izvini, procitaj gi mislenjata nikogo ne navrediv, a jas dobiv eden kup navredi, vklucitelno i od tebe radi razlicno mislenje
Има битна разлика!!! Автомобилите се возат доброволно и првичната намена не им е убивање и разорување, за разлика од задолжителната војска која е присилна и намената е за убивање и разорување.
И електричен шпорет дома може да те убие. Користиш? И храната што ја јадеш може да те убие. Јадеш? Ама ако не јадеш пак ќе умреш. Воздухот што го дишеме нѐ убива. Се надевам дека не дишеш.
Си земам планински во боца . Ако така гледаме, подобро од пушка да гинам отколку дали се мачам со години . И да, тие што ги наброја се секојдневни убијци, убиваат полаку. И тоа не е хумано. За разлика од тоа, оружјето убива веднаш. Не се мачиш ( секако зависи каде си погоден). Знаеш дека руските автоматски пушки се " нехумани " според некои луѓе а прават само една влезна и една излезна рана. Новите пушки ти ги решетаат внатрешните органи, а сепак се " хумани ". Така и твојата споредба. Похумано е секој ден да се мачам, ама не е хумано да се оди во редовна војска.
Затоа што кога беше војната овде имав пет ипол години, бев дете. Не се борам за други држави за да одам надвор од Македонија. Во војска сакав да одам, но да ми се децава поголеми. Сеуште ме бараат, не заспиваат без мене. Би одела со задоволство во редовна војска. Инаку сама на глава знам делумно да ракувам со пиштол и ловечка пушка. И тоа би научила, да имавме клубови за стрелаштво во Македонијава ни.
На 18 го родив синот на 20 ќерката. Не сакав да абортирам на 17 ипол плус веќе два месеци бремена бев, како да абортирам за да одам во војска? Не се планираат тие работи. Јас сакам уште многу работи да научам за оружјето, сакам да се занимавам со стрелаштво, ама тоа е. Нема да испадне како што е планирано, туку како што е пишано. Можеби ако некогаш се отвори професионален стрелачки клуб би си ги остварила желбите. @Tan4ence точно, затоа и би одела во редовна војска. Колку толку имаш основна обука како да се обидеш да се спасиш или да спасиш деца, стари лица итн. Јас со никаква обука можам само да викам помош а во меѓувреме човекот да умре. И да знам основни работи, што ако правам погрешно? Друго е кога убаво ќе ти покаже некој. На пример во училиштата каде учев, никогаш не ни демонстрирале вештачко дишење.
Ти ако сакаш да бидеш војник, не мора да бараш на сите да им се наметне. Оди.. биди војник.. не ти брани некој.
А каде виде дека наметнувам? Мојот став е дека треба да се врати, но ова е форум, Заев и останатите на врвот нема мене да ме прашаат
Твојот став е поради твојата лична перцепција... да се врати, значи сите да служат војска. Од шо мака сите да служат војска, оти ти мислиш дека 'така треба'?
Јас велам дека воениот рок треба да биде задолжителен, макар и еден месец. Да се научат основни работи ( како давање прва помош на повредени и основни боречки вештини, па колку жени се силувани, или нападнати, лошо ли ќе е да знаат бар една боречка вештина за самоодбрана? ) . Колку жени од твојата околина знаат основни боречки вештини, чисто за самоодбрана? И секогаш ли носат спреј во себе? Ти никогаш ли не си била во ситуација да те следат / нападнат манијаци? Јас сум била. И се покајав што не бев доволно силна да му треснам една и да го онесвестам, само кукавички избегав, но се спасив од полошо.
Ама одењето во војска треба да остане личен избор,а не со сила да се наметнува. Некои луѓе имаат страв од оружја или едноставно,страв им е дека ќе повредат некого или дека тие самите ќе бидат повредени. Кој сака да научи самоодбрана,може да тренира боречки вештини на приватни курсеви.
И мајка ми така ми велеше да ме запише кога реков не и не. Затоа и се покајав. За карате и бокс треба желба, јас ја немав. И се покајав. Како и да е, ова е мој став, и сметам дека е исправно да биде задолжително барем еден месец, па кој сака да продолжат нека продолжи, кој не не мора. Сметам дека секое искуство во животот е добредојдено, барем за мене. Како велат, колку повеќе знаеш, толку повеќе вредиш. П. С. Секако нема мене да ме прашаат, така да не ми е јасно зошто се замарате толку со мојот став ( патем има и други членови со ист /сличен став) .
Баш така. Мене ми е страв од оружје, од силни звуци имам фобија. И како да ракувам со оружје? Не ни сакам да знам ни ме интересира. Ако сака некоја да знае самоодбрана како што кажаа погоре нека се запише во некој карате клуб. Прва помош обавезно се полага кога треба да полагаш за возачка (па и без тоа мислам дека може). Ништо не треба сосила да се наметнува. Тој што толку сака војска може слободно да оди и да отслужи воен рок, никој нема да го спречи. Не разбирам зошто да наметнуваш лични преференции на друг. Не секој сака да ракува со оружје. Па ни мажите.