Се согласувам со тоа но сакав да кажам дека воен рок или регрутација воопшто не е исто со платената војска и дека тогаш би немал време за такви работи.
Па , кога мм служеше воен рок , доста опуштено им беше стегнато само до заклетва , не знам сега како е искрено он сега нема време за такви работи , кога беше регрут имаше повеќе време
Треба да се врати задолжителниот воениот рок, но мислам дека воениот рок треба да трае 9 месеци или 1 година. Тримесечен воен рок е многу малку. Воениот рок мора да биде задолжителен, не дај Боже да фати војна мажите нема да знаат пушка да држат во рака.
Не дека имам предрасуди. Да речеме дека уште живееме во свет каде некој мора и тоа да го работи... „Мора“. Ама јасно ми е отприлика кој профил на деца се - националистички религиозен подмладок. Погрешно воспитувани. Барем да беше друго општество, на овие простори, каде се случува сешто, гледаме како ги третираат војници, полицајци после конфликтни или воени состојби. Луѓево не сфаќаат дека тие времиња, кога војската уште се прашувала и можела да води држава, завршија пред 50-60 години. И кога би била машко, професии како војник, полицаец, можеби не би ми биле на дното на листата, ама сигурно не би дошле на ред да размислувам да се занимавам со нив.
Барем кај твоја фамилија е ретка појава тоа, кај мене нажалост е масовна и од двете страни на фамилијата, поблиска и поширока врие од војска (интересно нема цајкани барем) а тоа оди уназад 100+ години. Братучед е во моментов во Ирак како наемник Убаво би било да можеш да повлијаеш да ги смени таквите морбидни мисли за одење војска но тоа е чудна ситуација, не знам како да ја објаснам, како хипноза нешто имаат таквите жртви, јас не сум успеал да наговорам некого да не оди до сега Притисоците беа огромни за да одам војска, да се остварам како праф маш, се споменуваше воена академија, подоцна биднување наемник но за среќа успеав да истраам во рационалноста и да не подлегнам на породичниот притисок. Дури и еден фамилијарен пријател, психолог, еднаш го викнаа да ме убеди дека треба да одам војска, да направам иницијација, да ми порасне соодветен полов огран заедно со соодветни жлезди под него, дека со тоа ќе стекнам право еден ден да имам сопруга и деца, да не сум случајно "обратен"... Среќа во 2006 го укинаа тоа чудо. Не им било порано лесно и на мажите, точно дека жените биле повеќе опресирани, но не било добро и да се биде маш, пошто се очекувало да умре ако така му заповедаат. Или барем да остане инвалид. Инаку не знам за поголемо дно од тоа да се биде т.н. редовен регрут, за жал или за среќа детално ми е познат сиот тој свет на војски, војни и оружје, не дека и сам не се интересирам за тоа како човечки феномен кој е неспоредлив со друг во својот интензитет, ужас, зло и расипништво, ебате гените што ми ги оставиле Не постои ниту еден рационален аргумент за враќање на воен рок, а ако некој смета дека постои, јас би бил изненаден да прочитам што би било тоа, има да бидам шокиран скроз Апропо (зборчево ) муабетот за идеологиите на другата тема, една од причините за распад на екс-Југа била гломазната, застарена, залоена, глупава, прескапа, морбидна појава наречена ЈНА. Да имале мала, профи, високо мобилна и добро обучена армија лесно ќе излезеле на крај со сецесионистите. Насекаде се укинуваат воени рокови, дури и една комунистичка Кина нема такво нешто, останаа уште Русија, Северна Кореја, Белорусија, Иран и слични напредни општества... Пффф само една година? Праф маш не се станува со една година, порано оделе по три годиње војска, со ваква младина никоаш Солун нема да си го вратиме
Тoчнo не се стaнувa мaж oд еднa гoдинa, денешните мaжи се мнoгу нежни зaтoa рекoв 1 гoдинa (3 гoдини би им биле мнoгу) aмa вo твoјoт случaј би препoрaчaлa 10 гoдини дa oдиш вo вoјскa. Се прaшувaм дaли и тoa би ти билo дoвoлнo
Иако јас лично планирам да идам 3 месеци доброволно, сепак мислам дека не е океј да се принудува некој кој што не сака да слушне за пушка и униформа да трпи неколку месеци такви работи. Кој сака, фала богу отворена е вратата за професијата, кој не нека наоѓа успех во друго поле а не да троши време на непотребни работи. И не, нема потреба од 1,2 или 3 години служење, тоа што треба може да се смести и во 3 месеци само да има кој да организира, а не да се распаѓа војската, како што е случајот со нашата. И уште нешто од мене, од кога пушката и униформата го одредуваат степенот на машкоста? Ај ве молам без тривијалности, а хејтот кој што нема кај да го истресете надвор од форумов носете го на друго место ве молам Поздрав
Под итно да се врати задолжителна и тоа што е можно построга. На никому нема да му наштети малку ред и дисциплина. Кога ќе слушнам како порано некои се имаат криено само за да не го одслужат рокот ме фаќа срам во нивно име.
Ни 1 ни 3 години воен рок нема да оспособи човек да е спремен за војна еден ден, ако дојде до тоа. Редовната војска не произведува квалитетен кадар кој еден ден ќе војува за татковината. За жртвени јагниња со пушка во рака, тоа да. Обуката што би ја минувале е на рамниште на излет во ливада со трње.
Зa мaжите -вoјскa, зa жените зaдoлжителни курсеви зa везење, плетење, гoтвење и чaсoви зa пoлеснo пoмирувaње сo фaктoт декa свекрвaтa глaвнa ќе е вo куќaтa. Секoјa вечер пo 10 пaти пред спиење -дa, мaмo. Дa се знaе ред, шo е oвa денес?!?!
Сакате вашето дете да стане маж? Нема проблем, пуштете го сам да заработува во животот и сè да плаќа од свој џеб и ќе видите како ќе стане маж. Самата околина и самото опкружување има да го промени и да го направи тој човек позрел и посовесен. Служењето во војска нема воопшто да го направи човек, а и не вреди да се служи војска за FYROM од проста причина што државава не ја боли уво за нас.
Катастрофални грешки изнапиша, изјави кои немаат врска... ЈНА беше позната во светот, армија по сите прописи, дисциплинирана и почитувана... Прашај некој постар а не тропај глупости.
ЈНА произведуваше роботи. А такви во моја блиска околина имам многу. Дедо на мој другар во шеесетите се вратил со срцева маана од која подоцна починал, служејки во Сараево. Одговорниот на водот во кој служел бил осуден и стрелан. Е тие се тие екстремни начини за момчето да се врати маж.
Да биде хомосексуалец или педофил ти ќе го подржиш зошто е модерно. Војникот што си ја сака државата,ве брани вас стана нешто лошо
Значи хомосексуалци ,педофили се лица на која им е потребна медицинска помош. Тоа се болни луѓе. Нема врска со мода ова. До душа да, некој за пари станува геј денес, знам и таков... Ако пукне војна утре, ќе фатите да бегате на сите страни...