Никој не се срами од македонското. Се срами од малограѓанштината. Никој не се срами од музиката, нити од филмовите и од се што е македонско и вреди...се срамат од политиката, од клептомански влади, политичари и партии. Ете, за нив зборуваат, и за нив не би гинеле. Не би и јас никој да погине заради нив. Впрочем, ако си седат мудри..сигурно никој (од соседите,пак и етникумиве) не ќе „направи“ војна од нигде никаде. Лесно е да зборуваш за кој треба да оди да гине, ако немаш некој што ти значи...кој би можел да загине. Кога ќе ти куцне денот на врата, тогаш кажи колку ќе сакаш некој да оди и да гине во војна.
Власта и политичарите народот ги бира.. Ако се срамиме од нив, се срамиме од нас..Зошто еве гледам многу паметни има на форумов не излезат јавно да формираат власт па да ја изведат државава на прав пат?
Епа можеш и да имаш пари и плус да ти пречат работи во државата. Тие две работи не се исклучуваат меѓу себе. На страна тоа дека е факт дека има доста невработени и дека владее сиромаштија во државата. Дали некој придонел за државата, ти овде не можеш да знаеш, ниту е тоа тема на разговор. Ниту треба да ти се правда некој, ниту да ти докажува колку придонел за неговото мислење да е веродостојно. Он топик, дисциплина не се учи само со психичко и физичко малтретирање на сопственото тело. Ако некој има доволно самоконтрола, и без таков авторитет ќе се научи како да живее. Многу е подобро да се обучи војска која самоиницијативно се пријавила, па макар и да е со многу помал број, отколку буквално секој без разлика на способностите и можностите. И дај жити се, не се навредувај за неродени деца, смешно е. Посебно кога тебе ти беа аргумент за неодење во војска.
Се срамиме од оној дел од нас кој секогаш ќе ги бира таквите, да. И ќе се срамиме, секој пат кога мнозинството од народот ќе ни е таков. А, за да се формира поинаква власт, е, за тоа треба малку повеќе од 26 годин и државност, и треба малку поинаква клима од оваа, за да.... и ние утре изиграме некакво си Подемос. За сега....ко немтури ќе набљудуваме и ќе си зборуваме меѓу себе за... како парите зад партите ни ги прават партиите какви се и како парите во медиумите ни го прават оној мнозински дел од народецот каков е. Само, темата е воен рок. Да не забегуваме.
Види и јас сум патриот во душа. Ама патриотизмот по дефиниција не го гледам со давање животи заради тоа што на некој од врвот ете така му текнало. Ја вртат државава како сакаат, а после се силат ќе пукне. Факт е дека имало и ќе има луѓе кои даваат живот за татковината. Не можеме и не треба да ги осудуваме. Ама врвот, не треба да дозволи тоа да бидат млади и не искусни деца. Конфликтот во 2001 ќе завршеше многу поинаку, ако не се правеа такви фатални грешки. Мм ми кажуваше како се нашле на отворено пукање. Замисли, тогаш имал само 19 години. Имало некое дете што прв пат фатило пушка у рака, за време на пукањето се онесвестило. Тоа е тоа што сакам да го кажам. Не секој е спремен и не секој може, за да биде задолжително. И зошто само мажите? Ние жените изгледа само за приплод служиме. Во Љуботен, мм бил во вториот камион, а првиот нагазил на мина. Ден денес ги нема заборавено другарите кои тогаш му погинаа. Најголемата трагедија е што на нивно место, требало да бидат други. Ама ете, имале врски. И уште куп вакви дешавки од тогаш. Давање погрешни координати за кревање во воздух на нешто што воопшто не било цел, оти генералот мавнал некоја чаша ракија претходно. Ете колку сме спремни. Во 2015 било поинаку организирано. Мм вели наредбата била да урнат и да запалат се што се движи. За разлика од 2001 кога ми се чини, дека се повеќе беа на страната на терористите, ги извлекуваа со комбиња и низ прсти им прогледаа на дезертерите, на крвникот од Вејце и нему сличните.
Тоа што праксата ја презентираш како единствен пример во Југославија и Македонија, систем кај што навистина имало многу неефикасности во различни работи, не значи дека како што напишав погоре ако се направи како што треба нема да функционира. "треба и тоа како да се дознае зошто тоа би го сториле, дали вреди тоа да се направи, дали општеството кое би го барало тоа од нив е такво кое заслужува таква жртва." За ова се согласувам. Но, ние сами си го градиме општеството, и сами си одлучуваме во каква иднина сакаме да живееме. После толку години уште чекаме од не знам каде и уште чекаме општеството да ни даде. "Нема никаква себичност во констатацијата дека државниот апарат и општеството во целина се дно." А кој е дел од тоа оштество? Кој го прави тоа општество да биде такво, кој го поставува тој државен апарат? Мене ми е исто кога ќе кажеш, општеството е дно, па последователно јас живеам во опшеството и јас сум дно бидејќи го градам тоа општество да биде дно. Да не беше нашиот народ пасивен, можеби, само можеби многу работи ќе се беа досега променети, па вклучувајќи ја и војската. Баш примерот што го даваш за 2001 значи дека нешто не функционирало. И ако навистина има проблем во организација и припрема, зошто досега не се работите сменети? Зошто само кај нас уште се забораваат на приоритетите, без разлика дали е тоа војска, образование и медицина? За ова одење напред зборуваш така? За општество кое до вчера живееше во Античка Македонија и во целата таа идеја. Видовме како луѓето сакаа да одат напред. Очигледно со работите кои не не носат напред. Мојата поента беше едноставна. Како народ кој чека, нека чека и при тоа да научи нешто додатно - се што треба да се направи е да се одвои некое ограничено време. Воениот рок не е модел кој што го напуштаат сите. Швајцарија? Русија која лани и младо и старо регрутираше за тренинзи? Кина? Или, нема потреба да се споредуваме ние со такви држави оти не сме исти.., а чекај да ние сме дно. Секој платен војник ќе биде платен за било која страна да се бори. Поздрав Мали Џокица
Гледам избришани се повеќето мислења, па да додадам само нешто што е во склоп со темата, во врска со епитетите околу Америка и американски вредности што не изостанаа ни тука. Америка, драги мои премудри, е една од најголемите воени сили што се меша во ситуацијата во многу други земји. Којзнае колку луѓе низ историјата имаат пратено да убиваат и да бидат убиени ,,за татковината“, во разни краеви на светот – од Виетнам па сѐ до Сирија сега. Јас сум свесна и информирана за тоа, за разлика од вас. Така што, не, Америка не може да нѐ учи на пацифизам и презирање на воена агресија. Ако за сите либерални идеали на толеранција ни го накалемувате ко расипани плочи тој демек омаловажувачки муабет за нашите испрани мозоци од Америка и американското, користејќи го и на оваа тема – го достигнувате врвот на нелогичното и контрадикторноста. Чисто барем од дел од брукањето да ве поштедам понатаму
Не би да мудрувам, ама ајде бе барем една припадничка на понежниот пол да била да служи воен рок, па да ја разберам сета оваа узбуна. Еве, форумов нема да пропадне, пријавете се кога веќе сте толку за, па вратете се на темава. Кога може сите израелки, можете и вие. Со огромни букви нагласено дека е женски форум, а темава за мажите да иделе. Читам јас би идела, јас би идела. Ама би. Идете ајде.
Точно ... Секој може да служи воен рок, доброволно, нема ограничување на полот. Работата е во тоа што само пред компјутер можеме да се шибаме во гради колку сме јаки и храбри, на дело - малце потешко тоа. И коа веќе има војска нека биде професионална, составена од луѓе кои вистински сакаат да служат него ли со сила ,,за уши,, влечени од дома. Ниту им е по ќејф ниту се храбри за во војна.
Kиро Глигоров викаше дека сме оаза на мирот, ама да не се лажеме дека мирот во светот ќе почне од Македонија. Одлично ако се врати воениот рок. 6 месеци ред и дисциплина, структура. Кога беше воениот рок знаете ли дека бројот на наркомани беше помал? Порано не сакале да се мажат за некој кој не служел војска. Знаете што е строев чекор и неговото психолошко влијание? Секое воено лице со интегритет и здрав разум, НАЈМАЛКУ сака да има војна, отколку оние усвитени глави кои ги провоцираат војните. Оние кои сакаат да има војна се оние кои не доживеале војна. А војната не сте свесни како боли кога го разединува семејството зошто некој не разбира дека тоа не е решение за да има мир. Кој го кркал стапот знае како боли. А треба да знаат сите како боли, за да не им текне да прават глупости. Отсуството на задолжителен воен рок не значи никаква веројатност за војна. Во моментов ако му текне на некој знаете како може да не збрише? Знаете на запад кои се најпосакуван кадар? Воени лица во пензија, зошто во мало прсте владеат со организација на цивилниот дел од нештата. Таму не се луѓе само со академија, има и економисти, правници, доктори итн итн... и се витален дел од економијата до крај на своето живеење. Ама МАКЕДОНИЈА...и тоа е... доста ни е од лигушари. Дм одма би го пратила во војска. ОДМА. Поддржувам враќање на воен рок. Кој ќе го изоди патот, ќе знае како да гради мир. Нема да гледаме идиоти кои изјавуваат мртов шиптар е добар шиптар, нема да се мава у гради дека он ќе гине за државата под националистички пароли и слично. Ова е како мета филозофија. Ако нема тага како ќе знаеш што е радост?
И јас би, зошто да не? Не мора тенденциозно да ја терате темата со цел да поентирате, зошто нема поента. Само за сите што се лигават на темава колку е се тоа ужасно сум платила за три животи додека некој си гледал акционен филм и пиел кафе у Центар. Не е служење војска само спремност за војна...
Како не ти е Јасно!? Жената може да остане бремена, да стане мајка да чува деца, има циклус идр...значи како може воен рок да биде задолжителен за женскиот род, може само доброволно да оди, се разбира дека прво треба да ги помине психо физичките проверки.
Лилит, работата е дека нема што ниту ти да го праќаш, ниту родители, а камоли државата да го очекува како должност тоа од него. Туку треба да оди само и единствено ако самиот сака, како што е сега. Е тоа ни е целата поента. Навистина мислиш дека воен рок би поправил националистички ум? Дека ако дете задоено како Витали еве, го „исчеличат“ уште повеќе во „машки“ дух, ќе го врати тоа на прав пат со вистински чувства и вредности? Јас воопшто не би се согласила.
Значи сите подофицери и офицери во АРМ од женскиот род немаат деца и немаат циклуси? Можно е. Имам тетка постар водник, со четири деца а старешина на артилериска чета каде што бев јас беше поручник, згодна плава девојка во 30тите години, која ако погрешеше нешто, те јадеше со поглед. Буквално. Неосновани се изговорите кои ги наброи. Во рамноправноста која во светски рамки се бара, вметнете и војување, а не да се ложите како Wonder woman филмот бил прејак
Кога ќе ги поминат психофизичките проверки бар ќе се знае кој е кој, а не се лудачишта па се чудиме, абе тој нормален изгледа вака, ама... Фан факт, знаете од кај излегува она - абе пушти го, тачка е тој или абе тачка си кога ќе му кажат на некого. Под точките 84,3 и 92,4 на психофизичките проверки биле чакнатите навидум нормални индивидуи. Да, мислам. Виталиј кога ќе го однесат да служи војска да видиш дали е пишува вака. Ние бевме мали кога се служеше воен рок. Некои од вас не се ни сеќаваат како се тоа изгледаше. Јас се сеќавам ама ептен ептен добро и знам какви трансформации се случуваа кај млади луѓе. Таму не се кова машкост, ни па ги учат на насилство. Добиваат тоа што дома никогаш нема да го добијат. Сум гледала и наркомани како престануваат да се дрогираат и стануваат момци за почит, вредни граѓани.
@baba Rada Погоре ги спомнав Израел и израелките. Задолжителен воен рок за сите. Што сте вие помалце од нив или што се тие повеќе од вас?