Женска,ова е форум и си дискутираме,разменуваме мислења,ставови. Ти кажав ако сметаш дека грешам игнорирај ме или цитирај ме каде грешам, но со соодветен речник како другите членки. До тогаш само заобиколи ме .
Не е став или мислење да му кажеш на некој дека не е маж пошто носел ебан чадор на дожд или општо дека не служел војска. И ти не си за некој жена чим работиш, треба дома да седиш и да чуваш деца, па зашто не правиш така?
Кој човек што оди на работа станува вака? Освен ако не работи по смени. Вака стануваат студенти. И машки и женски, па претпоставувам и ти си студент. Замисли еден нов концепт каде мамичка не им го мести креветот дома, па мораат сами. Од друга страна имаш кленови од 60 години што го служеле фамозниот воен рок, па ја викаат жена им мевот да им го почеша, а не па кревет да намести. Замисли јас ова го правам и без војска. Чисто од мрза да носам чадор, не за друго. А и зошто воопшто ти смета тоа? Зарем сакаш бронхит да закачат? А за што да го учат тоа? Во пештери живееме и мечки ловиме за крзно? И пак не сфаќам зошто ви смета како изгледа некој? Не ми се верува колку си земате за право да им наметнувате на луѓе како да го живеат животот. Значи ок ви е да потрошат години од животот, да прават нешто што не сакаат, само за да ви исполнуваат каприци.
Како што има манијаци убедени дека сите жени му припаѓаат нему, така и оваа убедена дека сите мажи мора да изгледаат по нејзин вкус иначе не чинат.
Не. Нема ниту логичка, ниту морална, ниту пак финансиска корист од овакво нешто. Како прво денес државата не може да си приушти финансиски да има толку голема војска за секој да служи рок по неколку месеци или година дена, да го рани истиот, да го смести, да му даде облека, оружје итн. итн. Ова е една огромна логистичко-финансиска операција која ние не можеме да си ја приуштиме. Војската постои за да ја штити една држава од надворешен непријател. Ние, иако ги имаме, не верувам дека во скоро време ќе бидеме нападнати од некоја соседна земја (скоро сите се во НАТО), па така не ни прети директна опасност за да бидеме воено наоружани и спремни. Затоа и во последно време ни ја сакатат војската на секој можен начин, а ја јачаат полицијата, која е задолжена за внатрешни ингеренции. Доколку сакате денешните машки да научат морална одговорност и да се стекнат со здрава работна навика, мислам дека акции како во времето на Југославија ќе дадат многу поголем плод. Иако и таквите се тешко денес да се организираат кога народот се наоѓа во апатија и нема никаква желба да се вложи за државата која му е маќеа, а не мајка. Денес, концептот на платена војска е единствено можно решение, како и специјални единици, за луѓе кој се гледаат во тој смер и сакаат да го работат тоа како струка и бидат платени за истото.
Ова со чупањево врска си нема со служење воен рок.И тоа ако иде во војска демек магично станува поголем маж?Јас бев во војска и пола и повише машки имаа поубаво исчупани веѓи од моите Се станува нешто порано околу 6 И не знам како си го замислувате денешново служење војска,какво борење какво преживување ништо нема од тоа.
Не борење, туку таму се навикнуваш да бидеш во служба на државата, психолошки се прилагодуваш на фактот. А и овдека се дискутира воведување задолжителен воен рок. Тоа по некоја логика подразбира промена на моменталниот полабав концепт чим се наметнала потребата да го вратат воениот рок.
А за жените што не си го средуваат креветот, не стануваат во 7 и носат чадор макар за да го отворат за 1 капка, што имаш да кажеш @Veta ? До толку ли ви е тешко синовите да си ги научите (па и мажите) да се педантни и дисциплинирани.
Па и за жени, се надевам некои основни навики се запазени А, ова што мислам за нив - се надевам ги нема многу хехе. Позз
Подебилно нешто од „Дасе врати војенијо рок за свите мажиии“ не сум слушнал. Во превод, не, не треба да се врати задолжителен воен рок.
Не. За кого ние младите ќе служиме воен рок? За која држава, за која нација за која радост? За кои? За Заев и компанија? За Мицко Грујо? Со кого ќе ратуваме? Па и да се ратува, немам воља да го ризикувам животот, овие гарнитури ни го уништија националниот емоцијален код. А воен рок за да се "стани маж" нее решение. Кога самата држава аи некои испрани мозоци пропагираат ЛГБТ права и глупости, глобалистите и Deep State се залагаат за само уништување. Маж не се станува, МАЖ СЕ РАЃА! За воен рок можи да се пофали само Турција, Русија, Кина, Јапонија, двете Кореи, Индија и блискиот исток каде ЗАКОНОТ Е ЗАКОН и последниот збор го кажува најстариот - особено исламскиот свет. Да тие мерак да служиш војска во овие држави, бидеќи таму се умира прво за ДРЖАВАТА и за љубовта.
Да, и тоа како. Секогаш треба да се бориме за нашата земја, да ја цениме и поштуваме. Без разлика на тоа кој ја води државата и во каква состојба е. Напротив баш тоа треба да ни даде мотивација и сила. Јас мислам откога се укина овој закон све отиде заникаден овие нови генерации на млади деца врска немаат од ништо.
Да се бориме против...што? Војската смее да се бори против надворешен агресор, а ние сме од сите страни опкружени со НАТО "пријатели" и единствено што правиме е ги праќаме нашите деца да гинат по Авганистани, Пакистани...
Не ги праќа никој. Сами бараат да одат. Врски фаќаат за тура во Авганистан. Со една тура-две, стан можат да уплатат.