Можеш да се пријавиш да служиш редовна војска три месеци во Велес, но таму никој не те учи на самоодбрана од манијаци... Скроз си ја утнала, немаш поим за што служи една армија во една држава.
И на тебе и на тие другите истото ви го кажуваме.Ако ви се оди во војска,одете,но немате право да ги терате другите на тоа.Не треба ни да го кажувате тоа.
Речи си: Сакам јас да бидам војник, сметам дека ќе ми биде од корист. - ама сите, оти јас сакам, е наметнување.
Смешни се децата нели...хахаха...така си мислат они, самоодбрана се учело за еден месец.. Оф леле...па за месец дена неможеш ни леб да научиш да месиш а камоли војник да станеш
Според вас , јас НЕМАМ ПРАВО НА СЛОБОДЕН ГОВОР . Кажав дека ТОА Е МОЈ И САМО МОЈ СТАВ . Државниот врв СИГУРНО НЕМА ОД МЕНЕ ДА БАРА ДА ОДЛУЧУВАМ ДАЛИ ДА СЕ ВРАТИ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВОЕН РОК ИЛИ НЕ . Треба да ви нацртам ? Каде е слободата на говор ? Или денес запнавте да се расправате со мене ? Не паѓам јас толку долу . Ова е последно каде се објаснувам . Вртете зборови колку сакате .
Твојот став е желба за наметнување на твоето мислење врз цела заедница! Епа извини, ама немаш право на таков 'став'. И не се дери! Не сме глуви
Секако дека имаш право на твој став,имаме и ние на наши. Ама,начинот на кој го кажуваш е несоодветен. Можеш да кажеш дека ти би одела да можеш оти според тебе тоа е добро,ама не можеш да кажуваш дека сите треба оти за некои луѓе тоа е лошо.
Не се дерам , само се изразувам со големи букви , бидејќи очигледно не разбравте што сакам да кажам . Ок , never mind . Па јас тоа и го кажувам цело време . Е сега , реков дека треба да е задолжителна еден месец , поради некои одредени причини , а вие ми се нафрливте . Ама ако јас сметам дека е добро да е задолжителен воен рок еден месец , не значи дека утре ќе го воведат како таков .
Здраво би замолила ако може да ме контактира во порака некоја девојка која што има завршено воен рок во Велес фала однапред
Онака му идеш на рандом машко му викаш - кој род си бе? Он - леле врска немам, чекај да размислам...уф чекај трема ме фати
Да,треба да се врати воениот рок задолжително !! - Зошто ? Па за почеток да се почне со навики од општа култура од типот : 1) Станување во 7:00ч. А не како денешните машки во 14-15ч. 2) Местење на креветот и своите алишта - Во денешно време ова е само поим за машките откако се укина воениот рок. 3) Да научат и дека на -20 степени се преживува,а не они при првата капка дожд вадат чадор, а при прва снегулка - БУНДИ. 4) Таму учиш како да се бориш / преживееш, за разлика од денешните кои се учат како да се исчупаат,издепилираат и што е можно во потесни фармерки да се стегнат.
1. Да стануваш порано можеш и без да одиш во војска. 2. Исто и ова се учи без војска 3. Јао...еј. Ти по купаќи да не шеташ на -20 јака жена а? Не знаев дека маж не е маж ако се облекува соодветно на временската состојба. 4. Не секој има желба за да учи како да преживее и кој се депилира и чупа тебе ич да не ти е гајле. Ти зошто не одиш да служиш? Да се надополнам - иди ти во кујна да учиш да бидеш жена.
1.) Можеш, но за некои татини и мамини мази тоа е потешко. За разлика од задолжителниот воен рок каде што тоа е основната навика. Навика по која се водиш понатаму. 2.) Се учи,но таму е задолжително. Дома кај некои уште мајките им ги местат креветите и редат алиштата. 3.) Не спомнав никаде соодветно облекување.Ами БУНДИ. тоа го напишав со големи букви за да не настане недоразбирање,али еве пак го има. Во соодветна машка облека спаѓа се освен бунда по мое. 4.) Кажав мое мислење во темата ЗОШТО да се врати воениот рок. Не гледам причина да се палиш на мојот коментар. Ако не ти се допаѓа слободно игнорирај. Сепак ова се теми на коишто може да се дискутира и искажат свои мислења и ставови. Во врска со готвењето...не се секирај си знам.
А ти зошто не одиш да служиш војска? Ќе се потепате за еднаквост, ама тука не, седете вие нога врз нога, други да одат зашто мораат. И мое мислење е дека твоето место како жена е во кујна.
Ох..и жени спијат до 15ч, и жени можат да бидат мамини и татини мази и да не мрдаат со прст низ дома. А ова со студов, не знаев дека само на жените смее да им биде ладно, само жените смеат да носат чадор...