Ти како поединец. Мнозинството сака породилно од 18 месеци. Мнозинството сака да се пуши секаде. Мнозинството не сака воен рок. И низа други работи... кои генерално се контрапродуктивни. Е сега и акзицата за дизелот не им чини. Сакаме да градиме на брдо планина и после државата да не ни чини зошто не ни приушти ова и она. И сега? Поентата на сите три работи е што секога бираме тоа што ни е најудобно и е линија на помал отпор зошто ни недостига колективна свест. И се некако се испреплетуваат нештата. Од една страна... сакаме се да ни биде удоволено, од друга страна ни недостига љубов према татковината, бљак војска. Колку е тоа лицемерно? И не зборам за патриотизам, ама па не прифаќам и неограничена омраза према својата држава која ја дадовме дел по дел на распродажба. Афродите, никој не спомна патриотизам и служење војска не значи војна. Можда некој друг го употребил ко аргумент, јас не и нема, зошто идејата и погледот ми е поинаков. А ако се случи војна, не знам зошто мислите дека како цивили би биле баш удобни гледајќи го сето тоа од дома. Пак ќе речам бидејќи селективно читате - нека поседат во ров, па нека пишуваат смрт за шиптари и нека се маваат во гради по фб. Ако некој решил да има војна, вака или така СИТЕ ќе страдаме. Тој филм што сите си го гледаа 2001ва ако добие сериозен замав и нема да биде така лагано. Во случај на војна може 10 посто од цивилот од резервен состав, а ние немаме зошто нема редовна војска. Според НАТО не сме ограничени колку војници треба да имаме, нашиве зошто не им чинеше ставија 7000, а треба да биде 1 посто од населението професионални војници, ама НЕМА толку. Ако ти ја нападнат државата треба да биде 3 према 1 за да може да го поразиш непријателот. Даклем... ако не дај боже се случи војна - сите ќе го јадеме и ќе бидеме мигранти, беда. Сакаме да не сака државата, да ни даде се - а ако згусти - сите фитиљ. Не се работи за тоа сакам - не сакам, некои работи веќе не се прашања на лични желби. Ќе повторам, 7000 (еве нека се и 10 000) професионални војници. И мислите дека цивилот мирно ќе спие? Бендер, ќе ти пишам подоцна треба да излезам, ама реално логиката ти е лоша, а и информации ти недостигаат за да ги тврдиш тие работи. Само да те корегирам, помалку чини воен рок, отколку професионално вработени војници. Имаш низа контрадикторности. Ама со неоженетите ме изнасмеа... Попрашај по постарите ако сте еснаф фамилија со корен, ќе ти кажат дали и кои се женеле и што значело да не служиш војска. А што се тиЌе прва помош, ако има потреба од помош, а има обучен парамедик и во нареден час нема шанси да стигне доктор, ќе одбереш да умреш? 2001ва не беше работа само на МВР, среди си ги фактите. Навредливо е да се прочита. Ако Македонија не е под реална агресија, чему стравот тогаш? Позитивните придобивки само ќе ги осетиме за кои и зборувам. Си ги испомешал работиве малку.
Тука веќе драматизираш, Лилитке. Полека со распродажбите и омразата. Интелигентна си и разумна, немој да се доближуваш со речникот до квазипатриотите, те молам. Недостаток на љубов и гордост за татковината до толку да се бориме за неа, има затоа што ситуацијата во истата ни пружа толку што тоа е многу далеку од сè удоволено. Зачаран круг е, ама тука е коренот на тие чувства. Омраза и срамење има кон и од личности што ја водат, не се однесуваат тие чувства кон државата. А нè има и пацифисти за кои не е само тоа во прашање. Јас пак ќе повторам, и да живеам во најразвиената земја што би ми пружила сè - со оружје нема да се борам за неа. На друг начин да, но со оружје не. И мојата безбедност и на моите сакани пак би ми била на прво место при несакана хипотетичка агресија. Точка. Различно гледиште и филозофија веќе е во прашање тука, треба да го прифатиш и да не го оценуваш како лигавење. А она што не можеле да се oженат оние без воен рок, било тешка глупост и нешто за што треба да сме горди на напредокот на човештвото со кој останало во минатото. Не биле посакувани ниту жени што не се посветени строго на домаќинство и деца, па ај сеа тоа да го користиме ко аргумент во друга тема, како да било и во најмала мера позитивно. No, no, just no.
Ако сухоите кои гнијат на Петровец не се доволни еве ви и неколку десетици оклопни транспортери кои ја доживуваат истата судбина. И нареден пат пак ќе бидат праќани резервисти со автобуси и камиони без никаква заштита. И пак ќе гинат. И пак после тоа раја ќе повикува на повторување на истото, на воен рок, на повеќе погреби, на повеќе деца без татковци, на повеќе семејства во црно. Но тоа е судбината на едно општество во кое на цена е игнорантноста, особено онаа гласната.
Ама @Црна Ружа , ова погоре воопшто не е битно. Битно е да се врати воениот рок, нели до 2006-та, АРМ произведуваше снагатори бе, не сега како овие мамлази пушка што не знаат да држат во рака. А ако споменуваме војна и се земт во предвид сите тие наши орудија кои скапуваат, да не го занемариме фактот дека секоја држава од нашето опкружување би не спакувала за 24 саати. Чак и Албанија, која и се смеевме дека нема семафори пред 20 години. А тоа сигурно не е поради редовната војска. Дискусијата префрлете ја како треба да се воспостави ред кој се' влегува во професионална војска, да се исфрлат мамините кафе кувари кои им е страв од касарска стража во центар на градот, војници кои не можат да направат 10 склекови на физичка проверка. Така ќе имаме колку толку квалитетна армија. Кој сака да зема плата и има муда да иде во војна, а ги има многу кои влегле а и не влегле ради "специјалките" кои ги споменав погоре. На регрутациите, не беше тешко да минеш психо тест. Спремен си момак, пиши артилерац. После 5 месеци го гледаш плаче на стрелиште во Битола, напраил грешка во протокол за гаѓање, па офицерот го удрил со кундак по шлем. Е тој нема да ви војува, иако служел војска и минал 80 дена безпотребна стража.
Професионалната армија гние од врвот, е затоа не може да ги исфрлат прво мамините синови кои што пушка не знаат да држат во рака.
Оф мори мајчице... Камај подебилна слика мислам немаат објавено досега, мозокот си го видов прееска од преврќање очи Баш ко за аргумент во темава е... Барем да беше тренд и женствена чантава/ранецов, па бар во стереотипот да се вклопуваше Тоа се тие дубоки аргументи, да... Тоа е тоа!
Right?! Поглупо нешто немам видено. Кои луѓе го оправдуваат ова? My brain can't grasp the concept. Што ти поминува низ глава ако мислиш дека ова е важно? Дури жал ми е за дечково, не знам како би се осеќала да се видам објавена на некоја страна. Барем изгледа подобро од 90% од мушкарциве што ја лајкнале, во тоа сум сигурна. Мене баш ми се допаѓа, и дефинитивно би ми фатил повеќе око од некој облечен во тренерки и елек. Мислаааам, алооо... некој да сака да изгледа средено и да посветува внимание на неговиот изглед. Колкуууу врло веома педерски . О не, не, не. Ќе ве замолам ако може, еден муШ со влакна под мишки, пивски стомак, да пцуе, плука по улица и да гледа фудбал. Кошула и сако да му бидат непознат поим, да треба да го молам да се дотера за некаде.
Тоа ти е тој заостанат менталитет со размислувања на прабаба ми (ќе речев на баба ми, ама каде каде е посовремена од овие во турско ропство што се уште). Со кого делиме воздух Уште зел да го слика, демек види колку сум досетлив Со што сакаш да земеш и да го корнеш сељачизмот од нив, не можеш да го искорнеш толку што им е заседено во сржта.
Да си ми жива и здрава И јас ќе речев дека баш би загледала и би ми се допаднал дечко со ваков стил у автобус, али што знам па јас... Постапката со сликањето, исто ко Јоци со женичката со соблечените чевли... Али тука е у прашање „феминизирано“ машко, па раја се пали и смее... Дно! Прво кога ја видов сликата си помислив сигурно некој неизживеан тинејџер сликнал, ама за жал луѓево што тука дискутираат во тој стил се далеку од таа возраст, а и оние со коментарите на објавата. 1,7k лајкови има глупоста ејјј, факин 1700 енд каунтинг. Ај токсичниов став за воениот рок, туку и која смисла за „хумор“ е ова, па и култура, дури и сенс за мода бе И после за премногу либерализам ќе збориме... Со кого го делиме воздухов у државава
Не сум јaс нa сликaтa, не знaм пo кoјa oснoвa би ги тужел, нo јa пријaвив. Некa јa пријaвaт и oстaнaтите. @buba4e89, кaжи и' нa другaркa ти декa вooпштo не е пристoјнa.
А што би требало да е смешно, глупо или ватевр на сликата? О вие совршени суштества, прстот нели ве боли од што цело време ви е насочен кон некого? Некои први се да кажат дека мажот дома им чисти и помага, ама скраја да е да е понежен, или да носи чанта што наликува на женска. Тесни фармерки? Џизс! Некој страв ве јаде одвнатре, од се што е различно. А работите што не плашат или гадат имаме тенденции да ги...убиваме. Како пајаци, бубашваби, муви...луѓе? Од таму поаѓа се. Рилекс малце, ниту вие сте совршени, ниту имате право да судите за туѓите животи и избори. Па нели господ беше тука за тоа?
А не ли е мaлце глупo вoзрaсни луѓе кoлективнo нa интернет дa исмејувaaт чoвек штo никaкo ги немa испрoвoцирaнo? Не збoрувaм сaмo зa дечкoвo, стo пaти се имa слученo некoј пресмешен дa сликa пoчуднo oблечен чoвек и дa гo стaви нa интернет сите дa му се смејaт. Леснo е oд стрaнa дa се кoментирa, реткo кoј личнo би му префрлил бидејќи сите сме вoспитaни и културни нели.