1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали треба да има рудници во Македонија?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од kikikikirika, 26 декември 2017.

?

Дали треба да има рудници во Македонија?

  1. Да

    25 глас(а)
    61,0%
  2. Не

    16 глас(а)
    39,0%
  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.244
    Допаѓања:
    258.881
    Ова општо е добро за другите рудници.
    А за Казандол мора да најдат начин ама да избегнат пенали и затвор.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Во врска со најавените измени во законот за рударство...
    Како прво, симптоматично е што новиот закон ќе го гласаат по кратка постапка, ни дебата, ни расправа, ни мислења и дискусии со лица кои се компетентни за оваа област, ништо. Не се знае сеуште кој го предложил (неколку ? пратеници од СДСМ).

    Понатаму, Македонската асоцијација за рударство, Синдикатот па дури и министерството за економија велат дека ваков како што е предложен, законот е лош и не е применив во пракса. Со други зборови, со него е извесно затворање на веќе постоечките рудници и ставање мораториум на идни. А тоа најмалку ќе значи: 12 000 рудари и нивните семејства ќе останат без егзистенција, а економијата која и онака е никаква, ќе претрпи уште еден огромен удар, бидејќи рударството е еден од носечките столбови на секоја економија. Исто како градежништвото, кое пропаѓа исто така. Па после ќе се држи на лустер. И секако стануваме суровински зависни од други, само ќе увезуваме а ништо нема да извезуваме.

    Погледнав низ интернет, најдов податоци за 2011 година, и до тогаш само три земји од Европска унија ја забраниле употребата на цијанид во рударската преработка (Германија, Чешка и Унгарија). Во сите останати земји од ЕУ тоа не било случај. Не знам дали денес работите стојат поинаку.
    Меѓутоа сигурно е дека овие три земји не го донеле законот преку ноќ како желба и еколошка идеја на 2-3 пратеници, без претходно да седнат и здраво да направат анализа со експерти и концесионери, кога, како, на кој начин и во кој временски оквир ќе бидат заменети овие отровни супстанци со нови, алтернативни, еколошки методи по сите светски стандарди и сл. Апсолутно не дозволиле турање клуч на рудници и пуштање народ по улици, па нека се снаоѓаат.

    А најфрапантниот податок што го изложија од Асоцијацијава, е дека употребата на цијанид е неколкукратно поголема во земјоделството отколку во рударството, (овде во Македонија) :( Па јас првпат слушам дека воопшто се користи цијанид во земјоделие бе луѓе! За ова ќе има некој мораториум, алтернатива, или отпорни сме ние на отров, бутур не ни е!
    Законов е апсолутно лош за сите, избрзан и веројатно има своја позадина. каква - ќе видиме!
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.244
    Допаѓања:
    258.881
    Што е лошо, што забранува употреба на цијанид?
     
  4. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Не, лошо е што не дава алтернатива како да се продолжи со работа и да не се затворат рудниците!
     
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.244
    Допаѓања:
    258.881
    Има алтернативи, ама на профитерите не им влегува во есап, па со лужење има чист производ, а мали трошоци. Сакаат голема заработка и профит. Народот небитен.
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.