Самата како причини за воведување воен рок напиша следно - Дали се ова твои зборови или некој друг пишувал од твојот акаунт? Претпоставувам дека твојот сопруг е професионален припадник за силите за безбедност, ако е така прашај го за мислење дали е за воен рок или за професионална армија. Без разлика дали од почеток се упатени полициски сили, при ескалација секако ќе биде употребена армијата. Повторно прашувам, дали во тој случај е подобро да се има професионална, високообучена армија која веднаш ќе одговори на непријателот или деца од 18-20 години собрани од касарни или од дома (самиот процес на мобилизација може да изеде многу време а Скопје е на 25 км од Косово) кои ќе послужат само за морбидни сцени на многу погреби и полни клиники со деца од 18 години без очи, нозе, раце, деца кои никаде нема да можат да се вработат, деца кои поради нивната сакатост ниту една женска нема ни да ги погледне а не пак да има нешто посериозно од нив, нели македонска патриотка. Чисто за да не се лажеме. Сепак членот Дејлајт, иако малку грубо се изразил - е во право бидејќи македонската жена во тој случај би требало да раѓа што повеќе деца и ја одржува бројноста на регрути а без регрути што ќе прави таа војска? И секоја жена треба да роди барем 5 деца, за мајка Македонија. Или тоа не ви се слуша баш? Мене ми е смешно ставање на домашна култура или навики во раце на државата со извини на израз, глупава претпоставка дека армијата стварала мажи. Ако сакате мажи - не си ги разгалувајте синовите од мали и после да барате државата да ги претворела во мажи, нема смисла сите да плаќаме даноци за нечии родителски пропусти. Ги видовме тие мажи од ЈНА и таа генерација на големи мажишта.како ја загубиле државата која требало да ја бранат, генерацијата на транзицијата кога цимолејќи им коленичеле на новите газди за платичка од 5.000, поштедете од митови за големите мажи.
Кои тоа да ``бидеме``, мислам дека и сега постои основна тримесечна обука и за мажи и за жени, доброволна е, зошто не се упатиш и подоцна ни кажеш од прва рака искуства, ќе се ојачаш таму, ќе станеш права дама Не, за разлика од тебе мене ми се познати последиците во моето семејство на будалаштините на пуштање деца во војна, и во 2001 и во 1991 и во 1944, братучед ми, прилично постар од мене (тогаш имал 19) - е сеуште со трауми од Вуковар и никој никогаш нема да може да му помогне затоа што нема враќање, нема бришење на слученото. Не знам од каде толкава желба за нечија смрт и страдање кога професионална војска може многу подобро да ги изврши задачите. Секаде по светот се укинуваат рокови и се воведуваат професионалци, ние ќе измислуваме топла вода бидејќи личеле младите на Џастин Бибер.
Значи тебе од цел мој пост од 10 реда те погодија баш фризурите што си запнал за нив сигурно твојата е таква кој ме сфатил арно, кој не пак арно, немам намера да се објаснувам и докажувам на некој што одлучил да оди со глава во ѕид и што мисли дека само неговото е правилно и цел свет појма нема што збори. и пред да се изглупираш дека немаме редовно сервисирани хелихоптери како погоре еден пост информирај се убаво каква се опрема има нашата ни мила македонија за која што народот не е ни свесен а луѓето што загинаа не беа војници и беа луѓе со 30 годишно искуство во летање високо влијателни луѓе сите на купче, исто колку да те информирам зошто додека тој ден ти си слушал вести јас не спиев цела нок и вртев по телефон за да знам дали мои блиски двајца се меѓу загинатите ДА мојот сопруг е професионален припадник на силите за безбедност и секој друг исто како и тој знае дека за да стигнеш до чин и позиција повисока СЕКОЈ МОРА ДА ПОЧНЕ ОД ВОЕН РОК или гуштер како сакаш кажи го. Како мислиш ти дека настанала професионалната армија што толку ја збориш? се разбудиле еден ден и им дале орден?? немој да ме смееш молим те за разлика од тебе јас и како жена знам и сум способна да ракувам со оружје за кое што ти можда не ни знаеш дека постои и не се плашам од смртта.
Не ме погоди ништо само цитирав она што ти го напиша како причина за воведување воен рок. Информиран сум и повеќе од потребно за жал, нема генерација од моето семејство да не заглавиле во некоја војна. Народот не е свесен со какви чудесии располага АРМ? Имаше 8 хеликоптери Ми-8/17 сега има 5 бидејќи 3 се срушија а колку од тие 5 се исправни никој не знае. Има и два помали донација од Грција за време на конфликтот (од времето на Виетнам) и десетина Ми-24 со кои имаше скандали околу нивната модернизација. Има и 4 Сухој 25 кои рѓосуваат и гнијат во хангар на Петровец (извини, аеродром Александар Македонски) нив не може да ги поправи ни свети Петар повеќе. Оклопните возила и теренските возила најмогу се дотраени донации од Германија, Италија и Турција, бугарските ги повлекоа и продадоа за старо железо, од артилерија неколку хаубици од САД, нешто топови останати од ЈНА, велесила што да ти расправам. Како тоа не биле војници загинатите? Не ти текнува дека ако повторно се воведе воен рок, сопругот твој ќе треба да го отпуштат. Или Македонија како економска сила ќе има и професионална војска и редовен воен рок - истовремено Сеуште никој не кажува од аспект на одбрана на Македонија - како ќе се одрази евентуално менување на професионалната со застарена армија на регрути со воен рок? Се што читаме како причини се фризури, Џастин Бибиер, метросексуалци, чупани веѓи Морбидно во секој случај.
Денешната тримесечна обука во која метат суви лисја, ма немој ти се молам. Немора да значи дека ако се воведе воен рок тие први ќе бидат на бојно поле, нормално има професионалци кои се добро обучени и кои веќе биле на бојно поле. Со овој воен рок само малку повеќе ќе научиме како да се снајдеме во такви ситуации и ние жениите. Па и нашите Биберчиња, од кој се чека нешто повеќе да не паднат во кома при такви ситуации. Вистински маж би бил во војска, па и прв на бојно поле, за да се бори за својата земја, а пред се за фамилијата. Бидејќи што би било со земјава ако сите како тебе се кријат под чаршав? Тоа е моето мислење, а мојот совет за тебе е да престанеш да гледаш ФИЛМОВИ!!
Да дефинитивно треба да се врати воениот рок, за сите да отслужат одреден период, за да се научат на ред и дисциплина,ќе научат сами да се грижат за себе а не да чекаат од другите да му направат за јадеше или да му испеглаат облека или креветото да им го наместат. И од една друга причина затоа што денешните машки не ни личат на машки затоа што повеќе време тие минуваат во козметички салони отколку ние сите се со издепилирани нозе, изчупани веѓи.
Јас реков информирај се со каква опрема располага нашата ни мила македонија а не арм нешто си помешал брзини друже, опремата што во европа 2% дали ја имаат не зборев јас за хелихоптери и авиони туку за други повлијателни работи и чив шпион е тој што ја купи цела македонија и зошто на америка и големите сили не им одговара ние да бидеме мирна држава без немири ? и што се наоѓа во подземјето на македонија зошто тие луѓе ги извршуваат работите за друга влијателна држава од нашата ни мила македонија заради таа опрема за која што зборам. и таа е таа хиерархија за која зборувам ако за тебе полковник,мајор и капетан се војници за мене не се војник е за мене обичен гуштер штотуку влезен во арм. а овие се луѓе од воено ВОЗДУХОПЛОВСТВО.... заради тоа што цела македонија специјалците ги рамни со гуштерите ...мвр беше превртена од специјалците од револт после дешавката со куманово зошто некој ги направи будали и неспособни цел народ да им се смее,некој што вчера поминал обука да се мава во груди дека е специјалец...зошто беа пратени луѓе што не се за таму, во 2001 за три години немаше толку луѓе загинати и повредени освен тие во заседа. а што се тиче маж ми можеш мирно да спиеш нема да биде избркан од работа не се секирај затоа што не е тоа што мислиш дека е али ти тоа неможеш да знаеш зошто за тебе сите се обични војници и полицајци
Леснo е ние женските дa кoментирaме зa вoен рoк. Требa дa се зaпрaшaме и кoлку сме ние спремни дa бидеме сoвршени жени-дoмaќинки, штo ќе рaѓaме пo мнoгу децa и секoјa вечер ќе гo причекувaме мaжoт сo вечерa нa мaсaтa. Глaвнa цел дa ни бидaт куќaтa и децaтa, и дa слушaме штo ќе ни кaже мaжoт, oти нели oн е мaж вo куќaтa. Се изнaчитaв дoстa сексистички кoментaри, вoениoт рoк не те прaви мaж. Спојлер Зaмислете некoј мaшки члендa oтвoри темa кaкo денешните жени се рaспуштени, декa не ги слушaaт мaжите, декa кaснo се мaжaт или декa не сaкaaт дa рaѓaaт децa. Ете некoлку членoви излoжијa дoбри aргументи декa не требa, кoи се вaшите aргументи? Oзбилнo мислите декa aкo некoј се чупкa и депилирa (пoaрнo oткoлу дa имa веѓи кaкo шумa) немa пoсле вoјскa дa прoдoлжи?
А сега не ти чини обуката, аха. Добро тогаш, подобро твојот сопруг нека ти носи дома службено оружје и нека те учи да ракуваш, што знам, М70 автоматска можеби должи или те зема во касарна или на полигон на сопружничко гаѓање? Викенд во Илинден? Не знам дали постои земја која има и професионална и редовна армија истовремено, тоа се фантазии. САД, Британија, Франција па дури и Германија сите имаат професионална армија и немаат воен рок, дури и една Кина има доброволна армија. Со воен рок нема да научите ништо, како што ништо не научија во ЈНА и во сите редовни армии кои биле, се и ќе бидат еден голем фејл со исклучок на Израел но таму цело општество е мобилизирано за војна и сосема неспоредливо со тука. Бесцелни муабети од типот ``за својата земја`` се само тоа - бесцелни муабети. Твојата земја многу подобро ќе ја заштитат професионални единици кои брзо и ефикасно ќе бидат распоредени на потребните места уште на почетокот на сударот. Твојата земја со редовна војска ќе биде сводок на погреби на деца, на бескрајна колона инвалиди кои никој нема да ги вработува и кои никогаш нема да имаат женска или да стапат во брак. Вас ви сметаат фризури, не можам да замислам што би кажале за некој без рака. Можеби во твојот мал свет ``вистински маж`` би отишол да загине или да остане физички или психички инвалид доживотно на 19 години. Највистински мажи биле млади мажи во метални сандаци.
А на тооооооа мислиш, на тајните супер опреми со кои располага Македонија, значи не армијата на Македонија туку некоја тајна служба, македонска ЦИА или така нешто, ок, да си знам. Без разлика на чинови сите тие се војници, војник не е само гуштер, од редов до маршал сите се војници не ми се верува што читам, сериозно Мајорот што е, цивил? Прашај го сопругот и за ова Децата на политичарите и на богатите/арамиите во случај на редовна војска нема да одат и после евентуална војна која ќе ја поминат у Грчка или на Кипар, уште погобати помоќни ќе се смеат од своите џипови и Поршеа на инвалидите кои ги изгубиле очите или нозете ``за мајка Македонија`` нема да им даваат ниту работа за 150 евра, е тоа е резултатот на глупоста.
Извини ама и припадниците на специјалните единици имаат фамилии и деца, значи тие може да гинат слободно у првитее редови а ти неможеш да си го испотиш газот еден обичен воен рок да поминеш?? зошто со твојот карактер биди сигурен дека 3 месеци ке чистиш веце со четка за заби нема ни да стигнеш до пушка со ова понашање. и немора да солиш памет кои биле вистински мажи ти сигурно не си штом од толку многу форуми по интернетов си заглавил со 1000 мислења на најженскиот можен форум да се расправаш со жени, свака ти част
А зaбoрaвaте декa при вoјнa пoсле прoфесиoнaлните вoјници се мoбилизирa и се штo е oд мaшки рoд oд 18 гoдини пa нaгoре? Кaкo некoј oд 20 гoдини ќе јa брaни свoјaтa земјa aкo oружје немa ниту дoпренo? Имa вoјни штo трaaт сo гoдини, ниту еднa земјa немa тoлку брoјнa прoфесиoнaлнa вoјскa кoјa ќе мoже дa вoјувa сo гoдини пa дa немa пoтребa oд мoбилизирaње нa oбичнoтo нaселение. Вoјни кoи трaaт сo гoдини земaaт и мнoгу жртви, кaкo мислите се пoпoлнувaaт тие редoви? Дa, и јaс сметaм декa тoa требa дa се препушти нa прoфесиoнaлците, нo при вoенa сoстoјбa не те прaшувaaт дaли знaеш или не знaеш. Не верувaм декa бибер фризури, шaлчињa и депилирaни нoзе ќе пoмoгнaт тукa. Некoј штo сo oчи не видел oружје, пред се' oпaснo е зa сaмиoт негo дa гo кoристи, сaм ќе се испукa, рaмo ќе ишчaши, нoс ќе искрши... Не мешaјте вoен рoк сo рaѓaње. Пред се' требa сите дa знaете дa рaкувaте сo oружје зa сaмите себе, зa вие дa oстaнете живи aкo ве сoберaт oд дoмa. Ќе не знaете едни тoчни кooрдинaти дa дaдете aкo зaглaвите вo некoјa шумa, ќе не мoжaт дa ве извaдaт. Или мислите дa се тaгнете? Кoлку oд вaс знaaт штo мoже дa јaдете, a штo не вo шумa и кaкo мoже дa нaјдете вoдa? Oд глaд ќе умрете. Дa мoрaте, ќе скoкaте сo пaдoбрaн? Дa ми прoстите нa изрaзoв aмa вo гaќи ќе се измoчaте. Знaете дa дaдете првa пoмoш нa некoј рaнет или нa себе при пoвредa? Првa пoмoш нaученa при пoлaгaње зa вoзaчкa не се вaжи дa ви кaжaм. Oстaјте вие мoдерни муaбети и кoмпaрaции, врскa немaте штo знaчи вoјнa и вoјник, пред кoмпјутер сите сме силни. Туку не дaј Бoже дa се пoвтoри истoријaтa, пa дa видите тoгaш кaкo се пешaчи сo килoметри, сo 30 килa рaнец и целa oпремa нa вaс. Пoвеќетo мaшки цел живoт вкупнo немaaт кренaтo кoлку штo тежи еднa вoјничкa чизмa. Амa не е крив мaшкиoт рoд, кривa е држaвaвa штo се сведе нa oвa нивo. Имaм уште мнoгу дa пишувaм нa темaвa aмa сегa немaм време, ми се спие. Е дa де, зaтoa имaме инвaлиди, зaгинaти млaди луѓе, без oчи, без рaце, нoзе, вo кoлички итн. Зaтoa штo мислите декa aкo пукне вoјнa декa вие истo вaкa нa фoруми ќе рaзглaбaте теoрии.
Се извинувам ако ве помешав со тоа околу сопругот бидејќи двете сте ме цитирале, знам дека едната напиша дека сопругот ја учел да ракува со оружје или нешто во таа смисла.
Една работа е тоа што нашата економија е за никаде, а сосема друга раб е тоа што е потребен воениот род. Другите држави имаат само професионалци, но како се обучени и со што се располага војската е сосема различно со нашата ситуација, да не речам сосема поинаку од нашите обуки и опрема. Во дел од твоите размислувања се согласувам, но со дел и не. Премногу длабоко навлезе во темава, јас само кажав дека треба повеќе да бидеме едуцирани, запознаени за секој случај, макар тоа да биде и дел од образованието. Но ти стигна и до убиства и исечени екстремитети. За жал не сум запознаена ниту како изгледа снајпер, митролез, Ми-8/17, па и со останатите работи околу војската. Баш затоа е потребно да се едуцираме на било кој начин. Не е толку страшно јас како девојче да незнам како изгледаат тие, страшно е машко да нема појма за сето ова. Токму поради тоа кажав-Да! Благодарам. Чао
Се мобилизираат резервистите на таа професионална војска, тоа било порано со мобилизација на сите мажи (не баш сите но оние кои биле на список) Војна која ќе трае со години во Македонија? Сериозно? Знаеш колку има од северна до јужна граница? Замисли да немаш интернет, телефон (две недели без Фејсбук,нели) да немаш вода, струја, храна - или жените немаат гајле од војна? Единствена војна која е можна тука е онаа како во 2001 со групации на албански нерегуларни трупи кои ја преминуваат границата со Косово и вршат напади во северозападна Македонија, ништо повеќе од тоа. Бугарија и Србија немаат ниту пари ниту моќ за агресија, смешно е да се помисли такво нешто, Грција има моќ за такво нешто но нема мотив, ако имаат такви амбиции доволно ќе биде да ја прекинат испораката на нафта и бензин. Албанија е смешно и да се смета како можен агресор. Така што - професионална војска која веднаш во зачеток ќе ги елиминира уфрлените групи од Косово, со потребната логистика, оружје и опрема - тоа е она што треба. А не за фризури и веѓи.
Не мислам дека треба да се врати воениот рок. Не мислам дека маж се станува ако одреден период некој се изживува физички и психички со тебе, јадеш грав и си го местиш креветот. Можеби сум се убедила себеси, иако општеството ми го докажува спротивното, дека војните се водат со зборови, немасто со оружје. Не сфаќам како може да има монстуми кои со оружје убиваат, дека го сакат тоа, и дека треба да бидат обучени да убијат друг. Знам дека грешам, ама мојот мозок не може да сфати дека има толку глупи луѓе. Мојот брат, мојот маж, не биле ниту сакам да одат во војска. Доволно се мажи и едниот и другиот, и по дома и надвор, и знаат да си раскренат дома и да си зготват, и да се борат за мене ако треба. Не им треба возење со камион за да станат нешто пожмаѓествени. Плус, мислите дека ако одат восјка нема да станат педери? Дека со тоа што ќе има толку мажи околу нив желбата за секс со маж ке се намали? Педер си е педер, кај сакаш носи го. Сосема непотребна работа. Татко ми бил војник, едниствено добро е што се изнауживл година и пол во друга држава, неколку месеци затворен во војска, а останатото му било викенд уживање.ЈНА. Дедо ми бил шест години војник, што во војна, што во служба. Мислите маж станал оти бил во војска толку време? Не, само изгубил време таму од животот. Маж станал кога изградил куќа со негови раце за жената и детето. За мене не е маж некој кој знае да пука и убива. Маж е оној кој ќе си го заштити семејството, навремено и без оружје. А кога веќе се мора да се пука, и јас можам, без проблем. Растев со оржује, знам да подготвам муниција и знам да управувам со пушка. Тоа не ме прави ни малку маж во моите црвени штиклички.
Ако размислиш логично тогаш тие работи се прилично слични: И едното и другото е девијација (тоа што на властодршците не им одговара така да се нарекува е друга приказна). И едното и другото е професија (работа на договор - закони). И во едниот и во другиот случај доаѓа до злоупотреба на човечкото тело изложувајќи го на опасности од болести и смрт. И едното и другото можат да се оправдаат под различини паравани, демек за заштита на државата, за заштита од силување, за опуштање и сл. При задолжителната проституција девојките би научиле како да им удоволуваат на мажите, како да бидат убави, како да ги избањаат, нахранат и испеглаат облеките на клиентите (во минатото во некои земји сето ова било дел од професијата). На мисла сум да ви отворам тема за задолжително проституирање, евентуално како тоа би функционирало и „добробитта„ од таквата перверзија за државата и граѓаните. Она што многумина не сфаќаат е дека војската не е школа за самостоен живот, туку пред сè школа за убивање и рушење - уништување на хуманото во човека.
Јас не сфаќам како продавањето на сопственото тело за пари е ставено со знак еднаквост на заштита на животите во една држава. Ако некоја проститутка загине за време на работата, ќе кажеме дека го дала животот за татковината? Погреб со почести и поклон од народот ќе треба?
Да. Прашање е на доволно итра пропаганда за да почне така да резонира населението. Имено тоа би можело да се уреди со закон, како што некои луди држави го имаат уредено со закон воениот рок. Освен тоа парите од курварлукот таа не би ги земала за себе, туку „несебично„ би и ги давала на државата која за возврат ќе биде задолжена да и обезбеди бесплатни лекарски прегледи а од вишокот пари ќе купува оружје за уништување на натамошни животи и судбини.
Што знам јас мислам дека и за жени добро би дошло воен рок а не па за мажи Пример снаоѓање во простор, вештини за самоодбрана и пружање прва помош. Сето од горенаведеното добро би ми дошло а и да научам да го местам креветот како татко ми.