А ај ти дај ми доказ дека дечково не би убил некој. Ако ти се осеќаш неспособна за живот оти носиш ташна, за полесно да ги пренесеш потребштините, тоа не е наш проблем.
Јас би отишол во војска... ако ништо друго ќе научам да правам тетоважи со бодликави жици и да се борам за продадена држава која ако утре останам воен-инвалид ќе ме остави на цедило... значи нема да одам, а и не ни можам да одам само да се надополнам.
Па дали тоа вие давате амин да почнам да ги сликам и објавувам сите грди и просечни модни парчиња кои ќе ги видам на вас, кога ќе ве сретнам некаде? И мене не ми се допаѓа чантата, ама вкус е, јбг. Не би ја забележала на улица, што останува за сликање и снимање. Луѓе кои се замараат со вакви работи се незрели и простички, малку комплексите работат, као, зашо он да фрли пари на чанта, и така.
Епа, човек ја гледа сликата и се прашува дали треба да биде така? Жртвувањето, во одбрана или во изградба на едно општество, може да биде тажна вистина, но идеал??? Кој сака да гине?
Ако нема бранители и војска, сите ќе изгинат и сѐ ќе изгубат кога ќе дојде до напад. Не ти се реални баш зборовите, демек ако човек оди во војска, ќе изгуби и семејство и сѐ, божем ако не оди во војска има гаранција дека ќе живее и има семејство. Од Петра сликата е пореална, sorry. Луѓе гинат и без војни, а војните колку и да се крвави и кобни, гаранција за иднина се , слобода и живот за идните генерации. Рашири видик. Зошто ти денес слободно живееш и шеташ надвор?
Не можеш да објасниш на некој што светот го гледа со розови очила. Нема да те сфати некој што плука по споменик на борец. Џабе се објаснуваш. Војната е зло. На сите ни е јасно. Нз зошто беше потребна сликата под мојава. Смешно ми е.
Тој кажа: „Јас кога бев синко на твои години у ЈНА (у Требиње) тоа беше дисциплина, давев крокодили со голи раце.“ Пред да го повикаат да служи војска бил на лекар за да извади потврда дека е луд.
Од таа слика што ја закачи , што би избрала: - да го нема во овој случај само таткото? - да ги нема сите тројца? Замисли онака сите да не снема. За жртви во војна не ми збори. 2001 изгубив близок, штета што ни потомство не остави, но жената сврте нов лист. Она само си знае како и е. Но, живее благодарение на тој јунак, има и ново семејството веќе! Никогаш нема да е тоа што било, но ете ... Едноставно никој не го сака тоа, но се случува. Дали ти на мое место 2001 би седела на 5-6км од војната? Дали ти дење-ноќе си слушала рафали? Дали ти си седела цело лето затворена дома со страв дека може некој непоканет гостин ќе ти влезе дома ? Појма немаш што е пекол.
Види девојко, ти си последната со која би зборела за тоа од кој аспект имам поим во животов што е пекол. Веќе кажав, како возрасна особа при војна би избегала од земјата на безбедно место со своите најблиски и ни најмалку не се срамам да го кажам тоа. Тоа што во 21 век сум против враќање задолжителен воен рок за сите и величање на спремност при војна како мажественост кај сите мажи, не значи дека не ги почитувам луѓето што порано кога го имало на големо тоа зло (војувањето) се бореле за својата земја. Тие емотивни манипулации кај мене не палат, посебно не конкретно од тебе од која доволно сум видела на форумов. Ајде сеа ариведерчи, веќе реков не заслужуваш ни толку одвоено време и го избришав минатиот пост, се надевам и овие ќе се избришат
И шо дека Гоце, Даме, Сандански, Питу Гули се бореле и гинеле за ова парче земја, кога еден Зоран Заеб ќе ја продаде за ич пари? А платените војници војуваат за пари, за нечии туѓи политики и империјалистички амбиции. Единствено нешто што поштувам од воениот рок е што од момчињата правеше мажи, а не мамини мази што не знаат ни креветот да си го наместат. Ок, да не претерувам, не се до толку неспособни. Еве на пример знаат да исчупаат веѓи и ефекти на Инстаграм да ставаат.
Ја ти предлагам Швајцарија вака да здуваш. Таму се иде преку 10 години по еден месец редовна војска. Или повеќе од 1година редовна. Не те прашуваат дали сакаш, мораш ! Збориме за Швајцарија, не за било која земја! Така да твоите филозофии се провидни. Соли памет на деца, или некој со таков памет. И зашто да се брише? Јас ова не го гледам како кавга.
Па слободно одете обучувајте се, запишете се во војска, што дремете на форумов? Некој ви забранува за да бидете војници? Пред неколку месеци истите верглавте за редовна војска, и што? Сте направиле некаков чекор лично вие? Пофалете се ајде, чекаме...Ќе ви направиме и банкет ако треба, ќе ве испратиме достојно во војска. Немаат сите желба да изигруваат патриоти, да се занимаваат со такви работи, а башка што и не се спремни ни психички ни физички...Кој сака нека оди слободно и нека ја брани земјава. Толку ви е тешко тоа да го сфатите, дека не може на сила никој да го терате? Во многу јака земја живееме, па уште фали да пуштам некој близок пак да се бори Сигурно
Не треба да се врати воениот рок. На никој не треба да му се наметнува да учи за војник. Како прво, луѓето и државите да не се мразеа меѓу себе, немаше ни да има потреба од војски. Ама ете ќе речите во природата на човекот е да напаѓа, да зазема, да биде себичен, алчен и сл. Дали за оваа држава вреди да гинеш, за вакви срања од политичари? Не! Радо би заминала на безбедно место. А за сликата погоре немам зборови. Треба да ти фали нешто за да се исмеваш со некој што на никаков начин не ти згрешил и си ја тера својата работа, па дури да го ставаш по социјални мрежи. На каков начин носењето таква чанта ви извлијае во вашите совршени животи? Толку имам да кажам, а еве и една слика во прилог:
Ако више враќаме воен рок за да педериве да станат прави мужи, да земеме и жениве по дома да ги затвараме, да не смеат да писнат у живо, а камо ли по интернет и форуми да лупетаат глупости и да продаваат муда за бубрези... Особено ако нивен не бил у ратот...
Ете им го Израел, има таму и за мажи и за жени плус ќе добијат можност да видат некоја пустина и по некој Арап, ретка прилика не смее да се испушти. Јас ти гарантирам дека тука да ѝ споменеш на некоја војска нема ни да сака да отиде, бидејќи „жената треба да биде дома и да „кува“ “.
Како што секој не може да биде хирург или да работи на аутопсии, така секој не може да биде војник и да убива, дали во напад или одбрана. Сите поддржувачи на враќање на воениот рок, идете прво одработете си своето во АРМ па после зборувајте.
Еве, ќе илустрирам со слики, за да видите вие жените-поборници за војска дека служат исто така војска и жени: https://en.wikipedia.org/wiki/Women_in_the_Israel_Defense_Forces#/media/File:Nightshot3332214.JPG Дури има и црнкиња: Па после имате жени кои се Курди и служат војска и се борат: Еве, ќе удриме малку на православна основа: Одете пријавете се, не е срамота, служете војска. За Родину, дороги друзја.