќинка :D Сакам двајцата да придонесуваме за нашата иднина да се трудиме, а тој вели дека за почеток е добро само со неговара плата и дека јас не треба ништо да работам само сака да сум покрај него !
    И секогаш вели несакам деца на 30 :D сакам додека сум млад да си имам семејство заедно да уживаме :D
    Фала ти на твојот совет , Па ако биде нешто во броз време ќе ви кажам да знаете хаха :D
     
    На captivating му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147

    значи точно е тоа дека не го бираш пд куп.... но кој што сака нека каже - бракот навистина е лотарија.... значи не може да биде исто додека сте во врска и од кога ќе почнете да живеете.... значи пред тоа делите само убави работи- ќе излезете ќе прошетате, ќе си отидете дома секој на свој терен, и можеби нема ни да се најдете во ситуација кога треба да делите работни обврски и да правите компромиси за секојдневни работи кои подоцна во бракот знаат и те како да бидат проблем.....

    понатаму лугето со тек на време се менуваат, па од каде да знаеме со тек на стареење и созревање во каков човек ќе прерасне и дали таа личност и понатаму ке ми одговара или ќе му одговарам.....

    има и средовечни кризи кои секој маж различно ги минува итн итн една комшивка после 20 год брак и 2 деца се разведе, минале заедно и сито и решето, и добро и лошо, и сега “на стари“ години му текнало на човекот дека не проживеал многу како ерген сакал да биде слободен за нови авантури(љубовни).......
    од тој аспект е лотарија па којшто сака нека каже...знаеме што било, но не и што ќе биде
     
  12. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Ми се допаѓа како размилсуваш. Ај па пиши како ќе се одвиваат работите
     
  13. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.252
    Допаѓања:
    45.650
    Пол:
    Женски
    Од првиот ден кога го запознав до ден денеска се нема воопшто променето :D
    Се надевам дека засекогаш ќе си остане истиот тој во кој што се заљубив од првиот ден :inlove:
     
  14. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    822
    Дури е и подобар во брак отколку како дечко, повеќе ми помага околу домашните обврски, повеќе разговараме, созреавме и двајцата повеќе во брак поради одговорностите и обврските. Како и да е повеќе ми се допаѓа сега ;)
     
  15. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    83.592
    Пол:
    Женски
    Блазеси ти Дајбоже да ја доживеам истата среќа и јас :) Да остане прекрасен како што е сега :lol:
     
  16. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Мм си остана истиот како што беше на почеток и до ден денес е ист. И ми се допаѓа тоа што не се смени фала му на Бога, па се надевам дека и во иднина така ќе остане.
     
  17. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    се промени,барем си го покажа вистинското лице...мене не ми одговара таков каков што е,немаме заеднички интереси,а и тој што го имавме да создадеме фамилија пропаѓа во вода зошто мене не ми требаат деца за да го спасувам она што пропаѓа па после на стари години да поминувам низ големи тешкотии.
    сепак понекогаш потајно се надевам дека ќе биде истиот тој кој одвај чекав да ме викне за излегување да ме прошета,да ми муабети да ме насмее со некој слатки шеги....
     
  18. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Vichy, бидејќи пишуваш дека сопругот не ти одговара каков што е, мислам дека треба малку да си дадете време и да си ја вратите страста. Факт е дека во брак односите не се толку идилични како што си ги замислуваме кога сме во врска, натежнуваат многу проблеми, безброј фактори и слично и едноставно се одалечуваме. Но сепак треба да се трудите еден кон друг. Лесно е да се остави се и да се замине, тешко е да се опстане.
     
  19. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    Воопшто не се промени.
     
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Колку само погрешно е ова.
    Никогаш нема да го запознаеш човека вистински. Секогаш се прикажува само едната страна од карактерот на човекот и таа страна се држи долго дури си мислиш дека е идеален за тебе. Ти можеш да гледаш со кој се мажиш, но никогаш не можеш да видиш вистински. Така да, сите некого познаваме а со тек на времето,годините дознаваме дали вистински го знаеме.
    Сметам дека сите знаат во што се впуштаат или барем дел. И обратно да е, да се работеше за женско истото ќе го кажев.

    *Дискусија преместена од темата
    Свекрвите и снаите – проблеми
     
    На Eli23, Verce28, lilyen и 11 други им се допаѓа ова.