Абе на форумот или пред кооперација оти прајте муабет за тоа дека 'требало да се врати воениот рок', сенкир некој од га*от ќе ве удри.
Нели порано во војските не смееше брада да се има ама ако се отстрануваат влакна што не се на лицето поинаку е? Влакна се бе луѓе аман.
Луѓе правите како постарите што велат да оделе децава во војска ќе стекнеле навика и дисциплина. Нема врска војската толку со стекнување навика и дисциплина многу зависи карактерот на личноста во овој поглед. Некои какви флегми се ниту 10 пати во војска да одат нема да стекнат навика и дисциплина. Кој сака да оди во војска нека оди, јас не би одел искрено.
Од една страна цркаат оти не се бањала рајата по аутобуси, смрдела, Рексона не знаела шо е, од друга страна оти муживе се бањале и бричеле... Ајде мрш у кујна таму, и роди уште 7 деца, па навади тоа чушки у бавчата, земи навези гоблен, не продавај муда за бубрези на форуми. Шо се мешате у мушки ствари , у политика. Ајт сиктер.
Грешка си жените од секогаш се биле посилни од мажите остај ти тоа силна рака голем мускул, донеси маж што ќе раѓа , ке воспитува и напспроти тоа да биде угнетуван од средината и пак да биде насмеан, не е се во тоа физички да си јак треба духовно, иначе воен рок секако дека не зошто воен рок да се покаже дека се мажи? машкоста се раѓа во карактерот и почитта.
факт е дека секој не е за војник но една основна воена обука за секој маж не е на одмет. јас сум поборник за 3 месеци брутална обука отколку 2 години губење време.
Не е тоа да се покаже дека се мажи туку да им се покаже ред и дисциплина. Секако секоја чест на исклучоци. Да им се покаже дека и како маж може да си намести кревет да си земи јадење да си раскрени после тоа сам. Оти на некои тоа им е научна фантастика, знаеш? Тоа е женска работа. Чистење тоалет е исто женска работа. Средување алишта исто, женска? А која е машка бе? За првиот дел од твојот пост комплетно се сложувам.
Ако има војна и одат заев и грујо во први редови че одам и јас зад нив иначе не одам и ако е задолжително че избегам.
Тешко си на таа држава ако регрутира војници само за да се научеле на ред и дисциплина, на местење кревети и чистење тоалети или пак да станеле мажишча Епа тогаш, зошто би оделе и женските во војска, на што они да се учат?? Што ќе ни е воен рок бе луѓе, оти ако пукне, ќе не згазат како мравки за секунда..што оружје ние би имале за војување, дрвени пиштоли и камај да си правиме?
Абе убаво е сето тоа пацифизам, мир во светот и тие холивуд филмови ама за жал светот не функционира на тој начин, ете пишале некои ќе се селат а што наеднаш избива војна? Уште куферите не си ги спакувал ти лета главата. Потребна е спремна војска у дефанзива. Концизно објаснето.
Па порано имало воен рок и што мислеш дома кога се вракале средувале? Денес нема воен рок работите низ дома се сто пати повеќе поделени во новите генерации колку јас знам
Не, не мислам дека средувале. Но некој им покажал дека и тие работи ги можат сами. Сега срцките уморни се од на работа шо одат 8 саати па вецето алиштата креветот дека се женски работи ќе ги средуваат жените кои не се уморни после 8 часовната работа. Секоја чест на исклучоци
Абе какво правење ручоци, таму тие се тренирале за да бранат држава , жените ќи зимале односно женските деца и така ги воспитувале да готват и чистат,а мажите да се борат за државата ги тепале мачеле и уште што не
Точно е дека повеќето машки деца кај нас, сѐ чекаат на мајките, ама тоа е вина на родителот. 24/7 потресени дека детето е гладно, жедно, небањато... И не зборам за мали деца, ова се случува и кога се веќе во тинејџерските години и кога треба сами да знаат кога и како да јадат, пијат, спијат... Тоа не треба да е нешто кое ќе се учи во војска, на 20 години кога детето(веќе возрасен човек) ќе треба да учи други посериозни работи.
Сите вие "МАЖИШТА" што не сакате да се "борите" за оваа "никаква" држава и за овој "никаков" народ се надевам дека живеете и стварате семејство некаде на друго место, оти ако не е така и вашите жени и деца ќе бидат дел од овој "никаков" народ за кој не сакате да се замарате. Војниот рок не треба да се воведе пак за да се опраат мажите со депилирани пазуви туку оние со депилиран мозок.
Маж ми беше во војска. Уствари бил де. Ден денес и пред 5 години и пред 10 ќе се случи да се пошали како диплел алишта да ми покаже што било диплење, како се местел крветот во војска под конец без никакви маани итн.. Сакам да кажам дека си го има тој некој ред, стекнат од таму и самиот ми кажал.. Као "трауми" научил многу ствари за домаќинство. И да, стварно знае да дипле алишта како од излог. Се на се кажа дека научил многу таму и дека му било интересно искуство.
Нека трепка ова. Царица си! И што дека татко ми бил во војска година и кусур дена кога до ден денес не знае да измие садеви, да запегла или да исчисти по дома? Не дај Боже машина да пушти. Јас кога учев да пуштам машина ми рече - ајде бе, не си педер. И сеа? Што да кажам на ова? Убаво кажа Кеч, до карактерот на човекот е. Нема врска ниту војска, ниту ќотек ниту ништо. Тие што биле во војска поголемиот дел се флегми кои и вие ги имате по дома - брат, татко, маж.