Дали треба да се врати воениот рок?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Silver.E, 12 мај 2015.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    162.559
    Баш ќе те проверам.
    *намиг*
    Во Прилеп ова?
    Што не била мајор ако била така така јака?
    Лажи лажи Вере...
     
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Кажи ми од која до која годишна возраст е за жени а од која возраст е за мажи!?
     
  3. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.726
    Провери како идат чиновите прво. А до поручник стигнала од потпоручник. Сега сигурно е капетан, или мајор. Оти тоа беше пред 13 години.
    Лажи лажи вере? :D
     
  4. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.726
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    162.559
    Ах така, сега пред 13 години било...хехенце...
    Многу добро знам како одат.
    Еве сега прашувам... некако не знаат таква особа. Не ќе да била така јака...
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Јас пак не сум никаков патриот, тој филинг е од понов датум, можеби 150-200 години ако и толку и служи за да мала група паразити живее на грб на останатите кои ќе се жртвуваат за беспари, дали е во војна дали во цивилен живот сеедно. Има многу да се зборува за тоа но да се навратам на другото.

    Сите тие акции, вклучително и мој другар кој изгуби нога во еден од поклонетите бугарски Т-55 од ПТ-мина (не било до тенкот како таков него што бил пратен во населено место по команда, ДВА ТЕНКА пратиле само) се само резултат на праќање аматери во војна.
    А ако се каже дека АРМ имаше доволно донации, преку 500+ оклопни транспортери, 120+ Хермелини, 60 БТР-60, 20 БТР-70 од Германија, 35 М-113 од Италија, 80+ Дефендери од Британија и Турција, 70+ Хамви од САД и не ми текнува уште кои донираа, Чешка,, Романија нешто од нивните варијанти на БТР-те...и при сиот тој куп опрема командата да праќа војници на борбен положај во soft skin возила е рамно на умоболност, чист садизам.

    Затоа е измислен оклопниот транспортер пред 100 години уште, за да војникот има каква таква заштита, непробојни се на било какво лично оружје (автоматска, пушкомитралез, полуавтоматска, пиштол, репетирка, било што) а некои на предна страна се непробојни и за тешка муниција 12,7мм +, плус на себе имаат по еден тежок митралез за заштита (14,5мм тешкаш на БТР плус еден помал) од кои се пука одвнатре, значи во заштитена положба, настрана што има отвори кои се отвараат отстрана и низ кои се пука со личното оружје.

    Автобус, камион, џип, автомобил = никаква заштита = јагленисани лешеви без потреба.
    Настрана воздушна подршка, настрана беспилотни летала...

    2015 повторно е дебакл, имаш 30-40 качаци за чие онеспособување имаш 8 мртви, 6 трајни инвалиди и 39 други со временски рани, значи 53 души од специјалците се погодени, настрана што одеа со оклопњаци и панцири и неспоредливо подобро обучени него оние од 2001. Неколку траснпортери беа онеспособени и ги влечеа надвор со влекачи после.
    Тоа се катастрофални загуби при една таква операција, на твој терен, на познат урбан реон.
    Какви команди и што се дешавало не знам, али се зборува дека министарката еден ден ќе го попие куршумот, ја барале и таа вечер, пошто им го отвори гробот на 8 души.

    Е сеа замисли да беа 300-400 качаци...
    Настрана што целата ствар беше наместена, и беше најавена месец пред да се деси, а пред тоа фино и лепо им беше даден арсенал оружје и муниција при посета на една караула.

    Ало бре, во 2001 АРМ беше таква каква што посакуваш, со редовен воен рок.
    1991 ЈНА била таква.
    1941 Кралската југо војска била таква. Знаеш колку време давале отпор на немачко-жабарскиот напад? 12 дена. За 12 дена ја окупирале цела земја и капитулирале. Да им капитулираш на талијаните. За 12 дена. Let it sink in.

    И после нормално, доброволците, герилците, партизаните, ситуација позната како НОБ, успеа да победи во склоп на широката коалиција против силите на Оската.

    Швајцарија е посебен случај, немале војна 200+ години и може да имм се јавуваат чудни идеи. Никогаш нема да ги нападне никој и можат да се зајебаваат. Али прозиведувале и свои тенкови замисли, купувале најмодерни авиони и тешка артилерија, секој кој отслужил рок после должел автоматска која ја чувал дома а секој дом над не знам колку квадрати - државата финансирала изградба на атомско склониште, подрум :devil:

    Русија е дебилана, цивилизациско дно и срање.
    Дали си свесен дека загубија во Афганистан и потоа во првата чеченска војна 1994-96. Тек во втората 1999-2003 успеаа по цена на геноцид на локалнат раја да "pobedat".
    Пази сеа. Русија. Загуби. Од. Чеченија. Која имала милион жители и пола површина од РМ. Ужасните последици на тој систем во Русија, хероинската епидемија која ја донеле од Афганистан војниците, протести имало на мајки кои имале деца во Чеченија секојдневно, бескрајни потоци од поцинкувани сандаци, инвалидите оставени да умрат во очај и сиромаштија...
    Денес се` поголем и поголем дел од нивната армија оди кон "контрактники" како шо ги викаат, наемници, дакле и тие одат полека да го сменат моделот, без разлика што се дно.
    Let that sink in too.

    И сеа замисли (музика од хорор филм во позадина коа плавушата наидува на убиецот) комунистичка Кина НЕМА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВОЕН РОК него сосема доброволен. Иако немаат профи армија - оставаат армијата да се пополни со доброволни служители на истиот.

    Тие се искуствата, тие се резултите, тоа е реалноста.
    Ако ти мислиш деке некој треба да гине по команда на врховниот командант ХОРХЕ (да, тој е) и дека поголем број жртви е подобар од помал, неам јас лек за такви морбидни лица, тие се опседнати од смрт, погреби (туѓи) и се радуваат на туѓата несреќа и тага.

    Дај некоја друга земја, Северна Кореја, Белорусија, Турција и слични фејлови.

    666 пост :l:
     
    На Afrodite¥ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
  8. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.726
    А кога да биде? Вчера бев во редовна војска јас? Имаш инфо а? Епа распрашај се пак, види може после трансформацијата на АРМ и затворање на касарната во Битола, добила ангажман во гранична полиција, зедно со капетанот кој го викаа КРТ. Прашај и за него. Извини, кажи му на изворот твој, дека поручничката носеше цивилни гаќи, не како нас од јна, со врвки. Може ќе се сети.
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Има многу што се офицери во АРМ, и еве, годиништа подоцна...јас се чудам, како уопште минале психофизички тестови и како уопште остануваат таму (со оглед на стомаците и тежината, а нАли, прверки имаат), ама ај. :D
     
    На Lianna Anna, crimson и sjdgo им се допаѓа ова.
  10. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Али сеа ти ќе ни кажеш каква цел има војската, надвор од онаа за која постои од памтивек а тоа е војувањето,
    Плус да видиме некое сценарио, за колку време ќе се мобилизира, за колку време ќе се пополнат формациски единиците и за колку време ќе стигнат на борбен положај, пример Grcka праи инвазија, шу праиме?

    Дакле ако некој родител не знае и не може да го воспита синчето тоа не значи дека треба сите да плаќаме за пуста надеж дека ќе го воспита десетарот Ставре од Владимирово.
    До 2006 имаше воен рок, и нешто младинава беа како ептен јаки до тогаш? Тоа дисциплина, тоа манири, тоа свест а-у...
     
    На Sanjichka007, Nausicaa, sjdgo и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    162.559
    Жабо, тие се тие политички врзаните кои ден денес се во АРМ, зошто дудлаа кај стигнеа.
    Академијата се полнеше од сечии деца.
    Зборуваме за служење војска.
    Во АРМ како таква има и те како многу политика, како што има во полицијата.
    Старешините кои им вредеа се повлекоа во пензија уште на 40 години.
    А уште повеќе почна да не чини откако престана воениот рок. Редот и дисциплината се изгуби.
    Кај сте виделе армија составена од повеќе администрација него ли старешини? ДПМНЕ суштински ја уништија. Суштински.
    Некој се трудеше да носи вежби од НАТО тука, за да слее некој денар во државната каса, они се китеа со туѓи заслуги и летаа чинови кај стигнат, политички ги уценуваа оние кои не сакаа да им се приклучат во крадењето односно не сакаа да ги потпомогнат.
    Па и колку понижувачки е кога ќе си ги видиш сите фамилијарни броеви во прислушкуваните (имаше повик кој сака да провери дали бил во прислушкуваните нели)? Оф да знаеш...да знаеш само...
    Оние кои гинеа во 2001 и во Диво насеље (замисли, овој пат професионалци), е само продукт на тие политички неуки и компромитирани умови.
    Јас ја разбирам логиката зошто не сакаат да служат војска, а овие се едни од причините, но не значи дека е зло и дека е лошо. Муабетот ми е дека служење војска не секогаш во базата на значењето да е војна. Пак ќе кажам, тој што служел војска или е воено лице - најмалку сака да војува и свеста и знаењето на војната како такво му е појасно.
    Колку млади ги читам и слушам кои парадираат со пароли - абе нека ги згазат, абе ќе ги убијам, абе ќе одам ако треба... Ах бате... да поминеш една вежба и да поседиш во ров, три пати ќе помислиш пред да го голтнеш тоа што во партија ќе ти го сервираат со цел да те изманипулираат за нивни цели. Да поседиш три дена неиспран од мама, мокар до гола кожа, со нозе неизвадени од чизми... не знам баш дали ќе ти биде сеедно нерационално да се подгреваш.


    Низ мојот дом влегле десетици благодарни родители на бивши наркоманчиња и расипикуќи. Вредел секој твој (пффф хахаха твој...) даден денар.
    И албанци и македонци и роми и босанци...
    Оној кој ни ден не поминал во таков живот, не може да го разбере тоа.
    До 2006 како-така имаше здрава срж на општеството, за политичките каканици не зборувам.
     
    На Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  12. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.782
    Пол:
    Машки
    Ве читам и ви се чудам. Ај ако не, освен воениот рок, да се вратат и часовите по ОНО и марксизам во образованието, а? :D

    Восјката е професија, како и секоја друга. И како и за секоја друга професија, потребно е да се има афинитет, талент и повеќегодишно образование и искуство. Па не џабе дури и за време на Југославија имало средни војни школи и воени академии.

    Да се очекува дека човек кој бил на служење на воен рок утре може да биде војник е исто како да очекуваш од некој кој земал десетина часови вожња на полигон утре да биде шофер на меѓуградски автобус. Едноставно, не е возможно.

    Испраќањето на 18-годишни деца или 50-годишни луѓе (кои отслужиле воен рок пред 30+ години) на боено поле или во воена зона е рецепт за катастрофа.

    Како и секоја професија, така и војската треба да им се остави на професионалците. А за воспитувањето на деца, учење на ред, дисциплина и патриотизам - се одговорни родителите.

    Како што градинката не служи за воспитување на деца (на големо изненадување на многу родители :D), така и војската не служи за превоспитување на мамини мази во мажишта.
     
    На Matotheja, Sesil, theowndemon и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.732
    Допаѓања:
    162.559
    Бендер, идејата е дека сите сакаме да ни биде перфектно удобно во кое државата ќе ни биде бесконечен сервис на секоја наша желба и потреба. Тоа е малце оставштина од бившиот систем, а не барањето одговорност према неа.
    За почеток треба да ја реструктуираат АРМ, па потоа да го воведат воениот рок пак.
    Се уште не сме спремни за тоа после 11 години политички глупости и стагнација.
    Пак ќе кажам, целта не е да се создадат - мажишта.

    Сакаме 18 месеци породилно - дааа.
    Сакаме секаде да се пуши - дааа.
    Сакаме воен рок - *штурци*.
    Ќе ја направиш аналогијата што сакам да кажам.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.765
    Пол:
    Женски
    Мене еве породилното не ме засега и уште долго не планирам да ме засега, па немам став за тоа. Не сакам задолжителен воен рок за никого, а не сакам ни секаде да се пуши. И сеа?
    Каква врска имаат трите работи?
     
    На Ketchup, theowndemon, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    Колку е интересно што некои личности од недостаток на аргументи се користат со небулози.
    А страшно е тоа што би турнале во војна млади луѓе кои што сакаат да живеат и да градат семејство. И не мешајте патриотизам со идење во војна, не секој што ја сака државата е спремен да гине поради газот на ооние кои што го ставиле во таа положба.
    Едно прашање до вас, еден ден ако вашиот син е одвлечен од дома против своја волја и кога нема да знаете дали ќе го видите повторно, дали ќе се смени вашето мислење?
     
    На Lolo5, Ketchup, Sanjichka007 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Такви се поради друга причина која задира и во психологија малку, тој страв од компетентност и од рационалност.

    И така имаме раја која инсистира наместо професионална, мобилна, добро обучена војска со соодветни мерки за згрижување после завршувањето на кариерата, која ќе може веднаш да интервенира, веднаш да пречесече линии на снабдување, да ги разбие качачките банди веднаш пред да наберат сила - да се има аматерска армија составена од 18 годишни регрути и 48 годишни резервисти со стомачишта кои ќе бидат праќани да разбиваат качачки банди по планиниве, кои со недели и месеци ќе ги собираат и упатуваат во единици, кои последниот куршум го испукале кога во мода бил Виндоус 98. Тоа е таа страст за траумата, за погребот, за поцинкуваниот сандак, за многу наместо малку жртви. Пошто митологија не се ствара со 27 загинати него со 1500.
    И сето тоа под врховна команда на ликови како Хорхе.
    Или оној министарот за одбрана - ликовен критичар од 2001.

    Што е после чудно што праќаа луѓе да гинат со автобуси на воена линија, баш такви резервисти за кои поборниците на воен рок сакаат да идат праќани на први борбени редови dasija branat zemjata, кога решаваат особи кои не слушнале за оклопен транспортер, што е чудно што никој од таквите нема да биде казнет, не е шокантно ниту што им ги бараа парите за отштета назад и тоа со камата.
    Дури ми делува дека фактот што амнестиран агресор е во врвот на власта е премија.
    Во сиот тој свет на некадарност, неукост, некомпетентност, лицемерие и корупмпираност право е чудо што и Скопје не е дел од Косово. И тоа е некаков успех.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не смее да се занемари ни евентуална можност за употреба на профи армија за цивилни потреби, со соодветна обука при елементарни непогоди пример, пожари, евакуации, спасувачки акции по планини, помош на редовните служби, во поплави кои како беше кажано, се дешавале "еднаш на 1000 години". :party:На тој начин армијата би била дел и од цивилното општество.

    Не знам дали и сега не постојат (барем на хартија) такви опции, али пошто живееме во крајно ирационална средина не може да се очекува премногу на овој план. Прашање е колку од механизацијата е во употреба а колку е изгниена, `рѓосана и зарибана, оставена на забот на времето.
     
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    АРМ учествуваат и во тоа.
     
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Работите ги стави во еден кош.
    Служење на задолжителен воен рок не е професија.
    Професија е да работиш како воено лице во министерство за одбрана, да бидеш пријавен и сите салтаници...затоа не мешај баби и жаби.
    За да бидеш професионален војник пак ти е потребно да отслужиш воен рок(сега е три месеци)..за да се запослиш во АРМ како воено лице пак ти е потребен воен рок....значи, има млади луѓе кои ја сакаат таа професија, кои обожаваат да носат униформа, оружје, некој поради звучното име, некој поради други причини, финансиски, стамбени(тоа беше на времето од ЈНА кога одеа во армија само поради решавањето на стамбеното прашање)....но никој не оди поради патриотски причини или во случај ако дојде до војна па да ратува..тоа веќе е јасно, секој што знае да ракува со оружје ако затреба за не дај боже ќе учествува.
    Јас не сум за враќање на оној систем од година дена служење војска, чистење листови, собирање пикавци, пожарен, идр....доволно е и сега, три месеци обука и понатака нека сам одлучува за што ќе се определи..дали професионален војник, академија и др.
     
  20. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.782
    Пол:
    Машки
    Нема да го коментирам законот за пушење или породилното од 18 месеци пошто се надвор од темата, ама суштината на секој нов закон или измена на закон е споредба на потенцијалните трошоци и бенефити за имплементација и, согласно на тоа, носење одлука дали таквиот предлог ќе биде прифатен или не.

    Ситуацијата со повторно воведување на задолжителен воен рок е многу покомплексна од, на пример, новиот закон за пушење, за кој, ако се усвои, е доволно угостителите да изнесат по една пепљара на масите and call it a day.

    Задолжителниот воен рок ќе повлече огромни средства од буџетот за опремување на касарни за сместување на луѓето, мензи за исхрана, нови униформи, опрема, механизација, оружје, муниција итн. – и сето тоа во услови кога дури и професионалниот состав на АРМ работи во субстандардни услови и со несоодветна и застарена опрема.

    Од друга страна, потенцијалните бенефити наспроти огромните трошоци се, во најмала рака, нејасно дефинирани. Прашањето што треба да се постави е „Дали со воведување на задолжителен воен рок ќе се зголеми квалитетот на дефанзивните способности на Македонија како држва во услови на воен конфликт?“

    Јас би рекол – не.

    Прво, ако зборуваме за зголемување на нашите одбранбени квалитети, мислам дека многу поиздржано би било подобрување на условите и опремата на постоечката професионална војска, а со тоа и зголемување на потенцијалната бројка на професионални војници. Второ, Македонија како земја не е под никаква реална агресија за територијален напад од странска или соседна држава.

    Конфликтите на овие простори покажале дека единствената реална закана за земјава (и земјите од регионот) можат да бидат само терористички групи и формации кои најчесто произлегуваат од дел од населението на самата земја. А за справување во ваквите случаи се одговорни органите на МВР и специјалните единици, а не армијата. Така да, зголемувањето на безбедноста повторно треба да се бара во други институции и по пат на поинакви механизми, а не во војската или во задолжителниот воен рок.

    Со Југославија беше поинаква приказната и можноста за меѓудржавни конфликти беше многу пореална – Југославија како земја беше опкружена со земји-припаднички или на НАТО или на Варшавскиот пакт, а притоа самата не припаѓаше во ниту еден од нив. Но сепак, дури и за земја како Југославија, огромниот одлив на парите од буџетот за редовната војска и за оние кои служеа задолжителен воен рок беше, благо кажано, сомнителен.

    Освен тоа што некои луѓе успеаа да се оженат благодарение на отслужување на рокот, тоа што запознаа делови од земјата во кои никогаш поинаку не би отишле и склопија пријателства со луѓе од сите републики, друга реална придобивка од служењето војска - освен овој аспект на „братство и единство“ - немаше за обичниот човек. Ама ако се земе во предвид начинот на кој се растури СФРЈ, може да се каже дека воениот рок затаил дури и во аспектот на братството и единството.

    За мене секогаш подобро решение ќе биде помал број на професионалци, со повеќегодишно искуство и тренинг отколку поголем број на приучени луѓе, со минимален тренинг и скоро никакви основни познавања - ова не само за војската, туку за било која проблематика, генерално.

    Еве, и јас поминав обука за ракување со дефибрилатор пред 3 години - и ниту пред, ниту после тоа не сум ракувал со него, а освен со кукла, со вистински пациент немам никакво искуство. Сега, биди реална и кажи - ако (не дај Боже) на тебе или на некоја твоја драга личност треба срцето да и' се врати во синусен ритам, кој би сакала повеќе да ракува со дефибрилаторот - јас или обучен медицински професионалец, со повеќегодишно искуство? :D

    Е па, истото важи и за војската и одбраната на државата.

    Сериозните и сложени ствари треба да се остават на професионалците - приучување на секој да го работи истото нешто не е никакво трајно решение. А дали имаме доволен број на професионалци од одредена област (у случајов, војници), тоа е веќе тема на друг муабет.
     
    На Lolo5, theowndemon, Ketchup и 5 други им се допаѓа ова.