Дали треба да се врати воениот рок?

Discussion in 'Политика и настани' started by Silver.E, May 12, 2015.

  1. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Joined:
    Jul 26, 2016
    Messages:
    2,593
    Likes Received:
    4,653
    Gender:
    Male
    Па нормално, во право си. Ако сите го велат тоа ''Не вреди за земјава со прст да мрднеш, а не да загинеш'' и навистина не вреди да мрднеш со прст.
    Јас престанав да барам подобро од државава и од светов бидејќи се запрашав ''што јас сум придонел или што сум направил за да биде подобро?''
    Не сме ние во некој век заглавени туку некој скренуо са пута... Во денешно време на (криминал, проституција, наркоманија, неверства, педофилија и триста други ''модерни'' глупости) ти велиш заглавни во век во кој немало векви работи (имало но денес тоа е секојдневие).. Извини но подобро заглавен во којзнае у кој век наместо нездрав и изопачен....
     
    Petra777 likes this.
  2. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Joined:
    Aug 7, 2017
    Messages:
    483
    Likes Received:
    2,979
    Gender:
    Female
    Тоа што го пишав за векот се однесуваше за онаа логика дека мажи треба да војуваат а жените да останат дома, каков што бил случајот порано. Не ми треба предавање дали и што имало пред неколку века, знам дека и таму имало и криминал и војни и педофилија, океј е се разбравме за тоа. Мојот одговор беше за оние кои што велат дека треба да се врати воениот рок само за мажите, као жените не биле способни за ракување со пушка а твојот одговор си немаше врска со мојот, така да друг пат пред да ме цитираш прочитај неколку пати( иако доволно е и еднаш ама ајде) што сакав да кажам па тогаш пиши :)
     
    Someonespecial likes this.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,944
    - Првиот криминал потекнува од кога потекнува и првиот закон - од Вавилон (некаде од прилика 1754 п.н.е.)
    - Проституцијата потекнува од Сумерија, проститутка како работник прв пат се спомнува некаде околу 2400 г.п.н.е. Не за џабе ја викаат проституцијата "најстариот занает на светот".
    - Во Сумерија исто користеле опиум, некаде околу 5000 п.н.е.
    - Неверство прв пат е во закон дефинирано во истиот оној најстариот, од Вавилон, во 1754 п.н.е
    - Среќа што педофилијата е нелегална од поново време, порано секој си ебел кој сака и никој не им бранел :whew:
    Баш фино си го ставил модерни во наводници. Сите тие глупости се исто толку стари како и човекот.
    Ама појма немаш :yawn:
     
    Asparagus, Yowannty, Mishela and 11 others like this.
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Joined:
    Jul 26, 2016
    Messages:
    2,593
    Likes Received:
    4,653
    Gender:
    Male
    Никој не кажа дека жените не се способни за ракување со оружје, мое мислење е дека има и жени што се поспособни од мажи кога се работи за пушка поготово овие денешниве ''мажи'' Тоа што во минатите векови мажите оделе на боиште а жените седеле дома не му текнало на некој од бес тоа така да биде.. Туку сигурно машките борци биле поиздржливи во услови на војна.. Сигурно знаеш и дека машки и женски организам не е ист (со исклучоци) по издржливост, по размислување и ред други работи. Прочитав убаво не се секирај само сега ми велиш како демек да не го гледам делот што ме боцка мене во око туку другиот дел од тоа што го пиша.
     
    Petra777 and carangigia like this.
  5. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Joined:
    Aug 7, 2017
    Messages:
    483
    Likes Received:
    2,979
    Gender:
    Female
    Не дека не се способни, него се прават неспособни, па знаеш они ќе останеле дома затоа што се жени, нежни, кревки а мажите нека идат, што има врска, нели тоа му е должност?? Ова се однесува на враќање на воениот рок, океј? Океј. Идемо даље
    Ај сега кажи ми кој дел те боцка во око, затоа што јас не знам верувај. :)
     
    Gosh, Ketchup, Someonespecial and 2 others like this.
  6. Ketchup

    Ketchup

    Joined:
    Dec 23, 2014
    Messages:
    6,796
    Likes Received:
    46,433
    Во минатото имало и жени кои своеволно се бореле за Македонија и изгинале уште на 16-17 години. Продолжете да глумите патриотки и да се вадите со тоа дека ќе нема кој да ви ги чува неродените деца.
     
  7. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Joined:
    Jul 26, 2016
    Messages:
    2,593
    Likes Received:
    4,653
    Gender:
    Male
    Јас навистина не те разбирам во целост што сакаш сега да ми кажеш со напишаново.. А и не се способни најголемиот број жени за војска тоа е факт. И тие што се способни би се одкажале.. Незнам колку сте запознаени какви правила има војската каква дисциплина има, какво јадење им се служи, во какви се услови тие се на служба, во какви услови спијат и слично. Премногу примери земате од филмовите и тоа што ви се сервира на интернет. Нема врска, не се сложуваме и немаме исти ставови и крај да ставиме да не прерасне во кавга, пошто најчесто така завршуваат моите дискусии со такви кои одат надвор од темата, ми кажуваат дека сум неписмен, незнам да читам, да читам повеќе пати, што ме боцкало во око и слично.
    Имај добра ноќ.
     
    carangigia likes this.
  8. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Joined:
    Aug 7, 2017
    Messages:
    483
    Likes Received:
    2,979
    Gender:
    Female
    Нема да прерасне во кавга, фала богу цивилизирани сме. Навистина не разбирав што сакаше да кажеш.
    Факт е дека не секој може да издржи добро дисциплинирана обука/селекција или пак едноставно војската. Е сега велиш не можат некои жени, добро ама не можат и многу мажи да издржат такви услови нели? Каква врска има дали е маж или жена. Од се ова што напишавме само сакав да кажам дека АКО се враќа задолжителниот воен рок да се врати за сите а не само за мажитеее. Тоа беше, немаше потреба од комплицирање.
     
    Vitaly likes this.
  9. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Joined:
    Jul 26, 2016
    Messages:
    2,593
    Likes Received:
    4,653
    Gender:
    Male
    Па во последниве страници дискусијата е посебно за тоа тоест ако се врати да биде и за мажи и за жени. Те разбрав јас но сакам да кажам дека процентот на жени кои би одлужиле војска е далеку помал од процентот на машки. Еве денес има доброволно неколку месеци кој сака да одслужи војска така. Таму има далеку поголем број на машки од женски. Значи одтаму и сознаваме дека кога би било служењето воен рок задолжително дека бројот на жени кои би одслужиле ''правилно'' да кажам би бил многу мал.. Тоа е залудно трошење на пари за една држава. Сакам да кажам дека повеќето од мажите се способни да одслужат воен рок како што било низ минатото, а повеќето од жените не се способни за во војска бидејќи женско не се споредува со машко и сметам дека тоа би било фрлање пари во вода. Јас сум за да се врати воениот рок за мажи а за жените да си остане доброволно. Не размислуваме исто ние тука на форумов а воопшто не размислува како нас водството на државата. Кога водството би одлучило да се врати воениот рок тие тоа ќе го прават врз основа на свој план тоест располагање со финансии, оружје и слично и врз основа на тоа да оформат цврста армија која ќе ја брани државата од непријатели а не да прави слики по тоалети, да ја фотографира пушката за на инстаграм.. Ти посакувам еден ден да одиш да облечеш униформа да земеш пушка да го осетиш тоа чувство и одговорност и да се увериш дека војската не е модна писта.. Толку од мене. :)
     
    Rama likes this.
  10. schmookie

    schmookie Активен член

    Joined:
    Oct 31, 2016
    Messages:
    100
    Likes Received:
    136
    Како е можно на едно едноставно прашање, на кое патем може да се одговори со да или не, повторно по кој знае кој пат дискусија на форумов е сведена на:

    - вреѓање еден со друг (не ти давам кучиња да чуваш не па деца),
    - солење памет (требало вака да направи човекот што таму некаде не направил нешто за кое не знам),
    - комплекс на ниска вредност (нашата војска не ја бива за ништо и затоа не треба да се служи воен рок),
    - комплекс на безнадежност (во оваа земја не вреди да се помрдне ни со малиот прст),
    - себичност (што направила татковината за тебе за ти да ја браниш за време на војна),
    - нефокусираност (од една тема се оди на друга и при тоа се мешаат поими што можат да се проверат),
    - префрлање на вина врз друг (родителите се криви поради неспособните деца),
    - сексистички и хомофобни изјави (мажите се депилираат, хомосексуалците се болни).

    Секоја дискусија се сумира на овие точки. Нека објасни некој зошто. Фала однапред.

    Е сега, баш поради погоре напишаниве точки воен рок е потребен, според мене. За сите, и мажи, и жени.
    Да, веројатноста дека во Македонија ќе избие војна и дека сите ќе треба да се бориме можеби моментално е многу мала. Но, воениот рок (ако е навистина соодветно и ефикасно спроведен, според мое гледиште) не те учи т.е. не треба да те учи како да вариш кафе на генералот или како да држиш пушка. Напротив, тимска работа, работна дисциплина, издржливост, интегритет .. - според мене ова се само дел од работите што можеш во воениот рок да ги подобриш, надоградиш или создадеш. Искрено се надевам дека не сум единствениот член што го има ова мислења. Самиот развој на нашето општество каде што се обидуваш да земеш од некој друг за да има за тебе, се обидуваш да бидеш попаметен од другиот за безвеза, поиндивидуалистички живееш .. мислам дека генерално се добра основа за воен рок и работа во тим.

    П.С. Покрај земјите што ги беа дале за пример, сакам да додадам за Израел дека последниве години имаат неверојатна брзо растечка економија на претприемачи, водена претежно од млади луѓе кои се запознале за време на воениот рок. Едно објаснување е следното: кога се учиш на некој да му веруваш со својот живот за време на воениот рок, се учиш исто така како да соработуваш со истиот и му веруваш во својата иднина (односно во бизнисот што го креираат заедно). И ова, според досегашните бројки многу добро функционира. Ама кој да ги види добрите работи. Ние сме премногу зафатени со погорниве точки.

    П.С. тоа колку нашите родители се криви за да израснат неспособни деца, толку сме и ние криви што не сме се потрудиле да се осбособиме. Да, воен рок за ова нема да ги поправи генерациските грешки, но на некој може навистина да му даде надлежен за примерок и инспирација.
     
    Aquamarine93, Yowannty, Lolo5 and 4 others like this.
  11. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Joined:
    Aug 7, 2017
    Messages:
    483
    Likes Received:
    2,979
    Gender:
    Female
    Извини ама морам уште ова, ако сум девојка не значи дека мислам дека војската е модна писта. Доволно сум свесна за условите во нашата армија, верувај ми :)
    ај толку
     
    Someonespecial and DAngel like this.
  12. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Joined:
    Mar 28, 2017
    Messages:
    1,000
    Likes Received:
    3,684
    Gender:
    Male
    Немаш мислење имаш фантазии кои се косат со реалноста. Генерации раја тука оделе на слугување воен рок, 1912-2006 и ги имаме и резултатите. А тие кажуваат дека нит се изградил тимски дух, нит се запознавале и после отварале ортачки фирми, нит биле добро обучени како војници. Ниту биле дисциплинирани нешто посебно, нешто животни вредности ова она, дно.
    Значи не може да се фантазира, да се прават филмови, мора да се тргне од почетна точка а таа е огромниот, гигантски фејл на редовниот воен рок од било кој аспект и тоа изразен преку 96 годишна пракса, многу војни и низ цивилен живот, низ разни државни уредувања и економски системи на овој простор.

    На вакво прашање не може да се одговори со да и не. Пошто залогот за кој се работи е животот, во потенцијален судир. А ако некои треба да ја направат ултимативната жртва што постои на светот - треба и тоа како да се дознае зошто тоа би го сториле, дали вреди тоа да се направи, дали општеството кое би го барало тоа од нив е такво кое заслужува таква жртва.

    Нема никакви комплекси на мала и не знам каква вредност, реалноста е таа, несоборлив факт е дека ова е дно од општество, дека АРМ е за никаде, дека не можат да хангарираат 4 авиони, дека раслоеноста на населението во однос за обврските е драматична и дека деците на рандом политичар или тајкун ќе ждригнат пијуцкајќи коктелче на Халкидики после брејкинг њуз 76 солџерс килд ин маседониа, доколку се деси такво нешто.

    Нема никаква себичност во констатацијата дека државниот апарат и општеството во целина се дно.
    Интересен обид да се стави рамка на муабетот тргнувајќи од тотална фантазија и да се одржи таа рамка со помош на дополнителни фантазии, како мали џокица замишља војску.

    Армија како замена за домашно воспитување, идеолошка алатка и све друго освен воена организација завршува како ЈНА, бламирајќи се пред словенечки ловечки друштва. Да имаше во 2001 мала, квалитетна, високо мобилна и добро опремена армија, исходот ќе беше поинаков. Ама не, мораа да праќаат резервисти со автобуси и лади ниви на борбена линија пошто праф маш не бидува заштитен возејќи се во оклопен транспортер покриен од воздух со хеликоптер или авион, а пред рутата беспилотно летало.
    И после масовни погреби низ Прилеп и Битола, којзнае зошто.
    Сега наместо сите искуства да се употребат за одење напред, треба да се враќаме назад, кон бескорисниот модел кој го напуштаат сите.

    Ај сеа кажи нешто друго за Израел, пошто тој пример е ептен применлив тука, може некој еквивалент на Меркава ќе се појави, може се вика Магаре Модел 17 и го чуваат во тајност.
     
    Gosh and Someonespecial like this.
  13. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Joined:
    Aug 7, 2017
    Messages:
    483
    Likes Received:
    2,979
    Gender:
    Female
    Најдобар пример за пропустите во нашата армија во 2001 се Вејце и Арачиново.
     
  14. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Joined:
    Nov 19, 2015
    Messages:
    2,877
    Likes Received:
    29,053
    Gender:
    Female
    Кога ме споменуваш ти и твојата пријателка, цитирајте ме! Или нешто се плашите? :D
    Би одела и со деца родени.
    Како што рече @Vitaly запрашај се што ти си придонел и сменил тука?
     
    Vitaly likes this.
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Joined:
    Dec 14, 2011
    Messages:
    4,052
    Likes Received:
    52,539
    Gender:
    Female
    Па ти сама ги спомна децата.

    Можеш да придонесеш за земјата без пушка. Всушност така најмногу се придонесува.
     
  16. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Joined:
    Nov 19, 2015
    Messages:
    2,877
    Likes Received:
    29,053
    Gender:
    Female
    Нормално дека да.
    Ние збориме за она најстрашното што никој не го сака.
    Јас тоа и прашав, што продонел во секојдневниов живот,освен школо, седење на нет и шетање по кафиња, како и сите ние.
    Се жалат се немало пари, државата ништо не давала, а секој втор е со Џип и тера по две недели одмор. Секој петти има викендица кај јужни соседи.
    Спомнав за мои деца, друг нема право да става во уста туѓи неродени деца.
     
    carangigia and Vitaly like this.
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Joined:
    Mar 27, 2011
    Messages:
    7,113
    Likes Received:
    107,131
    Gender:
    Female
    ^^А, ти, оти сметаш дека имаш право да брцкаш во туѓ џеб и да кажуваш кој треба да оди во војна и да гине во одбрана на државата? Оти ти се сметаш себе за доволно достојна и релевантна, та да одлучуваш за судбината на туѓите деца, браќа, татковци, сопрузи и дечковци?
     
  18. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Joined:
    Oct 10, 2015
    Messages:
    3,948
    Likes Received:
    49,471
    @Vitaly Добро бе, како успеваш у секоја е*ама тема едно те исто да мрчиш? Искрено , не знам веќе срам како не те фаќа, жими се.

    Епа ај, коа си веќе кај модерноста на педофилијата и проституцијата, кажи ми ти златен дали си ја читал онаа една модерна книга, сега скоро излезе, БИБЛИЈА се вика.

    И сеа поише се слуша за овие работи оти прво интернет, второ еманципација и слобода на говор, колку толку.

    И ве молам, пријавувајте такви дебилни офтопици па и мојов каде цркам за нив, па ова веќе нема смисла колку ниско се паѓа.

    @Petra777 еве ја ќе ги споменам твоите неродени деца. Пак...:worried:
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,944
    А зошто ти се сметаш за достојна секому да гледаш во новчаникот и да им водиш смертка?
    Да, нема пари. Нема пари затоа што за истата работа во европска држава ќе земам 4 пати поголема плата, а цените во маркет се речиси исти.
    Една недела кај некој од соседите ти за одмор го сметаш? Пфффффф...
    Преживување е тоа. Покорување дека ќе си ги покриеш основните трошоци и ќе речеш: "Имам". Некои од нас имаат малку поголеми амбиции :yawn: некои сакаат и да живеат, не само да живуркаат :yawn:
     
  20. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Joined:
    Nov 19, 2015
    Messages:
    2,877
    Likes Received:
    29,053
    Gender:
    Female
    Јас си кажав за себе.
    Ми се смачи од оние што кукат дека ништо немаат, државата не им дала ништо, ќе оделе во странство и сл. па не вредело да се борат за неа, а кога ќе слушнат некоја наша песна таму у Австралиите, паѓаат у трансови.
    Не се кажувај подобро дека си македонец, оти се срамиш потајно.
    Толку од мене на темава, префорсирана е, со иста група на луѓе се контрам, со малцинство делам исто мислење и тоа е тоа. Не сум како сите и не се ни трудам да бидам.
     
    Rama, carangigia and Vitaly like this.