А вие што велите да се врати воен рок, вие како жени би служеле војска? Или само за да маживе бидат мажи е тоа.
А кој кажа дека е срамота ? Има некои овде што освен четкичка за шминкање и оружје фатиле чисто од љубопитност, рекреативно. Ја се кладам на оние како типот од сликана на Камај, да му дадам ловечка пушка, ќе падне кога ќе ја крене.
Па оди пријави се тогаш. Ете ти војска, ти сметаш дека војската може да направи човек од некоја индивидуа. Пријави се, ќе ти дадат униформа, ќе држиш калашњиков наместо четкичка за шминкање во рака. Нема да губиш време на форуми како овие другиве кои губат време на форуми и тоа е тоа.
Ако биде потребно (недај Боже) , ќе се пријавам не се секирај. Нема да бегам сигурно, како што не избегавме и 2001год...
Оди сега пријави се, не чекај. До војна може и никогаш нема да дојде. Во Русија гледаш нема војна, па служат жени војска.
Дека ако носиш капут и ташна силата ти ја снемува магично? Како е тоа мерка за маженственост? Што се нема да прочитам Ако не ти се свиѓа како е облечен не значи дека не е „силен“ или дека е геј.
Ти пишав нешто во претходниот пост, не има и такви . Така да, ако треба ... @x.Daisy.x има разлика од капут до капут и од ташна до ташна. И мојот маж носи, ама мои ташни не.
Добро е, барем си искрена. Ете, гледаш како во мајчица Россија служат жени војска и во времиња кога нема војна. А ти дома седиш се расправаш со мене на форум.
@Petra777 Коментираш личен вкус. Исто ко јас да кажам за некоја ташна твоја што не ми се свиѓа мене лично дека те прави да изгледаш како машкоданка. Спојлер Глеј го овој, и он можда е слабак. Не знам како можеш врз основа на една слика да коментираш такви работи.
Може сум во блажена состојба... Зошто така сам заклучоци донесуваш? @x.Daisy.x имам вакво пријателче напумпано на протеини со посекси задница од мојава. Така да знам...
А можеби и не си во блажена состојба. А сигурно дека и твоите поддржувачи не се сите во блажена состојба.
@Petra777 дали тие што би избегале во случај на војна, место да се борат, ги сметаш за кукавици и предавници?
Јас ќе зборам за она што го видов со свои очи. Бегаа стари, изнемоштени, со мали бебиња, мажи што не знаеа да управуваат со оружје, т.е се криеа кога ги бараа на врата. Не ги окривувам. Значи тие што во 2001 гинеа се будали за вас? И наназад сите години? Па зошто газите по оваа земја бе? Зошто јадете леб тука, зошто студирате тука? Зошто носите христијански имиња и македонски презимиња? Што барате овде???? Знаете што значи зборот "татковина" ? Мене треба да ми е најмалку гајле, јас не сум декларирана како македонка, ама ете.. се осеќам должна.
Тие во 2001 година кои се бореа сфатија одамна дека биле будали и дека не вредело човек да се бори за сопствената држава. А богами и ти го знаеш тоа. Инаку немаше да продаваш тука мудрости на форумов. Оди види колку воени лица кои се бореја се оставени на цедило од татковината па после зборувај.
Ако не сте знаеле, може да допринесеш за татковината и да исполниш некаков „долг“ кон истата на многу начини, од кои воени способности (треба да) не се баш на врвот на таа листа во 21 век. Јас знам, пратам и поштувам прогресивни луѓе со вистински вредности кои хејтаат вакви заостанати стереотипи, а и тоа како ја претставуваат на некој начин татковината со својата работа, во доста добро светло - замислете, преку некои ствари што се викаат наука, уметност, литература. И таквите се многу поголеми патриоти од вас што се чукате во гради овде. Војна во моментов нема. Не треба никогаш да има. Не треба никој да се подготвува за истата. Тоа е најважната поента, треба мирот да се чува како највисока вредност, а не да се враќаат времињата полни со војни како некој пример и способноста за војување да се издига како некоја величина што треба да ја поседува секој. Ама бесцелно е да се повторува на индоктринирани и задоени луѓе со вакви квазиидеали. Чееееекај малце... Не си декларирана како Македонка? А знаеш ли воопшто што значи поимот (себе)декларирање? Пошто вака кажано, целиот патриотизам си го побиваш. Ах, кутри ние, најсилни патриоти ни се недекларирани Македонци и по некоја госпоЖа иселена у странција... каде ли да се скриеме од срам?
Какви се луѓе чекорат по оваа земја, да се зачуди човек. Во друга тема читав дека деца требале да живеат со корка леб, да одат по 10 километри за да земат вода и да цепат дрва. Сега читам дека кукавици биле оние што бегале од војна. А за кого се бореа во 2001? Кој каков бенефит има? Каде се најголемите патриоти? Ех, Тони во Балканкан убаво кажа "Комши, за татковината се' ", кој го има гледано филмот ке сконта што сакам да кажам. @+++ и кај нас служат војска жени. Со наполенти 18 години, секој граѓанин на РМ може да служи војска од 3 месеци. По завршување на средно образование кој сака - може да се пријави. Со сигурност знам дека може, познавам луѓе, и мажи и жени, служеа војска. @Petra777 колку години имаш? Имаш деца? Сега си бремена? Како што реков, ако навистина сакаш, веднаш по завршување средно си можела да служиш војска. Или годината после тоа. Освен, ако нели, тогаш си била бремена. Во спротивно може џабе да ни објаснуваш за твоите чувства кон татковината.
Сакав да те цитирам ама ги бришеш мислењата бидејќи немаше ниедно допаѓање на тоа. Пишуваше нешто за осет.. Ти за осет зборуваш. И незнам како не можеш да разбереш дека сме 21 век и моментално голем проблем е тероризмот и незнам како мислиш да го браниш со наука и уметност. И престани да плукаш и вреѓаш по се што не е исто со твоите ставови и мислења имај ОСЕТ.