1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали тој се промени после стапувањето во брак?

Дискусија во 'Брак' започната од Aquarius7, 10 август 2012.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.205
    Допаѓања:
    277.760
    Тогаш почни од таму што ќе го седнеш на маса и ќе му образложиш што те мачи, ти верувам дека во се' се вложуваш максимално, ама ако не знаеш што проблем има тој, џабе се вложуваш. Пробај со смирено разговарај, нека каже артикулирано што му смета, што би сакал да се промени, исто и ти, видете дали ќе се најдете на средина.
     
  2. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.172
    Во глобала се нема сменето, ептен е мирен , дури и претерано, во 90 % си одговараме со работите што ги сакаме.

    Е сега јас повеќе го напнувам него со Јутуб и мислам дека му влијаам од моја страна , до тој степен што сабајлево ко му пуштив да гледаме јога ми вели : па пробај снимај се и ти, ќе правеме пари на Јутуб како додатни приходи.

    Душа моја најсакана , ептен ми е погоден, нема шанси да најдам друг маж ко мојов , еден и единствен :l:
     
    На IronMom, elenaklasik, Amore123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    1.152
    Пол:
    Женски
    Па не, во целина исто се работите како и претходно со исклучок на некои ситници што е и нормала :l:
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  4. troublemaker94

    troublemaker94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2018
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    1.584
    Пол:
    Женски
    Мислам дека секој еден пар, пред да стапи во брак, треба да има еден "тест" период, каде што би живееле заедно, одреден период. Многу е лесно секој да си ги остави проблемите дома, и да излезе со партнерот на неколку часа. Но така не можеш да запознаеш никого 100%.
    Го запознаваш вистински кога ќе почнете да живеете заедно, па делите трошоци домашни обврски итн.

    Колку другарки,со долги години другарство, откако станале цимерки, се скарале, тогаш секој си го покажува вистинското лице.

    На прашањето дали тој се промени после стапување во брак, би рекла не, но се промени после доаѓањето на децата.
     
    На Трагедијаупмм, Mother of 2boys, JasBee11 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Puellapulchra

    Puellapulchra Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    3.086
    Допаѓања:
    10.419
    Пол:
    Женски
    Додека живеев заедно со дечко ми, сега маж, беше класичен балкански сељак кој фрлаше зацементирани чорапи на под. (Ми кажа дека се од неквалитетен материјал, затоа се правеле такви.)

    Постојано ми повторуваше како жените треба да се послушни, кротки, да не зборат многу, па ако многу си земат за право дека треба да добијат и неколку воспитни. Феминстка сум, како и што знаете, ама ете, пуста љубов, што не ќе направи човек за неа.

    Финансиите беа на едно место, кај него. Му ја давав цела плата секој месец. Еднаш толку го понесе возбудата, што место у маркет за месечно пазарење на патлиџани и егзотични сирења, ја утна вратата и влезе у казино и ги изеба парите, но како и да е, на секого му се случуваат грешки, па решив да му простам.

    Но дали ќе верувате ако ви кажам дека после брак се смени на подобро?:inlove:

    Секоја недела ми купува букет рози онолку години колку што сме заедно.

    По дома ништо не чепкам, сè он средува. Готви, пере, чисти и најбитно од сè, ми ги масира стапалата секоја вечер.:inlove:

    Нејќе јас да затруднам, ми кажа дека ќе почека да измислат нова технологија, каде што маж ќе може да раѓа, јас да не се мачам.:D

    Пред брак беше мизогин, сега секоја вечер читаме книги за феминизам и он дури има и своја тетратка каде што ги запишува побитните работи.

    Сè ова се должи на потписот кој го стави во матично, кажа дека осетил некоја магија у истиот и од тогаш се смени на подобро.

    А овие шо пишуваат у темава дека мажите не се мењаат, ич не ги читајте, љубоморни души.8)
     
    На CameliaMiller, Noira, Трагедијаупмм и 6 други им се допаѓа ова.
  6. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.596
    Допаѓања:
    8.370
    Пол:
    Женски
    Ја па се чудам од кога ти во брак :?:
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.443
    Допаѓања:
    18.662
    Пол:
    Женски
    Е така е коа навреме све ќе си средиш, а не ко мене ;(

    Пишувате почесто вие мажените госпоѓи, да знаеме што да очекуваме 8-|
     
  8. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.596
    Допаѓања:
    8.370
    Пол:
    Женски
    Што да очекуваш? Кратко и јасно: МРАК ;)
    Другите нека споделат.
     
    На troublemaker94 и JasBee11 им се допаѓа ова.
  9. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.569
    Допаѓања:
    18.825
    Пол:
    Машки
    БРАК
    Ова ли е тоа шо го велат една нула една кула? :?:
     
    На JasBee11 и KiT им се допаѓа ова.
  10. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Човек може да се смени ако тој сака, ама ти да го смениш тешко..
    Ако на некој му е целта да има жена само за да му завршува работите по дома, тешко да го смени твојата љубов, тој нема љубов кон тебе, те гледа само како жена.. Да во врска ќе се труди, ти ќе се осетиш сакано, ама тоа е за да му бидеш жена...
    Многу лицето си го покажуваат и во врска ама сите мислат дека ќе го сменат.
    И мислам дека пред брак треба да се живее заедно и разводот е опција ама помала е процедурата да си заминеш без брак. И каков е пред брак таков ќе остане и после, ти си иста, тој е ист, сте живееле заедно што ќе смени тоа парче хартија? Може да го промени на лошо затоа што ќе мисли дека те има со тоа, а на подобро тешко.. Затоа на време заминете си од токсични личности има некој кој би ве третирал многу подобро.
     
    На Трагедијаупмм и JasBee11 им се допаѓа ова.
  11. Maelina

    Maelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2025
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Женски
    Кој ме тераше да ја отворам темава, и онака сум преплашена од тоа што ми следи во иднина. :| Јас немам запознаено човек што вика дека му е убаво во брак. Дајте надеж малце. :wasntme:
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    780
    Пол:
    Женски
    Клучен е најпрво изборот, а потоа и взаемното учество и вложување во бракот. Вакви модерни поединци ретко се создаваат кај нас, но сепак ги има. Познавам успешни бракови исполнети со многу љубов. Постави си јасни критериуми и сè ќе си дојде на своето место.
     
    На mom to be и Maelina им се допаѓа ова.
  13. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.185
    Допаѓања:
    2.040
    Пол:
    Женски
    Мене ми е поубаво во брак отколку што ни беше во врска.Во врската имавме турбуленции,прекини итн.Од кога почнавме да живееме заедно односот беше далеку постабилен.Почнавме заедно се да планираме.Еве да ти кажам во брак не знам дали во 3 години сме се скарале онака жестоко како во врска.Онака ситни недоразбирања има кои по 10 минути се решаваат.И да сме биле лути кога ќе си легнеме пак ќе се гушниме.Двајцата се трудиме еден за друг.Совршенство нема,ама знае да биде многу убаво кога имаш некој кој е тука за тебе.Најважна е почитта еден кон друг
     
    На FlirtBerry, zemzela91, SummerGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  14. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    4.472
    Пол:
    Женски
    Да, дефинитивно ама во позитивна смисла.
    Почна да помага во домашни одбврски, поретко седи со пријателите, повеќе си седи со жена му, почнавме да си планираме се заедно, во еден збор станавме како едно. Пред брак не беше така, нормално, ама после брак се смени во позитивно, што многу ме исполнува.
    Знаеме да се расправаме, нормално, во секој брак има расправии, ама не траат многу, се лутиме пола саат и толку.
    Човек ако сака да се смени за жената што ја сака ќе се смени, ако не се смени значи дека нема доволно љубов.
     
    На SummerGirl, Mother of 2boys и KiT им се допаѓа ова.