Дали треба да се врати воениот рок?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Silver.E, 12 мај 2015.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Про-алфа мажјаштво, про-задолжителен воен рок, хомофобија, Makedonia cela dae... сето тоа со хумор не ни иде во иста реченица :D
     
    На Lolo5, Anaxandra, DAngel и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Cruise

    Cruise Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2018
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Машки
    И те како треба да се врати.
    Ама да се врати оригиналниот, старински ЈНА воен рок, а не ова башибозук по неколку дена и на викенд.
     
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.194
    Пол:
    Женски
    Мислам дека опсесијата со враќање воен рок не лежи само во конзервативните сфаќања, сексизмот и родовите стереотипи.

    Колку што сеќавам, војната отсекогаш била глорифицирана, т.е. умирањето во војна. Веројатно ова е поради тоа што луѓето не можеле да најдат друг начин на се справат со загубата на блиска личност, па почнале да ги возвишуваат оние што умреле во војна.

    Уште во најстарата литература во светот се среќаваат вакви теми и се користат такви тропи. Херојот оди во голема битка, испоубива сè што ќе стигне, се возвишува неговата сила, потоа или победува или евентуално умира во војната, со што нас нè тера да сочувствуваме со него и да ја ставаме на пиедестал катарзичноста на тој чин. Не е нешто што ретко се среќава, Гилгамеш, Илијадата, Одисејата, а подоцна и кај Расин има нешто слично. (Цела љубовна приказна се темели на херојството. Жената буквално се заљубува во фактот што овој тргна в бој, а другиот што еднакво ја сакаше го нарече предавник и слабак. На крај женава со задоволство реши да оди во ропство со својот сакан херој и тоа го преферираше во однос на no war at all. Жими сè, ова некој фетиш ќе да е.).
    Океј, настрана тоа.

    Глорифицирањето на борбата во суштина е coping mechanism за смртта што доаѓа од неа или за потенцијалната смрт, т.е. опасноста. Сфаќам дека чепкам на целата теорија на постоењето на херои, но мислам дека нивното постоење се заснова токму на овој принцип. За да се искорени ова можеби ќе треба да престанеме да го глорифицираме борењето во војна и да почнеме да го глорифицираме мирот.

    How about општество со луѓе што немаат потреба да бидат воено обучени, а не општество во кое ќе ја возвишуваме потребата за воена обука?
    Знам дека звучи како fairytale, не сум глупава, ама ако сите одлучиме дека умирање во војна не е кул може и ќе престанеме да војуваме.

    Да, тоа значи да престанеме да ги глорифицираме сите национални херои. Без установи наречени Гоце Делчев, Јане Сандански, Питу Гули, без песни за херојско загинување и без поеми од вид на Сердарот. Зошто па сега да не ги фалиме? Бидејќи сите знаеме дека не се глорифицира политичкиот активизам на Гоце, туку тоа што бил убиен во битка, а за тоа говори фактот што од 10 луѓе сите знаат кога, каде и како умрел, ама еден дали ќе знае на каков друг начин бил ангажиран надвор од држењето пушка в раце.

    In conclusion, идолизирањето на луѓе како Гоце не е здраво, не треба да се практикува и претставува корен на проблемот со војната.
    Damn. My history teacher would be so proud. :D

    Не, сериозно, ако наоѓаме нешто позитивно во убивањето и умирањето, тоа покажува дека нешто сериозно не е во ред.

    ***
    Малку онтопик, бидејќи о-толку-саканиот воен рок од времето на татко ми е она за што всушност се збори во темава, воениот рок не прави праф муш од човека, mainly because таква работа не постои, освен во имагинација на искомплексираните мажи, оф корз.

    ***
    Друга работа, онаа сликичката погоре имплицира дека мажите пред воен рок не знаат како да имаат секс, а тие што го поминале знаат. Хммм... you see where I'm going with this? :)
    ***
    Последна работа, I promise.
    Што е финтата бе, повеќе муабет за чупање имам прочитано на оваа тема отколку во оние за веѓи.
    Вие мужиштата да не имате некој опасен комплекс за веѓите? :D
     
    На honest girl, Lolo5, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  4. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    [​IMG]

    [​IMG]


    Ако израелките можат да служат војска 2 години, можеш и ти бар 2 месеци. Не за друго, утре мајка ти ќе отиде на патување негде, нема да можеш креветот сам да си го наместиш.
     
    На игор. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Не препорачувам, ризични се тие патеки за оваа албанизирана држава.
     
  7. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Може несакаат пример од израелките. Да им дадеме од кумановката на џихад во Сирија што загина бидејќи гледам за тоа никој не коментира не им смета, а им смета сопствената армија која не брани.
     
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Ако на некој му треба воен рок за да научи да си мести кревет, тука има сериозна дупка во домашно воспитување :)
    Да да, баш така е... какво сметање, аплауз ѝ даваме (facepalm) :headbang: Каква логика еј...
     
    На Lolo5, Lella, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Пред 100 години било потребно бројност, а денес воена технологија и опрема. Многу се смени начинот на кој се војува. Само погледнете новото оружје што го произведува американската или руската армија каква разорна моќ има. Десет нуклеарки можат да уништат цела планета без проблем. Тука е и герилскиот начин на војување. Можеби најопасниот.
     
    На realGirl, Lolo5, Joi и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Па реално така е, никој за тоа не се буни, а гледам пишуваат како им сметало армија ова она.. Па да не е таа армија и полиција да не е оружјето кое тие го носат немаше да можеме да се шетаме слободно. Ние имаме армија но и покрај тоа Македонија изобилува од џихадисти, проблемот е што никој не пиша дека тие сметаат туку сите пишувате како армијата смета воениот рок и ред други работи. Сите сакаме мир но кога некој со оружје те напаѓа ти сигурно нема со аргументи да се браниме.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Кај Израелците служење војска е чест, а не само законска обврска. Жените служат веројатно поради потреба од бројност, а не дека се којзнае какви добри војници споредено со мажите. Инаку некаде прочитав дека израелската дијаспора од САД и Канада секоја година преку разни фондови донира помеѓу 30 и 40 милијарди долари на Израел преку инфраструктура, училишта, болници, фабрики, хумани акции, размена на студенти и знаења и друго. Навистина импресивно. Нивниот патриотизам не се мери во испиени промили и бакшиш на турбо фолк песните на Елена Велевска.
     
    На игор., душленце и EvAngelos им се допаѓа ова.
  12. игор.

    игор. Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2018
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    ДА за воен рок !!!
     
    На carangigia и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  13. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    НЕ за воен рок !!!
     
    На Ketchup, Amellie13, Tan4ence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. игор.

    игор. Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2018
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    зошто ?
     
  15. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    А зошто да се врати?
     
  16. игор.

    игор. Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2018
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    за да знаеш да се одбраниш ти, фамилијата и државата. ЗАТОА !!!
     
    На Bitter-Sweet и carangigia им се допаѓа ова.
  17. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Која држава? :D
     
  18. игор.

    игор. Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2018
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    папу нова гвинеја
     
  19. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    Да си го загрозувам животот за оваа пропадната држава во која живеат некултурни и идиоти од луѓе треба да сум пореметен.
    Живот да давам за држава? Не, фала.
     
    На zokystanoevsky, Purelove92, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  20. игор.

    игор. Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2018
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    до негде си во право за државата а и луѓето, но таа е нема друга јбг.
     
    На Mr. Right му/ѝ се допаѓа ова.