Да се врати обавезно и алармантно. Да се научат маживе да бидат мажи оти дојде време жените поголеми мажи да се со поголеми м*да. За време на војна кој ќе ме одбрани ако не сама? Фраерчето со убаво искубаните веѓи и фризурчето-насредина коса од страните поминат со машинка?
Чиниш сите мажи што отслужиле воен рок совршени се. Сите шишани на ќец, со пушка во рака и амбиција да ја бранат државата. Тоа пустото пола држава имале извадено лекарско за да не одат во војната во 2001, а си го отслужиле своето и биле "доведени во ред". Само не знам во кој свет живеете со размислувањава и што сѐ е толку едноставно. Сакам и јас!
Јас немам голем контакт со постари лица, а сепак познавам неколку што побегнале од војната, иако имале отслужено воен рок. Сакам да кажам, задолжителен воен рок е overrated, на темава се претставува ко решение за сите проблеми. Уствари, дали ќе го отслужиш, или не, исто ти се фаќа. Не верувам дека некој во денешно време од помладиве е толкав патриот, иако се претставуваат како такви, да и покрај отслужениот воен рок, остане да брани држава или некој друг за време на војна. Сите ќе побегнат. Тоа што било пред 50 години, не може да го барате и сега, па макар и 10 воени рокови имале. Светот оди напред, буквално сѐ се менува и за жал најверојатно ќе мора да се прилагодите на тоа.
човек кога ќе изгуби чувство за вера, семејство и идентитет можеш да го купиш, манипулираш едноставно за него свето се само моменталните земни задоволства, повеќето од младите па и од постарите генерации се такви затоа сме кај што сме како народ и држава. ПРЕД САМОУНИШТУВАЊЕ !!!
И пацифизмот е идеологија и дел од морал. Еве види го цитатот што го ставив погоре. И Ајнштајн ли бркал мода и бил духовно и морално уништен? Во голема заблуда сте со вашите вредности, се надевам еден ден ќе се освестите.
^^Напињате со таа депилација кај машки. Вашите мажи и дечковци ко орангутани да не се шетаат? И каква врска има депилацијата со машкоста или со сексуална ориентација?