Тoa нa сликите е Кoнoр МекГрегoр, нaјјaкиoт бoксер вo цел свет. Немa смислa дa гo спoредувaш сo некoј штo се пумпa сo стерoиди, мислaм сaкaше дa кaжеш? Пaтем, јaс имaм јaкнa сo вoјничкa шемa. Вoјник сум, фaлa мнoгу чao.
Ауууу, ме прочита Дете бе... Ај да ве вратам пак малку во реалноста, пошо на секој пост тоа ви треба. Регуларна војска ИМА, а и опционален воен рок за секој што САКА да служи. Колку што знам, ѓаолскиот Запад никаде не ги укинал. Никој не ви брани бе, пријавете се самите, пријавете си ги блиските машки особи. А другите што немаат никаква склоност кон таа работа, ниту волја, ниту време да си го трошат на воен рок - оставете ги да живеат како што сакаат, договорено? Епа знам за жал дека не е договорено, вие (како и во сите останати теми каде што ни ги извежбавте мускулите со превртување очи) сте повторно тие што упорно се мешаат во нечиј живот, се потсмеваат и понижуваат некого поради личен стил на облекување, некој идиот сликнал свој сограѓанин во автобус и го руга по социјални мрежи а вие се смеете и тоа го споделувате... И на крај мешање во мешањето, дискриминација на дискриминацијата, неприфаќање на вашето неприфаќање туѓ стил на живот. Мех... епа чорба другари Терајте и уживкајте си со вакви „аргументи“
Епа сега имате дозвола сите да кулирате настрана и да солите памет, а ако дојде до НЕДАЈ БОЖЕ ќе се пријавите. Што не е јасно? Пошто баш кога ќе почнат војни тогаш се пријавуваат сите, а инаку на форум си седат.... Зошто да имаат редовни вежби и тренинзи, кога полесно е да се плука? Паметни се луѓето.
Дете бе хахаха 2-3 години си постара од мене ништо повеќе не се преценувај. Јас ништо не реков за воениот рок, туку во очи ми падна тоа што пишуваш така дрско и некултурно а зборуваш за осет.
Море, и за женски и за машки! Све распекмезено. Све. Рад, ред, дисциплина! Коа ќе го стигнете нивово, ќе правиме муабет.
Кoлку ги исплукaвте денешните мaшки декa не биле вистински и декa биле исфеминизирaни, некoј штo никoгaш не бил вo Мaкедoнијa ќе си пoмисли декa прoсечен млaд мaкедoнец личи вaкa: a не вaкa:
Знам дека има жени кои служат војска. Само форумскиве жени (99% од тие кои поддржуваат служење во војска) не сакаат воопшто да служат. Тоа ми беше поентата.
Луѓево мислат така е тоа, како на филмовите американски - ќе дојде некое лице од US Airforce да ѝ каже на жената чиј маж бил во Авганистан и паднал во борба против Талибанците дека мажот ѝ почнал храбро во битка и дека (божем) жалат за загубата, па виткање тука американско знаме, па орден Purple Heart бла, бла, бла... Реалноста е поинаква. Овие луѓе се оставени на цедило тука во Македонија и никој не ги ферма. Утре да дојде до војна нема пак да им излезат луѓе да им се борат.
Па нормално, секаде сум декларирана по потекло од таткова страна. Нели рече не сум вредна за коментари, што се подаваш? Секој коментар ти е како убиваш со "сарказам" и те јаде туѓ срам. Мене ми е срам што јас со српско потекло "рипам" за Мк, а ти ќе бегаш... @Ketchup знаеме за тебе Срцки сте и двајцата, останете си такви.
Да да, се разбравме, и јас тоа го велам. Муабетот ми беше дека јас лично знам жени кои служеле војска, сакав да кажам не е мит тоа, реално е. Ма џабе дробат, кој сака да служи војска и вели дека треба да се служи, нека повели и нека оди. Епа откако ке се врати нека проповеда што, како, зошто.
О, крваво било тука Одредени членови како да не се на форумот за дискусија, туку да се занимаваат едни со други. Не знам кој ве убедил некои дека задолжителниот воен рок ќе го оправи населението. Да беше полезно и практично, јас прва ќе го поддржев, ама не е. Најголемите зависници од дрога или коцка кои сум гледала како го губат она што го имаат, се родени во 60-те. Сите служеле воен рок во поинакви времиња, пред да се родам. И што ги научиле таму за животот, ништо. Сведоци сме на испадите на странските војски во Ирак, Авганистан и сл. кризни жаришта. Дрогирање, пијанчење, малтретирање недолжно население, силување... cе сеќавам на еден случај од минатата деценија, македонски војник дилал дрога на Американци. Имате примери на јавни личности од земјава со војнички бекграунд, па со што се истакнуваат, никакви доблести, никаков репер за људини, ништо, празно. После набројаново, се прашувам, од каде ви е тоа дека војската по дифолт произведува дисциплинирани, храбри, морални поединци? Како во секоја професија, така и таму има секакви луѓе. Многу шлајмови, во секој случај. И гејови има , читнете разоткриени афери ширум светот, значи не е рекла-казала, туку е документирано со докази, санкционирања и т.н. Добар карактер се култивира уште од детството. Лабилна психа не може да се среди на 20 години.
Не знам дали е до мене или овие што се pro-задолжителен воек рок имаат ужасна смисла за хумор? У војска да не ги учеле на вакви смешки?
Бaш сегa јa видoв и сликaвa кaј еден нa инстaгaрaм сo нaтпис: Врaќaјте вoен рoк oдмa! Чиниш не знaм кaкви нaучни фaкти лежaт нa сликaтa. Блoк.
Изгледа оние кои не служеле војска имаат секс како на сликана, а оние кои се залагаат за служење војска со ваков бош муабет немаат ни таков.