Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали тој се промени после стапувањето во брак?

Дискусија во 'Брак' започната од Aquarius7, 10 август 2012.

  1. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    45.935
    Пол:
    Женски
    Тотално се согласувам :nod:
    Можеш да го познаваш партнерот само како партнер ,а каков ќе биде како сопруг и како татко никој не може да знае. Проблемите во бракот не се ни блиску до проблемите во врска. Имаат поголема тежина и одговорност.
     
    На crazylady, Verce28, Emy867 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    @Kasiopaja221 Точно. И најидеален партнер да имаш ќе имаш проблеми. Проблемите како доаѓаат така и си одат, се зависи од тежината и опфатеноста на истиот.
     
    На Осе и crazylady им се допаѓа ова.
  3. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.989
    Допаѓања:
    14.096
    Пол:
    Женски
    Да де, не се исти ама реков погоре важно е да гледаш човек како решава ситуации и конфликти и не мислев на проблеми во врска, туку семејни, животни, економски. Не знам зошто ме убедувате дека не може да ти е добар бракот и дека не можеш да си го знаеш партнерот.
    Фала Богу па имам во околина парови кои откако се во брак викаат дека е 100пати поубаво и поубаво си функционираат
     
    Последна измена: 21 јули 2022
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.989
    Допаѓања:
    14.096
    Пол:
    Женски
    Не реков дека нема да имаш проблеми ама проблеми од типот, мајката на мажот ме тера да готвам ова она, да перам вака така а мажот да ќути и ред други работи што се пишуваат овде, да ми извините небулози не се проблеми од денес што се. И да не се преправа е, повеќето се проблем дека се родителски галеничиња неспособни, та жени, та мажи и многу јасно прилепени до родителите, а брачните парови нови финансиски несамостојни.
    Да си вреден, работлив, културен е карактер 10деца и 10мсжи да имам не би ме смениле.
     
  5. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    45.935
    Пол:
    Женски
    Не ми беше целта да те разубедувам, само се согласив со цитираното мислење. Впрочем и јас сум во таков брак ко ти што викаш: во брак ми е многу поубаво отколку во врска иако ништо не наговестуваше на тоа...
    Сепак добриот партнер не значи по автоматизам и добар сопруг и татко.
     
    На crazylady, Mikha4, Verce28 и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    2.833
    Пол:
    Женски
    Со тек на време секој се менува секој учи и треба да се надоградува и карактер и било што секако тоа треба да оди во позитива кај сопружниците
     
    На steela.honey и Anie93 им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Ти не можеш да го познаеш тој,ако тој реши да создава идеална слика од себе си за да те придобие тебе верувај дека нема да го разоткриеш пред брак.
    Можеби тој со тебе ќе го промени тоа што го кажуваш и ти нема да дознаеш никогаш.

    Затоа изреката “епа се пази со кого се мажи” не држи вода.
     
    На Stressed Out, Eli23, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Нормално никој не сака да си го пласира функционирањето на бракот надвор од домот,па си кажуваат дека немаат проблеми и се им е идеално. Тоа секој жив човек го прави, не мора сета околина да знае што им се случува зад затворени врати. Затоа ти имаш добиено таков впечаток.
     
    На crazylady, Emy867, Madrugada и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.989
    Допаѓања:
    14.096
    Пол:
    Женски
    Добро, ајде никој може да нема различно искуство од вашето. Во друга смисла ми го кажувале ама мислете како сакате. Брак за зрели луѓе е убавина.
     
    На Daniela93 и steela.honey им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Не знам што се лутиш, само си зборуваме.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.804
    Допаѓања:
    266.886
    Тука го цитирам мислењево оти не знам дали има посоодветна тема.

    Девојкиве ви кажуваат дека живеат со партнерите, и еве некој кој сака нека ми објасни што е разликата кога живееш со некого, дали си во брак или не си.

    Оти според моето искуство, со парнерот делевме повеќе од луѓе кои јас ги знам и се во официјален брак нели.

    Делевме имот, кредити, сметки, живеалиште.

    Бракот не менува дали партнерот ќе пушта машина или ќе чека на тебе. Пример. Дали ќе се занимава со домаќинството или нема.

    Мислам дека тоа е до карактер, не до пемпеле.

    Од друга страна да, каков е како татко не можеме да знаеме, се додека нели, не стане татко.
    Ниту пак јас еве не знам каква ќе бидам како мајка, оти не сум. Ќе знам кога, ако станам.
     
    На Stressed Out, Vanwik, crazylady и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Нема разлика освен ако не се мажиш за 6 месеци па стварно не го познаваш или никогаш дома не си му влегла за да видиш како се понаша со домашни обврски или гледаш се ама одлучуваш да игнорираш пошто си заљубена.
    Посмешен муабет нема од тоа дека ко дечко бил супер, ама ко сопруг се сменал, па различнл е и не можеш да знаеш.
    Не знам зошто се криват мажите на темава дека биле мамини синчиња, на крајот од денот никој на сила не не тера да се мажиме за такви, мислам кога веќе бараме кој ни е крив за проблемите, да бараме до крај.
    И свекрвата и синот си се такви карактери ко што се и нивно право е да се такви.
    Чекаме сите други да се сменат за нас да ни се подобри животот, а може снаите се тие што треба да се сменат.
     
    На Oneo, crazylady, Noemi и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    45.935
    Пол:
    Женски
    Немам искуство со заеднички живот во врска,затоа ми прави голема разлика во бракот. Затоа и постот ми е таков како што е.
    Во секој случај и така и вака никој не ти/ни гарантира дека нема да се смени нешто во меѓусебниот однос после х време.
     
    На eliesaab, Осе, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.804
    Допаѓања:
    266.886
    Па тоа ми е муабетот.
    Испаѓа дека се мажиш со посредници, поима немаш каков ти е партнерот.

    Јас лично не бев изненадена од ниедни негови особини, прилично бевме исти како и во врска, со плус обврски секако, ама тие обврски беа нови и за двајцата, не само за него.
     
    На crazylady, MilaSs12 и andrejko82 им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.804
    Допаѓања:
    266.886
    Знам дека само твојот го цитирав, но повеќе се однесуваше на генерално коментарите.

    Мислам, според мене, сосема легитимно е да размислуваш за кого се мажиш пред брак, ако веќе живееш со неговите, какви се тие, каков е неговиот однос со нив.

    Не може да се омажиш за некој што не знае каде стојат тањирите, и да викаш леле се' чека на мене.

    Па чека, оти така е воспитан, а тоа дефинитивно и во врска се гледа.
     
    На Осе, MilaSs12, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.661
    Допаѓања:
    18.296
    Пол:
    Женски
    Има разлика од врска до брак ама знаеш што можеш да очекуваш. Ако дечкото се чека од мама, и ако на време не кажеш дека нема да превземеш обврски во брак како мајка му, туку дека ке сакаш рамноправност, тогаш не е крив дечкото.
    Ако е параспур, нема во брак да се смени. Или ако сака да излегува а тебе ти пречи.
     
    На crazylady, CameliaMiller и Anie93 им се допаѓа ова.
  17. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    8.243
    Оние што тврдат дека се сменил мажот во брак никогаш не го познавале. Он не се сменил туку ме ги исполнил нивните очекувања. Пошо потписот има транформациски сили да направи независен човек од мамино синче, или финансиски способен од коцкар или верен од неверен, аха.

    Буквално од еден одмор се познава каков е човекот: мама го пакува, очекува од тебе да организираш се, наоѓа маани на избор на места, чорапите си ги остава кај сака, себичен е и сака само по негово, работи заработува солидно ама никако нема пари итн.

    Ако некој избрал да ги игнорира црвените знаменца во врската до точка да ги избрише од сопствената меморија, нема право да тврди амА нЕ бЕшЕ вАкОв ПрЕд ПоТпИсоТ.

    И аман од глупите муабети - ќе видиш кога ќе се потпишете дека ќе се смени. Ако живеам со некој, делам сметки, кредити, домаќинство ама немам потпис како тоа се ќе се смени преку ноќ? Ќе почне да си ги фрла прљавите ствари во ходник, ќе престане да дели сметки или ќе ја всели мајка му со која имал дистанциран однос до тогаш? Нема полошо од жални обиди на жени да ги одбранат своите неправилни избори, дали преку обвинување свекрви во брак, дали преку затварање очи во врска.
     
    На Stressed Out, CameliaMiller, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    2.833
    Пол:
    Женски
    Ако не го земаш за маж затоа што има еден куп маани и цепкаш каков ќе биде тоа не е љубов...треба пред се да го сакаш
     
  19. AAN

    AAN Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2022
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    Не се променил воопшто. Од сам почеток на врска живееме заедно плус сами во друга држава бевме кога ја започнавме врската. За два месеца ме запроси. Се вративме во мк. После година скоро стапивме во брак. Сега сум трудна, неможам да се пожалам од него работи, се труди, ми помага низ дома. Двајцата сме потпора еден на друг, немаме помош за ништо од никого. Ке видиме за понатака но сега за сега не се променил и не се чуствува како да сме во брак туку како да сме уште тинејџери на почеток на врска, така заљубени, затрескани мегу себе.
     
    На crazylady и Malesia им се допаѓа ова.
  20. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    8.243
    А епа важи, не е битно дали е алкохоличар, коцкар, параспура, неамбициозен, мамино синче, нестабилен, битно да си го сакаш :inlove:
     
    На Oneo, Vanwik, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.