Даа, дефинитивно треба да се врати.Ги гледам во генерацијата начукале по 18 години, ги мрзи да се наведнат, ги мрзи да се помрднат, ги мрзи да живеат!За ништо не ги бива, ама баш за ништо.Единствена окупација му е да се испијанат за викенд и обложувалници.За депилирањето и чупањето да не ни зборам, излишни се зборови за тоа.
12478417564 пати како го читам ова дека денес мажите почнале да се чупаат, депилираат, феминизираат, „попедерчуваат“ дури (како што велат некои на нај cringeworthy начин) - and still counting... Рецки ќе почнам да ставам. И пак не сфаќам ни каде тоооолку често ја приметувате оваа појава, ни зошто би требало да ве засега и да ви смета, а најмалку па како е тоа поврзано со темава. Како бе барем не ви се здосади да го вртите истиов муабет?
Сите вие штo викaте декa денес мaшките се депилирaле и средувaле и декa се бетер oд вaс жените, е вaкoв мaж дa си земете.
Луѓе депилацијата нема никаква врска, ако е прекумерно влакнест зошто да не се издепилира, или ако има веѓи како на Маријан Стојановски. Ама некој кој нема потреба од чупање, а веѓите ги направил тенки искрено изгледа пред се смешно. А за карактерот да не ни зборам, по 2000 селфиња на ден, се сликаат по тоа теретаните, а во реален живот една сијалица не знаат да сменат. Разгалени од дома, мил на мама во животот не знаат да се снајдат. Во ресторан една резервација не знаат да направат. Кавалерско однесување нула, себични се до коска. Со тоа тесните фармерки и фризури како лижнат сладолед абе катастрофа. Искрено јас сум за воведување на воен рок барем од 6-9 месеци.
Многу ми се смешни аргументите за депилирани, исчупани мажи, со фризури и скинати фармерки у дискусијата за задолжителен воен рок. Дали мислите дека војската е уствари моден курс насловен „Како да станете мажиште?“, место каде мажите се учат дека не треба да се депилираат и да следат модни трендови? Пресмешни сте. Гледам дека многу луѓе ја мешаат војската со домашно воспитување. Војската не може и не треба да го замени домашното воспитување – нејзината цел и намена е сосема поинаква. Дали озбилно мислите дека 3, 6 па и 12 месеци каков и да е режим може да сменат 18 и повеќе години лошо воспитување? Newsflash – не, не можат. А не ни треба. Да се бара задолжителен воен рок затоа што денешниве машки биле мрзливи е исто како да се бара задолжително сексуално образование, затоа што денешниве деца имаат секс на 15 години и немаат поим од основни ствари за сексот – и двете ствари се резултат на лошо (или никакво) домашно воспитување. Родителите треба да водат сметка за сопствените деца, а не да очекуваат дека некој друг ќе го направи тоа – било да е војската или школото. Родителите се криви – истите тие родители, од кој барем еден бил „Перо наш, голем маж“ и служел војска, воспитале мрзливи и неспособни деца. А за тоа и колку војската ги направила поголеми мажишта и помалку мрзливи оние од времето на задолжителниот воен рок, ако сте реални, можете и самите да оцените.
Србите паметни, нема да ја го враќаат задолжителниот воен рок - нормално, не се будали... Ем е прескапо ем е противуставно ем бескорисно: http://www.plusinfo.mk/vest/107509/gjorgjevikj-nema-da-go-vratime-zadolzitelnot-voen-rok
Ау, дотичнава и на камај стигнала... Не сум видела никаде вест дека се размислува за ова со воениот рок, па се надевам дека само онака рандом порачка и желба ѝ е тоа, а така и треба да остане. Требало да враќаат воен рок... да, баш треба ако сакаат да нè вратат уште поназад од претходниве... Па тоа кога почнале по твитеров да ѝ се надоврзуваат и еден куп други со стандард муабетите - кутри женски изиритирани од „страотната“ ситуација кај денешната (посебно машка) младина оти немало веќе алфа мажјаци ко за нивен вкус ради недостатокот на воен рок и машки меѓу кои дури и ваков хехенце муабет прочитав - „нема више со кого да се степаш“... Мизерии и cringe на квадрат. Не знам стварно до кога ќе се идеализира фамава со придобивкиве од некогашниот задолжителен воен рок и кога ќе се сфати дека војник е професија по избор како и сите други, а дека општеството треба да се стреми кон тоа воените вештини да бидат што помалку потребни за употреба.
Легендата вели дека некогаш поминале шест месеци во РМ без некој да пушти пробна патка околу враќање на редовниот воен рок. АРМ немаат чизми и ќебиња, сухоите и пола од миловите изгнија буквално на петровец, оклопњаците исто, касарните ги продадоа ама сега ќе враќале воен рок бе
Воениот рок нема врска со модни трендови и депилирање се зависи од личноста . Колку колеги на мм се чупаат и следат мода , па ете си работат најнормално . Мм се депилира на важни места ( не дека немаше еден испад кога се издепилира скроз после мака мачеше со новите влакненца ) ама за чупање веѓи бега ко ѓавол од крст ама среќа има не му се ко на Маријан Стојановски па не го бркам со пинцетата по дома
Јас имам еден помал роднина, 16 години е, слушнав дека сериозно планирал да биде воено лице и не можам да исфејспалмувам доволно, во век полн со можности, дете да се задои со фикс идеи. Да ги земеш неговите на клоци... Среќа моја што не комуницирам со тоа семејство (тој дел од фамилијата)...
Не знам што е толку чудно. Јас повеќето што ги знам моја возраст, па и постари живеат со оваа желба. Сега е во тренд да си полицаец, војник, нешто такво. Да се знае кој е маж.
Родителите не се тие што треба да кажуваат што ќе биде детето. Должност е на секој маж да си ја брани земјата. Имај среќа што има вакви кои доброволно сакаат да бидат војници и полицајци инаку ќе неможеш слободно по улица да шеташ. Да кажеше дека е геј на 16 години ако тоа убаво е ама ете војник сакал да биде па требало да ги фатиме на клоци неговите..
Да но воениот рок нема врска со платената војска. Да служиш воен рок и да бидеш во платена војска е нешто сосема различно. Кога тој би служел воен рок не верувам дека би имал време за депилација или следење на модни трендови.
Фората е што не треба до толку слободно да шетаме. Поради таа слобода секој ден се случуваат сообраќајни незгоди, и погоди што? Ретко кај нас некој одговара за тоа, бидејќи скоро секој човек во земјава има некој "братучед" во полиција, поради кој нема да добие никаква казна. Така да муабетов за сигурност и безбедност, паѓа целосно во вода.
Видете, дисциплината и снаоѓањето со домашни работи, а најмногу воспитувањето и почитта – се работи што се учат дома, во топла атмосфера на љубов, од родителите и уште од најмали нозе. А не за неколку месеци во рестриктивни услови, станување во ниедно време, неквалитетна храна и некој да се изживува на тебе со ,,строгост“. Грижата за свој стил и немањето предиспозиции физички да се бориш, не значат по дифолт неспособност за самостојност и невоспитаност. Напротив, можам да речам дека повеќето од тие на кои им се смеете што се депилираат – се и повоспитани и културни од тинејџери кои се палат на воен рок, а и подобри сопружници би биле во делба на домашните работи за разлика од алфа мажјаците кои и да знаат да зготват нешто, по балкански за нив сето тоа е работа на жената. За што ќе му служи задолжителен воен рок на 80% од машкото население што потоа ќе си се оствари во други професии? За џабе фрлени фрустрирачки месеци, во кои можеле да напредуваат во нешто што ги интересира и ќе им користи во животот. И да, должноста да ја бранат татковината е на оние што имаат предиспозиции и желба за тоа и ќе завршат воена академија, никој друг. И така треба да остане во нормална држава во 21 век. Читнете малку литература, драми со воена тематика, ама од аспект на обични луѓе и семејства, па да видите каква ,,света должност/чест/слава“ било на времето тоа регрутирање на сѐ што е машко од 12-13 години па натаму да ја брани татковината, и за нив и за нивните семејства. Можда ќе излезете барем малку од тие тешки идеализирани патриотски филмови. Јас лично, и кога би се родила како машко, или пак во која било држава – не би ми требало и не би сакала да поминам ни ден воен рок, и никогаш не би застанала да се борам за никого. Војните се најголемото бесмислено зло, за сите страни што учествуваат во нив.
Кога служеше воен рок , веќе бевме во брак , така да знам колку опуштено или стегнато го помина . Муабетот ми беше , дури и да е вработен во АРМ , тоа нема никаква врска со мода и трендови . Ако си сака човекот да е модерен и современ , војската нема никаков удел во тоа .