Затоа што мене веќе ми е касно за менување професии, а во војска се да речеме 80% мажи. За да седиме нога врз нога треба лично да не познаваш за да судиш,ама нема врска
Женска, како да ти кажам, ама воениот рок кога беше, не беше воопшто за ни една од причините што ти ги наброја
Не сфаќам како го замислуваш ти ова со бундиве? Им ги зимаат бундите на мајките да ги носат? Упс.. Сеа решение за ова со бундиве???
И машки и женски треба да носат што сакаат пошо тоа е слобода на изразување, стилот на облекување не се менува со одење во војска, таму не те учат како треба да се облекува еден маж, и доколку видиш по улица маж со бунда и само според тоа ја процениш неговата машкост, верувај ми тоа е резултат само на твоите предрасуди.
А што мислиш дека правеле мажите од праисторија навака, кога целата зимска облека им била... бунда? Чекале да се измислат јакни додека им мрзнат мудата?
Богами бунда не гледам на сликава.. Башка ликов е артист, има сопствен стил на изразување. Уште не сфаќам зашто би требало да се врати воен рок конкретно ради овие причини што си ги пишала, врска немаат.
Машко треба да се шминка,чупа,депилира,носи претесни фармерки итн.? Извини,но сметам дека ова денешното е претерано.
Сега ако го вратат, ќе треба и жените да служат, затоа, не. И да бев машко не ќе ми се допаѓаше идејата и најверојатно ќе ескивирав. Ќе му учам на некој таму шо се греј во фотелја како се преживува кланица, мало морген.
Постојат и жени што не се шминкаат, не се депилираат, носат најшироки можни фармерки. За нив што треба да се воведе?
Ова ти што го кажуваш не е многу поврзано со задолжителен воен рок.Не дека некој ќе стане многу мажествен ако служи војска неколку месеци.