2001 војната ми беше преку автопат. Со двоглед гледав како се пука дење и ноќе. Татко ми не е македонец. Ни на момент не помисли да напушти држава. Тука имаме се за нормален живот без луксуз. Беше спремен и кога ќе го викнат да оди да се бори...
Ако имате сè што ви е потребно за нормален живот тогаш убаво, треба да сфатиш само дека мнозинството нема за нормален живот и поради тоа нема што да оди мнозинството во војна кога самата држава не му дава на тоа мнозинство било каква поддршка.
Како една основна обука ќе ве спреми за војна бе? Што ако бев војник јас? Обично легачење, од подофицери до офицери. Демек ќе те научат да држиш пушка во рака. Земете мотика и правете се дека е пушка, ќе знаете колку мене. Во професионалната војска, ако може да се нарече професионална, се напикаа легачи кои се натпреваруваа кој има поголеми врски за да му биде кафе кувар на генералот, оти им било страв на касарска стража да идат. Војници спремни има, во специјалните единици и оние кои го имаат тоа во себе, желба да стекнат вештини и да живеат од тоа. Задолжителниот воен рок е една обична фарса, нарочито АРМ, за тоа можам да зборувам. Идете, поминете основната обука, после споделувајте колку спремни и силни сте се вратиле.
Тоа е веќе ептен надвор од темата и ако почнам да зборувам на тоа ќе отиде темата во сосем спротивен правец. Да се задржиме на најважното, но еве ќе ти споменам дека јас (како и мнозинството) сметаме дека нема тука нормален живот и затоа јас и мнозинството имаме желба да ја напуштиме државата и тоа ќе го направиме кога ќе имаме можност. Ти можеби не се согласуваш, но бројките си го говорат своето и колку и да не се согласуваш сепак мнозинството не го дели твоето мислење. И поради тоа нема потреба од служење војска во држава која не го пружа најосновното на своите граѓани.
Јас со една слика ќе се одјавам од темава засега... Со среќа нека ви е војната со ветерници (Еј добра идеја е ова бе, баш по групичево патриоти може современ римејк на Дон Кихот да се напише ) Ае позз драги френдови и френдици, алфа мажјаци и хардкор патриотки Tito i JNA vratetesee!!!1
Браво за татко ти. Не викам дека ако пукне војна треба да оставиме се и да бегаме на сите страни ама не можеш некого, кого државата и истите оние "високи функционери" го газеле цел живот, да оди и да се бори за истите. Греота е, не за друго
Шо браво за татко и, можел резервиста да иде шом ,, толку ,, се потресол... Ни пропадна државава од такви кои само се секираат, а со прст не мрдаат.
Некаде при крајот на обуката, имавме вежби како да се снаоѓаме при исфрлање отровни гасови, па на команда "отров" мораше да ставаме гас маска во најбрз можен рок. Ајде тоа, во ред. Истиот тој ден, ни поделија по 2 маневарски куршуми, па на наредба "авиони" легнувавме на земја и пукавме во воздух, кон авионите Знаете што правевме кога ќе ги испукавме тие 2 маневарски куршуми? Не тераа пау пау да викаме на цел глас. Пак ќе речам, идете и спремајте се за војна.
Како може хомосексуалци и педофили да ги ставаш на исто рамниште? Се читаш што пишуваш? Како може во денешно време, возрасна личност да не знае разлика помеѓу педофил и хомосексуалец? Педофил е болен човек, што го привлекуваат мали деца и сака односи со нив...Ги силува, им наштетува, ги трауматизира. Фатените педофили се во затвор, зашто се ОПАСНИ низ општеството...Тие се болни луѓе. Хомосексуалец е нормален, здрав, прав човек што го привлекуваат возрасни, здрави, прави личности од ист пол. Никого не навредува, не тепа, не пцуе, не силува туку едноставно сака да има нормален живот со личност што ја сака. Хомосексуалци НЕ одат во затвор, зашто НЕ се опасни (не се секирај). Во 1342 години мислеле дека хомосекуалноста е болест, па ги лекувале луѓето...Не ме чуди некои личности уште во тогашно време да се заглавени со паметот. Срамота е на форум да дознаваш разлика помеѓу педофили и хомосекуалци. Во врска со темата 1000 пати имам кажано дека во војска трба да одат тие што се чувстваат спремни и физички и психички...Не треба на сила да ги носат за да служат војска. Некој има дар за уметност, филозофија, историја, музика...Не се сите за со пушка родени. Или ако се врати задолжително, тогаш нека важи ЗА ДВАТА ПОЛА. Рамноправно и женски и машки, нека одат со пушка на рамо.
Читам сте пишувале за учество во војните. Сите сте јаки гледајќи го тоа од друг агол. Прашајте ги како им било на оние што биле во војна, како им било на нивните семејства. Знаете ли што значи да испратите член од семејство а да не знаете дали е тоа последен пат што го гледате. Сум била мала и не се сеќавам кога татко ми бил во Косово. Ми кажувале од дома како со денови плачеле и се молеле да чујат некои вести. На конфликтот во 2001 многу убаво се сеќавам, бидејќи на носилки го донесоа татко ми. Па ете си има спомен пластични пршлени. Како и да е фала му на Бога што жив ни се врати. Но траумите останале. Ден денес има кошмари. Зборува во сон за пушки, бомби. Затоа ги мразам војните. Од дното на душата. Колку млади животи згаснаа? Зошто? Затоа што ја бранеле својата земја? А земјата што им дала? На крајот сите си го наоѓаат својот крај, тешко на оние што ги нема, што оставиле деца сираци. Епа ако треба да бирам дали ќе умрам за земјата или ќе живеам за моите деца, ќе изберам да заминам што подалеку. Затоа што оние што ги прават сите конфликти кои доведуваат до војна си седат во фотљи, на топло, покрај своите семејства. Па зошто тогаш некој друг да гине за нив? Забегав од темата, но морав да се искажам.
На што личи маж во 21 век да рече ако фати војна јас ќе бегам???? Ќе си ги земе децата и жената, а што ќе се случи со неговите родители, роднини, пријатели и со неговиот дом. Тоа е срамно, па уште гордо кажуваат дека ќе бегаат Јас сум Каранџи тоа што го кажувам на форум го кажувам и во реалниот живот не ги кријам своите ставови, напротив јасно ги кажувам и никој не може да ги промени. Која си па ти? Да не си посебна салама Јас сум стабилна личност со цврсто изграден карактер. За тебе не би можела тоа да го кажам, се базираш на американскиот начин на размислување. Се разбира дека ќе ти се изнасмеам. По цел ден седиш на форумот чекајќи нешто да пишам за да ме цитираш тоа стварно е патетично. Ајде сега оди на чет да оговараш или почни да кроиш план кого да испровоцираш за после да бараш бан
Никој не кажа дека војните не се зло и дека тоа е убаво нешто. Но што требаше таткоти и другите да дигнат бело марамче и да речат еве убијтене наместо да се бранат? Таткоти тоа го правел за да те заштити најпрво тебе, твоите дома потоа сите други во земјава, сигурно не земал пушка од мерак или само за да биде кул. Незнам како размислувата така.. Незнам како би се одбраниле на друг начин кога државата ти ја напаѓаат терористи...
Не греба да се врати воениот рок ни по која основа не го праќам моето дете да чува предавници на својата земја а они да седат во длабоки фотељи
А татко ми или било кој како него онака од мерак, од ќеф отишле да примат куршуми. Од дома ги собраа. Мораше да оди. Таква му беше работата. Полицаец. И ќе речеш па одбрал тоа да го работи. Да тој избрал да биде полицаец. Ама поради тоа треба да умре? Поради некои што прават конфликти а седат дома без гајле, бидејќи ете има кој друг да ги брани. Зошто тие не застанат да ја бранат татковината, народот? Ама ете ти си имаш твој став, јас мој и ќе останам на своето. Затоа толку, нема повеќе ништо да дискутирам, бидејќи оние што не осетиле на своја кожа никогаш не можат да сфатат.
Сум осетил на своја кожа и во моментов имам близок роднина кој е на боиште. Инаку секоја работа си има ризик. Кога веќе одлучуваш дека ќе бидеш војник или полицаец треба да бидеш свесен дека ако се случи нешто дека твојот живот виси на конец. Ако си хирург на пример сносиш одговорност за туѓи животи нели. Само болен ум оди од мерак во војна. Инаку не сите не бива за на фотеља, мора некој да биде на врвот, мора некој да служи... Барем денес е демократија па кого го бива слободно нека се истакне па нека наредува тој нека биде на врвот. Кога некој те напаѓа со оружје нормално е да се браниш и да не сакаш да убиваш пак ќе пружиш отпор бидејќи за живот се работи. Сум изгубил член од семејство во војна уште пред да бидам роден поточно мој дедо и се гордеам со тоа, воопшто не жалам бидејќи придонел за мојата слобода. Не те терам да го смениш ставот ниту можам да те натерам ниту сакам да го направам тоа.